Само еден ден по премиерата на филмот „Aпс – криминалот не се исплати“ во кој глумеше, ненадејно почина актерот Виторио Пирбазари. Актерот, познат по улогата на затвореникот Атила, ненадејно почина на 44-годишна возраст. Тажната вест ја објавија во вторникот на Инсаграм страницата на филмот. Неговиот колега Саид Ибрахим во видеото на Инстаграм изјави дека Пирбазари доживеал срцев удар додека бил на лента за трчање и дека смртта била ...

Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека зголемување на платите во образованието од седум проценти ќе има во април и оти тоа, покрај за наставниот кадар, ќе важи и за сите вработени во основните и средните училишта. -За жал се појавија бројни шпекулации на социјалните мрежи дека нешто не е во ред со покачувањето на платата. Тоа не е точно, одговорно тврдам дека и оваа година, како и претходните, наставниците ќе си добијат ...

Високи тонови и испраќање „отровни стрели“ на денешната седница во Собранието, од која еден дел е одвоен и за пратенички прашања. Во одговорот на прашањето на лидерот на Левица, Димитар Апасиев, премиерот Христијан Мицкоски го условувал пратеникот со „Димче“. Во репликата, Апасиев му рече дека не се согласува со зборовите на премиерот. -Почитуван северномакедонски премиер, гледам дека Димче ме викате неколку пати. Димче само мајка ми може да ме ...

Според информациите од полицијата радовишанецот обљубата ја извршил на 29/30.03.2025 во Радовиш. 43-годишниот С.И. од Радовиш е осомничен дека извршил обљуба врз жителка на Радовиш. Вчера полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода, поради сомнение дека извршил кривично дело. „Полицијата презела брзи мерки по добиената пријава, и во текот на постапката бил извршен претрес во домот на ...

Деталите од последните денови на Вал Килмер, откриваат дека неговото здравје било сериозно загрозено во последниот период. Познатиот холивудски актер почина на 1 април 2025 година во Лос Анџелес на 65-годишна возраст, опкружен со семејството и пријателите. Неговата ќерка Мерцедес потврди дека причина за смртта е пневмонија откако долги години се борел со ракот на грлото. Здравствената состојба пред смртта Шокантните детали од последните денови ...

Дневен хороскоп за 3 април. Овен Вие сте многу решени и подготвени да преземате конкретни чекори на полето на бизнисот. Ви се допаѓа личноста која е подготвена да ви покаже отворено дека исто така сака врска со вас. Бик Можни се добри вести поврзани со работата или финансиите. Денес е добро време да се посветите на практични работи. Не ги игнорирајте сигналите што ви ги испраќа телото – одморот е важен. Близнаци Ако бидете импулсивен ќе ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има локални врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 13 до 20 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови ќе има услови за повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. ...

Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10%. Изминативе години сосема оправдано имаше критики дека платите во МВР се ниски, а очекувањата и одговорностите големи. Често се укажуваше на разлики во однос на некои сродни служби, а чувството на потценетост беше реално и оправдано. Ова зголемување не е доволно, но е еден од многуте чекори што ќе следат во насока на враќање на достоинството и угледот на полицаецот. Целта е јасна – да ...

КОМИТИ Скопје се простија од својот верен член Борко Богдановски. „Со огромна тага известуваме дека во текот на вчерашниот ден, почина нашиот член Борко Богдановски… Уште една вистнска легенда, која прерано ја напушти западната трибина, уште еден во низата на оние кои засекогаш ќе се помнат. Во име на групата, упатуваме сочувство до семејството и најблиските. Погребот ќе се одржи утре(03.04.2025) на Градските гробишта во Бутел, во период од ...

Денеска (02.04.2025) во 15:58 часот, во СВР Скопје од ГОБ „8 Септември“ е пријавено дека кај нив е донесена 68-годишната З.А. од Скопје, која била тешко повредена во сообраќајна несреќа на булевар „Партизански одреди“ во Скопје. Несреќата се случила кога во жената удрило патничко возило „Опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 26-годишниот В.Ј. од Скопје. На повредената жена и биле констатирани тешки телесни повреди, по што веднаш ...

Српското Министерство за внатрешни работи вечерва соопшти дека М.М. (1983), обвинет за кривично дело кражба, по враќањето од судот кој му определил притвор, на пат кон затворот се обесил во полициското комбе, објавија српските медиуми. Обвинетиот бил задржан со лисици, бидејќи по одлуката на судот се обидел да побегне, но пристигнале полициски службеници и го сместиле во полициско комбе. За инцидентот се известени Основното јавно обвинителство ...

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди јужниот брег на Мјанмар, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки институт. Земјотресот се случил на оддалеченост од околу 142 километри од градот Јангон, а епицентарот на земјотресот бил на длабочина од десет километри. Минатиот петок, земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Мјанмар. Загинаа повеќе од 3000 луѓе, повеќе од 4.520 беа ...

