Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Возило за транспорт на пари, во кое имало два милиони евра државни пари, било ограбено вчера попладнево во близина на Рашка, а пронајдено е во близина на Нови Пазар, јавија белградски медиуми. Ограбувачите биле маскирани и вооружени, го пресретнале возилото што ги транспортирало парите, насилно го одзеле и избегале. Во тој инцидент нема повредени, а според неофицијални информации на белградски медиуми, во возилото имало околу 2 милиони евра. ...
Православните верници денес го слават празникот посветен на Преподобните маченици Галактион и Епистима. Нивната приказна е извор на вистинска духовна љубов, најчистата и највозвишената. Пред традицијата, духовната љубов на Галактион кон Епистима била толку силна што тој не сакал да ја види со световни очи, бидејќи духовната љубов не бара ниту тело ниту средба. Светите Галактион и Епистима живееле во градот Едеса во Феникија, во денешната ...
Времето во Македонија денеска ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа), локално со услови за невреме со засилен ветер (над 60 km/h) и појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Максималните дневни температури низ државата ќе се движат од 10 до 18 степени Целзиусови. Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд, во делови од ...
Обилните дождови што го погодија италијанскиот регион Фриули во текот на ноќта предизвикаа сериозни последици и доведоа до вонредна состојба на неколку локации. Во градот Брачан, во општина Крмин, недалеку од словенечката граница, масовно свлечиште затрупа и сруши трикатна зграда. Спасувачките екипи успеаја да извлечат едно лице од урнатините, додека потрагата по уште двајца жители сè уште е во тек, објавува порталот 24ur.com. Бројни возила ...
Силен земјотрес со магнитуда од 5,2 степени по Рихтер ја погоди обалата на полуостровот Камчатка, соопшти регионалниот огранок на Единствената геофизичка служба при Руската академија на науките. Епицентарот бил регистриран во водите на Тихиот Океан, 102 километри југоисточно од Петропавловск-Камчатски, на длабочина од 40 километри. Сеизмолозите информираат дека, иако потресот бил забележан во поширокиот регион, засега нема пријавени ...
Диме Чучуро замина тивко, онака како што и живееше. Човекот кој му го врати животот на прилепскиот Градски Саат и се грижеше за него, како што и самиот велеше, како за свое дете, го напушти овој свет во годината кога се одбележуваат 200 години од неговата изградба. Со овие реченици се простува од Диме Чучуро, неговиот сограѓанин Зоран Милошески. Градскиот Саат, споменикот на култура заштитен со закон, е симбол и заштитен знак на Прилеп. ...
ОВР Струга поднесе кривична пријава против Н.Т.(37) од селото Мешеишта, општина Дебрца. Тој се сомничи за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. Имено на 02/03.10.2025 во атарот на струшкото село Мислешево, полициски службеници од ОВР Струга го затекнале пријавениот како управува патничко возило „митсубиши паеро“ без регистарски таблички натоварено со огревно дрво без документација. Притоа, тој се обидел со возилото да ги удри ...
Три лица се повредени во вчерашната сообраќајка која се случила во 16:50 часот на регионалниот пат Валандово-Удово, соопштија денеска од СВР Струмица. Во несреќата учествувале автомобил „форд“ со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од Е.А.(42) од село Старо Балдовци, општина Босилово и мотоцикл „бмв“ со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од Г.Б.(52) од Кавадарци. – Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле мотоциклистот и ...
На денешната седница Извршниот одбор на СДСМ донесе одлука да започне постапка за исклучување од членство член на Советот на општина Карпош, заради, како што истакнуваат во соопштението: „непочитување на одлуките и ставовите на СДСМ и работење спротивно на интересите на партијата“. „Советникот гласаше за изборот на претседател на Советот во Карпош спротивно на партиските одлуки и ставови. Согласно Статутут на СДСМ, непочитување на одлуките, ...
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска бил опериран во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Во неговата објава на неговиот Фејсбук профил, Тошковски информира дека се чувствува добро, иако не открива за каква операција станува збор. „Бев подложен на успешна хируршка интервенција и се чувствувам стабилно. Во моментов сум под надзор на лекарите, по што следува краток период на опоравување. Ве уверувам дека Министерството за ...
