Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Јужнокорејското Обвинителство побара затворска казна од една година за сопственик на ресторан со две „Мишелин ѕвездички“, обвинет за ставање мравки како додаток во десертите на гостите, објавија тамошните медиуми. Судските документи не го именуваат ресторанот, ниту сопственикот. Обвинителите во понеделникот побарале и казна од 20 милиони вони (околу 12.200 евра) за ресторанот, бидејќи мравките не се меѓу 10-те видови инсекти дозволени во ...
Украина извршила нови напади врз логистички центри на „Вајлдберис“, најголемата руска компанија за онлајн-трговија, при што се повредени неколку лица, пренесуваат светските агенции повикувајќи се на соопштение на директорката и коосновачка на компанијата, Татјана Ким. Според Ким, погодени биле магацини на компанијата во Краснодар и Невиномиск, во Краснодарскиот и Ставрополскиот крај. Таа преку „Телеграм“ соопшти дека компанијата, во соработка ...
Силното невреме што вчера зафати делови од Балканот предизвика повеќе штети во Босна и Херцеговина и Хрватска, откако гром усмрти околу 30 овци во БиХ, а предизвика и шумски пожар во близина на Макарска. Според босанската национална телевизија, гром синоќа удрил во стадо овци на планината Хрбина во Босна и Херцеговина, при што угинале околу 30 животни. Подрачјето на општина Бугојно беше зафатено од силно невреме, при што за еден час наврнале ...
Американскиот претседател, Доналд Трамп, смета дека претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, би бил соодветен кандидат за иден генерален секретар на Обединетите нации, објави американскиот весник „Њујорк пост“ повикувајќи се на извори блиски до Трамп. Според нујоршкиот весник, Трамп високо го оценил начинот на кој Инфантино го организирал Светското фудбалско првенство во САД, Канада и Мексико, а по завршувањето ...
Тридневниот топлотен бран, прв за летово во Грција, се очекува да кулминира денеска со температури што во одредени делови на земјата може да достигнат и над 42 степени, додека во областа Атика, поширокиот регион на Атина, опасноста од пожари е екстремно висока, на ниво на тревога, јави дописничката на МИА од Атина. Поради високите температури што се очекуваат во текот на денешниот ден во неколку грчки области, со одлука на Министерството за ...
Градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани, го нарече израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху воен злосторник и изјави дека се согласува со Меѓународниот кривичен суд (МКС) дека Нетанјаху треба да биде уапсен и изведен пред суд. „Бенјамин Нетанјаху е воен злосторник, архитект на ужасен геноцид врз палестинскиот народ“, изјави Мамдани во видео објавено на социјалните мрежи. Тој го обвини Нетанјаху дека е одговорен за смртта на повеќе од 73 ...
Францускиот парламент усвои закон со кој од јануари 2027 година ќе биде забранет пристапот до социјалните мрежи за лица помлади од 15 години. Со тоа Франција станува првата европска земја што воведува целосна забрана за користење на тие платформи за деца, а сите корисници ќе мора да ја потврдат својата возраст. Одлуката е донесена поради зголемената загриженост за влијанието на социјалните мрежи врз менталното здравје на децата, во период ...
Британскиот премиер Ендру Бернам денеска изјави дека заедно со новиот министер за правда Алекс Норис ќе ја преиспита политиката за предвремено ослободување на затворениците. Тој додаде дека не може да го негира притисокот врз затворскиот систем во Велика Британија поради недостиг на места, но оти сака да се увери дека сите аспекти се разгледани. – Не можам да кажам дека можам целосно да ја сменам таа политика, но детално ќе ја разгледам пред ...
Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров потврди дека утре на маргините на Самитот на Асоцијацијата на земји од Југоисточна Азија (АСЕАН), што се одржува во Манила, ќе се сретне со американскиот државен секретар Марко Рубио. Лавров истакна дека ќе го праша Рубио за изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека војната во Украина ќе заврши за време на неговиот претседателски мандат. Во секој случај, средбата ќе биде корисна, ...
Советот на Европска Унија денеска објави дека го одобри Велика Британија да се вклучи ви заемот од 90 милијарди евра за Украина. Ова значи дека Киев ќе има поширок избор на добавувачи на воена опрема, се наведува во соопштението на Советот на ЕУ. Заемот ѝ обезбедува на Украина 60 милијарди евра оваа и следната година за инвестиции во одбранбената индустрија и купување одбранбена опрема, како и 30 милијарди евра директна економска и буџетска ...