Во тешка сообраќајна несреќа која се случила во скопското село Сарај вчераутро, тешко е повреден мотоциклист од селото Грчец, соопшти МВР. „На 01.04.2025 во 05:45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Дарданија“ во село Сарај, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „југо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Ј.(52) од Скопје и мотоцикл управуван од В.М.(43) од село Грчец, скопско. Во несреќата ...

Вчера полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода А.И. од Охрид, постапувајќи по претходна пријава од страна на маж од Охрид, заради постоење сомнение за сторени кривични дела „противправно лишување од слобода“ (чл. 140 ст.1 од КЗ) и „изнуда“ (чл.258, ст.1 од КЗ). Според пријавителот, инаку во роднинска врска со пријавениот, на 31.03. 2025 околу 21 часот А.И. дошол во домот на пријавителот и со пиштол, под закана го држел и физички ...

Полициски службеници вчера лишиле од слобода три лица од кривопаланечко поради извршено убиство, соопшти Министерството за внатрешни работи. – Вчера во 18:25 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка ги лишиле од слобода З.Ф. (24), С. Ф. (19) и С.Ф.(44) од село Луке, кривопаланечко. Тие се сомничат дека го убиле Љ.С. (84) од село Луке, кој на 29.03.2025 бил пријавен за исчезнат. Телото на Љ.С. било пронајдено закопано во непосредна ...

Со исказ на обвинетиот Влатко Кешишев, денеска продолжи судењето за грабнувањата и убиствата на Панче Жежовски и Вања Ѓорчевска. Адвокатот на Кешишев најпрво побара да биде отстранет Љупчо Палевски – Палчо од судница, со што Судот го прифати неговото барање, и покрај противењето на Палевски и на неговиот адвокат Страшевски, пренесе тв21. Кешишев одговораше на прашање од својот адвокат Дејан Ефремов. Ефремов: Дали се познаваш со обвинетите, и ...

Пред денешното рочиште адвокатот на обвинетиот Влатко Кешишев, Игор Ефремов побара за време на сведочењето на неговиот клиент од судницата да биде отстранет Љупчо Палевски. Ефремов истакна дека неговиот клиент се плаши да говори пред Палевски и можно е да не ја говори вистината. Во прилог на тоа нагласи дека Палчо на неговиот клиент му давал некави ливчиња да ги потпише во негово име. На ова се спротистави самиот Палевски. „Ова се лаги, ...

Според утринските податоци од хидролошките станици низ земјава, водостоите на сите реки низ земјава се доста високи и таа тенденција се очекува да продолжи во текот на денешниот ден. Поради обилните врнежи од дожд, во текот на вчерашниот ден регистрирани се локални излевања на река Маркова на неколку места по течението на реката. Во текот на денот се очекува, постепено намалување на водостојот, стабилизирање на состојбата со водостојот и ...

Почнувајќи од 5 април (сабота) па во текот на следната седмица, ни следува многу ладен период, и тоа поради спуштањето на многу ладен воздух директно од Сибир кон Балканот и нашата Република Македонија. Сето ова ќе го предизвика Антициклонот (поле на висок воздушен притисок) над Велика Британија, токму овој Антициклон слободно ќе дозволи кон нашите предели од Сибир да продре овој многу ладен воздух. Овој многу ладен воздух ќе го активира ...

Холивудскиот актер Вал Килмер почина на 65-годишна возраст. Килмер почина од компликации предизвикани од воспаление на белите дробови во Лос Анџелес, потврди неговата ќерка, актерката Мерцедес Килмер, за „Њујорк тајмс“. Килмер со години се бореше со рак на грлото, кој му беше дијагностициран во 2015 година. Роден и израснат во долината Сан Фернандо, стекна слава со улогата на Том „Ајсмен“ Казански во филмот “Top Gun” од 1986 година, каде што ...

Јавниот повик ќе се реализира по редослед на аплицирање, односно по датум, час и минута на аплицирање по принцип „прв дојден прв услужен“. Согласно Програмата за заштита на животната средина и природата за 2025 год. за субвенционирање на граѓаните за набавка на модерен систем за затоплување- инвертер клима уред за 2025 година, а со цел стимулирање на жителите на општина Охрид (домаќинствата) за примена на економични, енергетски поефикасни и ...

Се поизвесно е дека од 5 април (сабота) па во деновите потоа, зимата сериозно ќе се врати на Балканот и во Македонија, па така очекувам продор на многу ладен воздух кон нашите краишта директно од Сибир, објави Славчо Попоски. Покрај тоа што ќе има многу снег ширум Балканот, и температурите ќе бидат во длабок минус и многу пониски од просекот за овој период од годината. Сето ова ќе биде проследено со силен ветер од северен и од североисточен ...

