Европската унија (ЕУ) одобри продолжување на замрзнувањето на руските средства на својата територија, користејќи вонредни овластувања, што претставува клучен чекор кон користење на тие средства за помош на Украина. Владите на земјите членки на ЕУ во петокот дадоа согласност за предлогот на Европската комисија (ЕК), смислен со цел да се спречи евентуално вето за продолжување на мерката, кое досега претставуваше пречка во обидите на ЕУ да ...

И покрај глобалните неизвесности, берзите во Хрватска, Босна и Херцеговина и Северна Македонија забележаа позитивна недела. Главниот аналитичар на Bloomberg Adria, Михаел Блажековиќ, истакнува дека валуациите и понатаму се многу поволни и под просекот на Централна и Источна Европа, што остава простор за понатамошен раст. „Далековод“ и „Сава осигурување“ – двигатели на оптимизмот Веста што ја одбележа неделата во Хрватска секако се новите ...

Анализираме како се движат каматите на кредитите и дали се повлни условите за рефинансирање на веќе земените кредити од банките. Откриваме што се крие зад успехот на романската берза која во изминативе пет години го надмина растот на најсилните берзански индекси како S&P500 и Nasdaq. Презентираме кои се замките на живеењето од дивиденда. Прогнозираме како ќе се движат цените на природниот гас во зимските месеци и во текот на целата 2026 ...

Инфлацијата не попушта. Податоците за ноември што оваа недела ги објави државната статистика покажаа дека таа изнесувала 4 отсто. И нас не нè мачат само зголемените цени туку и смалените производи – шринкфлацијата е крива што со повеќе пари купуваме сè помалку. Инаку, токму инфлацијата е една од причините што државата одлучи да ја ревидира фискалната стратегија до 2030 година. Освен инфлацијата, корекција има и на прогнозите за БДП и за ...

Граѓаните запишаа 33 милиони евра или над 2 милијарди денари во граѓански обврзници од третата емисија. На денешната аукција интересот беше значително поголем од објавениот износ со проспектот во висина од 100 милиони денари, соопшти Министерството за финансии. На аукцијата беа запишани граѓански обврзници од страна на 1.543 граѓани. Една граѓанска обврзница изнесуваше 10.000 денари, рочноста е 2 години, а каматната стапка 4,5 отсто ...

Глобалните берзански индекси се пред рекордни вредности откако стигна потврда дека циклусот на намалување на каматните стапки од страна на Федералните резерви останува во сила. Европскиот Stoxx 600 порасна за 0,5 отсто до нов врв. Индексот за Азија се приближи на помалку од 2 отсто од своето историски највисоко ниво. Фјучерсите на S&P 500 беа малку пониски откако индексот постави нов рекорден резултат на затворањето на претходната ...

Извозот на Кина ја доведува земјата во судир со Европа. Францускиот претседател Емануел Макрон трговскиот дисбаланс со Кина го оцени како „неподнослив“, нагласувајќи дека влогот сега е „прашање на живот или смрт за европската индустрија“. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, смета дека односите на Унијата со Кина „достигнале пресвртна точка“. Размерите на дисбалансите со Европската унија станаа јасно видливи пред ...

Руската централна банка соопшти дека почнува правна постапка во Москва против депозитарот „Еуроклир“ (Euroclear) поради замрзнатите државни средства и се закани на Европската унија со глобална одмаздничка кампања за да ги врати стотиците милијарди евра доколку блокот направи каква било употреба на фондовите. Централната банка во петокот објави соопштение дека поднесува тужба до Арбитражниот суд во Москва против „незаконските дејствија“ на ...

Претседателот Володимир Зеленски ја навести можноста Украинците да гласаат на референдум за тоа дали регионот Донбас да ѝ се отстапи на Русија, во момент кога Киев е под сè поголем притисок да се согласи со условите на мировниот план на САД. Москва инсистира Украина да ги повлече своите сили од источните територии, кои вклучуваат делови од регионите Доњецк и Луганск што руската војска не успеа да ги освои во својата речиси четиригодишна ...

Што е длабока технологија (deep-tech)? Станува збор за технологии базирани на научни и инженерски способности: роботика, напреден хардвер, биотехнологија, материјали, дронови и системи на висока технологија. Овие проекти бараат време, експертиза и значителни ресурси, но можат да променат индустрии и да обезбедат стратегиска предност на пазарите што ги развиваат. Накратко кажано, ако има лабораторија, прототипи и фундаментална наука, тоа е ...

Цените на среброто во 2025 година достигнаа невидени нивоа, растејќи со брзина што не се памети во поновата историја. По октомври, кога цената за унца премина 54 долари, белиот благороден метал брзо надмина и 57 долари, двојно зголемувајќи ја својата вредност во однос на почетокот на годината. За разлика од златото, кое традиционално се смета за најсигурно засолниште во турбулентни времиња, среброто сега води своја битка - поддржана од ...

