Здружението „Убавините на Скопска Црна Гора“, в сабота, ќе му се приклучи на настанот „Зора на Љуботен“, кој, по шести пат, го организира планинарскиот клуб „Јелак“ од Тетово. Тие канат да се доживее изгрејсонцето, кое, како што велат, не може да се опише со зборови. – Кога изгрева сонцето таму некаде зад Стара Планина и Рила, може само да се почувствува, но не и да се опише. Чувството е најблиско до она што го имал Бог кога го создавал светот – ...

Според активистите на овие невладини организации, малата хидроцентрала на Дошница ќе го уништи биодиверзитетот и ќе предизвика големи промени врз целиот екосистем на Кожуф. Дошница е последната река во Македонија од која водата се пие и која тече во нечепната природа со богат биодиверзитет. За протестот ќе биде обезбедено организиран превоз од Гевгелија, Неготино, Кавадарци, Демир Капија, Струмица, а активистите од другите градови ќе може да ...

Овој наод укажува на постоење на проблем, бидејќи според Меѓународната унија за зачувување на природата, повеќе од една третина од видовите на ајкули и на ражи се соочуваат со истребување поради прекумерниот риболов, уништување на живеалиштата и климатските промени. Еко-туризмот би требало да го помогне зачувувањето на ајкулите преку зголемување на јавната свест и со генерирање на приходи што потоа би се влевале во програмите за конзервација. А ...

ЕУ ќе го истражува случајот со помошта што производителите на електрични автомобили во Кина ја добиваат од државата. „Цената на овие автомобили се намалува вештачки, преку огромни државни субвенции – тоа го уништува нашиот пазар“, кажа во средата претседателката на комисијата на ЕУ, Урсула фон дер Лaјен, пред Европскиот парламент во Стразбур. Тоа е неприфатливо за европската политичарка. Светските пазари се преплавуваат со поевтини електрични ...

Поплавата беше предизвикана од силна бура што ги скрши браните во близина, предизвикувајќи порој од вода што опустоши четвртина и повеќе од тој медитерански град, однесувајќи ги зградите заедно со нивните жители. Се проценува дека околу 10 000 луѓе се водат како исчезнати. Се верува дека поројот повлекол многумина во морето. Еден жител на Дерна, Мустафа Салем, рече дека досега изгубил 30 членови од своето семејство. Конвои со помош и камиони со ...

Вселенското летало треба да го почне спуштањето Месечината денеска околу 14:15 часот по македонско време. Доколку успее, Индија ќе биде првата вселенска сила која ќе изврши тн. меко слетување на Јужниот Пол на единствениот природен сателит на Земјата. Со ова контролирано слетување на индиското вселенско летало на Месечината, Индија би била четвртата земја што некогаш постигнала таков подвиг. Во мигов, САД, Кина и поранешниот Советски Сојуз се ...

Ексклузивните наоди од некрополата Требенеште, кои во 2019 година во соработка на музеите на Македонија, Србија и на Бугарија, беше поставена во Скопје, како што беше тогаш најавено, го продолжува својот пат и ќе биде претставена пред бугарската јавност, во Националниот археолошки институт со Музеј при Бугарската академија на науките во Софија. Владата ја разгледа и ја усвои и Информацијата од Министерството за култура за реализација на ...

Активни се пожарите кај селата Горно Количани и Драчевица во Општина Студеничани каде е зафатена мешана шума, во село Орланци во Општина Арачиново каде гори ниска шума и во село Мелница во Општина Велес со зафатени борова шума и сува трева. ЦУК соопштува дека се изгаснати 24 пожари, во општините Студеничани, Битола, Прилеп, Кривогаштани, Крушево, Струмица, Радовиш, Струга, Дебар, Велес, Неготино, Кочани, Куманово, Липково, Брвеница и Гостивар. ...

Биодиверзитет: Зошто е важно да има повеќе ликови на „забавата“? Биодиверзитетот не се однесува само на естетиката. Како и луѓето на една обична забава, така и во екосистемот – секој вид има своја улога. Ако недостасува само еден лик во таа разновидност, целиот концепт пропаѓа. А, главните виновници, за жал, сме ние самите – луѓето (најголемото лажно обвинунање!!). Причините се глобални, но почнуваат од секојдневните урбани навики. Ова се ...

Фотографиите доаѓаат околу една седмица откако Индија објави фотографии од површината на Месечината. Двете земји планираат да слетаат научни роботи на јужниот пол на Месечината во следните недели. Првите фотографии направени од руската сонда биле направени на оддалеченост од 310.000 километри од Земјата. Тие покажуваат дека сондата е во добра форма и работи според планот, изјавиле од рускиот Институт за вселенски истражувања. „Луна-25“ треба да ...

