
Скопје
11ᴼ /
11ᴼ



За време на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите од Европската унија во Копенхаген за време на викендот, една од темите што повторно се дискутираше беше дали и како да се санкционира Израел за неговите постапки во тековниот конфликт во Газа. Иако степенот на криминално однесување на Израел сè уште се дебатира, мнозинството набљудувачи веќе не го оспоруваат фактот дека израелската воена кампања во Газа, започната по ...
Со оглед на тоа колку силно Москва се спротивставува на каков било предлог за членство на Украина во НАТО, беше изненадување кога рускиот претседател Владимир Путин рече дека неговата земја нема да се спротивстави доколку Украина се приклучи на ЕУ. „Што се однесува до членството на Украина во ЕУ, ние никогаш не сме се спротивставиле на ова“, рече Путин за време на посетата на Кина. „Што се однесува до НАТО, тоа е друго прашање.“ Сепак, ...
Пред неколку дена шефот на бугарската дипломатија Георг Георгиев, а вчера и бугарскиот премиер Росен Желјазков, ја коментираше иницијативата пред македонскиот Уставен суд за оценка на уставноста и законитоста на Протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија со Бугарија. „Неоправдано и излишно е обжалувањето во Уставниот суд на РСМ, на потпишаниот протокол кон договорот за добрососедство, кој предвидуваше секоја година да се ...
По наводното намерно нарушување на сателитскиот навигациски систем ГПС, во Русија се крена бран потсмев и исмејување на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Политичарката отпатува за Бугарија на 31 август. Прекинот на ГПС-от на авионот резултирал со непланирано слетување во градот Пловдив. Бугарските власти се сомневаат дека Москва стои зад нападот и го поврзуваат со војната на Русија против Украина. Портпаролката на ...
Спор околу буџетот и несогласувања за финансирањето на социјалните бенефиции и климатските проекти - тоа доведе до колапс на сојузната влада на СПД, Зелените и Либералите во ноември 2024 година. Лидерот на ЦДУ, Фридрих Мерц, тогашен предводник на опозицијата во германскиот Бундестаг, претходно не пропушташе можност да ја критикува коалицијата за нејзините расправии. Тој наведуваше дека има „владина криза“ што ја поткопува довербата на граѓаните ...
Милица (името е сменето) е градежен инженер. Моментално е запишана на магистерски студии за професор по инженерство и компјутерски науки. Таа би сакала да добие постојано вработување како наставничка. Самохраната мајка на три деца во слободното време работи и како доставувачка за „Глово“. До неодамна таа предаваше во основното училиште „Стефан Немања“ во Ниш, како т.н. „ненаставен кадар“. Во Србија нема доволно наставници по инженерство, затоа ...
Првиот закон што беше дискутиран и усвоен во грчкиот парламент по летната пауза се однесува на нелегалната имиграција. Конзервативната влада na премиерот Киријакос Мицотакис сака да воведе построги мерки за да се олесни враќањето на лицата кои немаат право на азил. Основната идеја зад законот на министерот за миграција Танос Плеврис е одвраќање: секој што нелегално ќе пристигне во Грција ќе заврши во затвор. А секој што живее нелегално во Грција ...
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, предизвика бура од реакции викендов со изјавата дека плановите за распоредување европски трупи во Украина како дел од безбедносни гаранции по конфликтот се „прилично прецизни.“ „Имаме јасен патоказ и постигнавме договор [во врска со американската поддршка] во Белата Куќа... и работата напредува многу добро,“ изјави Фон дер Лајен за „Фајненшл Тајмс“, во интервју објавено во неделата ...
Видео снимка направена од воздух прикажува глисер на отворено море. На него може да се видат неколку луѓе и пакети. Локацијата и времето на снимање се нејасни. По околу 30 секунди, се случува експлозија, по што снимањето завршува. Видеото го објави претседателот на Соединетите Американски Држави на неговата социјална платформа. Според Доналд Трамп, во американската воена операција се убиени единаесет лица. Претседателот на новинарите во Белата ...
Се прашувам какви се линиите на нашата политика воопшто? Некако сме многу брзи во исцртувањето на тврди позиции за надвор, и монументално театрални околу позирањето врзано со нашиот „непокор“, ама никако да поставиме некаква стратегија за тоа што сакаме да видиме дома, кои реформи ни се приоритет, и кои области од нашиот општествен живот треба најбрзо да се поправат. Ја „откачивме“ ЕУ, и сега во еден здив чекаме ЕУ за возврат да не „откачи“ нас. ...
