Јадела само овошје, имала само 22kg: Тажната приказна на девојка што почина од неисхранетост на Бали Каролина од Полска целиот живот се борела со нарушувања во исхраната, за пред крајот на својот живот да почне да јаде само свежо овошје и ништо друго. И покрај молбите од блиските, одбивала медицинска помош и починала сама, во хотел на Бали, со тежина од едвај 22 килограми. Сè повеќе луѓе се одлучуваат за вегетаријански или вегански начин на ...

Македонка е хит со трансформациите - го „исплаши“ синот како Урсула од „Малата сирена“ (видео) Нашата Фрози Фран на ниво на Македонија, кога станува збор за правењето на уникатни и кул маски, е исто што и Хајди Клум на светско ниво. Секогаш уникатна, своја и неверојатно талентирана, таа со својата трнсформација успеа дури да го збуни и своето синче. Погледнете го ова хит видео... Од Фиона од „Шрек“ до Урсула од цртаниот филм „Малата сирена“, ...

Ана Трпчевска (35) е извидник веќе 26 години: „Почнав како дете, преку извидници пронајдов и љубов“ „Станав извидник на 9 години и веќе 26 години сум дел од таа приказна, сега и како претседател (старешина) на мојот одред „Галеб“. Извидништвото претставува еден вид на школа за животот. Тука децата учат најпрво како да се грижат за самите себе, како да му помогнат на другарчето, како да делат и да креираат пријателства за цел живот“, вели Ана ...

Квиз: Дали сте типичен македонски родител? Дали кога детето ќе падне му викате да не се лигави и веднаш да стане или го прегрнувате и разговарате? Дали кога има температура веднаш му ставате облоги од оцет или трчате на лекар? Се плашите ли од промаја? Ајде да видиме дали сте типичен македонски родител или има нешто европско... Секако, пред сè да нагласиме дека станува збор за шеговит квиз и не треба да се сфатат сериозно ниту одговорите ...

Љубовен хороскоп за октомври 2025: Скорпии – вие ќе бидете виновни за конфликтите со партнерот Бикови, во текот на месецот можно е да се соочите со низа проблеми со партнерот. Ситуацијата ќе биде напната и во втората половина од октомври, но со смирен разговор, ќе избегнете ескалација. За некои знаци, октомври ќе донесе конфликти и ќе ја стави врската на тест, додека за други ќе биде вистинско уживање. Слободните, пак, ќе треба внимателно да ...

Сопругот на Антониа Гиговска наполни 28 години – таа го изненади со торта со „Џокер“, најголем подарок му е синот „Мојот животен поклон, мојот НАСЛЕДНИК“ - напиша Роберт Спасенцовски на фотографија со синот Киан, а пак сопругата Антониа, сподели фотка од него полугол, како позира со роденденска торта со ликот на Џокер, по повод 28-иот роденден. Музичарот Роберт Спасенцовски, кој настапува под името Џокер, денес го слави својот роденден. ...

Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Tokyo James во Милано Нашиот интернационален модел, Ивана Манас, која со години работи на светската модна сцена, имаше чест и привилегија да ја отвори ревијата на докажаниот бренд Тokyo James. За било кој модел е голем предизвик и чест да работи на големите шоуа и ревии на врвните дизајнери и брендови, а посебно на Миланската модна недела. Ивана Манас претходно работеше на ревии на светски дизајнери ...

Една од најзгодните (и најбогати) Србинки блеска на 54-тиот роденден, без грам целулит „За мојот изглед најмногу е заслужна генетиката, но би била некоректна ако кажам дека тоа е единствената тајна на мојот добар изглед“, вели модната дизајнерка Маријана Матеус, една од најзгодните Србинки, која прослави роденден во Истанбул. Српската модна дизајнерка Маријана Матеус неодамна го прослави својот 54-ти роденден, а сега објави фотографии од ...

