Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, поизразен во источните делови и долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 30 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ...

На ГП „Богородица“ се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за излез од државата е околу 2 часа, а за влез на ГП „Табановце“ околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата – информира АМСМ во утринскиот извештај за состојбата на патиштата. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на ...

Водата е отруена веќе во шест населени места. Гостивар. Валандово. Лешок. Крушево. Пласница. Преглово. Дури и во болницата во Лешок немаше безбедна вода. Сега бела пена тече низ Лепенец и Вардар. Отровот стигна до Скопје. Мицкоски и организираната криминална група ВМРО немаат милост. Нема одговорност. Нема кривични пријави. Обвинителот Савески се сокри. Нема наредба од Мицкоски. Никој не одговара. Никој од надлежните институции не поднесе ...

Во Хрватска бензинските пумпи веќе ограничија точење гориво пред најавеното драстично поскапување. Информациите протекоа денеска. Од вторник се очекува значителен скок на цените. Прашањето е едноставно: Дали Христијан Мицкоски повторно ќе ги повика соседите да доаѓаат да точат гориво во Македонија? Лани, со намалувањето на ДДВ-то на горивата, Македонија стана бензинска пумпа за регионот. Соседите доаѓаа, полнеа и си заминуваа. Буџетот загуби ...

На граѓаните на Гостивар им се случи огромна здравствена катастрофа, труење со вода. Најдраматичен доказ за целосниот системски распад на здравството и институциите кои ги води ВМРО-ОКГ. За труењето на над 3.000 граѓани на Гостивар мора да има одговорност, од локално па до централно ниво. Политичка и кривична. Од сите. Не може да се отруе цел град и да нема ниту една оставка од оние кои потфрлиле, не може да луѓето да пијат отровна вода а ...

Водата веќе не е за пиење во 7 населени места во Македонија. Гостивар, Валандово, Крушево, Пласница, Прилеп, Лешок, Преглово. Прашање е кој град е следен. Бидејќи изворот Студенчица го користат и Кичево, Македонски Брод, Долнени ризикот е дека и за овие места водата може да биде загадена. Мицкоски отвора базени додека во седум населени места водата е неисправна за пиење а низ Лепенец и Вардар тече бела пена. Отровот стигна и до главниот град ...

Загадувањето на реката Лепенец значи дека отровот веќе стигна и во Скопје. Белата боја и обемот на пената што вчера се појави на сливот на реката Лепенец во реката Вардар, најчесто се знак на синтетичко загадување. Ова е сериозен аларам власта нема капацитет за заштитата на животната средина и безбедноста на водните ресурси. Наместо конкретни мерки и одговорност градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, си игра со дронови, од воздух ќе го ...

Министерот за здравство Сашо Клековски ја посети Специјалната болница за белодробни заболувања во Лешок по најавите во медиумите дека водата за пиење во болницата не е во исправна состојба. Зборувајќи за моменталната здравствена состојба на граѓаните од Гостивар тој истакна дека се забележува намалување на бројот на лица што се јавуваат за лекарска помош. -Денеска имаме состојба од 80 новопријавени пациенти што е двојно намалување од ...

Катастрофата во Гостивар можеше да се спречи доколку институциите реагираа навреме, доколку предупредувачките знаци не беа игнорирани и доколку граѓаните беа навремено информирани, нагласи претседателката на Форумот на жени на СДСМ, Каја Шукова, во интервју, за Македонската радио-телевизија. Шукова посочи дека задоцнетата реакција на надлежните институции доведе до сериозна здравствена криза, и додаде дека мора да се изврши проверка прво на ...

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје ја прифатил понудената гаранција од над 1,15 милион евра за осомничениот Муамед Сејдини, поранешен претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), по што му е укината мерката притвор и ќе се брани од слобода. Од Основниот кривичен суд Скопје информираат дека гаранцијата се состои од засновање хипотека врз недвижен имот, а истовремено, заради обезбедување на присуството ...

Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација, Луис де ла Фуенте, изјави дека неговиот тим сè уште не го достигнал својот врв и оти најдоброто допрва доаѓа за репрезентацијата која под негово водство веќе ги обедини титулите европски и светски првак. Во интервју за шпанскиот весник „Марка“, по триумфот над Аргентина во финалето на Светското првенство, Де ла Фуенте рече дека чувствува гордост, емоции и наклонетост кон обединетата земја. ...

