Вкупниот број на повици за итни случаи на 112 во ЦУК за последното деноноќие бил 2. 040, од коишто реални повици биле 38,38%, а други „неитни“ биле 61,62%. Согласно генералната природа на настаните за коишто граѓаните се јавувале на Единствениот број за итни случаи 112 во Центарот за управувње со кризи (ЦУК) од делот реални итни повици, кон Полиција биле упатени 61,90%, кон Итната медицинска помош 30,06%к, кон пожарникарите 5,36%, а кон ЦУК ...

Претпладне по котлините и особено долж Повардарието ќе има појава на магла која во текот на денот ќе се намали. Преку денот ќе биде сончево, тивко и релативно топло освен во котлините со подолготрајна магла. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 9 до 17 степени. Во Скопје претпладне ќе има појава на магла, преку денот ќе биде сончево и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -2, а ...

Овие петмина храбри мажи светнаа како пет блескави ѕвезди во мрачното време на христоборните цареви Диоклецијан и Максимијан. Евстратиј беше римски војвода во градот Саталион, Евгениј му беше војнички другар, Орест беше исто така еден угледен војник, Аксентиј – свештеник, а Мардариј – прост граѓанин и земјак на Евстратиј, бидејќи обајцата беа од градот Аравракин. Царските намесници Лисиј и Агрикола го мачеа прво Акеснтиј, како свештеник. Кога го ...

Велешанецот Атанас Крлевски е автор на објавената фотографија на Младински парк во Велес. Фотографијата со неговиот објектив е фотографирана деновиве. Крлевски под фотографијата пишува: „Фотографијата е направена од терасата на Театар Џинот и ја прикажува фонтаната во Младинскиот парк и црквата „Св. Кирил и Методиј“. За оваа глетка, надополнета со велелепното здание на зградата на театарот во Велес, досега пишувале и дале одлични оценки за ...

Полициски службеници на ОВР Неготино,вчера, во 10:10 часот. ја лишиле од слобода Е.К.(34) од Демир Капија затоа што во семејната куќа физички ги нападнала нејзиниот 56 годишен сопруг и нивното малолетно дете. „За настанот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава,“ соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на Сектор за внатрешни работи Велес. Во текот на вчерашниот ден,исто така, ...

Со честитки за честит Божиќ, за католичките верници и за среќни новогодишни празници за сите читателите на Дума.мк, афористичарот Никола Бошковски Коки, ги напиша шестте најнови афоризми за последната седмица на оваа 2023 година. Прочитајте ги и препорачајте ги на вашите колеги или членови на семејството, со задолжителни насмевки. „-Земјата во која сите се прават луди,наликува на еден голем санаториум. -Власта секогаш си ги решава проблемите: ги ...

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес на 25.12.2023 година, во 03 часот и 26 минути, регистрираше земјотрес чиj епицентар се наоѓа во Република Косово, на 20 километри северо-западно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML2.3. „Според досегашните податоци со ...

Регионалниот ЦУК Битола известува дека пожарникарите од Територијалната противпожарна единица ТППЕ Прилеп од 21:15 до 00:20 часот со три пожарникари и едно возило извршиле спасителна акција и извлекувале лице паднато во бунар помеѓу селата Црнилиште и Гостиражни во Општина Долнени. Лицето било , живо, но повредено и со возило на Брза помош е пренесено во болницата во Прилеп. За природата на повредите нема податоци, но важно било дека било живо и ...

Поради магла утринава намалена е видливоста на патниот правец Скопје-Демир Капија. Авто мото сојузот на Македонија соопшти дека видливоста е намалена од 50 до 100 метри. Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено во зимски услови, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Дума.мк ...

Место на раѓањето и на службата на овој славен светител е островот Кипар. Роден е од прости родители, земјоделци, а и самиот беше и остана прост и смирен сè до својата смрт. Во младоста се ожени и имаше деца. А кога умре жена му, тој сиот се предаде на служба на Бога. Заради неговото особено благочестие беше избран за епископ на градот Тримитунт. Но, тој и како епископ не го измени својот прост начин на живеење и околу својата стока и ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала облачност, претежно тивко и релативно топло. Претпладне по котлините ќе има појава на магла, која во текот на денот ќе се намалува. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 2, а максималната ќе достигне од 9 до 17 степени. Во Скопје претпладне ќе има појава на магла која попладне ќе се намалува. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 9 степени. Според прогнозата ...

Полициски службеници на Полициската станица за безбедноста на патниот сообраќај при СВР-Велес, утрово, во 8: 30 часот, ги лишиле од слобода велешаните М.Г. (25) и О.Т.(32), по претходно добиена пријава дека утрото околу 8:00 часот извршиле разбојништво во спортска обложувалница и со употреба на сила врз вработената, одзеле пари. „По кратко време, лицата се пронајдени и приведени во полициска станица. Известен е јавен обвинител и по документирање ...