За жал, неколку факултети не ги пријавија сите редовни студенти и за тој пропуст враќање назад нема. Но, за следниот месец тие ќе си ги добијат средствата, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска по реакции од студенти дека поради неажурност на некои факултети не можеле да аплицираат за субвенциониран студентски оброк и да ги добијат парите. Одговарајќи на новинарски прашања, министерката рече дека МОН ги контактирало ...
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес во 15 часот и 48 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од пограничното епицентрално подрачје Благоевград, на 124 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.2. Според досегашните податоци со ...
Свирепо убиство во Штип. 74-годишен маж против своја волја ја држел во својот дом 79-годишната жена Б.Н. Тој ја усмртил, по што телото го закопал во дворот од неговата куќа. Љубомора и љубовни недоразбирања се најверојатно причините за монструозното убиство во градот под исарот. Имено, според првичните информации, осомничениот откако најпрво ја задржал жената во неговиот дом против нејзина волја, по расправија, со остар предмет и нанел ...
Владата на Албанија донесе одлука за исплата на новогодишен бонус на пензионерите, со вкупен фонд од 9,4 милијарди леки, што е околу 97 милиони евра. Оваа финансиска поддршка ќе им биде исплатена на околу 765.000 пензионери, кои се поделени во две категории според висината на нивната пензија. Пензионерите со пензија повисока од 20.000 леки ќе добијат бонус од 10.000 леки, додека оние со пензија под 20.000 леки ќе бидат наградени со 15.000 ...
Студениот бран што веќе го зафати Балканот е само почеток. Американската Национална океанска и атмосферска администрација (NOAA) официјално потврди дека се формирал климатскиот феномен Ла Ниња, што е најава за студена и снежна зима. Но, тоа е само првиот дел од приказната. Метеоролозите веќе го најавуваат и „големиот пресврт“ – враќање на моќен Ел Нињо во 2026 година, кој може да донесе рекордно високи температури и екстремни временски ...
Ова го соопшти новиот градоначаник на Струга, Менди Ќура, во емисијата „Стадион“ на Канал 77. „Мојата плата ќе се дели за лица со посебни потреби и нема да го користам бенефитот од средствата за репрезентација на градоначалникот што доаѓа законски со одлука на Советот., рече бизнисменот. Тој воедно е градоначалник, но и градежен инвеститор, а на прашањето дали тука гледа судир на улоги и конфликт на интереси, Ќура рече дека неговите бизниси ...
Следува продолжен викенд за граѓаните на Република Северна Македонија – одмор од три дена! Последниот неработен ден оваа година е 8 декември, кога се слави „Св. Климент Охридски“. Согласно законот за празниците, граѓаните на РСМ имаат право на низа неработни денови во 2025 година, кои опфаќаат државни, верски и заеднички празници. Празниците се различни за сите граѓани, а дел се посветени на православната, католичката, муслиманската и другите ...
Откриен е и идентитетот на жената која беше брутално убиена во Мостар вечерва. Станува збор за Алдина Јахиќ од Калесија, објави порталот „Аваз“. Мотивот за ова злосторство засега е непознат, а осомничен за убиството е Анис Калајџиќ, познат фудбалски судија и син на познатиот фудбалер на Вележ, Авдо Калајџиќ. Несреќната Алдина наводно минатата година се преселила од Сараево во Мостар поради работа. Таа бегала од Калајџиќ на автобуската ...
Православната црква и верниците на 21 ноември го одбележуваат еден од најголемите христијански празници – Св. Архангел Михаил, во народот познат како Аранѓеловден. Архангел Михаил се смета за водец на небесните ангелски сили, чувар на верата и заштитник на луѓето. Според христијанското предание, тој прв застанал против паднатиот ангел Луцифер и со тоа станал симбол на победата на доброто над злото. Неговото име, според црковното толкување, ...
И оваа година, Стокомак го зголемува својот регрес во знак на благодарност за трудот на своите посветени вработени! Во духот на континуирана грижа и почит кон трудот на нашите вработени, Стокомак со гордост ја информира јавноста дека оваа година секој вработен ќе му биде исплатен регрес со износ од 47.000 денари. Оваа одлука претставува наш начин да ја наградиме посветеноста, трудот, и континуираниот придонес на нашите вработени. Во време на ...
