Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Назначувањето на пензионерот Иван Куковски за директор на РЕК Битола е уште една алка во бизнис мрежата на Христијан Мицкоски во енергетиката. Мрежа која Антикорупцискиот тим на СДСМ континуирано ја открива пред јавноста. Иван Куковски е човек близок до семејството на Мицкоски, а претходно бил советник на министерката за енергетика Сања Божиновска. Мицкоски систематски поставува свои луѓе на клучни позиции во енергетиката – неговиот омилен ...
Министерот за здравство, Азир Алиу одржа завршно обраќање на денешната Меѓународна конференција посветена на „Институционалните и клинички аспекти и решенија по пожарот во Кочани – една година потоа“. Оваа конференција ни покажа дека заедничката интерсекторска соработка е двигател на промените во системот. Имавме можност да слушнеме различни аспекти и механизми на справување со настани од ваков тип, а ги споделивме и лекциите кои нашата ...
На шестата седница на Советот на Општина Центар донесени се два нови детални урбанистички плана, за Градска четврт ЦС 14 „Кале и СРЦ Кале“ и за Градска четврт ЦС 01 „Француски гробишта, Тетовска трошарина и Парк 2“. Донесувањето на овие ДУП-ови претставува усогласување со Генералниот урбанистички план на Град Скопје 2012–2022. Дополнително, за првпат се носи детална урбанистичка документација за просторот околу Калето, со што се отвораат ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари работна средба со австриска делегација предводена од Амбасадорката Елизабет Корнфајнд, генерален директор за европски и економски прашања при Сојузното министерство за европски и меѓународни работи на Австрија, во чиј состав беа и амбасадорите на Австрија во земјите од Југоисточна Европа. Средбата беше уште една потврда за посветеноста на двете земји кон ...
Левица ја изразува својата целосна поддршка за утрешниот работнички протест. Во услови на континуиран раст на цените на храната, енергенсите и основните животни трошоци, барањето за зголемување на минималната плата не е политички каприц, туку елементарно прашање на опстанок за десетици илјади работници и нивните семејства. Според податоците на Управата за јавни приходи, околу 160.000 работници во Македонија живеат со плати под прагот на ...
„Согласно Уставот комуникацијата во државната управа, мислам беше членот 5, амандман 7, јасно кажува дека официјален јазик е македонскиот и кирилското писмо, но втор официјален јазик, во случајов е албанскиот јазик. Да не го користам она 20%, бидејќи е јасно е дека е албанскиот јазик. Подолу во истиот член стои дека комуникацијата на Албанците со државната управа е регулирана со закон. Е сега доаѓаме до тој дел, до законот, не кажува со кој ...
Домашни и природни производи, лековити билки и традиционални вкусови од рурална Македонија пристигнуваат во градот. Билкилајф-Центар за хербализам, туризам и одржлив развој го организира настанот „Од рурално до урбано“ – Саем на домашни и природни производи, кој ќе се одржи на 14 март 2026 година во Јавна соба во Скопје. Настанот има за цел да ги приближи руралните производители до урбаната публика, создавајќи простор за промоција на ...
На 14 и 15 март, Скопје ќе биде домаќин на првата регионална tattoo конвенција Artist Republic 2026, која ќе се одржи во хотелот Александар Палас. Настанот ќе ги обедини најталентираните тату артисти од регионот и светот, претворајќи го главниот град во вистински центар на тату културата, уметноста и креативноста. По две години настани со сличен концепт, годинашното издание го надминува локалниот формат и прераснува во регионална конвенција ...
Утре, на 14 март, во 12:05 часот во организација на Сојуз на синдикатите на Македонија ќе се одржи протест со почеток на траса на движење од пред зградата на ССМ на ул.„Мирче Ацев“, лево по ул.„Филип 2-ри Македонски“, десно по ул.„11-ти Октомври“, право по ул.„Димитрие Чуповски“, десно по ул.„Васил Главинов“, право по бул.„ВМРО“, лево по бул.„Илинден“ до пред Влада на Р.С.Македонија во Скопје. Од тие причини Единицата за безбедност на ...
Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски во разговор во поткастот „Каде се парите,” со новинарот Горан Теменугов, зборуваше за актуелни прашања поврзани со работењето на Уставниот суд, за предмети кои се од висок интерес на јавноста и за приоритетите во неговиот мандат. Во врска со предметот во кој е оспорен член 218 од Законот за извршување, а се однесува на можноста физички и правни лица да си ги наплатат долговите од ...
