Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Селекторот на машката репрезентација за ракометари до 20 години, Игор Илиевски го објави списокот за претстојното Европско првенство во Романија. Собирот ќе се одржи на 15. јуни (понеделник) во 13 часот во Хотел Русија. На списокот не се Дамјан Митев од Алкалоид и Самоел Ристески од Пелистер, на кои смета селекторот на сениорската репрезентација, Кирил Лазаров. СПИСОК НА ПОВИКАНИ РАКОМЕТАРИ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. ...
Селекторот на македонската репрезентација, Гоце Седлоски осврнувајќи се на досегашните четири натпревари на македонската селекција под негово водство на кое Македонија не успеа да постигне ниту еден гол, вели дека лошото е зад нас а верува во подобри денови на националниот тим. Седлоски на денешниот брифинг на ФФМ истакна дека на последните два пријателски натпревари, против БиХ (0-0) и против Турција (0-4) тестирал повеќе фудбалери како би ...
Случајот за натпреварот меѓу Кожуф и Башкими, кој ја разбуди спортската јавноста поради сериозните индиции за местенка, е веќе пред почеток на судска постапка. Дури потоа, по една судска одлука, ФФМ ќе може да дејствува преку своите правилници со соодветни казни, информираше претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ на денешната средба со медиумите. „За сите сомнителни натпревари ние добиваме дописи од УЕФА, никогаш не дејствуваме ...
Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, на денешната прес-конференција истакна дека казната на ФК Вардар од УЕФА во висина од 250.000 евра за незаконско работење, е единствено одраз на начинот на кој функционирал клубот во минатото, но не и на работата на ФФМ која е максимално чиста пред надлежните инспекции на УЕФА. „Ние како федерација бевме контактирани од УЕФА, и може да кажам дека истрагата траеше околу ...
Антон Гавел ќе биде нов шеф на стручниот штаб на Баерн Минхен, пренесуваат угледните европски кошаркарски медиуми. Поранешниот кошаркар на баварскиот клуб постигна комплетен договор со управата и од следната сезона ќе го наследи легендарниот Светислав Пешиќ, кој претходно најави заминување во пензија по завршувањето на тековниот шампионат. За 41-годишниот словачко-германски стручњак ова е емотивно враќање во Минхен, каде што настапуваше како ...
Американецот Кендрик Нан, како што стојат работите, ќе го носи дресот на репрезентацијата на Катар. Домаќинот на следниот Мундобаскет очигледно не штеди пари за да го појача тимот за Светското првенство. Главна ѕвезда ќе биде бекот на Панатинаикос, кој се појави во оваа приказна откако се откажаа од Тобијас Харис. Според „Спорт 24“, Нан ќе добие фантастични 30 милиони за следните пет години. Турската федерација исто така беше заинтересирана ...
Ракометната репрезентација на Македонија денеска од 18 часот ќе ги дознае противниците на Светското првенство кое што на стартот на следната година ќе се игра во Германија. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров пред ждрепката се напаѓаат во вториот шешир. Тоа значи дека Македонија во групната фаза не може да се сретне со Франција, Словенија, Норвешка, Србија, Шпанија, Италија, Фарски острови. ШЕШИРИ ЗА СП 2027: Прв шешир: Данска, Германија, ...
Поранешниот шпански репрезентативец Гаиска Мендиета верува дека Ливерпул би можел да го потпише Нико Вилијамс, објави „Ливерпул Ехо“. Шпекулациите за заминувањето на Нико Вилијамс од Шпанија траат веќе долго време, но минатата година тој потпиша долгорочен договор со Атлетик Билбао кој вклучува клаузула од само 77 милиони фунти. Мендиета верува дека со активирање на таа клаузула, Ливерпул би можел да го доведе шпанскиот офанзивец како замена ...
Вулверхемптон испадна од Премиерлигата по осум сезони и оваа сезона ќе играат во Чемпионшип, но клубот одлучи да биде подготвен за таа борба и веќе потпиша две сериозни засилувања. Вулверхемптон сака веднаш да се врати во елитата, и затоа веќе почнаа да го составуваат мозаикот за втората лига на англискиот фудбал. Доведени се Раул Хименез и Киран Трипие. Мексиканскиот напаѓач, кој го играше фудбалот на својата кариера во Вулверхемптон, се ...
Најголемата фудбалска ѕвезда на Босна и Херцеговина, Един Џеко, на претстојното Светско првенство ќе настапи во уникатни „OneOfAKindS“ копачки, кои се дело на познатиот македонски уметник Сатја Грабулоски и неговото студио „Swithadot Studios“. Дизајнот на овие спортски уникати е инспириран од препознатливиот прекар на фудбалерот „Босанскиот змеј“. Ексклузивните копачки содржат рачно изработени елементи во сина боја, мотиви од босанското знаме ...