Фејсбук објава на Антонио Тасевски, татко на едно од повредените деца од пожарот во Кочани. „Јас татко на едно од повредените деца чуствувам морална должност и обврска да и се обратам на целата јавост во врска со кобната ноќ во дискотеката Пулс. Кога ми јавија дека диското се запалило и син ми Љупче не можат да го најдат, итно се упатив на лице место и таму веќе покрај многу народ имаше и полициско присуство. Ја паркирав колата и трчејки кон ...

Обилниот дожд и неисчистеното корито попладнево предизвикаа Маркова река да се излее и да предизвика поплави во село Батинци, општина Студеничани. Освен поплави во домовите, поплавени се и голем дел од патиштата. Патиштата кон Батинци, но и во населбата Пинтија, како и во село Таор и Долно Лисиче се целосно блокирани од вода, а пристапот е возможен само со трактор. Исклучена е и струјата на неколку места. Во опасност е и мостот кој ги поврзува ...

Се поизвесно е дека од 5 април (сабота) па во деновите потоа, зимата сериозно ќе се врати на Балканот и во Македонија, па така очекувам продор на многу ладен воздух кон нашите краишта директно од Сибир. Покрај тоа што ќе има многу снег ширум Балканот, и температурите ќе бидат во длабок минус и многу пониски од просекот за овој период од годината. Сето ова ќе биде проследено со силен ветер од северен и од североисточен правец. На Јадранот пак ...

Забрана за употреба на пиротехнички средства во затворен простор и зголемување на глобите за физички и правни лица се предлага во измените и дополнувањата на Законот за прекршоците против јавниот ред и мир кој е на дневен ред на денешната нова 42. собраниска седница. Законското решение се предлага од неколкумина пратеници од ВМРО-ДПМНЕ по тргедијата во Кочани во која на 16 март во пожар во дискотеката „Пулс“ животот го загубија 59 лица а беа ...

Веднаш по добиената информација за излевање на Маркова Река поради обилните врнежи во општина Студеничани, од гостување на телевизија се упатив на најкритичните места да помогнеме на нашите соседи, објави Орце Ѓорѓиевски, Градоначалник на oпштина Кисела Вода и Претседател на ЗЕЛС. -Механизацијата е на терен и нема опасност по населението, силно се работи на враќање на реката во своето корито. Со колегата градоначалник на Студеничани Азем ...

Попладнево поради обилните врнежи од дожд се излеа Маркова река. Поради обилното количество на вода, излеана е раката и предизвикани се поплави на улиците и дел од домовите, објави ТВ21. Во моментов на терен е и механизација која се обидува да го ја врати реката во речното корито. Од УХМР вчера најавија дека особено источните делови од Македонија ќе бидат зафатени од циклонска активност проследена со интензивни врнежи од дожд и ретки ...

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано оддделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, поднесе кривична пријава против полициските службеници К.Ѓ., Г.Д., Н.С., И.Г., Д.Д., Д.Д., Н.М., С.С., З.Т. и ...

Снежната идила на Нижеполе што ја заебележаа веб-камерите како да ги потврдуваат прогнозите на често оспоруваниот метеопрогнозер Славчо Поповски. Тој предвиде враќање на зимата и студено време вообичаено за декември и за јануари. „На Метеоролошката карта можете да ја видете очекуваната снежна покривка за време на овој многу ладен воздух, кој ќе се спушти кај нас директно од Сибир“, напиша Поповски. Денеска тој објасни дека под влијание на ...

weather icon

Скопје

34ᴼ / 34ᴼ
1.54
26%
1016
weather icon

Белград

28ᴼ / 28ᴼ
3.09
37%
1019
weather icon

Загреб

31ᴼ / 28ᴼ
2.57
32%
1020
weather icon

Софија

33ᴼ / 29ᴼ
4.12
29%
1018
weather icon

Сараево

32ᴼ / 32ᴼ
4.18
29%
1019
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 27ᴼ
3.09
47%
1020
weather icon

Атина

34ᴼ / 31ᴼ
11.32
38%
1012
weather icon

Тирана

38ᴼ / 38ᴼ
2.57
15%
1012
weather icon

Подгорица

36ᴼ / 36ᴼ
3.6
23%
1013
weather icon

Букурешт

31ᴼ / 28ᴼ
5.81
34%
1021
weather icon

Будимпешта

30ᴼ / 28ᴼ
2.57
33%
1021
weather icon

Истанбул

29ᴼ / 29ᴼ
11.83
48%
1018
Currency

61.54

Currency

52.8443

Currency

71.0488

Currency

34.4192

Currency

38.3484

Currency

65.0653

Currency

7.35348

Currency

0.66488

Currency

0.35714

Currency

0.52371

Currency

1.2986

Currency

0.60315