Која е Албанката што го доведе телото на Ким Кардашијан до совршенство? Сенада Грека е личниот фитнес тренер на Ким Кардашијан. Родена е во Албанија, но во тинејџерските години се преселила во САД. На почетокот ѝ било тешко да се адаптира, била исмејувана како странец, но денес соработува со најголемите холивудски ѕвезди. Неодамна Ким Кардашијан ја претстави новата колекција од нејзиниот бренд Skims, направена во соработка со Nike. На ...

Елена Стојчевска на денот на кафето: „Кафе сама во тишина, кафе со семејството - за мене ова е најубавиот ритуал“ Елена Стојчевска е битолчанка која живее во Амстердам веќе неколку години и која открива дека кафето е нејзин најубав ритуал каде и да оди. „Денес е Интернационален ден на кафето... Па, решив да разгледам низ телефонот и да ви споделам неколку фотографии од моите филџани“, вели таа. Дали и вие сте вљубеници во кафето? Елена ...

Исповед на Јелена Спенџарска: „Си купив стан со свои пари, ми се случија преубави работи, а не знам да се радувам - кој е проблемот?“ „Јас луѓе си купив стан со свои пари пред неколку години. Значи цел живот сум мечтаела да имам свој стан еден ден и знаете што си викам кога купив – Па, добро де, секој може денес да си купи стан. Голема работа. Секогаш ги минимизирам своите достигнувања и некој друг е подобар“, вели Јелена Спенџарска. Јелена ...

Земјотрес од 6,9 степени на Филипини: Девојки панично бегаат од натпревар за убавина, деца загинале во спортска сала Поради земјотресот на Филипини има 69 загинати и речиси 150 повредени, а надлежните стравуваат дека овие бројки ќе се зголемат. Под срушените згради уште имало луѓе, а спасувачите се во трка со времето за да ги извлечат. Изминативе неколку години, бројот на природни катастрофи како да се зголемува, но и интензитетот на бурите, ...

Љубов каква што ретко постои: Мајкл Даглас (81) и Кетрин З. Џонс (56) се гледаат вљубено и по 25 години брак Тој е 25 години постар од неа, во брак се исто така 25 години, а се трудат да изгледаат младешки и вљубено како на почетокот – Мајкл Даглас и Кетрин Зета Џонс имаат љубов каква што секој може да посака, а новите фотки на кои играат голф се доказ дека годините не се пречка да уживаат. Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас пред неколку дена ...

„Доктор Слоун“ од Grey’s Anatomy е во количка поради болеста што ќе го парализира: „Ја изгубив цела десна страна‘ Само пет месеци откако ја откри дијагнозата со амиотрофична латерална склероза, актерот Ерик Дејн беше фотографиран во инвалидска количка. Болеста брзо напреднува и целосно ќе го парализира, а тој откри дека веќе ја изгубил целата десна страна. Во април годинава, Ерик Дејн, најпознат по улогата на доктор Слоун во серијата Grey’s ...

Тино Костадиновски: „Кога станав татко сфатив дека јас ќе треба да го воспитувам тоа дете“ „Чувството кога ќе добиеш дете е толку убаво, што немам зборови. Инаку, експерт сум на тема деца. Како станав експерт? Со читање, истражување, апликации, книги, имам многу литература. Поткован сум, најдобро знам да правам гу-гу-гу-гу“, вели Тино во една од ретките прилики каде што зборува за татковството. Актерите и стенд-ап комичари Тино Костадиновски ...

„Многу ме нервира онаа Македонкана на Инстаграм“ Зошто те нервира? Зошто ја озборуваш, искрено? Дали можеби таа успешна Македонка прави да се чувствуваме ужасно затоа што ние се давиме во 2 обврски, а таа се справува одлично со 22 едновремено? И професионалец и посветена сопруга и предана мајка... И сака да се пофали со тоа, па зошто да не? „Леле, многу ме нервира онаа Македонкана на Инстаграм (нема да споделам име и презиме за која станува ...

