
Скопје
15ᴼ /
15ᴼ



Сподели Општина Центар и „Синергија Скопје“ во септември започнуваат пилот проект за рано откривање на сколиоза кај ученици од 8 до 14 години во основни училишта на подрачјето на локалната самоуправа . Проектот е договорен во рамки на месецот за подигнување на свеста за сколиоза и ќе се реализира во училиштата: „ Свети Кирил и Методиj“ и „11 Октомври“. Прегледите ќе ги спроведуваат лиценцирани физиотерапевти и ортопеди во училишни простории, ...
Сподели Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски соопшти дека во Општата болница во Кочани со ПРП терапија (плазма збогатена со тромбоцити), се третирани 10 лица повредени во пожарот во Кочани. “Во Општата болница во Кочани, 10 лица повредени во трагедијата беа третирани со ПРП терапија (плазма збогатена со тромбоцити). Интервенциите ги изведе тим од болницата „Св. Наум Охридски“ од Скопје. Претходно 9 лица беа ...
Сподели Во македонскиот Културно-информативен центар Белград, беше реализиран музичкиот проект „Извор“ во изведба на македонските музички уметници Владимир Лазаревски (обоа), Памела Велкова (виолина) и Марко Виденовиќ (композитор и пијано). Музичкиот проект и музичките уметници ги претстави директорот на КИЦ -Белград, Васко Шутаров а настанот го поздрави и македонскиот амбасадор во Р. Србија, Никола Тупанчески. Музичкиот проект кој содржи ...
Сподели На 19 јуни (четврток) 2025, со почеток од 18:30 часот, во Македонскиот културно-информативен центар во Софија ќе се одржи Камерен концерт за глас и пијано на Ева Живковска – сопран и Горјан Стојановски – пијано. Младите македонски музичари со својата изведба ќе ја оживеат палетата на чувства и приказни, носејќи ја публиката низ разновидни епохи и жанрови, од барокот до современата музика, со доза на регионални и народни елементи. Во ...
Сподели Во галеријата на македонскиот Културно-информативен центар во Истанбул, денеска, 18 јуни (среда), со почеток од 20:00 часот, ќе биде отворена изложбата „Откривање на визии II“ на уметникот Верим Зендели. „Откривање на визии II“ е второто поглавје на еден личен и уметнички процес што го поставува уметникот како медијатор меѓу видливото и невидливото, меѓу реалноста и духовноста. Заедели со своите делa го предизвикува гледачот да се ...
Сподели Претседателот на Комисијата за европски прашања, Антонијо Милошоски, заедно со членовите и заменик-членовите на Комисијата, остварија средба со министерката за европски прашања на Данска, Мари Бјер. Главна тема на средбата беа актуелните случувања на глобалната сцена и процесот на интеграција на Република Северна Македонија во Европската Унија, при што беа разменети мислења за предизвиците и перспективите со кои се соочува нашата ...
Сподели Сите спортски натпревари на претстојниот Европски младински олимписки фестивал – ЕМОФ Скопје 2025, кој во 20 до 26 јули ќе се одржи во Скопје, Куманово и Осиек ќе бидат целосно бесплатни за посетителите! Граѓаните ќе имаат можност без билет и без резервации да присуствуваат на натпреварите што ќе се одржуваат во спортските арени, како и да бидат дел од атмосферата на најголемиот спортски настан во историјата на Македонија. Оваа ...
Сподели “Прекршувајќи го и Законот за постапување по претставки и предлози, по претставката со која 25 граѓански организации побараа од премиерот, владата и градоначалникот на Охрид итно спроведување на законите и отстранување на хотелот во Горица – не постапи ниту еден од одговорните. На ридот во Горица, на местото на некогашната борова шума макотрпно посадена од локалното население во шеесеттите години на минатиот век, забрзано се гради ...
Сподели Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, поднесе кривична пријава против Р.Н. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ...
Сподели В.Д. градоначалникот на Кочани, Венко Крстевски на денешната прес-конференција пред Обвинителството, праша: ДАЛИ ТРЕБА ДА СЕ МОЛИМЕ ЗА ПОБЕЗБЕДНА СРЕДИНА ЗА СИТЕ?! “Три месеци после огромната трагедија која се случи во угостителски објект кој работел нерегуларно и бил толериран од повеќе институции, во Кочани сеуште има угостителски објекти кои работат нерегуларно и се толерирани од повеќе институции. Жал ми е што на таквите ...
