Активностите на полицијата и на Обвинителството за истрагата за пожарот во Кочани во кој починаа 59 млади лица, а околу 200 се повредени, продолжија синоќа со акција за приведување на лица за кои постои сомнение за инволвираност. Според првичните информации, приведени се поранешните градоначалници на Кочани, Николчо Илиев и Ратко Димитровски и градоначалникот во оставка Љупчо Папазов. Јавното обвинителство најави дека денеска ќе информира за ...

Времето денеска наутро ќе биде студено, а преку денот претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -1, а максималната ќе достигне од 14 до 22 степена. Во Скопје сончево време со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 22 степена. Како што информираат од УХМР, во сабота ...

Јове Владимиров е една од жртвите на трагедијата во Македонија, откако викендов избувна пожар во дискотека во Кочани. Младиот човек зад себе остави неутешна сопруга, малолетни деца, како и многубројно семејство и пријатели кои не можат да се помират со фактот дека тој е една до 59-те невини жртви кои ги изгубија животите во стампедото кое се случи на 15 март, три часа по полноќ во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Како што може да се види на ...

Марија Тасева која е една од оние кои се спасија од хоророт во Кочани, објави емотивен и потресен пост за својата сестра Лепа, која трагично го загуби животот во дискотеката Пулс, кобната ноќ кога настапуваа ДНК. -Не требаше вака да биде сестричке, сега почнаа твоите најубави години. Се вратив по тебе во диското за да те најдам, ама не ми дозволија да влезам, не можев да те спасам. Да ми дозволеа може ќе те спасев или ќе изгоревме заедно, ама ...

„Не успеа да го исполниш сето она што го замисли. Сакаше да лечиш луѓе и да им помагаш, ја започна својата мисија, но не ја заврши. Ќе се сеќаваме на тебе“, пишува во една од пораките за младата Кети чиј живот згасна во несреќата во Кочани. Кети Милковска беше студентка по медицина, но за жал не и се оствари желбата да им помага на луѓето како докторка. Имено, Кети беше една од настраданите во страшниот пожар што се случи овој викенд во ...

Семејството на Горан Огненоски, кој на 39-годишна возраст ненадејно почина во Америка, каде замина за подобар живот, бараат помош од јавноста да го донесат својот сакан дома. Вашиот придонес, колку и да е мал, ќе биде добредојден и би значел многу за неговото семејство. Вашата великодушност ќе им го обезбеди потребниот душевен мир додека се борат со суровата вистина и огромната тагa, се вели во нивниот апел. Донации на страницата на „Го фунд ...

Сопругата на починатиот возач на Брза помош, Илче Гоцевски кој несебично повеќе од 20 часа ги превезуваше повредените во трагичниот пожар во Кочани открива детали за тоа што се случило кобниот ден, но и околу целата ситуација со дискотеката. Како што пренесува српско „Ало“ сега веќе починатиот Илче ѝ раскажал на сопругата Анета за трагичните случувања. Гочцевска исто така објаснила дека имала контакт со градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов ...

Големо стрниште гори во близина на Црна Река, а пламените јазици се видливи дури и од Битола. Пожарот се проширил и на трската и вегетацијата покрај реката, што го прави уште потешко за гаснење. Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека екипите на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Битола се на терен и работат на локализирање на огнот. „Гаснењето е отежнато поради калливиот терен покрај реката Црна“, изјави директорот ...

Предмалку полицијата ги привела двајцата поранешни градоначалници на Кочани, Ратко Димитровски од ВМРО-ДПМНЕ, Николчо Илијев од СДСМ и Љупчо Папазов исто така од ВМРО-ДПМНЕ, кој си даде оставка по трагедијата во Кочани, објави Инфомакс. Засега нема точни детали, меѓутоа градоначалниците се приведени поради трагедијата која се случи во Кочани на 16.03.2025 година во која загинаа 59 лица, а повредени се околу 200. Кобната дискотека работела од ...

Од Универзитет Американ Колеџ, Скопје во објава на фејсбук профилот се збогуваа со нивната драга студентка Ана. Тие велат Ана ќе ја паметиме по нејзината добрина која несебично ја делеше со сите оние кои ја познаваа, нејзината топлина како човек и пријател, но и по нејзината амбиција, таленти и љубов која ја имаше за сите и за сѐ што правеше. „Денес, со тешко срце се збогуваме со нашата драга Ана, наша студентка, другарка и член на УАКС ...

Тага и болка чукнаа и на вратата на семејството Андонови, кои го изгубија Ице Андонов. Тој е еден од 59-те невини жртви на пожарот кој изби ноќта на 16 март во „дискотека“ во Кочани. Другарките за Женски магазин споделија дека Ице имал и голема желба неговата кола да ја однесе на собир за автомобили. „Ќе му ја исполниме таа желба како аманет што ни го остави и ќе направиме собир во негово име“ , велат другарите со голема тага во срцата за ...

