
Скопје
15ᴼ /
15ᴼ



Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја зголеми својата прогноза за глобален раст за оваа година во позадина на подобрата од очекуваната експанзија во САД и фискалниот стимул во Кина, истовремено предупредувајќи на ризици од војни и инфлација. Светската економија годинава ќе порасне за 3,1 отсто, се наведува во новиот квартален извештај, додека ММФ во октомври прогнозираше раст од 2,9 отсто. ММФ ја задржа прогнозата за 2025 година непроменета на ...
Зголемена профитабилност и надминати очекувања во поглед на растот го обележуваат работењето на ТТК банка во текот на изминатата 2023 година. Финансискиот резултат не само што е позитивен, туку и покажува зголемување од 72,9 насто. Со што планот е исполнет со 108 проценти. За ТТК банка постигнатото се „темели на здрава основа и во согласност со окружувањето“, односно оттаму и добивката од 105,2 милиони денари или 1,7 милиони евра, што ...
Народната банка денеска соопшти дека на нејзино барање, Европската централна банка (ЕЦБ) донела одлука со која ја продолжила можноста за пристап до репо-линијата во вредност од 400 милиони евра, до 31 јануари 2025 година. – Ако се употреби, репо–линијата обезбедува брза достапност до девизна ликвидност и претставува уште еден заштитен слој за гарантирање на стабилноста на курсот на домашната валута. Репо-линијата може да ги задоволи можните ...
Биткоинот се лизна под психолошкото ниво од 40.000 поени во текот на неделата и исто така беше повеќе од 20 отсто подалеку од вредноста што ја достигна веднаш откако SEC одобри биткоин ETF. Продажниот притисок потоа се намали и во петокот биткоинот се искачи над 42.000 долари, што е добра основа за понатамошен раст. Ако првите податоци покажаа дека односот помеѓу продажбата на фондот Bitcoin Trust (GBTC) на Grayscale од една страна и купувањето ...
Поседувањето автомобил е белег на американскиот начин на живот, но во 2024 година, се чини дека на таа љубовна приказна ѝ дојде крајот, бидејќи автомобилите станаа недостапни за милиони луѓе низ оваа голема земја. Животот воопшто поскапе по пандемијата, вклучувајќи ги и трошоците за автомобили, осигурувањето на автомобилите и поправките, пишува „Њузвик“. Цените и на новите и на користените автомобили се искачија на рекордно високо ниво за време ...
Во Германија на 1 февруари почнува експериментална четиридневна работна недела за 45 компании, како мерка која ќе трае шест месеци. Во тој период ќе се мери продуктивноста на работниците, а вработените ќе ги добиваат претходните плати без оглед на намаленото работно време, објави Блумберг. Како што е наведено, целта на експериментот е да се провери дали се точни тврдењата на синдикатот дека луѓето кои работат помалку не само што се посреќни и ...
Американскиот јавен долг годинава достигна 34.000 милијарди долари, што е 134 отсто од БДП. Тоа е 134 отсто од сите стоки, услуги и приходи што ги генерира американската економија во една година. Оваа планина со виножито ќе продолжи да расте. Белата куќа предвидува дефицит од повеќе од 1,5 трилиони долари годишно во следните неколку години. Ова е меѓу шест и седум проценти од БДП годишно. Бројките можеби на прв поглед изгледаат алармантни, но ...
Производите на Витаминка се преставени пред светската и стручна јавност на саемот ISM во Келн, Германија. Компанијата традиционално зема активно учество на овој престижен саем веќе дванаесет години по ред и се претставува со целиот свој асортиман, што предизвикува особен интерес од страна на посетителите. Саемот претставува одлична можност за Витаминка, да ги продлабочи односите и соработките, како и да се остварат нови контакти со потенцијални ...
Илон Маск вели дека кинеските марки на електрични автомобили би можеле да ги „уништат“ ривалите бидејќи приходите на Tesla паѓаат. Тесла стана највредниот производител на автомобили во светот, ветувајќи неспоредлив раст на продажбата. Но, соочени со растечката продажба на ЕВ од страна на ривалските брендови, Тесла во средата ги намали своите поранешни агресивни продажни цели. Тесла ги намалува цените повеќе од една година за да ја зголеми ...
Клиентите на Комерцијална банка од Прилеп имаат можност своите финансиски потреби да ги реализираат независно од работното време на шалтерите. Филијалата во овој град е реновирана и модернизирана со дигитална зона 24/7. Новата дигитална зона 24/7 е опремена со современи уреди за брзи финансиски трансакции без шалтер. Има два современи банкомати. Притоа, едниот овозможува и уплата и повлекување готовина. Исто така, клиентите можат да го користат ...