Наталитетот паѓа, иселувањето расте – во вакви услови прв страда пазарот на трудот. Зголемувањето на продуктивноста е еден од најголемите предизвици со кои се соочуваат компаниите во земјава, особено малите и средните претпријатија. Кои се замките во кои паѓаат и менаџерите и работниците кога станува збор за продуктивноста и што е неопходно за таа да се зголеми беше темата на панел-дискусијата „Not so small talks“ што неодамна ја ...

Голем број студенти имаа ретка можност да слушнат како преку долгорочно инвестирање во акции и други финансиски инструменти може да обезбедат поголема финансиска стабилност во иднината и да разберат колку е важно правилно да се управува со личните финансии во рамките на настанот „Од џепарлак до портфолио“ што неодамна се одржа на Економскиот факултет при УКИМ во Скопје. Настанот го организираа „Блумберг Адрија“, Македонската берза и ...

Ви се чини дека ѓевречето што го купувате секојдневно во локалната пекарница некако станува сѐ помало? Исто така и парчето од омилената торта што редовно ја нарачувате за десерт. Не грижете се, не ве лажат сетилата, туку ве погодила шринкфлацијата – добивате помалку за истите пари, а неретко и за повисока цена. Оваа „скриена“ инфлација, покрај таа „очигледната“ што си ја имаме, ја практикуваат сите бизниси, и големи и мали, од светски ...

Бран на улични протести против корупцијата во владејачките структури ја дестабилизира Бугарија, само неколку недели пред земјата да го воведе еврото. Она што требаше да биде момент за прослава, откри зголемено чувство на незадоволство, особено меѓу помладите Бугари, по години членство во Европската Унија, кое не доведе до квалитетно владеење на правото во земјата. Поттикнувач на најновите немири беше владиниот план за зголемување на ...

Бран на улични протести против корупцијата во владеачките структури ја дестабилизира Бугарија, само неколку недели пред земјата да го воведе еврото. Она што требаше да биде момент за прослава, откри зголемено чувство на незадоволство, особено меѓу помладите Бугари, по години членство во Европската Унија кое не успеа да го исполни ветувањето за подобро владеење на правото. Поттикнувач на најновите немири беше владиниот план за зголемување на ...

Законодавците во Мексико дадоа конечна согласност за нови царини на увозот од Азија, со што генерално се усогласуваат со напорите на САД да ги заострат трговските бариери кон Кина, додека претседателката Клаудија Шеинбаум настојува да ја заштити домашната индустрија. Сенатот на Мексико во средата изгласа закон што воведува царини меѓу 5 и 50 отсто на повеќе од 1.400 производи од азиските земји што немаат трговски договор со Мексико. Законот ...

Претседателот на Федералните резерви, Џером Пауел, ги претстави како незначајни гласовите на несогласување со одлуката од средата повторно да се намалат каматните стапки, но низа посуптилни детали од состанокот открија колку е поделен централниот банкарски систем. Пауел го протурка намалувањето од четвртина процентен поен не само спротивно на ставот на неколкумина со право на глас. Многу поголема група претседатели на регионалните банки на ...

Федералните резерви на САД (Фед) одлучија да ја намалат референтната каматна стапка за четвртина процентен поен на состанокот во среда, во опсег од 3,5 до 3,75 проценти. Одлуката на Федералниот комитет за отворен пазар (FOMC) беше поделена и беше донесена со гласање 9-3, што е најголемата поделба од септември 2019 година. Одлуката беше една од најнеизвесните во последно време, како поради состојбата на економијата, така и поради ...

Цените на среброто во 2025 година достигнаа невидени нивоа, растејќи со брзина што не се памети во поновата историја. По октомври, кога цената за унца премина 54 долари, белиот благороден метал брзо надмина и 57 долари, двојно зголемувајќи ја својата вредност во однос на почетокот на годината. Истовремено речиси е извесно дека Фед в среда по третпат ќе ги намали каматните стапки, што ќе создаде дополнителен импулс за металите, бидејќи ...

Во македонската економија, каде што малите и средните претпријатија (МСП) претставуваат апсолутно мнозинство од вкупниот број компании, финансиското управување останува една од најслабите алки. Бизнис-секторот има енергија, амбиција и идеи, но често нема капацитет и знаење да направи веродостојни анализи и следствено да воспостави механизми што ќе бидат своевиден патоказ за одржлив раст на компаниите. Ова беше еден од главните заклучоци од ...

Министерството за финансии ја ревидираше фискалната стратегија за периодот од 2026 до 2030 година. Според документот што е веќе доставен до Собранието, ревидираната стратегија покажува „одредени отстапувања што се однесува до макроекономските позиции“. Според новите проекции, оваа година се очекува натамошен раст на економијата, со нешто поумерено темпо во однос на претходната проекција како резултат на остварувањата во тековната година, ...