Бугарскиот парламент го одобри барањето на САД за распоредување американски авиони-цистерни во воздухопловната база „Безмер“ како поддршка на американските воени операции на Блискиот Исток, додека премиерот Румен Радев изјави дека Бугарија ги исполнува своите сојузнички обврски и категорично ја отфрли можноста од нејзина територија да се изведуваат борбени операции. Предлогот на Владата беше поддржан од 124 пратеници на „Прогресивна Бугарија“ ...
Без индустриски меса, без шеќерни желатини и сирупи…Пациентите во Оштата болница во Темпа, САД, од пред пет дена почнаа да добиваат исклучиво здрави и нутритивно богати оброци. Оваа болница стана првата американска болница која ги примени новите протоколи на министерот за здравство Роберт Ф. Кенеди Џуниор кој е во отворена војна со прехранбената индустрија што форсира ултрапроцесирана храна. „Болниците постојат за да ги лекуваат луѓето, а ...
Владата го одобри ребалансот на Буџетот за 2026 година, со кој се обезбедуваат дополнителни финансиски средства за повеќе сектори, меѓу кои земјоделството, здравството, образованието, спортот и социјалната заштита. Предлогот, во кој се вклучени и прифатените амандмани од собраниската комисиска расправа, ќе биде испратен до Собранието на конечно усвојување. Од Министерството за финансии информираа дека со измените се обезбедува поголема ...
Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година, кој Владата вчера го усвои по комисиската расправа во Собранието можеби изгледа како вообичаена финансиска операција со која се коригираат приходите и расходите на државата. Но, подеталниот поглед покажува дека зад бројките се крие многу поширока политичка и економска стратегија. Од министерството за финансии денеска го соопштија начинот на кој се распределуваат дополнителните средства кои ...
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во мај годинава изнесуваше 49.544 денари, а во однос на мај лани е повисока за 8,2 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината за 11,9 проценти, ...
По невремето проследено со силен ветер, дожд и локални поројни врнежи, на повеќе подрачја во државата се регистрирани материјални штети, паднати дрвја, оштетени кровни конструкции, прекини во електроснабдувањето и други последици, соопшти Центарот за управување со кризи. Екипите на надлежните институции се на терен и работат на расчистување на последиците и нормализирање на состојбата. Во Скопски регион по 17 часот, преку Единствениот број за ...
Младите масовно ја напуштаат Македонија. Не сакаат да живеат во земја во која нема перспектива, систем, добра работа, во која немаат иднина. Не сакаат да бидат дел од иднина каква што Драган Павловиќ Латас и Мицкоски ја кројат за нив. Латас, човекот кој со децении работи за странски служби, денеска слободно ја води највалканата пропаганда во земјата. Неговото семејство е со обезбедена европска иднина, бугарски пасоши, додека на младите им ...
Невремето што ја зафати државава вчера попладне предизвика најголеми последици на подрачјето на СВР Скопје, каде синоќа до 22:00 часот биле евидентирани 117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари и 10 повредени лица, информира Министерството за внатрешни работи. Дополнително, оштетени се повеќе објекти од витално значење, меѓу кои објектите на ОЈО ГОКК, комплексот „Вили Водно“, ...
На денешната седница е да поразговараме за повеќе аспекти на процесот на проширување на Европската Унија, кои се актуелни во изминатиот период, процесите кои со многу голема динамика се случуваат во Европската Унија. Проширувањето, како еден од врвните приоритети на што се става акцент од страна на Европската Унија во изминатите месеци, со конкретни чекори кои се случуваат и кои го развиваат скептицизмот, би рекол, посебно кај нас, нашите ...
Вкупно 11 пациенти биле примени во Ургентниот хируршки центар по невремето што вчера го зафати Скопје, од кои тројца се здобиле со тешки телесни повреди, а осум со полесни телесни повреди. Како што информира за МИА директорот на ТОАРИЛУЦ, Игор Мерџановски, една пациентка со повреда на главата и фрактура на десната потколеница е задржана на понатамошно лекување на Клиниката за неврохирургија. На Клиниката за трауматологија е хоспитализиран и ...