Суштеството кое е пронајдено, во близина на Антартикот, помеѓу 66 и 1.170 метри под површината на морето, има 20 пипала кои се покриени со нешто што личи на пердуви. На другата страна има пипала со мали канџи на крајот, кои му помагаат да се фати за морското дно. Тимот научници кои откриле за постоењето на ова чудно суштество забележале и дека тоа може да варира во бојата, од „виолетова“ до „темно црвеникава“. Научникот Грег Роуз, професор по ...

Овој пожар е најсмртоносниот во САД во последните 100 години, објави Гардијан. Стотици луѓе се уште се водат како исчезнати додека пожарникарите продолжуваат да се борат со пожарите и спасувачките екипи пребаруваат низ јагленосаните остатоци од историскиот град Лахаина.Грин рече дека обемот на штетата од пожарот е „неверојатен“. Пожарот ги уништи речиси сите згради во градот со 13.000 жители. Живеалиштата на луѓето се тотално уништени и изгорени ...

Во најкатастрофалните поплави кои се случиле досега во Словенија загинаа најмалку шест лица, беа уништени куќи и оставија села во урнатини. Обилните дождови со денови паѓаа во речиси две третини од земјата, уништувајќи згради и мостови. „Штетата ќе изнесува неколку милијарди евра“, рече премиерот Голоб. Според него, за ефикасна санација ќе биде потребно и да се добијат што повеќе средства од европските фондови и помош од странство. Голоб најави ...

Постои можност количината на пластика во океаните да е многу помала отколку што се претпоставуваше во изминатите две децении односно да изнесува околу 3,2 милиони тони, а не од 50 до 300 милиони тони, како што претходно се претпоставуваше. Како што пренесува „Дач тајмс“ (Dutch Times), еден од заклучоците до кои дошле истражувачите од Универзитетот во Утрехт е дека многу повеќе пластика останува во реките, а многу помалку стигнува до океаните. ...

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутереш ја изрази својата поддршка. „Светските лидери го посетија овој град, ги видоа неговите споменици, разговараа со неговите храбри преживеани, а потоа се охрабрија да се залагаат за нуклеарно разоружување. Повеќе од нив треба да го сторат тоа, бидејќи тапаните на нуклеарната војна повторно бијат“, рече тој. Хирошима беше во центарот на вниманието во мај, кога јапонскиот премиер Фумио ...

Заклучно со 24 јули, 2.442 секвенци на EG.5.1 биле откриени во 36 земји ширум светот, вклучително и најмалку 18 случаи во Израел, според податоците од Outbreak.info, страница што ги собира податоците за SARS-CoV-2. Видот стана поприсутен во Обединетото Кралство бидејќи продолжуваат да растат хоспитализациите на COVID-19, соопштија британските здравствени власти во четвртокот. На социјалните мрежи, вирусолозите варијантата ја нарекоа Ерис. Според ...

Веќе неколку месеци во општина Дебар но и во поширокиот регион, мечки имаат уништено околу 200 пчелни сандаци. По пријавата од страна на пчеларите посебна комисија врши увид, по што пчеларите преземаат соодветни законски активности, бидејќи мечката е заштитена со закон, раководителот на Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Според него за среќа до сега нема регистриран случај на напад од мечка врз ...

Голем дел од Словенија под вода откако ја погоди силно невреме Заповедникот на цивилната заштита на Горењска, Клемен Шмид, изјави дека речиси целата оваа покраина е под вода, додавајќи дека има заглавени жители дури и во центарот на Шкофја Лока, кои се спасуваат со хеликоптери. Бројни села се отсечени од светот (Фото: Дело) „Областа на Шкофја Лока е особено погодена. Поплавени се патишта и бројни станбени и комерцијални објекти“, изјави Шмид. ...

Депонијата се третира со алги со цел задушување на пожарот, а со специјална механизација делот кој e зафатен со пожар се покрива со големи количини земја. Но, тоа не го решава трајно проблемот кој со години ги мачи жителите на Охрид.Дивите депонии се закана и за Струга, каде мештаните често алармираа за тешката миризба која што го загрозува нивното здравје. Иако во најава е изградба на регионална депонија во југозападниот дел на земјата, решение ...

Поранешниот советник за национална безбедност на администрацијата на Трамп, Џон Болтон, имаше остри зборови против поранешниот претседател, нарекувајќи ја неговата надворешна политика непредвидлива и неефикасна. „Доналд Трамп навистина нема филозофија, како што ние ја разбираме во политичка смисла“, рече Болтон во интервјуто во четвртокот за „The Hill“ на NewsNation. „Тој не размислува во политички термини кога носи одлуки, секако во областа на ...

Имено, нашиот природен сателит ќе биде најблиску до Земјата на 1ви и повторно на 31 август. И двете полни Месечини ќе изгледаат речиси исто големи, според германската група аматерски астрономи – „Здружение на пријатели на ѕвездите“ (Vereinigung der Sternfreunde). Овој двоен спектакл е можен бидејќи циклусот меѓу две полни Месечини е 29,5 дена, а август има 31 ден. Инаку, две полни месечини во еден календарски месец се ретка појава. Од нив, ...

