Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју за „Директно“ на Телма телевизија најави зголемување на владиното мнозинство со уште една партија од опозицијата, односно со Турската Демократска Партија која има пратеник во Собранието, и како што појасни партијата влегува како дел од коалицијата која ја предводи ВМРО-ДПМНЕ. „Ќе ги информирам членовите на Извршниот комитет дека во полн ек се преговорите со Турската Демократска Партија ...

Според радарската слика на повеќе места има нестабилност: Поинтензивни процеси со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и наместа појава на град има источно од Неготино и Скопје и се очекува во следниот период да зафати дел од Скопската Котлина и Неготино. Поинтензивни процеси има и во околината на Опшина Градско, информира УХМР. Според радарската слика на повеќе места има нестабилност: Поинтензивни процеси со пороен дожд, грмежи, засилен ветер ...

Христијан Мицкоски, претседател на Владата во интервју во емисијата „Директно“ на ТВ Телма вели дека реконструкцијата која што ја прави како мандатар на Владата на половина од мандатот, всушност значи нова енергија, посочувајќи дека денеска предлозите ќе ги образложи пред членовите на Извршниот комитет на партијата, а потоа истите ќе ги достави до Собранието и пратениците. „Јас веќе го коментирав принципот на оваа реконструкција, не секогаш ...

На 29.06.2026 во 13:30 часот во СВР Струмица е пријавено дека на локалниот пат од с.Робово до с.Муртино, струмичко, патничко возило „опел корса“ со струмички регистарски ознаки, управувано од А.Т.(22) од Струмица, со место на живеење во с.Мокриево, струмичко, излетало од патот и удрило во пластеници, сопственост на К.И. од с.Муртино. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката У.Т.(62) од с.Мокриево, струмичко, констатирани ...

На 29.06.2026 во 13:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека во населба Бардовци, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Х.(34) од Скопје и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од С.Ѓ.(59) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани на Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен е ...

На 29.06.2026 во СВР Скопје е пријавено дека околу 05:30 часот на автопатот „Пријателство“, на сервисната улица која го поврзува со Меѓународен аеродром Скопје, патничко возило „нисан“ со српски национални ознаки, управувано од Н.Ѓ.(33) од Србија, удрило во метална ограда и се превртело. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот и неговата сопатничка А.Ѓ.(26) од Србија, додека со телесни повреди се здобило нивното двегодишно ...

На 29.06.2026 околу 12:40 часот во СВР Куманово е пријавено дека на ул.„Доне Божинов“ во Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат ибица“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.А.(64) од Куманово и мотоцикл со кумановски регистарски ознаки, управуван од Д.С.(49) од Куманово. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал мотоциклистот, а лекар констатирал смрт. Извршен е увид од јавен обвинител и ...

Министерот за правда Игор Филков денеска во Владата на брифинг со амбасадорите ги презентираше резултатите од спроведувањето на Реформската агенда во областа на владеењето на правото, реализираните законски реформи и следните чекори во исполнувањето на европските обврски на државата. Во обраќањето, министерот Филков истакна дека Министерството за правда во изминатиот период реализирало најобемен законодавен реформски циклус, со силна ...

На 29.06.2026 во 20:00 часот во с.Визбегово, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода С.Ш.(29) од Скопје. Претходно, во Центарот за азил во Визбегово, тој агресивно се однесувал и се заканувал со остар предмет на едно женско лице, по што со такси возило го напуштил местото. Набргу, по преземени мерки, возилото е запрено, лицето е лишено од слобода и кај него е пронајден и одземен ...

Градоначалникот на Општина Илинден, м-р. Александар Георгиевски оствари работна средба со деканот на Замјоделски факултет проф. др. Миле Маркоски. На средбата се разговараше за Извештајот од извршените анализи на почвени проби кои што се земаа од неколку локации на територија на општината, во насока на поддршка и развој на земјоделството. Агрохемиските испитувања ги реализираше акредитирана лабораторија при Факултетот за земјоделски науки и ...

Министерот за здравство, Азир Алиу, утрово, го посети реконструираниот објект на Здравствен дом Куманово во населбата „Тоде Мендов“, каде што е извршена целосна реконструкција на приземјето на објектот со вкупна површина од 250 квадратни метри. Објектот има значајна улога во системот на превентивна здравствена заштита и служи како центар за спроведување на училишна вакцинација за подрачјето на општината. За реализација на оваа инвестиција се ...

