
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



Славчо Попоски, метеоролог: „Нè очекуваат високи температури, но и пороен дожд со можност за поплави“ „Кај нас, локално се очекуваат поинтензивни атмосферски процеси во форма на невреме со обилен пороен дожд, силен јужен ветер (над 75km/h), грмежи и со услови за појава на град“, вели Славчо Попоски за претстојниот период. Иако деновиве ни изгледа како пролетта веќе да е овде, според метеоролошките анализи, наскоро можеме да очекуваме обилни ...
Лифт со шолја за итни потреби и уште 14 сцени кои се доказ дека Јапонија е неверојатна земја Од компанија за селидба која испраќа подароци како извинување што цените ѝ биле превисоки за вас и не можела да ве услужи, до совршени болнички оброци - зошто Јапонија е толку кул земја? Јапонија можеби не е една од најголемите земји на светот, но дефинитивно е една од најмоќните. Од уникатна храна и култура до фасцинантна грижа за луѓето кои живеат ...
Златко Јовановски издоминира со круна на Модната недела во Париз: „Имав 5 креации, сите со рачно везени детали“ „Ќе ви кажам една тајна - колекцијата требаше да брои 10 креации, но времето нè газеше, везовите одеа пребавно поради обемната работа, а не сакав да направам компромис со изработката, па на крај решив да се претставам со само 5 фустани кои изгледаа феноменално“, вели за CRNOBELO.com нашиот дизајнер, кој имаше трета ревија во Париз ...
Ретка снимка од Тоше пред да стане славен - Видео старо околу 30 години е хит на Инстаграм На снимката стара околу 30-тина години, Тоше пее и свири на гитара во родното Крушево. На Инстагам профилот denesni_reels е објавено видео од Тоше Проески, старо скоро триесетина години. Во видеото, тој е во тинејџерските години, со мали мустаќи во вид на мов и свири на гитара. Тоше пее песна посветена на Марија, а стиховите одат вака: „Марија, о ...
Јелена Карлеуша брутално искрена: „Душко ми рече да се убијам по голите фотки – жигосана сум заради нив“ „Мојот живот е уништен на 1000 начини. И сопругот Душко тогаш ми велеше дека треба да се убијам и дека тоа е единствен начин да ја избришам црната дамка од семејството. Не го послушав бидејќи имам две прекрасни ќерки“ - Јелена Карлеуша во гостување во емисија беше брутално искрена за голите фотки кои ја следат како сенка, но зборуваше и за ...
Последните денови на Џин Хакман: Имал деменција и цела недела гладувал, откако сопругата починала од вирус Бидејќи имал напредна фаза на Алцхајмерова болест, Џин Хакман не бил свесен дека неговата сопруга е мртва. Па, цела недела не можел ни да јаде, пред срцето да му откаже и да почине. Сопругата, пак, починала откако се заразила од вирус што го пренесуваат стаорци. Изгледа конечно се ближи расплетот на можеби најчудниот случај во светот на ...
Маја Вукичевиќ без шминка, Бока Конга направи крштевка за синот: Што прават македонските ѕвезди деновиве? Адријан Гаџа објави фотографија од мајка си Сузана со букет рози за да ѝ го честита 8-ми март, водителот Ненад Георгиевски ловеше риба во Неа Каликратија во Грција, Бока Конга објави неколку фотографии од крштевката на синот Лука. Антониа Гиговска сподели нова фотка од снимањето на спотот за песната „Аман“ во Египет, актерката Маја ...
Визуелен предизвик: Пронајдете ги 4-те грешки на илустрацијата Ако имате „око соколово“ тогаш нема да ви биде нималку тешко да ги најдете сите четири грешки. На илустрацијата пред вас маж и жена нуркаат покрај корали, додека покрај нив пливаат многу риби. Сепак, на илустрацијата подолу се скриени дури 4 грешки. Дали ќе успеете да најдете кои се тие? Решението е на следната страница... Би можело да ве интересира: Што не е во ред со одморот ...
10 ситуации кои ќе ги изнервираат и најголемите професионалци, низ илустрации Доктори, адвокати, касиери, продавачи... сите од нив понекогаш се нашле во ситуација кога им доаѓа „да излезат од кожа“. Оние чија работа е постојана комуникација со луѓе секојдневно се наоѓаат во чудни ситуации, слушаат работи за кои не помислувале дека некогаш може да ги чујат, се соочуваат со карактери за кои мислеле дека постојат само во филмовите. Па, и покрај ...
6 прашања што ќе ви помогнат да ја откриете вашата токсична особина (и како да се ослободите од неа) Дали имате желба да им наредувате на другите и да ги терате да прават тоа што сакате вие? Тогаш имате проблем со доминатно однесување. Постојано слушаме совети како да се држиме настрана од токсични луѓе за да се заштитиме Но, некогаш токсичните луѓе не се свесни дека спаѓаат во оваа категорија. Што значи, сите треба да го преиспитаме нашето ...
