
Скопје
34ᴼ /
34ᴼ



Медицинска сестра од Штип која директно се соочи со ужасот: „Денес, мајко Божја дај ни сила да го издржиме денов“ „Од неделата, од тоа кобно утро, се бориме со адреналин, немир, неспокој, тага, бес, како роботи сме... Но, денес небесата на сите да ни даде сила, посебно на семејствата кои ќе си ги погребаат рожбите, кои ќе ги испратат на вечен спокој најмилите“, вели Билјана Рогожарска, медицинска сестра од Штип. Билјана Рогожарска е ...
„Осамна утро сончево, а зраците темни, црнила“ - Македонија се простува од 59-те жртви кои ќе бидат погребани денес Денеска ќе бидат погребани 59-те жртви од пожарот во Кочани. 59 млади животи кои згаснаа во само неколку минути. 59 семејства кои останаа без своите сакани. На денот кога цела нација тагува и ги испраќа во вечното почивалиште, социјалните мрежи се преплавени со тага. Велат, денес е првиот ден на пролетта, но сончевите зраци ќе ...
„Вистинскиот лекар не само што лекува, туку и дава надеж“ и уште 10 цитати за докторите (кои ни се спас во овој мрак) Во мигот кога Македонија ја потресе една од најголемите трагедии досега, а повеќе од 100 млади лица се бореа и уште се борат за својот живот, докторите ги облекоа своите мантили, се појавија на работа и не ни помислуваа за враќање дома. Тие се нашите херои од реалноста! Македонија ги живее најтешките денови, а единствена ...
Детали за пожарот во дискотека во Букурешт во 2015-та: Починале и лесно повредните поради пропусти во здравството Пожарот во дискотека во Букурешт од 2015 година разоткри корупција во романското здравство и резултираше со оставка на премиерот. Покрај 24-те загинати во пожарот, починале уште над 30 повредени поради несоодветна медицинска нега. По трагедијата во дискотеката во Кочани, деновиве честопати се спомнува сличен инцидент од Романија ...
Пожар, убодна рана: Безбедносни совети што е добро да ги знаете Што да правите ако ви се запали масло во тава или ако вие или некој друг е прободен со предмет како нож? Секогаш е добро да знаете како да се извлечете од некоја опасна ситуација, дури и ако никогаш во животот не ви притреба ова знаење. Неколку безбедносни трикови кои треба да ги запомните: Искористете го блицот од телефонот Во темница, блицот од телефонот може да ви послужи за ...
Водителот Роберт Јанков: „Преку глава од црно-бели екрани, од погреби во живо, од денови на жалост, од лица без радост“ „Преку глава од музика што молчи, од болест што нѐ толчи. Преку глава од нечиј скршен сон, од семејства без дом, од тебе и мене, и ова проклето време...“, си го отвори срцето Роберт Јанков и буквално сподели како сите се чувствуваме. Водителот Роберт Јанков сподели стихови кои вели дека ги напишал пред неколку години, но ...
Воздржете се од зли коментари oд типот: „Што барале мајки на концерт“ – Каде ќе ви оди душата? Додека цела Македонија е сплотена во тага по трагедијата која сите ги зави во црно како никогаш досега и болката ја чувствуваме како за свои луѓе, за жал има и такви кои се дното и трулоста на ова општество. Пишуваат коментари со осуда и клевети за жртвите, лажно се претставуваат како семејство на жртви и прават измами за пари... Каде ќе ви оди ...
Ведрана Рудан, за случка на онкологија: „Сите пациенти ја бараат мајка си, Бог поретко, таткото никогаш“ Ведрана Рудан се бори со ракот и често престојува на онкологија, па напиша: „Направив анкета меѓу медицинските сестри: „Кого пациентите, кога им е најтешко, најчесто повикуваат?“ „Мајка си, поретко Бог. Ма, главно мајка си.“ „Татко никогаш?“ „Никогаш.“ Хрватската писателка Ведрана Рудан, во свој стил, преку текст на својот блог, соопшти ...
Јован е нашиот херој од реалноста! 19-годишно момче влегло во пожарот во Кочани за да си ги спаси другарите „Ах ти храбро детиште, ах ти хероју наш. За твојата храброст, хуманост, емпатија, не постои ниту едно мерило, ГОЛЕМ човеку. Горда, прегорда сум на тебе душичко наша. Заслужуваш орден Јован... Дојде од Виница само за да ги спасиш твоите другари“, пишува Анка Арсова за нашиот мал, но огромен херој од реалноста Јован Костадинов (19). ...
Последно збогум! Андреј Ѓорѓиески утре ќе биде испратен во вечното почивалиште во Бутел Телото на Андреј ќе биде изложено во капелата во Бутел од 10 часот, каде што сите роднини и пријатели, ќе можат за последен пат да се поздрават и да се збогуваат со него. Наталија Ѓорѓиеска, сопругата на Андреј од ДНК, преку социјалните мрежи сподели дека погребот на нејзиниот сопруг ќе се одржи утре (четврток, 20.03.2025) на гробиштата во Бутел. Телото ...