„Јас сум претседател на достапноста. Зборувајте гласно и гордо“, им порача Доналд Трамп на републиканците преку социјалната мрежа Трут сошл. Но нивниот избраник, кој се врати во Белата куќа токму врз основа на острите критики кон економската програма на својот претходник Џо Бајден, во голема мера не го исполни ветувањето за американско златно доба. Федералните резерви, затоа, се наоѓаат на крстосница пред одлуката во среда: понатамошното ...

САД предлагаат странските посетители да ја доставуваат својата историја од социјалните мрежи за последните пет години за да влезат во земјата, вклучувајќи ги и патниците од Австралија, Германија, Јапонија и Обединетото Кралство, кои досега можеа да влезат без виза. Според соопштението на Министерството за домашна безбедност објавено во средата, Американската царинска и гранична служба „ја додава социјалната мрежа како задолжителен податок“ ...

Францускиот парламент го усвои законот за социјална сигурност за следната година, избегнувајќи потенцијална владина криза и зголемувајќи ги шансите пратениците да го изгласаат новиот буџет до крајот на годината. При второто читање во Долниот дом, 247 пратеници гласаа за законот, а 234 против, мерка што би ја суспендирала реформата на пензискиот систем на претседателот Емануел Макрон. Ова всушност беше барање на Социјалистичката партија, со ...

За инвеститорите што вложуваат во приходи, деновите на лесни приноси исчезнуваат. Во изминатите години инвеститорите добиваа одлична исплата играјќи на сигурно. Краткорочните американски државни обврзници носеа принос над 5,0 отсто – ретка можност да се оствари солиден поврат без врзување на капиталот или преземање ризик. За пензиските фондови, осигурителните компании и фондациите, тоа претставуваше јасен пресврт во однос на посткризниот ...

За инвеститорите кои вложуваат во приходи, деновите на лесни приноси исчезнуваат. Во изминатите години, инвеститорите добиваа одлична исплата играјќи на сигурно. Краткорочните американски државни обврзници носеа принос над 5,0 отсто — ретка можност да се оствари солиден поврат без врзување на капиталот или преземање ризик. За пензиските фондови, осигурителните компании и фондациите, тоа претставуваше јасен пресврт во однос на посткризниот ...

Купувањето сопствено живеалиште на кредит, стан или куќа, често знае да биде доста стресен потфат. Дали ќе имам доволно за учество, дали ќе можам цело време да ги плаќам ратите, што ако порасне каматната стапка, што ако ми се случи некој несакан настан... се прашањата што обично си ги поставуваат сите што влегуваат во кредитен аранжман со банка за да го остварат својот сон. „УНИ банка“ создадe нов продукт – станбен кредит со фиксна каматна ...

Ниту во ноември инфлацијата во земјава не падна под 4 отсто. Според податоците на државниот завод за статистика минатиот месец поскапело речиси сѐ: транспорт за 1,7 проценти, рекреација и култура за 0,9 проценти, храна и безалкохолни пијалаци за 0,7 проценти, мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0,5 проценти... Добро утро, ова се останатите пет вести што се важни за почеток на денот Грција е најпривлечна за странски пензионери: ...

Регионот на Централна и Источна Европа е во интересен момент во развојот на приватните пазари. Додека Европа како целина бележи континуиран раст на индустриите за приватен капитал (private equity) и за ризичен капитал (venture capital), ЦИЕ сè уште учествува со само околу 2,2 проценти од вкупните европски инвестиции. Полска учествува со речиси половина од таа сума, додека Хрватска, Словенија и Србија сè уште се под просекот. „Ова не е ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
3.6
46%
1013
weather icon

Белград

22ᴼ / 21ᴼ
3.09
38%
1009
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
3.6
72%
1010
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
3.6
42%
1016
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
2.71
55%
1013
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 14ᴼ
1.03
86%
1010
weather icon

Атина

22ᴼ / 19ᴼ
0.89
43%
1015
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
2.06
82%
1016
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
68%
1016
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 18ᴼ
4.63
54%
1013
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 19ᴼ
2.06
57%
1009
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 14ᴼ
4.12
58%
1016
Currency

61.635

Currency

52.6748

Currency

71.3764

Currency

37.8674

Currency

38.7062

Currency

67.4505

Currency

7.71675

Currency

0.69812

Currency

0.3343

Currency

0.52622

Currency

1.16515

Currency

0.55412

Бакар

12.06

Калај

50.03

Иридиум

253540.09

Рутениум

51376.89

Алуминиум

3.57

Платина

64172.89

Кобалт

45.39

Злато

166450.52

Родиум

319899.93

Цинк

3.35

Паладиум

48883.97

Сребро

2840.84