10-те најголеми грешки на мајките (со кои ги разгалуваат своите деца и им штетат) Мајка која „се бори“ наместо детето - Последната работа што мајката треба да ја направи е да ги води битките на нејзиното дете. Детето така нема да научи да се справува во конфликти и никогаш нема да може да се избори само за себе. Ако мајката се справува со сите падови во животот на детето, тоа нема да знае како да се носи со тешките ситуации. И ова важи за сè ...
8 суптилни симптоми на депресија кај мажите (не покажуваат тага, туку бес) Мажите со депресија често не покажуваат тага. Наместо тоа, можеби ќе изгледаат пораздразливо, ќе бидат избувливи или едноставно се постојано „на работ“. Машката депресија често изгледа поинаку од депресијата кај жените, а понекогаш знаците се посуптилни отколку што мислите. Мажите навистина знаат како да ги сокријат своите емоции. Депресијата кај мажите е реална и ...
Солзи на концертот на Марија Шерифовиќ - испеа песна за Саша Поповиќ, синот првпат на нејзин настап Еден од најемотивните моменти на концертот во Белград бил кога Марија испеала песна од Оливер Драгојевиќ во чест на својот долгогодишен пријател и соработник Саша Поповиќ, кој почина на 1 март. Балканската ѕвезда Марија Шерифовиќ викендов одржа два од петте концерти во „Сава центар“ во Белград, со кои ќе ја заврши својата регионална турнеја ...
Тест на личноста: Што ве прави неодоливи за луѓето? Првата работа што ќе ја видите на илустрацијата ќе ви открие зошто ве сакаат луѓето. Кој е вашиот адут, нешто поради што луѓето ве сакаат? Дали е тоа затоа што сте доверливи, интересни, шармантни, весели или причината е сосема друга? Одговорот ќе го најдете во вашата потсвест. Погледнете ја илустрацијата - што прво ви падна в очи - пеперутка, љубовен пар, мачка, остров, цвеќе, крошна од ...
Хороскопски знаци кои во пролет 2025 (најверојатно) ќе ја пронајдат својата сродна душа Бикови, бевте трпеливи, внимателни, можеби и по малку скептични кога станува збор за љубовта - но оваа пролет вашето чекање ќе заврши. Ако сте сингл и копнеете по љубов, таа може да ви се случи оваа пролет. Според астролозите, секој од нас има можност да пронајде љубов кога најмалку очекува, но веројатноста е поголема ако сте родени во еден од трите знаци ...
Телото му се распаѓало од радијација, поминал 83 дена во агонија: Вознемирувачки детали за најболната смрт Во 1999 година, Јапонецот Хисаши Оучи ја искусил можеби најболната смрт. Откако бил изложен на рекордно ниво радијација, неговото тело буквално се распаѓало, но по желба на семејството, лекарите не дозволувале да умре и поминал 83 дена во агонија. За Хисаши Оучи од Јапонија се вели дека ја искусил најболната смрт. На 35-годишна возраст, ...
Историски фотки од значајни луѓе и настани кои ќе ве замислат Последната фотографија од Ана Франк, изразот на Французин кој првпат пробува Кока-кола во 1950-тите – неколку фотки што ќе ви покажат нова страна од историјата. Сите знаеме за позначајните и поголемите историски настани, како светските војни или сегрегацијата на Афроамериканците. Знаеме и за настани и луѓе од минатото кои оставиле свој белег во историјата, како Алберт Ајнштајн ...
12 дами кои покажаа дека се убави и со седа коса (и не се срамат од белите влакна) „Имам 34 години и веќе 18 месеци ја растам седата коса - никогаш не сум имала поголема самодоверба“. Првата асоцијација за белите влакна во косата е - стареењето. Но, постојат жени кои гордо ја носат седата коса, го прифаќаат процесот на стареење и уживаат во животот. Доказ за тоа се и овие 12 дами, кои споделија фотки на Редит и покажаа дека изгледаат одлично ...
Екс-ју песни кои полнат 40 години во 2025-та (и ќе ви разбудат носталгија) Можете ли да поверувате дека „Bolje biti pijan nego star“ од Плави оркестар својата премиера ја имаше далечната 1985-та? Кои други екс-ју хитови се појавија пред 40 години? Дали некогаш ви се случува да чуете на радио некоја екс ју песна и да се „наежите“ од што толку многу ја сакавте и ве враќа во минатото? Или да им ја пуштате на своите деца и да им раскажувате со ...
Актерката Ребека Гејхарт и по 24 години не може да си прости што усмрти дете: „Не сакав да живеам“ „Не сакав да живеам по несреќата во која усмртив 9-годишно момче. Поминав скоро една година во размислување како да се убијам и ја правев секоја самоуништувачка работа што една личност може да ја направи“, рекла Ребека Гејхарт, која се прослави со серијата Beverly Hills 90210. Актерката Ребека Гејхарт, која стана популарна со улогата на ...