Краткото, но интензивно невреме со силен ветер што го погоди Скопје вчера попладнето, предизвика големи штети, а за денеска е најавено ново невреме од страна на УХМР. Сите граѓани на кои им е потребна помош, да пријават штета или друга итна состојба, можат да се јават на телефонскиот број 112, но и на: 072314929 072314909 02/3297-204 – Поради силното невреме што го зафати Скопје, Кризниот штаб на Град Скопје, заедно со сите надлежни служби и ...
На Автоматската метеоролошка станица во Штип, во 17:00 часот, е регистриран оркан со максимален удар на ветер од 134 km/h со правец запад-северозапад (WNW). Во Скопската котлина, на Автоматската метеоролошка станица Скопје, во 16:10 часот е регистриран оркан со максимален удар од 130 km/h со правец север-северозапад (NNW). Ветер со истата јачина од 130 km/h е регистриран и на Автоматската метеоролошка станица Ново Село во Струмица, во 17:50 ...
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната седница на Националниот совет за евроинтеграции порача дека додека Европската Унија го забрзува процесот на проширување, Македонија останува единствената земја кандидат која не бележи никаков напредок. Филипче посочи дека регионот се движи напред, а Македонија стагнира во момент кога Европската Унија јасно покажува дека проширувањето е еден од нејзините клучни приоритети, што се потврдува ...
Вчерашното невреме кое зафати повеќе градови во државата сериозно ја погоди и електродистрибутивната инфраструктура, како на среден така и на низок напон. Поради оштетувања и неколку стотици паднати столбови, без напон останаа 2.308 трафостаници на Електродистрибуција, информираат од ЕВН Македонија. Нагласуваат дека засилени екипи на компанијата работеа без престан во исклучително тешки услови и успеаја да санираат дури 90 отсто од дефектите. ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на седницата на Националниот совет за евроинтеграции предупреди дека ако состојбата со евроинтеграцискиот процес на Македонија остане „статус кво“, без напредок на европскиот пат, државата може да се соочи со губење на можноста да ги користи европските фондови во следниот повеќегодишен буџет на Европската Унија. Филипче порача дека стагнацијата нема да има само политички, туку и сериозни економски ...
Клиничка болница-Штип денеска ги извести сите болници и здравствени домови во Источниот регион пациентите кои се со скршеници во наредните денови да не ги препраќаат или да ги транспортираат на штипското Одделение за ортопедија. Причината е штетат од синоќешното невреме, по кое од силниот ветар кој се движел со брзина од 134 километри на час падна дел од кровната конструкција на Клиничка болница-Штип. -Ве известуваме дека поради вчерашната ...
Во текот на вчерашниот ден продолжи трендот на значително намалување на бројот на новопрегледани пациенти – лица кои прв пат побарале лекарска помош поради симптоми на гастроентеритис, покажуваат податоците од јавните здравствени установи во Гостивар. Како што информира Министерството за здравство, во Општата болница „Д-р Ферид Мурад” – Гостивар се регистрирани 60 нови прегледи на инфективното одделение, 37 нови прегледи на педијатриското ...
Во водата за пиење од градскиот водовод во Валандово е утврдено зголемено ниво на арсен, соопшти денес ЈП „Комунален сервис“ од Валандово. Според информацијата објавена на социјалните медиуми од страна на јавното претпријатие, присуството на арсен во водата за пиење е утврдено во добиените резултати од извршените анализи од Институтот за јавно здравје – Скопје. – Поради наведеното, се препорачува водата од градскиот водовод во Валандово да не ...
Согласно резултатите од анализите на мострите извршени од Институтот за јавно здравје, водата во Гостивар во моментов е неисправна за пиење и за техничка употреба. Граѓаните се повикуваат строго да ги почитуваат препораките на надлежните институции и до понатамошно известување да не ја користат водата од водоводната мрежа. Ова е информација за која, меѓудругото, се разговарало на денешната седница што се одржала во Центарот за управување со ...
Аргентинскиот напаѓач Лионел Меси им кажал на своите соиграчи дека финалето на Светското првенство во 2026 година против Шпанија (0:1 по продолженија) е неговиот последен натпревар за репрезентацијата, објави новинарот Хернан Кастиљо. Меси играше на своето шесто Светско првенство. Триесет и деветгодишниот Аргентинец постигна осум гола и имаше четири асистенции на осум натпревари на Мундијалот во САД, Канада и Мексико. Претходно беше објавено ...