Те уморува борбата со детето за кои чевли да ги носи, диплењето облека и чистењето на дом, кој е пак хаос за 30 минути Никој не зборува за тешките делови од родителството. Сите изгледаат како да се снаоѓаат лесно. И тоа те тера да се чувствуваш виновна. А веројатно и тие се чувствуваат виновни. Бидејќи, навистина, тие се исти како тебе. „Како си денес?“, те прашуваат спонтано. Враќаш одговор што се очекува. „Добро сум“, велиш, иако, ако ...

Помалата ќерка на Сузана Манчиќ ја наследила убавината од мајка си - обожава уметност и мачки (фото) Таа се занимава со фотографија, не обожава многу појавувања на јавни настани и сака да експериментира со имиџот. Сузана Манчиќ има две ќерки, а помладата е Наталија Куниќ, која студирала фотографија на Академијата за уметност, а оваа професија ѝ е голема страст. Наталија извесен период се занимавала со манекенство и често го менува својот ...

Скопски локал како сцена од есенска бајка - Тикви, суви лисја и портокалови бои за совршени фотки Breadway Taste Gallery, локалот во срцето на Скопје кој неколкупати во годината го менува својот изглед, и оваа есен е „обоен“ во портокалови и кафеави тонови. Breadway Taste Gallery во центарот на Скопје, важи за едно од омилените места на нашите инстаграмџии. Новите декорации на почетокот на секоја сезона мамат воздишки, па кога локалот ќе го ...

6 бои на чевли што ќе ги носиме оваа есен (фото) Иако светлите нијанси како беж се попопуларни во потоплите месеци, можат да бидат вистинско освежување за есенските аутфити. Секоја есен, темните нијанси, како црна и кафеава се класика. Истото важи и оваа есен, но доста популарни се и други, „поживи“ бои кои можат да изгладат навистина добро со есенските аутфити. Шест бои на чевли што ќе доминираат оваа есен: Беж Иако посветлите нијанси се ...

Македонка организираше тајна венчавка во црква за родителите, по 30 години брак: „Двајцата заплакаа од среќа“ „Во договор со брат ми им ги украдовме од дома документите што ни беа потребни, закажавме црква на денот на нивната годишнина, се јавивме на кумовите да се ослободат и да не кажуваат ништо на моите“ - вели Анамарија, која заедно со брат ѝ Александар им организирале тајна венчавка во црква на родителите. Аманарија Јаневски и нејзиниот ...

БУРУ го „размрда” Скопје Викендов, во саботата, се одржа првата БУРУ журка во Скопје. Буру е колектив од млади луѓе кои сакаат да направат промена во културата и ноќниот живот, а токму тоа го остварија со журката која се одржа во Музејот на современа уметност Скопје. „Сте го донеле Берлин во Скопје” и „Скопје вечерва звучи и изгледа како Солун” се само мал дел од позитивните коментари на присутните на Буру. Атмосферата на Буру ја загреваше ...

Српска инфлуенсерка за промената на полот: „Ми требаа 6 месеци за да се навикнам на половиот орган“ „Во декември ќе поминат точно две години откако хируршки го променив полот. Родена сум како маж, во погрешно тело. По операцијата, сè изгледаше грдо во интимната зона, како да се случил некој злостор“, споделува Николина Ковачевиќ од Србија, која е родена како Његош. Инфлуенсерката Николина Ковачевиќ од Србија е родена како Његош, а за ...

Свадба на босански рапер со раскошна декорација и кул златен детаљ – Caffetin за гостите Вонбрачната ќерка на Драган Којиќ Кеба присуствуваше и запеа на свадбата во Белград, на која имаше раскошна декорација, со многу свеќи, цвеќе и интересен детаљ на секоја чинија - Caffetin апче наместо чоколатце, во својата препознатлива златна амбалажа која одговара на украсувањето. Викендов раперот Стјепан Јелица, познат како Албино, се ожени за својата ...