Ѝ го украла сопругот на најдобрата пријателка, пиела шише виски на ден - 10 најголеми скандали во животот на Елизабет Тејлор Обожавала диви забави и наводно пиела шише виски секој ден, па морала да се лекува во клиниката Betty Ford, што во тоа време било скандалозно за ѕвезда со нејзиниот статус. Иако поминаа скоро 14 години од смртта на Елизабет Тејлор (почина на 23 март 2011), легендарната актерка со виолетови очи и понатаму важи за една ...
Мајката која пред 16 години роди осумка зборува за предизвиците: „Забременив со ин витро, докторката ја изгуби лиценцата“ 16 години откако роди осумка, Натали Сулеман реши да прозбори за целото свое искуство, истакнувајќи дека се соочувала и со смртни закани бидејќи зачнала со ин витро. Додека децата биле мали, се појавила и во филм за возрасни за да може да заработи доволно за своите деца. Надја Сулеман, попозната како Натали, се прослави ...
Теодора Џехверовиќ на посета кај брат ѝ и снаата во Дубаи - наречени се контроверзен пар, се преселија неодамна На Теодора многу ѝ недостигаат братот Сава и снаата по преселбата во Дубаи, па таа постојано ги посетува. Сава ја освоил Адријана кога таа имала само 14 години, а тој имал 29 и затоа се мета на критики. Теодора Џехверовиќ постојано патува во Дубаи на посета кај нејзиниот брат Сава и снаата Адријана, како и внуката Доротеа. ...
Кирил Џајковски, Симон Трпчески - Македонски музичари кои нè направија горди пред светот Нашиот пијанист со светско реноме, Симон Трпчески, во поголемиот дел од годината патува низ светот и одржува концерти во најпрестижните музички сали. Кои други домашни музичари можат да се пофалат со интернационална кариера? Многу музичари цел живот сонуваат за интернационален успех, а дел од нив имаат среќа да го остварат тоа. Секако, кариерата надвор ...
Проф. д-р Васил Илиев: „ХПВ вирусот обично нема симптоми, најефикасна превенција е вакцина - треба да се вакцинираат и момчиња“ „ХПВ е најчесто сексуално преносливо заболување кое индиректно влијаје врз плодноста и бременоста, а може да предизвика рак и на вагината, вулват, пенисот, анусот, дишните патишта...“, вели проф. д-р Васил Илиев, специјалист гинеколог-акушер, субспецијалист по урогинекологија. Професор д-р Васил Илиев е специјалист ...
Посни бомбици со портокал, одличен десерт за велигденските пости Без оглед дали ќе постите еден ден, една недела или во сите денови од постот пред Велигден, за себе или за гостите можете да подготвите вкусни, а посни бомбици од портокал. Некои вкусови не се забораваат - како на пример вкусот на портокал во колачите, кој им дава свежина и преубав шмек. Еден од тие рецепти со одличен вкус е токму овој - посни бомбици со портокал. Направете ги, ...
Интересни книги од регионални автори кои нема да можете да ги оставите Приказна за адвокат кој се наоѓа во санаториум, тинејџерска книга која ќе ве замисли, роман кој е своевиден десант на постјугословенското општество... Покрај домашните и светски писатели кои се читаат кај нас, последниве години во Македонија се популарни и многу писатели од регионот. Токму затоа денес ви нудиме три интересни книги кои штом почнете да ги читате - нема да ...
Моќни и инспиративни 8-мартовски пораки од познатите Македонки: „Силна си - можеш сè“ „Не дозволувај да те замолчат. Но, биди мудра и знај кога треба да премолчиш. И не дозволувај да ти кажат дека не вредиш“ - напиша Ивона Јо во својата порака. На Денот на жената, 8-ми март, многу познати Македонки испратија силни и инспиративни пораки до своите пријателки, жените од семејството, до сите познати и непознати жени кои ги следат на социјалните ...
Квиз: 10 научни прашања што треба да ги одговорите без помош од интернет Знаете ли која галаксија е најблиску до Млечниот пат или што се наоѓа во атомското јадро? Природните науки се многубројни и не можеме да бидеме експерт за сите. Но, сепак, сите би требало да знаеме барем некои основни работи за светот што нè опкружува. Во продолжение следат десет прашања од природните науки, од кои повеќето сигурно ги знаете од општа култура. 10 научни ...
15 луѓе кои очекуваа да се разочараат, а добија „џек-пот“ Ако имате мали очекувања, веројатноста дека ќе се изненадите на добро е навистина голема - овие 15 луѓе се доказ за тоа... Кога купувате онлајн, или на пример пакувана храна која не можете да ја видите од картонската кутија, или пак, правите торта со комплициран надворешен изглед - однапред сте подготвени за разочарување. Но, што ако реалноста ве изненади, а тоа што очекувате да го ...