Англискиот репрезентативец во редовите на Баерн Минхен, Хари Кејн, ќе почне преговори со раководството на германскиот првак за нов договор. Капитенот на англиската репрезентација има договор до крајот од сезоната, а како што објави денеска Би-Си-Си, раководството на Баерн сака да го задржи во тимот. Според истиот извор, Кејн е информиран за намерите на клубот и се очекува преговорите да напредуваат во следните неколку недели. Кејн во 2023 ...

Мек, сочен и миризлив колач кој ја носи целата убавина на летото во едно парче. Комбинацијата од свежи сливи и тесто создава едноставен, а неодолив десерт што е совршен за попладневно кафе или семејно дружење. Состојки: 3 јајца 6 лажици кафеав шеќер 13 лажици масло 13 лажици млеко 9 лажици меко пченично брашно 9 лажици остро пченично брашно 1 прашок за печиво 30 г ванилин шеќер 1 кг свежи сливи шеќер во прав за наросување Подготовка: Сливите ...

Во првата половина од 2026 година Холивуд се соочи со големи финансиски загуби поради филмските неуспеси. На петто место се најде филмот „Меланија“. Автобиографијата оствари заработка од околу 16,7 милиони долари, со буџет од 40 милиони долари. Филмот беше претставен во над 20 земји, но со мал интерес од публиката. Веднаш под него е „Невестата“, во режија на Меги Џиленхол, со Џеси Бакли и Кристијан Бејл во главните улоги. Филмот заработил ...

Дваесет и четиригодишен жител на виничкото село Градец е лишен од слобода откако, управувајќи автомобил без возачка дозвола и под дејство на алкохол, предизвикал сообраќајна несреќа на регионалниот пат Грдовци–Зрновци, во која едно лице е тешко повредено, а две се здобиле со полесни повреди. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила на вчера околу 3:30 часот, кога Д.Н. (24), управувајќи патничко возило ...

Триесет и двегодишен жител на Кавадарци е приведен откако бил затекнат при преземање 2.000 евра од 50-годишна кумановка, која го пријавила дека со лажно ветување за посредување за добивање странски пасош ја измамил за вкупно 9.000 евра. Парите што ги зел при последната средба биле претходно криминалистичко-технички обработени од полицијата, а осомничениот пред јавен обвинител го признал делото. Според пријавата, осомничениот ѝ ветил на жената ...

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, денеска оцени дека намерата на американскиот претседател, Доналд Трамп, да ги искористи замрзнатите ирански средства за покривање на штетите на бродови погодени во напади на иранските сили во Персискиот Залив претставува „опасен преседан“. „Запленувањето средства на друга држава за подмирување идни побарувања…претставува опасен преседан“, напиша Арагчи на социјалната мрежа „Икс“. Претходно ...

Во украински напади со дронови погоден е и опожарен магацин за стоки во Санкт Петербург, јавија светските агенции повикувајќи се на локалните власти и свои дописници. Гувернерот на вториот по големина руски град, Александар Беглов, соопшти дека Санкт Петербург денеска бил нападнат со беспилотни летала што се користат за воени цели. „Нападот беше насочен кон објекти на цивилната инфраструктура“, напиша Беглов на социјалните мрежи, додавајќи ...

Шест кандидати за функцијата генерален секретар на Обединетите нации синоќа пред Генералното собрание на ОН ги претставија своите приоритети, на дебата организирана во формат сличен на телевизиско шоу. Кандидатите за наследник на Антонио Гутереш по истекот на неговиот маднат, одговараа на прашања за предизвиците со кои се соочува Светската организација, меѓу кои застојот во Советот за безбедност на ОН, финансиските притисоци, зголемениот број ...

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани со сериозна воена одмазда против Иран и неговите сојузници Хути, кои нападнаа два саудиски танкери во Црвеното Море. Трамп рече дека ќе го смета Иран за одговорен за какви било идни напади од страна на јеменските бунтовници. Хутите објавија дека воведуваат поморска блокада врз Саудиска Арабија, која пренасочува милиони барели нафта дневно кон Црвеното Море за да ја заобиколи иранската блокада ...

Во рамките на механизмот за цивилна заштита на Европската Унија, Грција позитивно одговори на барањето на Шпанија за помош во справувањето со големите шумски пожари, нудејќи два противпожарни авиони од типот канадер ЦЛ-415, информираа од Министерство за климатска криза и цивилна заштита, јави дописничката на МИА од Атина. Шпанската страна веќе ја прифатила грчката помош, а во тек е процесот на финализирање на оперативните детали. Авионите, ...

Површините изгорени во шумски пожари во европскиот регион се зголемени за 57 проценти во последните четири години, а Португалија и Шпанија годинава бележат повеќе од двојно поголеми површини зафатени од пожари во споредба со истиот период лани – предупреди денеска регионалниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, Ханс Анри Клуге. Во соопштението на Регионалната канцеларија на СЗО за Европа, објавено во Копенхаген, ...