Што е азбест и како може да предизвика рак на белите дробови? Азбестот е забранет во преку 60 земји во светот, но уште се наоѓа во некои постари градби. Азбестот е минерал со микроскопски кристални влакна кои доколку се вдишат, можат да предизвикаат низа заболувања, вклучувајќи и рак. Азбестот е минерал кој е отпорен на топлина и корозија. Поради своите својства, имал широка примена во автомобилската индустрија за изолација, но и во ...
Сара Пројковска ќе биде погребана утре, семејството со последен поздрав: „Благодарни сме што бевме дел од твојот живот“ Телото на Сара за последен поздрав ќе биде изложено во Црквата „Свети Петар и Павле“ во Горно Лисиче, во четврток на 20.03.2025 година, од 12:00 до 14:00 часот. Погребот ќе се изврши на гробиштата во Горно Лисиче. Со длабока тага Ве информираме дека во трагичната несреќа во Кочани ја загубивме и нашата сакана Сара ...
„Преку нив газеле други деца, на раце изнесувале другари“ - Д-р Нико Беќаровски споделува потресни сведоштва од преживеаните „Рани на младите недолжни души...Раскажуваат низ солзи, како преку нив газеле други деца бегајќи од пламените, како топлината им го горела ждрелото, како чучнати во вецето го чекале судниот момент... Ноќните кошмари уште долги години ќе бидат нивен несакан ноќен придружник“ - вели во својата Фејсбук објава д-р Нико ...
Сведоштво од скопска болница: „Млада медицинска сестра седеше да теши мајка на пациент - девојче ти си херој“ „Пред Градска болница седи мајка, исплакала и солзи, не може вода да пие, да зборува, не може да дише. Доаѓа медицинска сестра, младо девојче, веројатно излезено од клупа. Ја фати за рака, ја масираше: 'Мајка, исплачи се, ќе ти биде полесно, сите сме од крв и месо'. И ја убеди некако мајката да се напие вода“ - пишува во виралниот ...
Ана го преживеа пожарот во Кочани: „Викав - Помош, спасете ме, ве молам, немам воздух“ „Извикувам: - Помош спасете ме! Ве молам! Немам воздух! Само очај во моите очи имаше - ОЧАЈ!“, вели Ана Карова, девојка која го преживеа страшниот пожар во Кочани, но ги изгуби пријателите таму. Потоа, се огласи и нејзината мајка Анета: „Пристигнавме таму и тоа само затоа што Ана успеа да ни се јави, со натчовечки напори се борела да дојде до телефонот...“ ...
Заглавените астронаути се вратија на Земјата: Не можат да одат сами, може да имаат проблеми со срцето и видот По девет месеци во вселената, астронаутите Сунита (59) и Бери (62) ќе поминат најмалку 45 дена на рехабилитација, со цел да си го стабилизираат здравјето. Со какви проблеми може да се соочат по толку долг престој во микрогравитација? По девет долги месеци на Меѓународната вселенска станица, астронаутите Сунита (Суни) Вилијамс и Бери ...
Кои се 5-те фази на тагување и како да си помогнете кога ви е најтешко? Тагувањето е нормална реакција на загуба, но може да предизвика емоции кои не ги очекувате, како гнев и страв, па добро е да бидете свесни за фазите на тагувањето, со цел подобро да ги разберете своите чувства. Тагувањето е нормална реакција кога ќе ги изгубиме некого. Може да се опише како емоционална болка која некогаш е пресилна, но и која може да биде придружена со ...
Дел од најголемите трагедии со пожари од поново време Во 2023 година, на свадбена прослава во Ирак настана оган поради пиротехника при што загинаа над 100 луѓе, вклучувајќи ги и младенците… За жал, пожарите како во кочанската дискотека не се баш ретки и, во поново време, секоја држава се соочила со некоја ваква трагедија барем еднаш. Со број на жртви што достигнува, па и надминува сто, некои трагедии се толку големи што се зборуваат и со ...
16-минутен молк на скопскиот плоштад, тишината никогаш поболна - Собир за почит кон жртвите на пожарот во Кочани (фото+видео) Ѕвездено небо за 59-те прерано згаснати животи, 16-минутен молк за жртвите од пожарот кој се случи на 16-ти март, транспаренти со моќни пораки, црни балони пуштени кон небото и тага која се чувствуваше во тишината и покрај огромната толпа народ која го преполни плоштадот во Скопје, во чест на загинатите во трагедијата ...
74-минутен молк со македонски знамиња во Белград – Почит за настраданите во Кочани жртвите во Нови Сад „Така се прави тоа! А не со посета на интензивна нега“ – коментираат Србите под видеата кои покажуваат дека нашите соседи се солидаризираат со болката која ја чувствуваме и оддадоа почит кон жртвите во Кочани пред македонската амбасада во Белград. Денес (18.03.2025) во Србија е прогласен ден на жалост за трагичниот пожар кој се случи во ...
