Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Извозот на македонски производи во 2025 година преку продажната мрежа на Лидл достигна 15,5 милиони евра, што е јасен показател за извозниот потенцијал на домашните производи и можноста за пласман на европските пазари што ја нуди Лидл. Ова претставува огромен раст, во споредба со 5 милиони евра извоз во 2024 година и 570 илјади евра во 2023 година. Странските пазари најголем интерес покажаа за трпезното грозје, од кое беа реализирани приходи ...
По серијата на активности на Сојузот на синдикати на Македонија денеска синдикалците поднесоа Иницијатива за изменување и дополнување на Закон за плата и другите надоместоци на пратениците во Собранието на Република Македонија и другите избрани и именувани лица во Републиката. Оваа одлука ССМ ја донело на седница на Претседателството одржано на 3,2,26, односно вчера. Со иницијативата синдикалците бараат, во Член 11 во Законот за плата и ...
Богатството на Илон Маск достигна рекордни 852 милијарди долари по спојувањето на компаниите SpaceX и xAI, што го прави првиот човек во историјата со капитал од над 800 милијарди долари. Овој рекорд е постигнат благодарение на големата деловна трансакција. Вселенската компанија на Маск, SpaceX, ја купи xAI, компанија за вештачка интелигенција и социјални мрежи што е и негова сопственост, објави Форбс. Здружената компанија сега е проценета на ...
Советот на Народната банка, на седницата одржана на 3 февруари 2026 година, го усвои Кварталниот извештај, во кој се наведува дека макроекономските показатели упатуваат на стабилни остварувања во најважните сегменти на економијата и во најголем дел се во согласност со октомвриските проекции на Народната банка. Домашната инфлација очекувано забави под влијание на забавувањето на базичната инфлација, а домашната економската активност умерено ...
Емоциите, мислите и телото се поврзани. Емоциите се длабоко вкоренети во нашето битие. Нерешените негативни емоции често стануваат владетели, управувајќи со нашиот внатрешен свет. Како невидливи господари, тие можат да нè доведат до работ. Кога ги потиснуваме емоциите, тие не исчезнуваат – наместо тоа, тие се задржуваат во нашата потсвест. Овие „заробени“ чувства можат да станат корен на депресија, анксиозност и други внатрешни конфликти. И ...
Докажано е дека појадокот е основа за добар и енергичен ден. Ако сте од оние кои често првиот оброк го јадете доцна наутро, или пак целосно го прескокнувате, или пак јадете геврек или некоја друга тестенина, можеби ќе сакате да ги преиспитате вашите навики за појадување. Постојат многу аргументи зошто не треба да го прескокнувате појадокот рано наутро, и зошто треба да направите добар избор на храна! Додека спиете, телото е ставено во мод на ...
Фотонапонски и ветерни електрани, гасна когенеративна централа и батериски системи за складирање електрична енергија. Вака на кратко изгледа енергетската слика што Владата ја најавува за следниот период. На хартија, звучи импресивно. Дури и охрабрувачки, ако се земе предвид колку години наназад државата тапка во место со истите капацитети, истите загуби и истите увози. Но токму тука почнува дилемата: дали станува збор за реален пресврт во ...
Колку профит остварија најголемите американски и европски банки во 2025 година, според досега познатите податоци? Билансите се веќе готови во многу финансиски институции, па затоа некои банки ги презентираат своите извештаи за работењето, додека други излегуваат со прилично прецизни проценки. Судејќи според првите најави, минатата година банкарскиот сектор оствари рекордни профити. Скоро сите големи банки во Европа и САД остварија поголема ...
Дневниот внес на сок од домати може да им помогне на милиони луѓе кои живеат со потенцијално опасна здравствена состојба. Истражувањата сугерираат дека црвениот пијалак може да го намали високиот крвен притисок, објавува „Express.co.uk“. Опасностите од висок крвен притисок Високиот крвен притисок, познат и како хипертензија, значи дека вашето срце мора да работи понапорно отколку што треба за да пумпа крв низ вашето тело. Со текот на времето, ...
„Lexus“ ја заврши 2025-та година како најуспешна година во својата историја. Премиум брендот на „Toyota“ продаде вкупно 882.231 возила низ целиот свет, што претставува зголемување од четири проценти во споредба со претходната година. Северна Америка беше убедливо најголемиот пазар, со испорачани 408.070 возила, што е зголемување од 7,5 проценти. Растот на продажбата е забележан на речиси сите клучни пазари, освен во Европа, каде што „Lexus“ ...