Мерт Саим често е на аеродромите низ Северна Рајна-Вестфалија, особено во главниот град на покраината, Дизелдорф. Само од таму во 2024 година повеќе од 2.800 лица се депортирани по воздушен пат. Се работи за луѓе чии барања за азил се одбиени, или кои од други причини немалеперспектива да останат. Повеќе од 20 илјади лица се депортирани во 2024 Саим работи за црквата како референт за бегалци, миграција и интеграција. Неговата задача е да ги ...
Скандал од невидени размери. Така пред повеќе од две децении беше опишан случајот „Големото уво“ обелоденет од Бранко Црвенковски, претседател на тогаш опозицискиот СДСМ. За скандал од невидени размери во февруари 2015 година зборуваше и лидерот на тогаш опозицскиот СДСМ, Зоран Заев, кој под слоганот „Вистината за Македонија“, јавно презентираше аудио-снимки од масовно незаконско следење на разговори и порачуваше „ова зло никогаш да не се ...
Мотоцикл минува покрај зрели сончогледи и врти во поле, кревајќи многу прашина. На него седи Олексиј, офицер во баталјон на 14-та бригада на Националната гарда на Украина. Неговата единица се бори во близина на Покровск. Руската армија се обидува да го опколи градот, дневно се случуваат по десетици напади. Мотоциклот е од фронтот. Русите со него напредувале кон украинските позиции, но Олексиј и тројца негови другари го одбиле нападот и притоа го ...
„Србија е општество разорено од национализам“, вели за ДВ белградскиот теолог и историчар Вукашин Миличевиќ. Тој е еден од многуте интелектуалци во Србија кои ги поддржуваат студентските протести. Стотици илјади луѓе повеќе од десет месеци излегуваат на улиците во речиси сите градови во Србија и бараат нови избори и сузбивање на широко распространетата корупција. Повод за протестите бешеуривањето на настрешница на штотуку реновираната железничка ...
12 илјади војници кои маршираат во ист чекор, најмодерни системи за оружје погодни за користење ширум светот и пред сè - претседателот Ши Џинпинг како неоспорен моќник на балконот од портата Тjeнанмен над џиновскиот портрет на основачот на земјата, Мао Цетунг. Овие слики денеска (3.09) го обиколуваат светот. 26 шефови на држави или влади од Азија, Блискиот Исток, Африка и Латинска Америка се сведоци на ова шоу. Покрај рускиот претседател ...
Начинот на кој власта ја пласира во јавноста информацијата за, како што тврди, физичко следење и прислушување на истакнати партиски членови на чело со лидерот Христијан Мицкоски, како и други јавни личности, не може да не се поврзе со изборите. Тоа може да се види од држењето на брифинзи за медиуми со цел високо сензибилизирање на јавноста во пресрет на гласањето во октомври. Но не е јасно зошто Владата презеде толку опсежна операција за ...
На почетокот на мај 2025 година, американскиот претседател Доналд Трамп го пречека претседателскиот кандидат од крајната десница, Карол Навроцки, во Овалната соба. Тој позираше со него за фотографија што предизвика голема врева на интернет и на заминување го охрабри со зборовите: „Ќе победиш“. Навроцки поентираше во изборната кампања со таквата поддршка. Оваа среда (3 септември 2025 година) Навроцки се враќа во Вашингтон - овојпат како избран ...
Германија и Индија се стратешки партнери и се стремат кон дополнително зајакнување на партнерството во сфери како трговијата, миграцијата, климата и надворешната политика. Министерот за надворешни работи на пат во Индија Министерот за надворешни работи на Германија, Јохан Вадефул, од денеска (2.09) е во Индија каде што ќе се сретне со лидери од политиката и бизнисот за да истражи други можности за билатерална соработка. „Индија е стратешки ...
Што е ШОС и кои се учесниците на самитот? Шангајската организација за соработка (ШОС) пред 24 години е основана како организација за борба против тероризам и за економска соработка. Во меѓувреме брои десет членки - покрај основачите Кина, Русија, Казахстан, Киргистан, Таџикистан и Узбекистан, сега и Индија и Пакистан, како и Иран од 2023 година и Белорусија од 2024 година. Организацијата со тоа е противтежа на западните сојузи и претставува ...
Учебната 2025/2026 година денеска (1.09) почна за 245 илјади ученици, од кои 177.800 во основните и 67.200 во средните училишта. Клучната образовна алка што недостигаше за учениците во изминатите години – учебниците, веќе втора година не е тема: министерката за образование и наука, Весна Јаневска означи крај на тој проблем. „Втора учебна година по ред започнува со учебници за сите ученици. Целосно нови учебници има за седмо одделение во ...