Нов јавен повик на Фондот за иновации и технолошки развој наменет за микро, мали и средни претпријатија, со кој пет милиони евра се достапни за поддршка на технолошкиот развој на домашните компании и приватните здравствени установи, преку јавниот повик за “Ко-финансирани грантови за технолошки развој и забрзан економски раст”. Со овој повик, ФИТР им излегува во пресрет на домашните компании да создадат услови за надминување на последиците од ...
НЛБ Банка поставува стандарди во работењето во острата конкуренција на другите големи банки. Извонреден раст на нето приходите од камати, зголемување на кредитирањето, без резервации за лоши кредитни пласмани, солидни приходи од надоместоци и провизии, но и од курсни разлики и продажба на запленет имот. Сума сумарум за крај на корпоративната 2023 година е рекордната добивка која е за 32% поголема од 2022 година! НЛБ Банка ја има најдобрата ...
Амбасадорите на земјите од Квинта побараа привремено суспендирање на регулативата на Централната банка на Косово, според која од 1 февруари еврото е единственото средство за извршување на готовински платежни трансакции во Косово, изразувајќи загриженост за влијанието на тоа регулатива за српската заедница, особено за училиштата и болниците. Квинта – Франција, Германија, Италија, Велика Британија и САД, повикуваат на суспензија на примената на ...
На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути на почетокот од тргувањето седмицава дополнително се зголеми, по добивките три седмици со ред. Затоа е на пат за зголемување во текот на јануари од околу 2 отсто. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 103,55 поени, додека во петокот вечерта изнесуваше 103,47 поени. ...
Бројот на регистрирани агенции за увоз, вработување и сместување на странски работници во Хрватска надмина 600, но тоа не се единствените канали преку кои странската работна сила пристигнува во оваа земја. Со внесување на термините „работа во Хрватска“ во пребарувањето „ТикТок“, резултатите се илјадници видеа на кои граѓаните ги повикуваат странците да дојдат во „ветената земја“, пренесува Јутарњи лист. – Итно вработување во Хрватска! Ограничен ...
ОВЕН Расположението ќе ви биде расипано поради неочекувана кавга на работното место. Ако сакате, можете да ја поправите вашата врска и да ги извршувате вашите службени должности. Ако патувате, бидете внимателни. Попладне се надѕираат предлози за нови извори на приход. Сепак, проценете колку тие се чесни. БИК Ќе уживате во успехот, доколку однапред сте размислиле за вашите постапки и не избрзувате. Вашите професионални должности бараат нетипични ...
– Просечната цена на еден хектар обработливо земјиште во ЕУ во 2022 година изнесувала 10.578 евра, што ја прави 45 пати повисока од просечната годишна рента за изнајмување на плодни површини, која изнесувала 233 евра по хектар, покажуваат податоците на Европската статистичка агенција – Евростат. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, обработливо земјиште во 2022 година било најевтино во Хрватска, а најскапо на Малта, додека рентите биле ...
Американската министерка за финансии Џенет Јелен изјави дека големината на надворешниот долг на САД од 34 милијарди долари е застрашувачка, пренесува ТАСС. „Ако зборуваме за апсолутната бројка на националниот долг од 34 милијарди долари, тоа е застрашувачка бројка. Но, мислам дека државниот долг на САД во моментов е под контрола“, рече Јелен на настанот организиран од Економскиот клуб на Чикаго. Според неа, и покрај колосалниот надворешен долг, ...
Русија минатата година увезла напредни американски и европски чипови во вредност од над 1 милијарда долари и покрај ограничувањата со цел да се спречи војската на претседателот Владимир Путин да се здобие со технологија за да влијае на конфликтот во Украина, пишува „Блумберг“. Класифицираните податоци од руската царинска служба до кои дојде „Блумберг“ покажуваат дека повеќе од половина од увезените полупроводници и микрочипови во првите 9 месеци ...
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) даде високи оценки за монетарната политика, финансискиот и надворешниот сектор, девизниот курс, како и за квалитетот на податоците, коишто се во рамки на надлежностите на Народната банка, а кои се предуслов за квалификување за Кредитната линија за претпазливост и ликвидност (ПЛЛ), информираат од Народната банка. Во извештајот на Мисијата на ММФ врз основа на член 4 од Договорот за членство во Фондот, како и ...