Фудбалскиот клуб Бенфика потврди дека Жозе Мурињо ќе стане нов тренер на Реал Мадрид, откако кралскиот клуб плати 15 милиони евра отштета. „Ти благодариме, Жозе Мурињо“, пишува во соопштението на Бенфика. Веднаш потоа, Бенфика објави дека постигнала договор со Марко Силва, кој ќе седне на клупата на „орлите“. Потпишан е двегодишен договор со можност за продолжување на соработката за уште една сезона. Acordo com Marco Silva A Sport Lisboa e ...
Новиот фудбалски прволигаш Шкендија Арачиново успешно реши еден од најголемите инфраструктурни предизвици за настап во елитното друштво. Клубот официјално објави дека постигнал договор своите натпревари како домаќин да ги игра на стадионот „Чаир“ во Скопје. Ова решение доаѓа откако нивниот матичен терен не ги исполнуваше строгите критериуми за натпреварување во Првата лига. „Со задоволство ве известуваме дека ФК Шкендија Арачиново постигна ...
Во последниот натпревар пред почетокот на Светското првенство, Аргентина го победи Исланд со 3-0 во Обрн. Убаво е да се завршат подготовките пред светското првенство убедливо со победа, но најважно за бранителот на тронот е што Лионел Меси доби минутажа во овој натпревар. Тој влезе во последните 20 минути и покажа дека ќе биде подготвен за Мундијалот. Практично штом влезе во игра во 72. минута, беше досуден пенал за Аргентина, кој ѕвездата на ...
Сопругата на Диого Жота, Рут Кардосо, испрати писмо до долгогодишниот соиграч и голем пријател на нејзиниот покоен сопруг, Енди Робертсон, кој е капитен на шкотската репрезентација. Диого почина на почетокот на јули минатата година, а првата реакција на Робертсон откако Шкотска се квалификуваше за Светското првенство по долго чекање беше оваа изјава: „Постојано размислував за мојот пријател Диого. Разговаравме толку многу пати за Светското ...
Иранската фудбалска репрезентација ќе може да пристигне во Соединетите Американски Држави еден ден порано пред секој од натпреварите што ќе ги игра на претстојното Светско првенство. Ова го објави Министерството за внатрешна безбедност на САД, кое ги негираше тврдењата дека на иранската репрезентација и било дозволено да пристигне во САД само на денот на натпреварот и веднаш потоа да ја напушти земјата. „Тие тврдења се лажни. Благодарение на ...
Најтрофејниот фудбалски клуб Вардар денеска имаше брифинг со медиумите на кој покрај директорот Миленко Неделковски, присутни беа и тренерот Кристијан Фабијани и дел од фудбалерите кои следната сезона ќе ги бранат „црвено-црните“ бои. Дел од фудбалерите кои беа присутни на брифингот (Давид Бабунски, Мигуел Пиреш, Филип Најдовски, Хоакин Торес) се едногласни дека во следната сезона ќе одат на победа на секој меч. „Разликите меѓу фудбалот кај ...
Реал Мадрид официјално го потврди заминувањето на Алваро Арбелоа, кој повеќе нема да биде главен тренер на првиот тим. Веста доаѓа пред очекуваната потврда за доаѓањето на Жозе Мурињо во кралскиот клуб. Поранешниот дефанзивец на Реал остана на чело 28 натпревари, победувајќи во 18, двапати ремизираше, а осум пати беше поразен. Сепак, неговиот тим не успеа да остави значаен белег во натпреварувањата. Реал беше елиминиран од Купот на Кралот и ...
Реал Мадрид објави дека испратил понуда од 150 милиони евра до градскиот ривал Атлетико Мадрид за напаѓачот Хулијан Алварез. „Кралскиот клуб“ изјави дека по состанокот на раководството испратил понуда од 150 милиони до Атлетико Мадрид за Алварез, но дека таа била одбиена. Флорентино Перез победи на неодамнешните избори и остана на чело на Реал Мадрид, а сега го оствари своето предизборно ветување. Тој претходно нагласи дека, доколку остане ...
Женската фудбалска репрезентација на Македонија со пораз од Азербејџан на домашен терен на „Петар Милошевски“ во Битола од 1-3 го заврши настапот во квалификациите за СП во лигата Ц. Гостинките поведоа со 0-1 со погодокот на Бакарандѕе во 8. минута од натпреварот. Само три минути подоцна нашите девојки успеаја да израмнат на 1-1 преку Мустафа. До крајот на првиот дел Азербејџанките постигнаа уште два гола (1-3), преку Молајева во 28. и ...
Најтрофејниот фудбалски клуб Вардар денеска имаше брифинг со медиумите на кој покрај директорот Миленко Неделковски, присутни беа и тренерот Кристијан Фабијани и дел од фудбалерите кои следната сезона ќе ги бранат „црвено-црните“ бои. Фабијани изјави дека е задоволен од стартот на подготовките, а даде и свое мислење за македонската лига. „Задоволен сум од стартот, играчите дојдоа подготвени, имаме голема цел и високи амбиции. Може да се случи ...