Група вооружени лица отвориле оган врз припадници на српската армија во близина на административната линија. Инцидентот се случил денес околу 15 часот, во подножјето на ридот Шоп, кога напаѓачите испукале околу 15 истрели кон воената патрола. Куршумите погодиле куче кое се наоѓало веднаш до војниците, но ниту еден припадник на армијата не е повреден, јавуваат „Новости“. По нападот, вооружената група побегнала со шест теренски возила во насока ...
Вечерва околу 18 часот, на плоштадот Иван Крндељ во Мостар, се случи сериозна трагедија. Во ресторан за брза храна, маж усмрти девојка, по што веднаш беше започната истрага. Според портпаролката на Полициската управа, Илијана Милош, повеќе детали ќе бидат објавени подоцна. Очевидци известуваат дека девојката бегала од автобуската станица и втрчала во ресторан барајќи помош. Таа успеала да ја повика полицијата, но напаѓачот ја стигнал и ја ...
Две малолетнички се тешко повредени откако паднале додека се возеле на електричен тротинет. Како што информира МВР, незгодата се случила на улицата „Сава Михајлов“ во Скопје, а е пријавена вчера попладне, во 17:00 часот. Според пријавата, со електричниот тротинет управувала 15-годишна малолетничка од село Инџиково, но изгубила контрола и паднала на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле и таа и нејзината 14-годишна ...
Расчистено свирепо убиство во Штип, поднесена е кривична пријава против едно лице, со нож усмртил жена од Штип и телото го закопал во дворот СВР Штип во соработка со Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ поднесе кривична пријава против Д.А (74) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство” по член 123 и “противправно лишување од слобода” по член 140 од Кривичниот законик. Toj се сомничи дека во домот во ...
На 15.11.2025 околу 23:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Борис Трајковски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Х.(56) од Скопје и патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано Ф.П.(28) од Скопје. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот на патничкото возило „фолксваген голф“ С.Х., а лекар од Итна ...
Пензионерите во Македонија на 1 октомври ја примија септемвриската пензија со зголемување од 1.000 денари. Владата ја претставува оваа мерка како значајно олеснување за највозрасните граѓани, со цел да им се помогне полесно да се справат со постојаниот раст на трошоците за живот. Премиерот Христијан Мицкоски најави дека веќе се подготвуваат детални анализи за идното процентуално зголемување на пензиите, за финансиските средства што ќе бидат ...
Бугарскиот европратеник од Европската народна партија, Андреј Ковачев, инсистирал на итно усвојување на промените во Законот за бугарско државјанство за време на дискусија со бугарските новинари во Брисел. -Сегашниот закон за бугарско државјанство е нелогичен и не функционира за легитимирање на бугарската заедница во Република Северна Македонија, посочил Ковачев, по што повикал преку тамошните медиуми дека Законот мора многу итно да се ...
До крајот на календарската година задолжително ќе им легне на сметките на работниците регрес за годишен одмор. Минималната сума за исплата на регрес за годишен одмор, согласно законот е утврден на 40% од просечната исплатена плата и за оваа година сумата во приватниот сектор е 18,141 денари, додека за јавниот сектор сумата изнесува 12,372 денари. Согласно законот, работодавците до 31 декември треба да исплатат К-15. Ако вработените не го ...
„Скенирачите“ на фискални месецов може да ја очекуваат исплатата на повратот на ДДВ за периодот јули, август и септември. Законскиот рок е 60 дена по завршување на кварталот. Граѓаните кои ги исполниле условите, скенирале сметки и имаат точно внесени трансакциски сметки, средствата ќе ги добијат автоматски по обработката. Од Управата за јавни приходи (УЈП) потсетуваат дека најчеста причина за доцнење во претходните исплати биле некоректно ...
Во текот на идната недела, по долг период на стабилно време, се очекува ненадејна промена што би можела да донесе снегулки во регионот, пишува словенечкиот портал Siol.net. – Ќе се најдеме под влијание на циклон и фронтален систем, што ќе предизвика врнежите да бидат почести од сабота па натаму. Во исто време, постуден воздух ќе се спушти од север кон југ од Европа, така што веќе од следната недела би можело да се почувствува зимате – вели ...