Не постои збор со кои можеме да ја искажеме болката и тагата која ја чувствуваме за прерано изгубените животи во трагичниот настан во пожарот во Кочани. Ги објавуваме имињата на жртвите, и замолуваме да не се шпекулира со невистините информации 1-Алексова Стефанија 2004 2-Џамов Јорданчо 1993 3-Трајчев Иван 2000 4-Ѓоргиев Џоко 2000 5-Коларов Александар 1981 6-Величков Иван 1998 7-Стојанов Андреј 2000 8-Антова Ивона 2003 9-Христовски Павел 2004 ...

Српските и дел од македонските медиуми срамно и крајно неетички споделуваат содржини од денешниот погреб во Кочани. ЗНМ со уште еден апел до колегите новинари кои известуваат од погребите во Кочани! ЗНМ потсетува дека известувањето од денешниот погреб мора да биде во согласност со претходно утврдениот протокол и со основните принципи на професионалната етика. Објавувањето на фотографии и видеа со гробни места, блиски членови на семејствата и ...

Четири момчиња на возраст од 20 до 25 години загинаа во тешка сообраќајна несреќа, што се случила пред полноќ на патниот правец Фуш През – Вора, кај Тирана. Автомобилот марка „мерцедес”, на бензин и плин, во кој биле момчињата, се судрил со камион-бетониерка, по што се запалил. Првичните наоди од увидот потврдуваат дека бетонската мешалка се движела со мала брзина, а возилото во кое се наоѓале младите се движело со голема брзина. Како што ...

Преку социјалните мрежи се апелира до медиумите и новинарите да не се прави настан за гледаност од трагедијата во Кочани. „Како да напишеме, како да објасниме, како да ве замолиме? Дали и по оваа трагедија повторно треба да клекнеме на колена? Веќе сме клекнати… од болка, од тага, од немоќ. Почитувани новинари, медиуми, Не правете настан за гледаност од ова. Веќе кружат видеа од пред куќите на починатите, од нивните пријатели што со солзи ги ...

Возачот на Итната медицинска помош кој почина по трагичната несреќа во Кочани, а превезе голем број пациенти ќе биде постхумно одликуван, најави денеска министерот за здравство Арбен Таравари. – Тој ден сите работевме повеќе од 20 часа. Јас немам информација колку часа возачот работел, меѓутоа неспорно е дека направил огромна работа со превозот на пациенти. Како министер за здравство планирам следната недела да го викнам неговото семејство и ...

Моника Зајкова се прости од својот голем пријател Филип Стефановски кој загина во големата трагедија во Кочани. „Се запознавме преку некое исто друштво во средно, ти со тромбонот, јас со виолината. Од тоа друштво јас и ти станавме најдобри другари. Се сеќавам на времето уште кога се баравме на фиксен телефон да се договориме кај ќе скитаме. Бевме не само другари, но брат и сестра. Јас тебе братче, ти мене “дебела”… Најубавите дружења и ...

Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов апелира до граѓаните кои денеска во Кочани ќе оддадат почит на настраданите во пожарот, да не ја попречуваат погребната церемонија. Денес, како што нагласува, треба да ги оставиме најблиските, за последен пат, во тишина и плач, да си ги видат своите настрадани чеда. -Невозможно е, нехумано и непотребно, сите во исто време да пријдат околу телата на починатите. На родителите им ...

„Кај еден пациент повреден во пожарот во Кочани кој е на лекување во Воено-медицинската академија во Белград има подобрување на здравствената состојба и тој од Интензивна нега е префрлен на Клиниката за пластична хирургија – јави дописникот на МИА од Белград. Сите повредени во несреќата во Кочани се соодветно згрижении добиваат 24-часовна врвна медицинска нега во земјава и во специјализираните медицински центри во странство. Од вкупно 178 ...

Македонскиот фолк-пејач и композитор, Јордан Митев, не остана рамнодушен пред огромната трагедија што ја потресе цела Македонија. Тој со длабока тага и сочувство зборуваше за невино загубените животи во кобната ноќ во дискотеката во Кочани. Покрај искрената болка, Митев отворено ја изрази својата огорченост и револт кон долго присутната апатична реакција во нашето општество, често сведена на реченицата „Добро е, ќе помине“. „’Нашиот’ ...

Загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска ќе бидат погребани. Во трагедијата што се случи во неделата рано наутро загинаа 59 лица, а над 150 се повредени. Погребните церемонии ќе бидат во 11 часот во Штип, во 12 часот во Кочани и во 13 часот во село Облешево, додека погребите на други места од каде што има починати ќе бидат во различни временски периоди. Штип ќе се прости од петмината загинати во пожарот во дискотеката во ...

Професорот Гордан Калајџиев се огласи на социјалните мрежи со свое видување на досегашната истрага за трагичниот пожар кој одзеде 59 животи во Кочани. Тој вели не е многу оптимистичен за тоа како се спроведува истрагата и истакна пет факти на кои го темели својот став. “Јас не сум толку оптимиста за досегашните истраги како други (редовно го следам Туфегиќ) главно заради пет работи: 1. Многу се меша премиерот лично и ја користи за политички ...