Театарот за деца и младинци од Скопје утревечер во 19 часот премиерно ќе ја изведе претставата „Садако сака да живее“, во режија и драматизација на Тамара Кучиновиќ од Хрватска, работена според мотиви од истоимениот роман на Карл Брукнер. Претставата е инспирирана од вистинската приказна за Садако Сасаки – девојчето од Хирошима кое, по трагичните последици од атомската бомба, стана светски симбол на мирот, надежта и волјата за живот. Низ ...
Министерот за здравство, Азир Алиу заедно со претседателката на Лекарската комора, Калина Гривчева Старделова, денеска се обратија на прес конференција по повод одбележување на Европскиот ден за подигнување на свесноста против насилството врз здравствените работници. -За здравствениот систем клучно е вработените да се чувствуваат безбедно на своето работно место за да може да ја овозможат потребната здравствена заштита и нега на пациентите. ...
Денеска во Собранието се одржа комеморативна седница по повод годишнината од трагедијата во Кочани, на која Претседателот Африм Гаши имаше свое обраќање. “Драги и почитувани семејства, пријатели и роднини на жртвите од трагедијата во Кочани, Некои ноќи завршуваат рутински, некои ноќи завршуваат оставајќи спомени, но има и такви што никогаш не завршуваат. Таа ноќ Кочани и Македонија не ги изгубија само своите синови и ќерки туку изгубија и ...
Советот на Град Скопје на денешната седница го усвои ребалансот на Буџетот со кој средствата се зголемуваат за дополнителни 166 милиони денари, наменети за нови капитални инвестиции во градот. Од Град Скопје информираат дека зголемувањето на буџетот е резултат на домаќинско и одговорно работење, без нови задолжувања. Со ребалансот е предвидена изградба на нов кружен тек во близина на Народната банка на Република Северна Македонија, со цел ...
Доцна синоќа на Меѓународниот аеродром во Приштина слета третиот авион со патници кои беа успешно евакуирани од земјите од Блискиот Исток. Станува збор за патници од Катар, Кувајт, Кралството Саудиска Арабија и Кралството Бахреин, кои кризниот регион го напуштија од King Khaled International Airport во Ријад, до каде што беа транспортирани по копнен пат со организиран превоз. На аеродромот во Приштина патниците ги пречека министерот за ...
АЛПОРТОВ СИНДРОМ/ALPORT SYNDROME MKБ-10 Q87.81 ПРЕВАЛЕНЦА – ИНЦИДЕНЦА – инциденцата на овој синдром е приближно 1/5 000 до 1/10 000 новороденчиња. Алпортовиот синдром е сериозна, ретка, наследна генетска состојба која се карактеризира со заболување на бубрезите, губење на слухот и абнормалности на очите. Луѓето со Алпортов синдром доживуваат прогресивно губење на бубрежната функција. Речиси сите погодени лица имаат крв во урината ...
Во Чифте амам вечерва ќе биде свечено отворена изложбата на современи австриски уметници „Флора-Фауна-Покриви/Пирх-Лајрер-Пирх“, во организација на Националната галерија на Република Северна Македонија и Амбасадата на Република Австрија во Република Северна Македонија. На изложбата ќе биде претставено современото австриско сликарство инспирирано од пејзажи, урбани мотиви, флора и фауна. На отворањето на изложбата ќе се обратат директорот на ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги поканува сите љубители на поезијата и музиката на 18 март, од 19:00 часот, во „Лабораториум“, на целовечерен поетско-музички настан „Светот ја слави поезијата. Градот ја слуша!” „По повод 50 години од постоењето на нашата општина организираме серија настани што ќе ја збогатат градската културна сцена. Почнуваме со дружење посветено на поезијата и музиката, со наши домашни автори. ...
Како легалисти сакаме да ја почитуваме нормативната максима дека пресудите на Уставен Суд не се коментираат, особено од партиите, бидејќи тоа по автоматизам се толкува како политички притисок. Сепак, пред сè како луѓе, а после како партија не можеме да избегаме од впечатокот дека овој состав на Уставниот Суд повеќе наликува на југословенска политичка елита отколку на највисока судска инстанца, реагираат од ВЛЕН. Употребата на албанскиот ...
Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, го промовираше помошното игралиште изградено на стадионот на ФК Шкупи, инвестиција реализирана целосно од буџетот на Општина Чаир, која создава современи услови за тренинг и развој на фудбалот. Игралиштето е изградено на површина од околу 3500 м² и е опремено со вештачка трева според современи стандарди, систем за дренажа и целосно осветлување, што овозможува негово користење во текот на целата ...