Татко го фрла синот (7) од висока карпа во вода - видео што го разлути светот и ги подели мислењата „Ова изгледа страшно, овој татко е премногу груб кон детето“... се некои од осудувачките коментари, додека таткото се брани „Безбедноста на децата е секогаш наш приоритет“. Што мислите за овој потег? Американско семејство познато како „The Bucket List Family“ на Инстаграм е семејство кое обожава патувања и кое своите авантури ги споделува ...

Маж украл фустан од Ивана Кнез на ревија во Милано: „Го облекол и побегнал, заедно со чантата со аксесоари“ Мајката на нашиот модел Елена Реи, Рената, имала немила случка на Модната недела во Милано, откако еден од фустаните што ги носела, креација на нашата Ивана Кнез, бил украден зад сцената на една ревија од маж. Рената Реи, мајката на Елена Реи, преживеала вистинска драма во Милано, кога маж кој ги украл нејзиниот фустан и чанта со ...

Шајло Џоли со нов имиџ е копија на мајка ѝ Анџелина во младоста – има платинеста коса и пирс на уста (фото) Шајло беше забележана во Њујорк со платинесто руса коса, иста каква што имаше мајка ѝ во младоста, а под усната има ставено и пирс - ќерката на Анџелина и Бред со нов изглед, 19-годишната девојка го има земено најубавото од двајцата, но е копија на мама. Ќерката на Анџелина Џоли и Бред Пит, Шајло, низ годините многупати го промени ...

„Сакав да се убијам кога син ми побегна за да живее со татко му“: Мадона отворено за најболниот период од животот За време на турнејата во Австралија во 2016 година, Мадона задоцни на два концерта, а еднаш се појави и пијана на сцена, со што ги разгневи фановите. Тој период син ѝ Роко одлучил да живее со татко му Гај Ричи, а пејачката мислела дека го изгубила, па размислувала и за самоубиство. Во 2008 година, Мадона се разведе од режисерот ...

Марина Ристовска, наша професорка: „Ах, питата со јаболка од Ванила и кога сами се возевме со автобус во трето одделение - Скопје не е исто“ „Бев трето одделение првпат ме запишаа на курс по англиски у Работнички. Заедно со уште три деца, две девојчиња и едно машко, 2 пати неделно одевме сами на курс и тоа со аутобус. Денес третооделенци до улица не ги пуштаат сами, ама други времиња беа тоа“, вели Марина Ристовска, професорка по книжевност ...

Исидора сподели нови фотографии од свадбата со Марио од 2Бона - уникатен бидермаер, венчаница со тантела Парот позира вљубено, меѓу гостите има и навистина специфични аутфити, а Исидора и Марио изгледаат навистина среќно и релаксирано на нивниот најзначаен ден. Марио Јелиќ - Кун од 2Бона, на почетокот од септември стапи во брак со саканата Исидора, за која пред извесен период зборуваше дека му е најголема поддршка и љубов во животот. ...

weather icon

Белград

6ᴼ / 4ᴼ
3.09
90%
1025
weather icon

Загреб

6ᴼ / 3ᴼ
0.51
88%
1025
weather icon

Софија

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
72%
1026
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.64
81%
1025
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 2ᴼ
0.51
91%
1025
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
5.14
76%
1020
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
76%
1022
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
76%
1024
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
93%
1025
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 6ᴼ
1.54
97%
1024
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
4.63
66%
1023
weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
76%
1026
Currency

61.64

Currency

52.9026

Currency

70.5558

Currency

35.1006

Currency

38.2267

Currency

65.7739

Currency

7.47463

Currency

0.68891

Currency

0.34038

Currency

0.52501

Currency

1.24174

Currency

0.58757

Цинк

3.22

Злато

134976.58

Кобалт

58.42

Бакар

10.96

Калај

40.49

Родиум

255598.44

Платина

52864.82

Никел

473258.99

Рутениум

29192.88

Иридиум

145787.60

Алуминиум

2.91

Паладиум

46361.38