„Blackstone“ објави изненадувачки скок на распределливата добивка, бидејќи склучувањето договори се опорави. Тоа им обезбеди на раководителите една од најголемите плати од пандемијата. Добивката за распределба или профитот исплатен на акционерите, се зголеми за 3% на 2,24 милијарди долари во четвртиот квартал, надминувајќи ги проценките на аналитичарите за пад на 1,94 милијарди долари на годишно ниво. Заработката по акција изнесуваше 1,75 ...
Прашањето дали печалбата вреди повеќе од присуството дома не е филозофско, туку болно и практично. За многу семејства тоа не било избор, туку нужда. Години спакувани во куфери, детства сведени на видео повици, родендени што се славеле со задоцнување, а љубовта се мерела во пратки и трансфери. Пари имало, понекогаш и повеќе од доволно. Но времето, тоа не се штеди. Родители што се вратиле по десет, петнаесет, па и дваесет години работа во ...
„Tesla“ објави видео со најава на својот официјален профил на кинеската социјална мрежа „Weibo“, во кое извршниот директор Илон Маск потврди дека третата генерација на хуманоидниот робот на „Tesla“ наскоро ќе биде претставена на јавноста. Станува збор за хуманоиден робот со општа намена кој е развиен врз основа на филозофијата на дизајн на прв принцип и има клучна способност за самостојно учење преку набљудување. Овие карактеристики ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, ќе создаде стратешка резерва на критични суровини со почетен капитал од 12 милијарди долари, во обид да ги заштити домашните производители од проблеми со снабдувањето и да ја намали зависноста на индустријата од кинеските ретки земни метали. Потфатот, наречен „Project Vault“, ќе комбинира 1,67 милијарди долари приватен капитал со заем од 10 милијарди долари од Банката за извоз и увоз на Соединетите ...
На состанокот за време на викендот, ОПЕК+ го остави мартовското производство непроменето дури и кога цените на нафтата достигнаа шестмесечен максимум. Постојат два фактори кои остануваат надвор од контрола на групата во наредните недели – постапките на американскиот претседател Доналд Трамп и побарувачката за нафта во Кина, пишува колумнистот на „Reuters“, Клајд Расел, во коментар. Цените на нафтата пораснаа минатата недела поради заканите за ...
Значаен успех на „Реплек“ во пробивањето на портфолиото на компанијата на строгите странски пазари. Со регистрацијата на Реконазол, производ за третман на дерматолошки состојби во Обединетото Кралство, „Реплек“ го направи својот прв важен чекор за пласман на британскиот пазар. Одобрението за Реконазол (ketoconazole) 2% шампон е издадено од британската Агенција за лекови и здравствени производи (MHRA), регулаторно тело на Обединетото Кралство ...
Приходите на „Disney“ за последниот квартал од минатата година ги надминаа очекувањата на аналитичарите на Волстрит, потпомогнати од сегментот за тематски паркови, одморалишта и крстарења, објави „CNBC“. Сегментот за искуства за прв пат објави квартални приходи од над 10 милијарди долари. Домашните тематски паркови имаа приходи од 6,91 милијарди долари, а меѓународните паркови имаа приходи од 1,75 милијарди долари, и двата се зголемени за 7% ...
Управата за Јавни Приходи – УЈП ја информира јавноста дека започна исплатата на средства за скенираните фискални сметки за четвртототримесечје од 2025 година. За К4 – 2025 година ќе бидат исплатени вкупно 924,5 милиони денари кон 526.123 корисници на апликацијата МојДДВ. До денес, реализирани се 184,5 милиони денари, кон 104.000 корисници на апликацијата МојДДВ. Исплатата на средствата продолжува, како се обработуваат налозите така се ...
Јаглехидрати се главен извор на гликоза, која телото ја користи како примарен извор на енергија, особено за мозокот, срцето и мускулите. Кога јадеме јаглехидрати, тие се варат и се разградуваат во гликоза, која влегува во крвотокот и се користи за енергија. Ако гликозата е премногу ниска, телото мора да најде алтернативни начини за производство на енергија. Кога внесот на јаглехидрати е значително намален, телото брзо го троши гликогенот ...
Норвешкото списание „Motor“ и Норвешкиот автомобилски клуб (NAF) го спроведоа најголемиот тест за домет на електрични автомобили во светот во таа земја. Тие возеа 24 електрични автомобили од Осло до северна Норвешка. Температурата падна на минус 31 степен Целзиус во текот на целиот тест. Ова предизвика електричните автомобили екстремно да отстапуваат од официјално наведениот „WLTP“ домет. Автомобилите губеа помеѓу 29 и 46 проценти од нивниот ...