Активисти за заштита на животната средина се собраа на Џалан Џендерал Судирман во Џакарта, главниот град на Индонезија, на маршот наречен „Отфрлете ја пластиката за еднократна употреба“. Освен што ги повикаа луѓето да ја намалат употребата на пластика во секојдневниот живот, активистите организираа марш за да побараат од владата да ја забрани употребата на пластика за еднократна употреба и да ја поттикне повторната употреба како одржливо ...

Светскиот ден на заштитата на природата се одбележува секоја година на 28 јули со цел ширење на свеста за природните ресурси кои се наоѓаат на нашата планета Земја и кои се основа за стабилно и продуктивно општество, особено за обезбедување на благосостојбата на сегашните и идните генерации. Денес се соочуваме со бројни опасности за животната средина во која живееме, како што се: климатските промени, глобалното затоплување, дефорестација, ...

Според Гринпис, ЕЦБ мора да го исчисти своето портфолио и да ги отстрани компаниите кои се најголеми загадувачи на животната средина. Централната банка на еврозоната минатата година почна да купува обврзници според еколошки критериуми, но овој месец целиот процес беше стопиран поради зголемената инфлација. Една година подоцна, тие климатски обврски се прекршени, објави Гринпис во заедничкиот извештај со академици од три универзитети во Велика ...

Првата марка која го решила сето тоа на едноставен начин, а воедно станала украс за пратките, е позната под името Пени блек. Издадена е на 1 мај 1940 година во Велика Британија во рамки на иницијативата за промена на начинот на функционирање на поштенскиот систем кој го воспостави сер Роланд Хил, учител и пронаоѓач, а подоцна и директор на поштенската служба. На неа бил ликот на 21-годишната кралица Викторија и многу наликувала на денешните ...

Морски експерти и волонтери кампуваа во текот на ноќта на плажа на повеќе од 450 километри југоисточно од Перт, Западна Австралија, откако китовите беа пронајдени насукани во близина на плажата. „За жал, 51 кит угина во текот на ноќта по масовно насукување“, соопшти Службата за паркови и диви животни на Западна Австралија. „Заедно со регистрирани волонтери и други организации, се обидуваме да ги вратиме преостанатите 46 китови во подлабоките ...

Бурата што траеше петнаесетина минути предизвика помала материјална штета на кровните конструкции на неколку објекти, а од врнежите од град со големина на лешник оштетени се овошки и градинарските култури. По известување од линијата за итни повици 112 интервенираше и Територијалната противпожарна единица од Кочани. – Околу 17:30 часот добивме дојава за пожар во двор на објекти во селото Жиганци, при што беа ангажирани екипи со две возила. ...

Некои од гените што ги идентификувавме се поврзани со сетилните патишта – вклучувајќи ги и оние за вкус, мирис и текстура – и исто така може да го зголемат одговорот на мозокот. Бидејќи генетиката игра многу помала улога во влијанието на внесот на храна од сите фактори на животната средина, треба да проучуваме стотици илјади поединци за да откриеме генетски влијанија меѓу факторите на животната средина, појасни Џоан Кол од Универзитетот. Oколу ...

Поради големиот пожар на островот Родос, 19.000 луѓе беа принудени да се евакуираат, голем дел од нив туристи, а пожари се шират и на островите Евија и Крф, засега во Егејскиот дел на Македонија е мирно и со помали забележани инциденти. На Евија, властите им наредија на жителите на четири села во јужниот дел да се евакуираат во градот Каристос кој се наоѓа на запад од територијата која е зафатена од оган. „Пожарот можеби е на 2 километри ...

Сташното невреме синоќа ја погоди Србија, кое претходно мина низ Словенија и Хрватска, оставајќи зад себе разорни штети во сите краишта Невремето беше придружено со силен ветер, дожд и грмежи, а налетите на ветерот достигнаа брзина и до 200 километри на час. Невремето ги погоди административните области Мачвански, Сремски, Јужнобачка, Јужнобанатски, Шумадијски и градот Белград. Припадниците на Одделението за вонредни состојби храбро ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
63%
1028
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
2.68
72%
1027
weather icon

Загреб

18ᴼ / 13ᴼ
1.54
79%
1027
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
0.0
76%
1029
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
1.83
54%
1027
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 14ᴼ
2.06
96%
1028
weather icon

Атина

21ᴼ / 20ᴼ
3.09
46%
1022
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
2.06
77%
1024
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
2.57
53%
1026
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 17ᴼ
3.6
63%
1026
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 13ᴼ
0.51
88%
1026
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
0.0
59%
1025
Currency

61.535

Currency

52.3346

Currency

70.6068

Currency

34.5437

Currency

37.8847

Currency

65.8447

Currency

7.35718

Currency

0.62675

Currency

0.35386

Currency

0.52449

Currency

1.26488

Currency

0.5941