СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА Почитувани сограѓани, сопартијци и пријатели. Сакам да ве информирам дека донесов одлука и поднесов оставка до претседателот на СДСМ, Венко Филипче да се повлечам од функцијата претседател на Општинската организација на СДСМ Струмица. Оваа одлука ја носам со мирна совест и чисто срце, водена пред сè од лични причини. Изминатиот период беше исполнет со многу работа, заеднички победи, но и предизвици со кои се соочувавме ...

Големите количини на дожд кои попладнево паднаа во Битола предизвикаа проблеми во нормалното функционирање во делови од градот.Веднаш на терен излегоа екипи на ЈП „Нискоградба“ Битола при што интеренираа и интервенираат на следните места: – населба „Стрелиште“ на улицата „8 септемрври“ кај бензинската станица на „Лук оил“, – населба Карпош-Кланица на потегот кој излегува на улицата „Железничка“, – на улицата „Железничка“ на потегот кај ...

Тешка сообраќајна несреќа ја потресе Австрија, откако товарен воз удрил во автомобил на железнички премин во Долна Австрија, при што загинале двајца државјани на Србија, а нивната двегодишна ќерка преживеала. Трагедијата се случила во сабота попладне во областа Валдвиртел, во близина на местото Аленштајг. Според првичните информации, автомобилот во кој се наоѓало тричленото семејство бил удрен од товарен воз на железнички премин обезбеден со ...

До четврток, времето претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Поради големата енергија и влага во атмосферата во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Од УХМР најавуваат дека во петок се очекува процесите да бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд и изолирано невреме со појава на град, а температурата ќе опадне за неколку ...

Кривична пријава против поранешен директор на ЈП „Национални шуми“ за „злоупотреба на службената положба и овластување“ Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево, до Основното јавно обвинителство Делчево, поднесе кривична пријава против В.Г.(52) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Пријавениот В.Г., поранешен директор на ЈП „Национални шуми“ ...

Музичката индустрија е потресена од веста за смртта на пејачот, текстописец и автор на бројни светски хитови, Талеј Рајли, чие вистинско име е Марк Орабии. Тој починал на 35-годишна возраст по напад со нож во источен Лондон. Рајли во текот на својата кариера соработувал со некои од најголемите музички имиња, меѓу кои Дуа Липа, Ашер, Чипманк, Крег Дејвид и Бритни Спирс, создавајќи песни кои се искачувале на врвовите на светските топ-листи. ...

На 60-годишна возраст, утрово почина Арсим Зеколи, политички аналитичар и поранешен амбасадор на земјава при меѓународните организации во Виена и на ОБСЕ во Туркменистан. Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговиот брат, Шефкет Зеколи. „Со длабока болка и голема тага, ве известуваме дека денеска, на 8 јуни 2026 година, во раните утрински часови, ненадејно почина нашиот брат, Арсим Сулејман Зеколи (1966-2026)“, стои во ...

На денешната редовна седница Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе нова одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,46% во однос на цените утврдени со претходната одлука од 1 јуни 2026 година. Како резултат на оваа одлука, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,00 денари по литар. ...

Денешното утро Понеделник 8 Јуни 2026 во Македонија ни донесе топло и ведро време со појава на умерена локална облачност. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите температурите измерени ова утро во Македонија. До четврток 11 Јуни 2026 во Македонија времето ќе ни се задржи топло со летни температури на воздухот кои ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 34 степени. Во Скопје температурата ...

Две лица биле пронајдени починати на различни локации во Скопје во текот на истото деноноќие, а надлежните институции преземаат активности за утврдување на причините за смртта. Првиот случај бил пријавен на 6 јуни околу 16:52 часот, кога во СВР Скопје било пријавено дека во хотелска соба на подрачјето на Бит Пазар бил пронајден починат 63-годишниот С.Е., државјанин на Турција кој престојувал во земјава. На местото пристигнала екипа на Итна ...

Цените на нафтата утрово нагло пораснаа, откако новите тензии на Блискиот Исток повторно ги зголемија стравувањата од нарушено снабдување. Brent нафтата поскапе за повеќе од три долари за барел и се искачи на околу 96 долари, додека американската WTI нафта се движеше над 93 долари за барел. Пазарите реагираа по обновените израелски напади врз Либан, како и по извештаите за експлозии во Иран. Растот на цените ги избриша загубите од петокот, ...

Грчкиот остров Евија утрово беше погоден од земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Епицентарот на земјотресот беше на длабочина од четири километри и на 78 километри од градот Перистери. Земјотресот се случи во 5:13 часот наутро по локално време и предизвика вознемиреност кај жителите на областа, особено имајќи предвид дека Евија вчера беше погодена од серија ...