Сподели Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека првата група македонски државјани кои побараа евакуација од територијата на Израел, синоќа безбедно пристигна на скопскиот аеродром. Станува збор за осум лица – четири деца и четири возрасни – кои, како дел од поголем организиран транспорт, ја напуштија територијата на Израел и се упатија кон Египет, од каде со авион во сопственост на Владата беа транспортирани ...
Сподели Градоначалничката Данела Арсовска во денешнат изјава околу проблемот со собирањето на комуналнит отпад во Град Скопје, напиша: “Ако се прашувате зошто со месеци и години имате проблеми со собирање на комуналниот отпад низ Скопје, одговорот е поради Јулијана Спировска од ВМРО, која од судот во Република Македонија е осуден криминалец, а во исто време е претседател на Управниот одбор на Комунална хигиена избрана да раководи од ВМРО и ...
Сподели Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост поради континуираното занемарување на употребата на албанскиот јазик во официјалната комуникација на Владата на Република Северна Македонија. Според ДУИ, Еднаквата употреба на службените јазици не е техничко прашање или политичка желба, туку законска обврска, вредност на соживотот и основа на демократскиот поредок. “Долго време албанските граѓани се чувствуваат исклучени ...
Сподели Левица на вчерашната седница на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот – со која претседава Димитар Апасиев, беше усвоена иницијативата за надзорна расправа за Кочани поднесена од Левица! И овој пат, пратениците на ДПМНЕ и ЗНАМ координирано се обидоа да го ОПСТРУИРААТ Барањето за надзорна расправа и истите воопшто не присуствуваа на комисиската седница. Ваквиот деструктивен обид на владејачкото ...
Сподели Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески оствари средба со раководителот на Канцеларијата на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во земјава, Фатих Туркменоглу. Средбата претставуваше можност за размена на мислења за економската состојба и потенцијалот за зајакнување на соработката меѓу двете институции заради поддршка на одржливиот развој. Тие разговараа пред сѐ за значењето на макроекономската стабилност како предуслов ...
Сподели Ако имаме зголемување на јавниот долг од 7%, а раст на БДП од 3,2%, разликата е 3,8%. Мултиплицирано во секоја година, за десет години тоа е 38% зголемување, предупреди пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи, во гостување на МРТ 1 во емисијата „360 степени“, укажувајќи на фискалните ризици што ги носи неконтролираното задолжување коешто го прави власта. Според него, иако министерката за финансии тврди дека Владата е внимателна, бројките ...
Сподели Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на Самитот на шефови на држави и влади на учесниците на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) во Тирана и посочи дека во услови на драматични геополитички промени, со сè помалку мултилатерализам и сè повеќе мултиполарност, со војна на тлото на Европа – интеграцијата е неодложен геополитички и безбедносен императив за Европската Унија. Таа нагласи дека е особено важна ...
Сподели Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање поврзано со ветувањето за подобрување на инфраструктурата во образованието и активностите што се преземаат на тој план, изјави: „Што се однесува до Министерството за образование, тука имаме инвестиции од околу 2 милијарди денари, седум комплетно нови училишта и 20 кои се реновираат, четири нови спортски сали, два студентски ...
Сподели Во последните неколку дена се појавија видеа за присуство на лисици во подножјето на Водно, во населбата Козле (мајка со малечки), како и на други места низ Скопје. Анима Мунди апелира до граѓаните да не креваат паника, затоа што овие животни не се опасни и не напаѓаат луѓе. “Лисиците, како и многу други диви животни, сè почесто се приближуваат до урбаните средини поради загуба на природните живеалишта, уништување на шумите, градежна ...
Сподели Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против З.Ј.(49) од с.Горно Строгомиште, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторени две продолжени кривични дела во стек „несовесно работење во службата“ по член 353-в став 1 и „загрозување на животната средина и природата со отпадни материи“, по член 230 став 1 и ст.5 и против Б.Б.(49) од с.Грешница, кичевско, С.А.(49) од Кичево, Д.Ј.(56) ...