Во новото писмо до акционерите, Нетфликс најави скок на цените на претплатите што треба да се случи оваа година. „Додека инвестираме и го развиваме Нетфликс, повремено ќе бараме од нашите претплатници да платат малку повеќе во согласност со тие подобрувања, што пак ќе поттикне позитивен моментум за дополнителни инвестиции за понатамошен раст на нашите услуги“, велат од компанијата. Потсетуваме дека во ноември 2022 година стриминг сервисот ...
За неколку дена, „Apple“ официјално ќе го пушти својот „Apple Vision Pro“ уред за мешана реалност. Има неколку интересни функции, но и висока цена. Новиот „Vision Pro“ уред на „Apple“ ќе има почетна цена од 3.500 долари, додека цената ќе скокне на 4.800 долари доколку корисникот се одлучи за простор за складирање од 1 TB. Сепак, ќе мора добро да се грижите за него, бидејќи ако се расипе или го оштетите – сервисирањето ќе ве чини цело богатство. ...
Бројот на биткоини е конечен бидејќи се создава со рударење и е околу 21 милион, а последниот биткоин се очекува да биде „изрударен“ дури во 2140 година. Биткоинот повторно почна да расте минатата година откако гигантите од Wall Street, предводени од BlackRock, најголемата светска компанија за управување со пари, ја започнаа крипто-револуцијата. Цената на биткоинот се удвои во последните 12 месеци, закрепнувајќи се од катастрофалниот пад во 2022 ...
Деловните изгледи во Германија се влошуваат втор месец по ред, пропуштајќи ги очекувањата на аналитичарите и дополнително ја зголемува мрачната слика за најголемата економија во еврозоната на почетокот на 2024-та година, пишува „Bloomberg“. Мерачот на деловните очекувања на институтот „Ifo“ падна на 83,5 во јануари од ревидираните 84,2 во претходниот месец, наспроти прогнозите на аналитичарите за благ пораст. Пад забележа и индексот на тековните ...
Турција ги зголеми каматните стапки на 45 отсто, бидејќи креаторите на политиката сигнализираа крај на осуммесечната кампања на големи зголемувања на трошоците за задолжување, а долготрајната инфлаторна криза во земјата се очекува да се намали оваа година. Турската централна банка во четвртокот ја зголеми референтната каматна стапка за 2,5 отсто, во согласност со очекувањата. Тоа беше осмо зголемување на трошоците за задолжување од јуни, пишува ...
„eBay Inc.“ ќе укине околу 1.000 работни места, или 9% од својата работна сила со полно работно време, и ќе ја намали работата на аутсорсираниот персонал, велејќи дека бројот на вработени и трошоците го надминале растот. Компанијата за е-трговија вели дека треба да биде „попргав“ во услови на „предизвикувачко“ економско опкружување. Нејзините акции паднаа за 13% во изминатите 12 месеци, објави „Bloomberg“. „Додека напредуваме во нашата ...
Халкбанк АД Скопје е брзорастечка банка составена од тим од млади, амбициозни и мотивирани луѓе. Во согласност со сопствената стратегија, Халкбанк се секогаш отворени за нови, едуцирани, трудољубиви, високо мотивирани и талентирани кандидати за вработување. Согласно тековните потреби, процеси и активности, Халкбанк АД Скопје објавува оглас за прием на нововработено лице и пополнување на следната работна позиција во Банката: Самостоен референт во ...
Европската централна банка ги остави каматните стапки на рекордни 4% и забележа дека базичната инфлација продолжи да паѓа, исто така благодарение на високите трошоци за задолжување. – Надолниот тренд на базичната инфлација продолжи, а минатите зголемувања на каматните стапки продолжуваат силно да се пренесуваат на условите за финансирање – објави ЕЦБ. Со денешната одлука, ЕЦБ ја остави стапката што ја плаќа на банкарските депозити, репер за ...
Социјалната пензија постои во околу 100 земји во светот, а некои земји ја воведоа уште во 60-тите години на минатиот век. Јапонија беше меѓу првите што го направи тоа, а оваа државна помош таму денес изнесува околу 600 долари месечно. Во светот постојат 3 типа на социјални пензии Социјалната пензија во различни форми постои во над 100 земји во светот. На пример, во САД се исплаќа таканаречената федерална пензија, што значи дека граѓаните откако ...
Со 3,8 милиони евра е обновен државниот пат Скопје – граничен премин „Блаце“ во должина од 10 километри, а во завршна фаза е изградбата на првите два километри од автопатот на оваа релација и се очекува да бидат пуштени на крајот на март. Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми, придружувани од вицепремиерот Артан Груби денеска на настан кај кружниот тек пред ГП ...