„Xiaomi“ го претстави „Pad 8 Pro“ во Кина минатиот септември, својот најмоќен таблет досега, и иако во тоа време не се зборуваше дали ќе стигне на пазарите надвор од Кина, ова сега е потврдено благодарение на „Geekbench“. Имено, глобалната верзија на овој таблет беше забележана во базата на податоци на „Geekbench“ под бројот на моделот 25091RP04G. Буквата „G“ на крајот потврдува дека ова е модел наменет за пазари надвор од Кина. Според ...
На лидерите на Европската Унија (ЕУ) што се состануваат во Давос оваа недела може да им се прости што се фокусираат на растечките закани за глобалниот поредок. Но, тие не можат да си дозволат да ги напуштат долгоодложуваните економски реформи, пишува „Reuters“. Помина повеќе од една година откако поранешниот претседател на Европската централна банка (ЕЦБ), Марио Драги, постави амбициозен план за реформирање на еврозоната. Но, нема напредок по ...
Полската економија минатата година надмина 1 трилион долари, што е кулминација на децениски бум што е во остра спротивност со нестабилните економии на нејзините многу поголеми европски соседи, објави „Wall Street Journal“. Овој пресврт, потврден со податоците објавени во петокот од статистичкиот завод на земјата, веројатно ќе ја вметне Полска во првите 20 економии во светот до 2025-ра година. Се очекува да ја престигне Швајцарија, која сè ...
Греењето повторно e тема што тешко се избегнува, не затоа што е зима, туку затоа што секој нов месец носи нова неизвесност. Пазарот на пелети, кој пред неколку години беше претставуван како стабилна и разумна алтернатива, денес изгледа како терен без правила. Цените се менуваат од недела во недела, квалитетот варира драстично, а граѓаните, како и обично, остануваат меѓу пресметките и студот. Во најстудените денови, кога температурите паѓаат ...
Срцевиот удар не го бира времето ниту местото кога ќе се случи. Најнезгодниот момент за пациентот е секако ако се најде сам во тие моменти. Кардиологот советува како можеме да си помогнеме во такви околности. Докторот Џереми Лондон рече дека тоа е застрашувачка ситуација, но неколку брзи чекори би можеле да направат голема разлика. Тој сподели шест совети Прво, треба веднаш да повикате брза помош, рече кардиологот. Тој додаде дека освен ако ...
SpaceX ја презема xAI, спојувајќи ги двете најамбициозни компании на Илон Маск во највредна приватна компанија во светот. „Ова означува не само ново поглавје, туку и нова книга во мисијата на SpaceX и xAI“, рече Маск во изјава на веб-страницата на SpaceX. Спојувањето може да се смета како индикација за финансирањето што му е потребно на xAI за да се натпреварува во брзорастечката област на вештачката интелигенција, како и важноста на таа ...
Повторно податоците за движето на индустриските параметри си играат топло-ладно. Производството во индустријата конечно успеа да биде во плус, но во негатива и натаму се бројките на работници на годишно ниво. Па така, податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека индустрискотот производство дека во декември лани во однос на декември 2024 година пораснало за 2,3 отсто. Но, бројот на работници во анализираниот период има ...
Во зимските денови, кога се поминува повеќе време дома, Државна лотарија им овозможува на граѓаните практична можност за забава и добивки. Сите љубители на игрите на среќа може да ја испробаат својата среќа преку едноставната и сигурна платформа за играње лото и џокер онлајн на официјалната веб-страница loto.mk. Со само еден клик, секој може да го уплати своето лото-ливче брзо и сигурно, без потреба од чекање во редици. Резултатите се ...
Секојдневието со паметни телефони денес тече тивко, но упорно. На автобуска постојка, во редица пред шалтер, на семејна маса. Екраните светат, палците лизгаат, погледите се спуштени. Живееме поврзани повеќе од кога било, а истовремено некако оддалечени. Прашањето не е дали телефоните ни го олеснија животот, туку дали нѐ научија како да живееме без нив, барем накратко. Паметниот телефон одамна престана да биде само уред за повици. Тој е ...
На почетокот на оваа година, 22 од 27-те членки на Европската Унија (ЕУ) имаа законска одредба за минимална плата, додека исклучоци се Данска, Италија, Австрија, Финска и Шведска. Од тие земји, според Евростат, осум од нив имаат минимална плата под 1.000 евра, додека во други осум таа беше помеѓу 1.000 и 1.500 евра. Зборуваме за бруто износи. Бугарија имаше најниска минимална плата – 620 евра. По неа следуваат Латвија со 780 евра, Романија со ...