Сподели Рекордно учество од 55.627 волонтери и повеќе од 645 илјади килограми собран отпад на територија на сите општини во земјава – ова се резултатите од годинешнава, петта јубилејна еколошка акција „Генералка Викенд“ која се одржа од 9 до 11 мај. Во тридневната акција беа вклучени повеќе од 600 владини и невладини организации и институции, со логистичка и партнерска поддршка од голем број компании, обединети во заедничка цел за почиста и ...
Сподели Градоначалничката Данела Арсовска утрово упати писмо до градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, во кое се вели: “Добро утро Орце Ѓорѓиевски. Незгодно ми е што ти досаѓам, гарант ќе ти преседне утринското кафе со Хрисафов од Усје, знаеш она истото УСЈЕ што го загадува Скопје! Туку дај одговори им на скопјани зошто се криеш и лажеш за надлежностите за УСЈЕ, а бидејќи си јак претседател на сите општини на ЗЕЛС, ингеренциите на секоја општина ...
Сподели Изложба на пастели од Илија Спасов – Чендо, Културно-информативен центар – Скопје, Продажен ликовен салон, 19 јуни 2025, 13 часот Во Културно-информативниот центар – Скопје ќе се одржи отворањето на изложбата на слики изработени во техниката пастел од академскиот сликар Илија Спасов Чендо. Илија Спасов – Чендо Роден е во Неготино. Дипломирал на ФЛУ Скопје. Член е на ДЛУМ. Добитник е на наградата за сликарство „Лазар Личеновски„ 2011. ...
Сподели Под мотото „Со образование до влијание. Медицинските сестри – двигатели за промени!“, Конгресот годинава става фокус на континуираното образование и улогата на медицинските сестри како лидери во здравствениот систем и општеството. Ова е настан од меѓународно значење, каде што се очекуваат учесници од цела Македонија и поширокиот регион – медицински сестри, техничари и акушерки – кои ќе разменат знаења, искуства и примери на добра ...
Сподели Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, се обрати на свеченото отворање на MEF Energy Forum 2025 –регионален форум посветен на енергетската транзиција и климатските предизвици во Западен Балкан. Во својот воведен говор, министерот Меџити испрати јасна порака дека „енергетската иднина на регионот не смее да се гради на штета на животната средина, здравјето на граѓаните и ...
Сподели Денеска во Владата на Република Северна Македонија се одржа работна билатерална средба помеѓу првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, и министерот за екологија, просторно планирање и урбанизам на Црна Гора, Дамјан Чулафиќ. Централна точка на разговорот беше иницијативата за обновување на Меморандумот за соработка во областа на животната средина и климатските промени. Двајцата ...
Сподели Пратеникот од Левица, Амар МЕЦИНОВИЌ, денеска на прес-конференција го најави поднесувањето на Предлог-законот за скратување на работното време од осум на шест часа, без реперкусии по платите. Оваа мерка, како што посочи, не произлегува само од идеолошка определба, туку е одговор на современите општествени и технолошки промени, како и на потребата за подобар баланс меѓу работниот и приватниот живот. Мециновиќ укажа дека во време на ...
Сподели Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со Рашид Бин Саид Ал-Хајарин, новиот в.д. амбасадор на Државата Катар. Претседателот Гаши му посака добредојде на новоназначениот в.д. амбасадор на Државата Катар во нашата држава и му посака успешна и плодна работа. Тој искажа големо задоволство од средбата и истакна дека очекува пријателството и соработката што постојат меѓу двете земји во иднина уште повеќе да се зајакнуваат и ...
Сподели СВР Битола поднесе кривична пријава против Б.Ѓ.(43) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 24.05.2025 полициски службеници извршиле претрес во домот и други простории на пријавениот, при што биле пронајдени и одзeмени марихуана и семки од растението канабис. СВР Битола поднесе кривична пријава ...
Сподели На 15.06.2025 во 20.50 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Н.А.(56) од Скопје. Претходно, на ул.„Владимир Комаров“, тој со патничко возило „субару“, кое го управувал, удрил во паркирано патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, паркирано од Љ.Р.(47) од Скопје. При преземање мерки во врска со сообраќајната незгода било констатирано дека тој ...