Претпладне времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Ќе дува слаб до умерен северeн ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има ...

Камион излета од пат во село Глумово, на пат кон Матка. Возачот е тешко повреден. – На 06.06.2026 околу 14:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на локален пат с.Сарај кон Матка во атар на село Глумово товарно возило „ман“ со скопски регистарски ознаки управувано од К.Ј.(60) од с.Шишево,скопско излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, информираа ...

Тажната вест ја објавија од навивачката група Чкембари. Со голема тага и неверување ја примивме веста за прераната смрт на нашиот брат Дејан Тренчевски – Деки. Од најмали нозе растеше на Чкембарската трибина, живееше за Пелистер и за Чкембарите, Деки остави траен белег на трибината кој ќе биди вечно запамтен. Во овие тешки моменти изразуваме искрено сочувство до неговото семејство, роднините и најблиските. Почивај во мир, брате. Твоето место ...

Филипинската полиција соопшти дека најмалку три лица загинале, а четворица се повредени откако земјотрес со јачина од 7,8 степени го погоди еден од јужните острови на земјата. Ројтерс објави дека нема непосредни детали за пријавените жртви, но досега објавените снимки покажуваат голема штета и урнати згради. Предупредувања за цунами беа издадени откако земјотресот го погоди Минданао на јужните Филипини. Земјотресот беше на длабочина од 10 км. ...

Ел Нињо се буди во Пацификот и може индиректно да го засили летниот ризик за Балканот и регионот, откако најновите климатски прогнози покажуваат голема веројатност за развој на овој феномен во 2026 година, со сигнали за натпросечни температури во Европа и најсилна сигурност токму над југоисточниот дел од континентот. Yahoo Weather ја пренесува новата тревога дека Ел Нињо покажува рани знаци на враќање, а официјалните прогнози на американскиот ...

Струга и македонскиот фудбал останаа без уште едно големо спортско име. Почина Миле Коскоски, долгогодишен фудбалер, истакнат спортски работник и незаменлив дел од управата на ФК Караорман од Струга. Коскоски со децении беше цврсто поврзан со клупските активности, оставајќи неизбришлива трага во развојот и одржувањето на овој препознатлив струшки спортски колектив, кој во моментов се натпреварува во Третата фудбалска лига – Југозапад. Во ...

Со голема тага и искрено жалење ја примивме веста за смртта на Цветле Јанеска, долгогодишен член на ОО на СДСМ – Струга и пратеничка во Собранието на Република Македонија од 2002 до 2006 година, соопштија од СДСМ Струга. Струга и Македонија загубија личност која со својата посветеност, мудрост и несебичен ангажман остави траен белег во општествениот развој. Ќе ја паметиме по нејзината добрина, смиреност, човечност и благороден дух со што ...

Православните верници денеска го одбележуваат големиот празник посветен на Третото наоѓање на чесната глава на Свети Јован Крстител. Овој ден, кој во црковниот календар секогаш паѓа на 7 јуни, со себе носи силни верувања, строги забрани и обичаи кои со векови се пренесуваат од колено на колено. Свети Јован Крстител спаѓа меѓу најпочитуваните светители во христијанскиот свет, а неговиот спомен се прославува неколку пати во текот на годината ...

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против двајца браќа, на возраст од 43 и 44 години, осомничени дека како соизвршители сториле кривично дело убиство во обид според член 123 став 2 точка 3 во врска со член 19 од Кривичниот законик. Според обвинителството, на 6 јуни во близина на авто-плац во селото Шишево, браќата со умисла се обиделе да лишат од живот едно лице, а притоа го довеле во опасност и животот на уште две лица. Што ...

Приходите на обложувалниците и на фирмите за игра на среќа растат од година во година. Тоа значи дека сè повеќе наши сограѓани наоѓаат задоволство во обложување или ја испробуваат среќата на разни апарати. За некого можеби тоа е кусо задоволство со буџет од 100 денари еднаш во неделата, но за многумина е зависност. Анализата на Пари во соработка со Бизнис мрежа открива дека минатата година вкупниот приход на друштвата што приредуваат игри на ...

Голем шок ја одбележа пријателската средба меѓу Данска и Украина, откако данскиот репрезентативец Кристијан Ериксен се сруши на теренот во текот на второто полувреме. Инцидентот предизвика голема загриженост кај играчите, стручните штабови и навивачите, особено ако се земе предвид дека Ериксен пред пет години доживеа срцев удар за време на натпревар од Европското првенство. Тогаш лекарските екипи интервенираа директно на теренот и успеаја да ...