Саемот на мебел и годинава ќе ги обедини производителите, дистрибутерите и брендовите од индустријата, носејќи нови идеи и можности за сите љубители на уредувањето на домот. Под мотото „Инспирација за секој дом“, од 25 до 29 март во комплексот „Борис Трајковски“, со поддршка на партнерот Комерцијална банка АД Скопје, посетителите ќе можат да изберат и купат мебел од најновите колекции, современи решенија за ентериер, декоративни елементи и ...
Денес се простуваме од нашиот долгогодишен член на ансамблот – Кирил Поп Христов (1967 – 2026), театарски, филмски и телевизиски актер. Нашиот Кили. Дипломирал на на Факултетот за драмски уметности во Скопје, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на отсекот за актерска игра, во класата на проф. Љубиша Георгиевски, во 1989 година. Од 1993 до 2014 година, работи во МНТ, а во 2018 г повторно се враќа на истата сцена, оставајќи значаен белег во ...
Министерот за здравство, Азир Алиу денеска ја посети Клиниката на нефрологија по повод одбележување Светски ден на бубрегот, кој годинава се одбележува под мотото „Здрави бубрези за сите – се грижиме за пациентите и ја заштитуваме планетата“. Хроничната бубрежна болест претставува сериозен глобален здравствен предизвик, а најчести причини за оштетување на бубрезите се дијабетесот и покачениот крвен притисок. -Министерството за здравство ...
Овде позади мене многу јасно пишува што се случува во однос на патот на нашата земја кон Европската унија. Цитирам: Мора да бидете отпорни на токсично влијание од Русија и другите и нема да дозволиме тројански коњи во Европската унија. Тоа е она што го порача Марта Кос, еврокомесар за проширување на земјите кандидати за членство во Европската унија. Почитувани граѓани, појасна, посилна и попрецизна порака од еврокомесарот за проширување до ...
Левица објави нов скандал на власта на ДПМНЕ, кој ја продолжува низата на делење тендери на контроверзни компании, кои во минатото партијата на Мицкоски ги обвинуваше за криминал и корупција. Имено, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски тендерот за зимско одржување на улиците(во вредност од еден милион евра) го додели на фирмата ,,Нексос Инженеринг”, каде сопственик е добро познатиот Јонче Спиркоски. Спиркоски во минатото стана познат во јавноста ...
Во врска со изнесените обвинувања од страна на политичката партија Левица, Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски информира дека станува збор за уште една манипулација со факти и обид за креирање политички наратив кој не соодветствува со реалната состојба. Тендерската постапка за која Левица пласира обвинувања во јавноста е потпишана во периодот на мандатот на поранешната градоначалничка Данела Арсовска. Станува збор за постапка ...
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање зошто се одлучивте Ненад Савевски, да биде ваш избор за државен јавен обвинител во Македонија, изјави: „Ги анализиравме сите кандидати, ги анализиравме нивните биографии, воедно и заклучоците од Советот на јавни обвинители, и како Влада, во една конструктивна дебата, донесовме заклучок дека Ненад Савевски, може да биде ...
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ја поздравува одлуката на ирската Влада за олеснување на визниот режим со нашата држава преку укинување на визите за влез во Ирска за носители на македонски дипломатски патни исправи. Со оваа одлука воедно се укинуваат и визи за другите категории службени пасоши, доколку нивните носители се во придружба на владин Министер за време на официјална посета на Ирска. Ова е втор, конкретен ...
Револуцијата ги јаде своите деца“ – со оваа метафора од Француската револуција, Арбен Фетаи направи директна паралела меѓу драмата на Француската револуција и последните политички случувања во земјата, предупредувајќи на ризикот едно политичко движење да се уништи самото одвнатре. Во овој контекст, неговиот текст се гледа од многу набљудувачи како повик за политичка зрелост и свесност: кога фракциските амбиции ќе се стават над заедничкиот ...
Делегацијата на Европската Унија во Скопје денеска изрази поддршка за идејата на Уставниот суд кој одлучи дискусиите од седниците да ги емитува во живо. На официјалниот Twitter профил од ЕУ Делегацијата испратија порака до јавноста: „Добар чекор за транспарентноста во Република Северна Македонија, граѓаните сега можат да ги следат седниците на Уставниот суд онлајн, во живо. Отвореноста и јавниот пристап до правдата ја зајакнуваат довербата ...