Во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници, со учениците од средното стручно општинско училиште „Јовче Тесличков“ во Велес, вчера, полициски службеници од Отсек за превенција при Сектор за внатрешни работи Велес заедно со полициски службеници од Одделение за општ криминал организираа едукативна работилница на тема „Не за користење на пиротехнички средства и петарди“, ,,Слави со срце, не со оружје“ и „Волан и алкохол најлоша комбинација“. ...

Под мотото „Празнично е да си дома – дома е Велес“ се организира неколку дневен новогодишен хепенинг во Велес. Поточно, од 27 до 30 декември велешани ќе може целосно да уживаат во ноговодишната магијата. Градоначалникот на општина Велес, Марко Колев, соопшти дека новогодишниот базар ќе понуди неколку дневна забава за сите генерации, многу музика, греено вино, храна, маскоти и изненадување на најмладите. -Нека биде радост, нека биде бајка за ...

Пред влезната врата на училишната зграда на ООУ„Тодор Јанев“ во Чашка и утрово протестираа родителите на учениците поддржани од жители на населбата. Директорката Елена Николова со наставниците дојшле во училишниот двор и побарале полициска асистенција, информираа жители на населбата. Тие испратија видеа со вербална расправија помеѓу нив и директорката Николова. „Не знам зошто беше повикана полицијата. Изненадени сме од односот на директорката ...

Основното јавно обвинителство Скопје информира дека во обвинителството пристигнале обдукциските наоди за Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски кои беа пронајдени мртви на 3 декември во околината на Скопје и Велес. Станува збор за наодите што се дел од истрагата која Основното јавно обвинителство Скопје ја води против Љупчо Палевски – Палчо, првоосомничен за убиствата на Ѓорчевска и Панче, кој е во притвор во Турција и се чека на неговата екстрадиција, ...

Со бесада за Рацин од асс. М-р Иван Антоновски, денеска, во Ликовен салон во Велес започна чествуваањето по повод 115 години од раѓањето на Коста Солев Рацин. Антоновски во својата бесада на самиот почеток пред присутните напомена дека кога се зборува за борецот Кочо Рацин истовремено се подразбира дека неговото име неразделно е заврзано со сегашноста на нашата поезија и литература. Настанот беше збогатен и со изложбата насловена „Блазе, речи на ...

Полициски службеници на СВР Велес,вчера попладне, во 15:20 часот го лишиле од слобода Б.Ш.(38) од Велес, постапувајќи по претходна пријава дека избегал од здравствена установа во Скопје. Во меѓувреме, во полициска станица, Б.М.(34) од Велес пријавил дека едно лице дошло до неговата куќа, во која биле неговите ќерки и мајка, агресивно се однесувал и скршил прозорец од куќата. По преземени мерки било констатирано дека се работи за лишеното лице. ...

Од 1 јануари, Министерството за финансии повеќе нема да дава согласност за вработување, туку раководителите на државните буџетски институции сами ќе одлучуваат за новите вработувања во согласност со годишниот финансиски план и прегледот за вработувања, информира ресорниот министер Фатмир Бесими. За ова да стапи на сила, како што кажа на денешната средба со новинарите, прво ќе треба да бидат донесени Законот за буџет и Законот за извршување на ...

Во предвечерјето на денот на раѓањето на најзнаменитиот поет меѓу македонските поети, на основоположникот на современата македонска книжевност и автор на едно од најзначајните дела во современата македонска поезија „Бели Мугри“, велешанецот Коста Солев Рацин, културен настан организираше Европска куќа Велес. За Мирко Бошковиќ, директор на Мрежата на Европска куќа во Македонија, синоќешниот настан е специјален бидејќи е посветен на чествувањето ...

Во рамките на проектот на ЗНМ, а со поддршка на УНЕСКО „Стратешките тужби против учеството на јавноста (SLAPP) се шлаканица за граѓаните и за јавниот интерес“ , беше презентирана и анализа на темата. На прес конференцијата за медиуми се обрати извршниот директор на ЗНМ, Драган Секуловски кој кажа која е целта на анализата и зошто е потребен ваков вид на водич за SLAPP тужби: -Здружението на новинари на Македонија издаде публикација, прва од ...

Повеќе од 60 хаику песни содржи новата хаику поезија насловена „Мигум“ на велешанецот Атанас Крлевски, којшто е единствен во нашиот град но и меѓу малкуте хаику поети во Македонија. Пред многубројната публика во медијатеката на велешката библиотека, рецезентката на поезијата, проф. д-р Елизабета Бандиловска, рече дека оваа поетска книга претставува ново духовно произнесување на мислата што го замеѓува својот простор во богатата македонска ...