Прес конференција на Валентин Манасиевски: СДС и Левица во коалиција го блокираат Изборниот законик, ниските рејтинзи на двете партии го вклучија алармот. СДС и Левица здружено, ќе го блокираат Изборниот законик, оној кој со месеци го договараа. Истиот Закон во кој ВМРО-ДПМНЕ прифати се што тие предложија. Единствено нешто што побаравме е по електронски пат нашата дијаспората да може да гласа уште на следните претседателски избори. Прво го ...

Речиси 84 отсто од здравствените работници сметаат дека корупцијата е делумно или многу распространета во секторот во кој работат, но само 14 проценти од нив признаваат дека биле лично вклучени или сведочеле на коруптивен чин во нивната установа. Здравствените работници се свесни за присуството на корупцијата, но најголем дел од нив ја прифаќаат како нормализирана појава и не пријавуваат, покажа истражувањето на Здружението за еманцијапција, ...

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, учествуваше на 67. Генерално собрание на Парламентарното собрание на Организацијата за црноморска економска соработка (ПАБСЕК), што се одржува на 30 јуни и 1 јули 2026 година во Тбилиси, Грузија. На свеченото отворање на Генералното собрание, претседателот Гаши се обрати со говор пред делегациите на земјите членки на ПАБСЕК, изразувајќи го посветувањето на Република ...

На 29.06.2026 во 11:45 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип ја лишиле од слобода Т.А.(39) од Штип поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „примање поткуп“. Претходно, на 22.06.2026 К.Б.(26) од Турција, со привремен престој во Штип, студент на Универзитетот „Гоце Делчев“, пријавил дека А.Т. му побарала 300 евра за да положи испит кој дополнително ќе го полагал на 29.06.2026. Преземени се мерки во координација ...

Поранешниот генерален секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, оцени дека САД и понатаму во голема мера зависат од своите европски сојузници, и покрај критиките на американскиот претседател Доналд Трамп кон Алијансата. Столтенберг, кој сега е министер за финансии на Норвешка, изјави дека одбраната на САД започнува на границата меѓу Европа и Русија, посочувајќи дека Норвешка има важна улога во следењето на руските подморници и во системите за рано ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги осуди руските напади врз Запорожје и Днепар во своето вечерно обраќање, нарекувајќи ги „многу цинични“. Тој рече дека руските сили во Запорожје со беспилотни летала нападнале цивилни возила, вклучувајќи минибус и градски автобус, што резултирало со смртни случаи и повреди. Според него, во Днепар бил погоден цивилен производствен погон, каде што имало и жртви. Напади се регистрирани и во регионите ...

Силна експлозија го потресе Кнежевството Монако вчера вечер, при што беа повредени најмалку три лица, од кои две се во критична состојба. Инцидентот се случил кратко пред 21 часот во станбена зграда на улицата „Реверен Пере Луј Фрола“, во близина на плоштадот Place des Moulins и недалеку од француската граница. Според првичните информации, се сомнева дека станува збор за терористички напад, а сторителот се бара, пишува „Ле Фигаро“. Жртвите се ...

Американскиот претседател Доналд Трамп ги предупреди трговците на мало со гориво веднаш да ги намалат цените или ќе се соочат со „големи проблеми“. „Продавачите на гориво мора да ги намалат цените, СЕГА“, напиша Трамп на својата платформа за социјални медиуми Truth Social. „Нема да има зголемување на цените, што е целосно нелегално. Ако трговците на мало не го сторат ова, тие се во голема неволја! Започнете да се насочувате кон околу 2,50 ...

Русија може привремено да им дозволи на компаниите да произведуваат бензин и дизел со понизок квалитет и да увезуваат такви производи, објави дневниот весник „Комерсант“ во понеделник, додека земјата се обидува да го намали недостигот на гориво поради украинските напади врз руските рафинерии. Весникот, повикувајќи се на нацрт-владин документ, објави дека Русија може да дозволи производство и увоз на бензин и дизел Еуро-2 со значително ...

За да се квалификуваат за дозвола за престој, барателите на азил во Обединетото Кралство можеби ќе треба да ѝ вратат на државата околу 10.000 фунти за сместувањето и финансиската помош што ја добиле, соопшти владата доцна вчера. Имиграцијата е едно од најспорните прашања во британската политика. Редовно се појавува во анкетите на јавното мислење како една од главните грижи на гласачите и повремено доведува до протести и тензии. Лабуристичката ...