Вршителката на должност претседателка на Косово, Аљбуљена Хаџиу ја закажа конститутивната седница на парламентот на 6 август. Таа наведе дека седницата за конституирање на парламентот е закажана пред истекот на законскиот рок, што истекува на 7 август. – Со оглед на тоа што уставните рокови за избор на претседател на Косово почнуваат да течат дури по конституирањето на Собранието, решив да не ја свикувам седницата набрзина, туку да го ...

Посетата на претседателката на Република Индија, Друпади Мурму носи посилно економско поврзување со Македонија кое отвора можност за нов инвестициски циклус со нови работни места, поголемо производство, зголемен извоз и нови деловни можности за домашните компании. Историската посета на индиската претседателка и одржувањето на бизнис-форумот меѓу двете земји го отворија прашањето за нови форми на економска соработка и за можноста индиските ...

Неколку амандмани за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за студентскиот стандард, кој се носи по скратена постапка се на дневен ред денеска на 32. седница на собраниската Комисија за образование, наука и спорт. Станува збор за шест амандмани, поднесени од пратеничката група на ДУИ, а амандманите се и на дневен ред на денешната седница на Законодавно-правната комисија. Собраниската комисија за образование, наука и спорт на ...

Крушевското јавно комунално претпријатие „Комуна“ со препорака до жителите на Крушево за пиење да користат пакувана вода, а не да ја пијат водата од градскиот водовод. Ова, како што соопштуваат од претпријатието на своја Фејсбук страница, е по известувањето на прилепскиот Центар за јавно здравје дека водата за пиење во Крушево е бактериолошки неисправа. – На жителите на град Крушево им се препорачува за пиење да користат пакувана вода, додека ...

Поради загадената вода во Гостивар, Агенцијата за храна и ветеринарство веќе изрече 30 казни и 12 забрани за работа. Засилените контроли продолжуваат, а дел од угостителските објекти, продавниците и производителите веќе се соочуваат со ограничувања и затворања. Ниту еден од овие луѓе не е виновен. Тие се жртви на туѓа грешка. Жртви на организираната криминална група ВМРО, на нивните нестручни кадри и на потполната негрижа за јавното здравје. ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд, кои на одделни места ќе бидат пообилни и ќе надминат 15 литри на квадратен метар, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Локално ќе има услови за нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а долж Повардарието повремено ќе се засилува и ќе достигнува брзина над 50 километри на час. ...

СДСМ, преку своите советници, бара вонредни анализи на водата за пиење во Велес и околните населени места. Конкретно во Велес СДСМ побара да се проверат сите водоводи поради тоа што последните наоди и стручни мислења коишто се јавно објавени покажуваат дека скоро секаде во селските водоводи има Escherichia coli индикатор за фекално загадување. Дури и во училишта. Нема никаква информација каква е сега состојбата, дали општината и централната ...

Додека Мицкоски свечено отвора базен во Кавадарци, половина Македонија нема безбедна вода за пиење. Гостивар. Валандово. Болницата во Лешок. Сега и во Крушево водата е бактериолошки неисправна. За само неколку денови имаме четири града, со загадена вода за пиење. Ова е најдраматичен доказ за целосниот системски распад на здравството и институциите под власта на Мицкоски и неговата Организирана криминална група. Прашањето е колку градови уште ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
0.34
51%
1014
weather icon

Белград

20ᴼ / 20ᴼ
2.68
75%
1010
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
2.0
87%
1009
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
1.07
44%
1015
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
1.7
39%
1011
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 17ᴼ
1.17
88%
1011
weather icon

Атина

26ᴼ / 23ᴼ
1.79
64%
1015
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
1.11
53%
1015
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
1.91
81%
1016
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 17ᴼ
3.13
71%
1012
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 21ᴼ
2.24
56%
1007
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 21ᴼ
2.54
100%
1015
Currency

61.575

Currency

54.1105

Currency

72.0558

Currency

37.7691

Currency

38.3694

Currency

66.1563

Currency

7.9902

Currency

0.69225

Currency

0.33143

Currency

0.52499

Currency

1.14296

Currency

0.56034

Сребро

1870.85

Алуминиум

3.17

Калај

53.50

Родиум

263636.12

Рутениум

53852.50

Цинк

0.00

Паладиум

39448.97

Платина

50958.93

Бакар

12.74

Иридиум

252383.36

Злато

130265.18

Кобалт

56.29