75-минутен молк со македонски знамиња во Белград – Почит за настраданите во Кочани жртвите во Нови Сад „Така се прави тоа! А не со посета на интензивна нега“ – коментираат Србите под видеата кои покажуваат дека нашите соседи се солидализираат со болката која ја чувствуваме и оддадоа почит кон жртвите во Кочани пред македонската амбасада во Белград. Денес (18.03.2025) во Србија е прогласен ден на жалост за трагичниот пожар кој се случи во ...
За Кочани, со срце – МТЕЛ Македонија донира 3.000.000 денари и повикува на солидарност Деновиве, Кочани минува низ тешки моменти. Семејства се соочуваат со загуби, домови се уништени, а целата заедница е погодена од оваа трагедија. Во вакви времиња, најголемата сила лежи во човечноста, солидарноста и заедничката поддршка. Како компанија што гради поврзаност и ја става заедницата во свјот фокус, МТЕЛ верува дека секој гест на добрина има моќ ...
Венко Андоновски по трагедијата во Кочани: „Паднавме на испитот - не успеавме да се погрижиме за нашите деца“ „Ние сме обични контејнери од кожа, контејнери за човечки отпад: лакомост, грабливост, среброљубие, бесчувствителност, со максимална покорност кон неговото височество Џебот. Контејнери од кожа со кожни паричници полни пари, беден остаток од некогашниот чувствителен човек“, пишува Венко Андоновски во својот „Реквием за нашите деца“. ...
Детали за најсмртоносниот пожар во дискотека во Бразил во 2013-та: Настанал од пиротехника, загинале 242 лица Во 2013 година, Бразилците се соочиле со слична трагедија како нашата деновиве. Во пожар во дискотека загинале дури 242 лица, на возраст од 18 до 30 години. Дискотеката била преполна, со само еден излез и без противпожарни апарати. За инцидентот е снимена и серија. Трагедијата во кочанската дискотека каде што (досега) загинаа 59 лица ...
Почина сопругот на српската актерка Светлана Бојковиќ - 14 години беа неразделни Миленичката на публиката, популарната Емилија Попадиќ од серијата „Bolji život“, го загуби својот сопруг по повеќемесечна борба со вирусна инфекција на градите. Актерката Светлана Цеца Бојковиќ го загуби сопругот по 14 години брак. Славко Круљевиќ, сопругот на актерката беше српски дипломат и амбасадор на земјата во Финска. Тој починал по повеќемесечна борба со ...
Спасен Силјаноски за Андреј: „Му реков брат што бараш на мој настап, ти си урбан, а јас сум фолк тип, а тој дури се фати за микрофонот“ „Ми се јави на телефон Андреј и ми вели: Батко Спасен чувај ми масичка ќе дојдам вечер на свирка кај тебе... Јас му одговарам: А бе брат што бараш, нема да ти се допадне. Ти си урбан лик, а јас сум фолк тип. Не братко Спасен, ние сме слични, двајцата сме го поминале истиот трнлив пат до успехот“, гласи дел од ...
„Говориме различен јазик, но плачеме исто“: Средношколци од Тетово со моќно видео по трагедијата во Кочани Со наведнати глави, црни балони и испишани пораки на рацете, тие ја испратија најсилната порака - дека трагедијата обединува, а болката ја чувствуваме сите подеднакво. По страшната трагедија која се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани, а во која загинаа 59 млади лица, учениците од средното медицинско училиште „Никола Штејн“ во Тетово, ...
Денис, соработник на ДНК: „Ах бе, браќа мои, срцето ми се корне - корупцијата ми ја зема фамилијата“ „Срцето ми се корне, душа не остана. Андрејчо мој, постар брат, татко. Никогаш нема да стигнам да ти се заблагодарам за сите животни совети коишто ми ги даваше после секој наш настап, после секое враќање дома, за секое пиво испиено...“, вели емотивно Денис Даутоглу. На социјалните мрежи се огласи и соработникот на бендот ДНК, Денис Даутоглу. ...
Игор Џамбазов скршен од тага за Андреј: „Малкумина беа како тебе, добри луѓе кои се жртвувале секогаш“ „Не можам ниту да говорам, ниту да пишувам. Онемев. Ослепев. Оглувев. Оглупавев. Андрејчук, малкумина има како тебе. Ти беше од таа специјална сорта. Добри луѓе“ - гласи дел од објавата на Игор Џамбазов за својот колега и пријател, Андреј Ѓорѓиески од ДНК, кој прерано, трагично, но херојски го загуби животот. За Андреј Ѓорѓиески од ДНК, кој ...
Вирален статус: „Кога ќе почнете да ја плукате Македонија, сетете се дека не е до земјата, до луѓето е“ „И оваа земја се вика Македонија – со своите прекрасни планини, езера, реки, плодна почва и традиција богата со вкусни јадења, песни и приказни. Земја што ни дала сè што ни треба за живот, но она што ја прави тешка – тоа сме ние, не таа. Не е до земјата, до луѓето е“. Маја Дукова е вљубеник во патувања, убава храна и вљубеник во пишаниот ...