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, рано утрово изјави дека се пресретнати 46 украински дронови лансирани кон главниот град на Русија, но не прецизираше дали има повредени или материјална штета. Во серија пораки на Телеграм, Собјанин спомена девет бранови дронови кои биле уништени од противвоздушната одбрана додека се движеле кон градот. Тој прецизираше дека спасувачките екипи се распоредени во областите каде што паднале остатоците од ...

Кога руските војници пристигнуваат на одредени делови од украинскиот фронт, тие можат да очекуваат да преживеат во просек само 20 до 35 минути, според мрачната проценка на руските воени блогери која во извештајот за Foreign Policy ја пренесе историчар од Оксфорд, Питер Франкопан. Иако тврдењето не е независно потврдено, слични извештаи се сè почести на руските воени канали. Тоа сугерира дека повеќе Руси стануваат свесни за војната и за ...

Жан-Лук Меланшон, основачот на француската левичарска партија „Непослушна Франција“, изјави дека Париз треба да го напушти НАТО и да започне директен дијалог со Москва, со цел да се создадат услови за прекин на украинскиот конфликт. Зборувајќи на геополитички симпозиум, Меланшон оцени дека Франција мора да води понезависна надворешна политика и дека не смее да ја прифати логиката на блоковските поделби и затворените меѓународни формати. ...

Портрет на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел, насликан од малку познатиот уметник Жереми Кејрас, ќе биде откриен во берлинскиот музеј Боде на Музејскиот остров, речиси пет години откако таа ја напушти функцијата. Сликата ќе биде изложена во Музејот Боде три месеци од вторник, по што ќе биде преместена во канцеларијата на канцеларот подоцна оваа година. Меркел даде скромен коментар за моментот во неодамнешното интервју за весникот ...

Мал авион се урна утрово во близина на аеродромот кај Вршар, во хрватскиот дел на Истра. Несреќата се случила околу 8:35 часот, а според првичните информации, едно лице е повредено, додека уште едно лице поминало без повреди. Од полицијата соопштиле дека веднаш по пријавата на местото на настанот биле испратени сите надлежни служби за итна интервенција. Според информации објавени во хрватските медиуми, пилотот на леталото е државјанин на ...

Сончевото време и пријатните температури веќе ги привлекоа првите туристи на црногорскиот брег. Закупците на плажите во Улцињ велат дека одењето на море оваа година не треба значително да го оптовари семејниот буџет и најавуваат дека цените, и покрај инфлацијата, ќе останат на нивото од минатото лето. Цената за изнајмување сет лежалки ќе се движи од 12 до 20 евра. Закупецот на плажа Арти Режа за RTCG изјави дека нема да има зголемување на ...

Дваесет и едногодишна девојка почина во Грција, откако била донесена во здравствена установа во градот Псахна во многу тешка состојба. Според кажувањата на нејзиното семејство, таа претходно наводно била касната од оса, по што ѝ се слошило и изгубила свест. Медицинскиот персонал веднаш започнал со обиди за спасување, но и покрај повеќечасовната интервенција, девојката не преживеала. Случајот предизвикал вознемиреност, поради што била повикана ...

Синоќа, дванаесетгодишно момче од Младеновац, Србија е примено во детската болница во Белград со исклучително тешки повреди, објави „Телеграф.рс“. Според првичните информации, момчето е во критична состојба, а лекарите се борат за неговиот живот откако целата конструкција на автобуска постојка паднала врз него. Во еден момент, момчето се држело за конструкцијата на постојката. Следната секунда, масивната конструкција целосно попуштила и се ...

На 28.06.2026 околу 08:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на регионален пат Скопје-Велес се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.С.(75) од Скопје и мопед „хамачи“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Т.Т.(54) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Јавна здравствена установа „Св.Наум Охридски“ во Скопје. ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1029
weather icon

Белград

0ᴼ / 0ᴼ
1.54
86%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
0.51
67%
1028
weather icon

Софија

-1ᴼ / -1ᴼ
0.0
100%
1028
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.85
95%
1030
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
85%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
63%
1026
weather icon

Тирана

11ᴼ / 8ᴼ
1.54
75%
1024
weather icon

Подгорица

5ᴼ / 5ᴼ
2.06
87%
1025
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
2.24
63%
1032
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 2ᴼ
1.34
76%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
5.14
90%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Кобалт

33.53

Сребро

1670.34

Цинк

3.76

Бакар

12.58

Злато

130856.75

Калај

46.54

Иридиум

315077.32

Родиум

295786.87

Паладиум

32279.35

Алуминиум

3.07

Платина

49319.25

Рутениум

61086.42