Што е ШОС и кои се учесниците на самитот? Шангајската организација за соработка (ШОС) пред 24 години е основана како организација за борба против тероризам и за економска соработка. Во меѓувреме брои десет членки - покрај основачите Кина, Русија, Казахстан, Киргистан, Таџикистан и Узбекистан, сега и Индија и Пакистан, како и Иран од 2023 година и Белорусија од 2024 година. Организацијата со тоа е противтежа на западните сојузи и претставува ...
„Ќе успееме.“ Реченица што стана симбол на отворениот став на Германија кон бегалците. Кога тогашната канцеларка Ангела Меркел (ЦДУ) ги изговори овие зборови во летото 2015 година, стотици илјади луѓе беа на пат кон Германија – многумина доаѓаа од Сирија, Авганистан и Ирак. Тие беа пречекани со бран на солидарност и подготвеност за помош. Многумина сè уште ги паметат сликите од главната железничка станица во Минхен, каде илјадници бегалци беа ...
„Есента на реформи“ на канцеларот Фридрих Мерц би можела да стане сезона на коалициски судири, со оглед на тоа што тој работи на амбициозниот план за реформирање на социјалниот систем и на даноците, кои би можеле да ја поттиикнат економијата. Предизвиците се големи. Германската економија е трета година по ред без раст на БДП, социјалниот и пензискиот систем не успеваат да се справат со демографските предизвици, а сојузниот буџет има дупка од ...
Германскиот буџет за 2027 година се соочува со дефицит од околу триесет милијарди евра. Министерот за финансии и лидер на социјалдемократите, Ларс Клингбајл, затоа не ја исклучува можноста за зголемување на даноците за оние со високи приходи. Тоа предизвика незадоволство кај поголемиот коалициски партнер – демохристијаните на канцеларот Фридрих Мерц. Клингбајл изјави дека дефицитот во буџетот за 2027 дополнително се зголемил поради проекти како ...
Максут Шадајев е руски министер за дигитализација. Неодамна се вклучи на онлајн-седница на Владата и мораше да му рапортира на претседателот Владимир Путин за законот бр. 281-Ф3. „Предвидени се казни до 5 илјади руски рубљи за намерен пристап до екстремистички материјал од регистарот на Министерството за правда. Таму во моментов се регистрирани 5.500 материјали врз основа на судски одлуки. Странски платформи се противат на барањето на нашиот ...
Огромните полукружни прозорци во раскошната фасада на старата високограѓанска зграда (висока средна класа, н.з.), бојадисана со бордо-црвена и бела боја, со чудесно убави железни украси на вратите во „Југенд-стил”, се првиот знак за минувачот кој уште од далеку го чита знакот на старите градби: дека тие во формата на своите окна го чуваат живо и изминатото време. А каде другаде би било сочувано изминатото време, ако не во старите книги? На тоа ...
Кога се состануваат министрите за надворешни работи на ЕУ, нивната агенда често се чита како светски атлас. Има вртоглаво многу документи со изјави и мерки на кои мора да се стави потпис, и прашања за решавање од секој агол од светот - и, вообичаено, се троши многу време на преговори за 27-те членки да постигнат едногласен став. Но, неколкупати годишно, министрите се собираат на „неформални“ разговори, кои така се викаат не затоа што наместо во ...
Сомнежи за несакционирани злоупотреби на јавни ресурси, наводни пораки од ВМРО-ДПМНЕ за затоплување на односите со ДУИ, кој повеќе, а кој помалку направил за Албанците... Сето ова е дел од „кампања пред кампањата“, еден месец пред нејзиниот официјален почеток. Аналитичарите и претходно предвидоа жестока и нечиста кампања, но не очекуваа дека и воведот во неа ќе биде таков - со ниски удари и подметнувања. Кандидатот за градоначалник на Чаир, ...
Три години по експлозијата на гасоводот „Северен тек“ во Балтичкото Море, германските истражители, според медиумски извештај, ги идентификувале сите членови на групата која наводно стои зад нападот. Сите наводно се Украинци. Притоа, уште на 21 август во Италија е уапсен првоосомничениот. Германското Сојузно обвинителство го уапсило на брегот на Јадранот наводниот координатор на операцијата врз основа на европска потерница. Заедничката истрага на ...
Неколку недели пред Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, владата на САД воведе визни санкции против претседателот на Палестинците, Махмуд Абас. Американскиот Стејт департмент за новинската агенција ДПА потврди дека од санкциите се засегнати Абас и околу 80 други претставници на Палестинските автономни власти (ПА). Во нивните случаи ќе бидат поништени постојните визи и нема да бидат издадени нови. Од визните ограничувања е ...