Македонија и Балканот би можеле да влезат во невообичаено посвеж и повлажен период од средината на јуни, со пад на температурите и почести врнежи, според најавите што ги пренесе „Вечер“. Во прогнозата се наведува можност за „голема температурна аномалија“ од 13 јуни, но и јасна резерва дека станува збор за неофицијално сценарио од прогностички материјали, а не за конечна официјална прогноза. Најавата доаѓа во период кога земјата веќе влезе во ...

Во текот на вчерашниот ден во Скопје биле пронајдени три починати лица, а по наредба на јавен обвинител во сите случаи е наложена обдукција. Како што информира МВР, на 6 јуни во 08:40 часот било пријавено дека во селото Кучково, под патничко возило „Опел“ со скопски регистарски ознаки, бил пронајден починат Ц.Р. (67) од селото Волково. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, по што бил извршен увид. Телото е предадено за обдукција. ...

Серија земјотреси денес го погодија грчкиот остров Евија во рок од неколку минути, при што најсилниот потрес бил со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала, пренесува Катимерини. Според првичните информации, земјотресите предизвикале материјална штета, но нема пријавени повредени лица. Пожарникарските служби излегле на терен и вршат проверки во поширокото подрачје, при што се отстранува и паднато камење од патиштата. Епицентарот на ...

Времето денеска (07.06) ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и температура во интервал од 11 до 33 степени – информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Од пладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме со град. Во Скопје, сончево и топло со мала до ...

Музичката сцена во регионот остана без уште едно препознатливо име. На 79-годишна возраст почина Ѓорѓе Васиќ – Ѓоко, рок музичар кој со децении беше дел од југословенската и српската музичка сцена. Веста за неговата смрт предизвика голема тага кај бројните обожаватели и сограѓани од Ужице, каде што важеше за едно од најпознатите имиња на локалната рок сцена. Васиќ зад себе остави богата музичка кариера исполнета со концерти, настапи и песни ...

Полициски службеници од Полициската станица Ѓорче Петров денеска го лишиле од слобода Г.А. (43) од скопското село Шишево, по пријава дека со огнено оружје пукал кон свој соселанец и му нанел повреда. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, околу 16:10 часот И.Ш. од селото Шишево пријавил дека на влезот во селото бил пресретнат од Г.А. и С.А. Во пријавата се наведува дека Г.А. извадил пиштол и испукал кон него, при што И.Ш. ...

Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера на подрачјето на општина Добој-Исток, при што животот го загубила 19-годишна девојка. Според неофицијални информации, станува збор за А.С. (19), која починала по превртување на квад што го управувала или во кое се превезувала. Од Оперативниот центар на Министерството за внатрешни работи на Тузланскиот кантон потврдиле дека несреќата се случила на територијата на општина Добој-Исток. „Во општина ...

weather icon

Скопје

31ᴼ / 31ᴼ
1.51
25%
1019
weather icon

Белград

32ᴼ / 31ᴼ
2.68
46%
1020
weather icon

Загреб

33ᴼ / 33ᴼ
2.82
41%
1020
weather icon

Софија

27ᴼ / 27ᴼ
3.69
41%
1022
weather icon

Сараево

31ᴼ / 31ᴼ
2.58
31%
1020
weather icon

Љубљана

34ᴼ / 33ᴼ
1.34
47%
1020
weather icon

Атина

29ᴼ / 27ᴼ
7.15
32%
1019
weather icon

Тирана

30ᴼ / 30ᴼ
3.61
41%
1020
weather icon

Подгорица

31ᴼ / 31ᴼ
4.06
36%
1020
weather icon

Букурешт

30ᴼ / 30ᴼ
2.24
36%
1021
weather icon

Будимпешта

35ᴼ / 32ᴼ
2.24
36%
1019
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 24ᴼ
6.58
54%
1020
Currency

61.6417

Currency

53.7211

Currency

71.0707

Currency

37.6717

Currency

37.9349

Currency

66.5663

Currency

7.93737

Currency

0.73503

Currency

0.33311

Currency

0.52522

Currency

1.15679

Currency

0.56962

Платина

53498.84

Иридиум

253540.09

Калај

53.45

Родиум

257205.97

Сребро

2087.39

Паладиум

39866.93

Кобалт

45.39

Цинк

0.00

Алуминиум

3.40

Бакар

12.73

Злато

133769.08

Рутениум

48965.59