Фејсбук објава на Дарко Лешоски: Она што третина век го молчевме, утре ќе го липаме. Почитувани, ќе си го земам правото, јанѕата и храброста да ви го кажам она кое знам дека им е непријатно и на вашите најлојални советници и соработници и на многу луѓе да ви го кажат денес. Спроти денот од кој ви се темни и нам и вам. Ќе се дрзнам и на оние кои сте петнаесет години помали од мене и на оние кои сте триесет години постари од мене. Ќе пробам да ...

Тројца луѓе загинаа вечерва во сообраќајна несреќа во близина на српскиот град Зрењанин, на патот меѓу селата Меленци и Башаид, соопшти полицијата, според српските медиуми. Како што е соопштено, вечерва во 18 часот и 25 минути полициското одделение во Зрењанин било известено дека на патот на излезот од Меленци кон Башаид се случила тешка сообраќајна несреќа во која учествувале три автомобили и еден трактор. Два од автомобилите по судирот се ...

Ирена, сопругата на Филип Стевановски, кој беше член на ДНК и го загуби животот во несреќата во Кочани, со зборови кои кинат срце се прости од него. Таа во објавата на Фејсбук напиша: -Среќо моја, Филип мој! Њоњче мое, ме остави со најголема празнина која не се опишува. Ми остави најголем спомен кој ќе го чувам и ќе се борам како најголема лавица. Знам дека ќе не’ чуваш и ќе ни дадеш сила да продолжиме по овој пат кој ќе биде претежок за нас. ...

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа огномет, а во објавата пишува „10 минути огномет. Што народ живее овде? Какви луѓе се ова?“. Според околината што се гледа на видеото, огнометот бил активиран на кејот на Вардар во Скопје. На објавата кометираат граѓани што велат дека живеат во близина и дека го виделе огнометот. Негодуваат и ја повикуваат полицијата да постапува. Некои пишуваат дека виделе како некој го пали огнометот и ...

Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML2.8. и интензитет од III – IV степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван попладнево во Струмичко. – Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, попладнево во 18 часот и 33 минути регистрираше земјотрес чиј ...

Уште еден шофер на Брзата помош во Кочани денес доживеа удар, објави Метропола.мк Тага, болка, неверување, шок…. така беше и денес во Кочани по трагедијата во неделата. Како што е познато за жал ден по истата почина шоферот на Брзата помош од Кочани, Иле Гоцевски на 41 година. А денес уште еден шок. Уште еден млад шофер на Брзата помош од Кочани доживеал удар (мозочен или срцев). За среќа тој преживеал и е хоспитализиран во болница. ...

Фејсбук објава на Biljana Bogdanovska: Овде државата ја молам сега да биде криминалец! Штом заврши истрагата на терен, да влезат багери и да го срамнат со земја овој објект – магацин, штала, шупа…дискотека! (НЕ БАРАЈТЕ СОПСТВЕНОСТ И ДОКУМЕНТ ЗА ЛЕГАЛИЗАЦИЈА!!!) На местото да се засадат високи јаблани 59 (дај боже да не бидат повеќе)! Да се засади парк, со најмиризливите цвеќиња и дрвја! (Земете ако сакате експерти од Британија, од Јапонија, од ...

Предметен јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против седум полициски службеници. Според дејствијата опишани во наредбата постои основано сомнение дека осомничените сториле кривично дело Тешки дела против општата сигурност. Kако службени лица вработени во СВР Штип и ПСОН Кочани ...

weather icon

Скопје

30ᴼ / 30ᴼ
1.03
42%
1017
weather icon

Белград

31ᴼ / 29ᴼ
4.63
43%
1018
weather icon

Загреб

30ᴼ / 27ᴼ
2.57
34%
1019
weather icon

Софија

29ᴼ / 27ᴼ
4.12
38%
1020
weather icon

Сараево

31ᴼ / 31ᴼ
5.94
28%
1020
weather icon

Љубљана

26ᴼ / 24ᴼ
0.51
67%
1019
weather icon

Атина

32ᴼ / 30ᴼ
9.83
32%
1014
weather icon

Тирана

33ᴼ / 33ᴼ
2.06
29%
1013
weather icon

Подгорица

33ᴼ / 33ᴼ
1.03
27%
1014
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 27ᴼ
4.63
34%
1021
weather icon

Будимпешта

30ᴼ / 27ᴼ
2.68
36%
1020
weather icon

Истанбул

28ᴼ / 28ᴼ
9.77
51%
1018
Currency

61.54

Currency

53.0129

Currency

71.3354

Currency

34.6232

Currency

38.5115

Currency

65.6625

Currency

7.38423

Currency

0.66559

Currency

0.35881

Currency

0.52799

Currency

1.30132

Currency

0.60505