Дел од европските ракометни сили, кои претходно не обезбедија учество, останаа шокирани од одлуката на Светската ракометна федерација (ИХФ) кој им ги додели двете достапни вајлд-карти за Светското првенство 2027 година на Турција и Саудиска Арабија. На тој начин се комплетираше списокот од 32 селекици кои ќе учествуваат на шампионатот. Оваа одлука на ИХФ е крајно шокантна, ако се знае дека во конкуренција беа и Унгарија, Швајцарија, Австрија… ...
Вардар ги раскина договорите со напаѓачот од Уганда, Фангор Бајо и со Фаустин Сенгор, информираше извршниот директор на клубот, Миленко Неделковски. Исто така нема документи за Ибрахим Олајсебикан кој може да си оди. Извршниот директор информираше и дека нема вистина во информацијата за ангажман на македонскиот репрезентативец Бојан Димовски, а во тек се преговорите за продолжување на соработката со Цветковиќ. „Имаме простор за уште еден до ...
Вардар е казнет со 250.000 евра за незаконско работење. Како што информираше извршниот директор на клубот, Миленко Неделковски на денешниот брифинг со македонските медиуми, актуелниот шампион спогодбено се договорил со УЕФА за казна од 250.00 евра и засилен мониторинг во следните три години, за незаконските дејствувања на администрацијата. „УЕФА не испитуваше десет месеци и постигнавме спогодба да платиме казна од 250.000 евра и да сме под ...
Извршниот директор на ФК Вардар, Миленко Неделковски на денешниот брифинг со македонските медиуми зборувајќи, меѓу другото, и за престојниот летен преоден рок истакна дека има голем интерес од клубови за капитенот на тимот Азер Омерагиќ. „Има голем интерес за ангажман на Азер Омерагиќ со првични контакти до нас до клубот, од клубови Кипар, МЛС во САД, Словачка, Уругвај, но засега нема официјална понуда на клупска адреса, и затоа не може да ...
Ѕвездата на Реал Мадрид и капитен на француската репрезентација, Килијан Мбапе, даде интересни предвидувања пред Светското првенство во 2026 година, вклучувајќи ја и вечната дилема меѓу Кристијано Роналдо и Лионел Меси. За време на предизвикот каде што требаше да го избере играчот за кој верува дека ќе постигне повеќе голови на Светското првенство, Мбапе помина низ серија фудбалски ѕвезди и ги даде своите проценки. Французинот покажа голема ...
Фудбалската федерација на Иран објави дека квотата за билети на нивната репрезентација за натпреварите од Светското првенство во 2026 година е повлечена, поради што голем број ирански навивачи, кои веќе направиле аранжмани за патување, нема да можат да присуствуваат на натпреварите. Во соопштението се вели дека бројни навивачи веќе купиле билети за патување, резервирале сместување и ги направиле сите потребни планови, потпирајќи се на ...
Тренерот на шампионот на БиХ, Борац Бања Лука, Винко Мариновиќ, е повреден во навистина бизарна несреќа. Тој изгуби два прста при косење трева. Според информациите од БиХ, Мариновиќ, кој е тренер на тимот каде настапуваат македонските ререзентативци Дамјан Шишковски и Себастијан Херера, бил невнимателен додека косел трева, и загубил два прста. За среќа, ги пронашол отсечените прсти во тревата. Му била укажана помош и прстите му биле зашиени. ...
Манчестер сити е блиску до финализирање на преговорите за нов договор цо хрватскиот дефанзивец Јошко Гвардиола, и покрај тоа што неговиот тековен договор важи до 2028 година. Англискиот шампион сака да го врзе 24-годишникот со долгорочен договор и со тоа да го обезбеди неговиот престој на „Етихад“. Реал Мадрид, Барселона и Баерн покажаа сериозен интерес за хрватскиот дефанзивец, но инсајдерот Бен Џејкобс известува дека сè ќе биде решено ...
Жозе Мурињо подготвува сериозен ремонт во играчкиот кадар во Реал Мадрид, новиот тренер добил слобода да одлучува околу изгледот на екипата, а прва „ѕвезда“ што ќе си замине од „Сантијаго Бернабеу“ ќе биде Федерико Валверде. Мадридските медиуми веќе известуваа дека соиграчите биле исфрустрирани од бројните испади на Валверде во текот на ланската сезона, што кулминираше и со физичкиот конфликт со Чуамени од кој токму Уругваецот го извлече ...
Црвена Звезда успеа да задржи еден од домашните кошаркари и за наредната сезона откако денеска и официјално потпиша нов договор со Дејан Давидовац. Скромниот крилен кошаркар не добива преголема минутажа, но секогаш максимално ја користи шансата што ќе му се укаже. „Црвено-белите“ за првпат го доведоа Давидовац во своите редови во 2015, тој дебитираше за клубот во 2017, а единствената сезона што ја мина надвор е во руска ЦСКА Москва, каде ...