Поради голем интерес, Министерството за образование и наука го продолжи рокот за аплицирање за финансиска поддршка за учениците и студентите и трае до 25 декември. МОН ги потсетуваат студентите кои аплицираат за финансиски надомест за меѓуградски превоз дека пријавата се поднесува електронски преку порталот Е-услуги. Од МОН појаснуваат дека родителите/старателите кои се приматели на гарантирана минимална помош од државата при аплицирање за ...

За жителите на северната хемисфера денеска во 4 часот и 27 минути календарски почна зимата. Во истовреме на јужната Земјина полутопка почнува летото. Денот на доаѓањето на зимата е познат и како зимска краткоденица, односно денот е најкраток, а ноќта најдолга. Од денеска ноќите постепено ќе стануваат пократки, а деновите подолги. Сонцето во Скопје на првиот зимски ден изгреа во 6 часот и 59 минути, а ќе зајде во 16 часот и 6 минути. Денот трае 9 ...

Во Центарот за управување со кризи (ЦУК), имало вкупно 1.876 повици на Единствениот број за итни случаи 112 во последното деноноќие. „Реални“ повици биле 39,82%, а 60,18% други, што биле за други потреби на граѓаните и не биле итни. Повици за итни случаи на 112, што се за комбинирано решавање кон ЦУК, имало 2,91% од „реалните“. Тие повици, заедно со другите 59,83% „неитни повици“, биле предмет на примање и обработка од дежурните оперативци во ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно, наутро со појава на голомразица во северните делови и од изутрина со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег што ќе ја зголеми снежната покривка. Претежно во западните и северните делови повремен снег ќе паѓа и на некои повисоки места. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието северозападен, а во западните делови западен ветер, кој наместа повремено ќе засилува. Минималната температура ...

Перформансот, со драмско-поетски карактер, е посветен на македонскиот великан Коста Солев Рацин. Во него учествуваат деца на возраст од пет до 13 години од кои дел се ученици на ООУ „Васил Главинов“ и на ООУ „Блаже Конески“. Автор на текстот и воедно режисер е актерката на велешки Театар, Весна Димитрова Бобевски. „Бев поттикната од животот и делото на нашиот сограѓанин Коста Солев Рацин, од името на човекот и творецот кое станува синоним на ...

Просечната исплатена нето-плата по вработен во октомври годинава изнесува 38.843 денари и во однос на октомври лани е зголемена за 17,3 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (26.2 проценти), Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, ...

Струковиот Синдикат на контролорите на летање денеска одлучи да го откаже најавениот штрајк на контролорите за 25-ти и 31-ви декември. Како што кажа Едмонд Каличи од овој синдикат, штрајкот е во мирување поради две причини. -Едната е да се види начинот на селекција на вработување на овој конкурс. Другата причина е каде што имаме осум студенти контролори, на кои што се уште не им е продолжен договорот. Третата причина е дека имаме полно луѓе што ...

Ова велешкото средно стручно училиште е петтиот Регионален центар за стручно образование и обука во Македонија. Како државно училиште е единствено во Вардарски регион. „Коле Неделковски“ ќе делува како образовен центар што ќе го унапредува учењето преку работа како дел од редовното образование и ќе нуди доквалификации и преквалификации во трите основни струки. Освен што ќе образува ученици во машинска, сообраќајна и електро техничката струка ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
4.63
67%
1012
weather icon

Белград

8ᴼ / 7ᴼ
5.14
84%
1017
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
90%
1018
weather icon

Софија

12ᴼ / 12ᴼ
6.17
82%
1014
weather icon

Сараево

13ᴼ / 13ᴼ
5.46
84%
1014
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 4ᴼ
0.89
95%
1019
weather icon

Атина

22ᴼ / 20ᴼ
1.79
62%
1009
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
88%
1011
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
3.6
77%
1011
weather icon

Букурешт

16ᴼ / 15ᴼ
3.6
94%
1011
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
3.09
85%
1015
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 16ᴼ
2.06
47%
1011
Currency

61.525

Currency

54.116

Currency

73.153

Currency

34.9889

Currency

39.2469

Currency

65.6157

Currency

7.52973

Currency

0.68366

Currency

0.37838

Currency

0.52317

Currency

1.38982

Currency

0.63526

Алуминиум

2.46

Кобалт

42.99

Никел

15224.00

Рутениум

19708.41

Калај

32.50

Сребро

1066.04

Злато

107621.57

Бакар

9.46

Паладиум

31346.98

Платина

34502.17

Родиум

172810.26

Цинк

2.66