Швајцарската полиција соопшти дека десетици луѓе загинале, а повеќе од сто се повредени откако избувнал пожар во бар во популарното скијачко одморалиште Кран-Монтана. Трагедијата е резултат на несреќа и не е терористички напад, изјавија локалните власти на прес-конференција во четврток наутро. Добро утро, ова се останатите пет вести што треба да ги знаете за почеток на првиот работен ден во оваа година. Каква судбина го чека биткоинот во ...

Невработеноста во Македонија континуирано се намалува во последната деценија и стапката е буквално преполовена. Стапката на невработеност од 23,4 отсто во третиот квартал од 2016 година, во истиот период оваа година изнесува 11,5 отсто, или Државниот завод за статистика во својата база на податоци запиша 91.756 невработени лица. Единствен исклучок е второто тримесечје од 2020 година, кога пандемијата на коронавирусот сериозно ја наруши ...

Патот на биткоинот низ 2025 година беше обележан со изразени осцилации и висока нестабилност. Во поголемиот дел од годината сè изгледаше позитивно – поради приливот во биткоин берзанските фондови (ЕТФ), институционалното усвојување и намалувањето на понудата по „преполовувањето“ (англ. halving) – цената достигна рекордни нивоа. Но, во октомври следуваше остра корекција, поради која најголемата криптовалута годината ја заврши со пад од околу ...

Претседателот Доналд Трамп го одложи зголемувањето на царините за тапациран мебел, кујнски ормани и тоалетни масички, забавувајќи го темпото на неговите давачки додека незадоволството на гласачите поради ценовото ниво продолжува да расте. Белата куќа објави информативен документ за претседателската прокламација доцна во средата, додека Трамп беше домаќин на новогодишна забава во неговиот имот Мар-а-Лаго на Флорида. Поголемите царини требаше ...

На самиот крај од 2025 година дојде до важно придвижување во енергетската безбедност на Србија по повеќе месеци неизвесност предизвикана од санкциите што ги воведоа Соединетите Американски Држави кон Нафтната индустрија на Србија (НИС) поради мнозинското руско сопствеништво. Американската Канцеларија за контрола на странски средства (OФАК) ја продолжи оперативната лиценца на НИС до 23 јануари оваа година, што ѝ овозможува на компанијата да ...

Швајцарската полиција соопшти дека десетици луѓе загинале, а повеќе од сто се повредени откако избувнал пожар во бар во популарното скијачко одморалиште Кранс-Монтана. Трагедијата е резултат на несреќа и не е терористички напад, изјавија локалните власти на прес-конференција во четврток наутро. Имаше медиумски извештаи за експлозија на местото, но противпожарната служба рече дека тоа било предизвикано од пожарот, а не обратно. Фредерик ...

Претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, изјави дека приклучувањето на Бугарија кон еврозоната е доказ за способноста на Европа да соработува и да се спротивстави на меѓународните предизвици. „Еврото е моќен симбол за тоа што Европа може да постигне кога работиме заедно, и за заедничките вредности и колективната сила што можеме да ја искористиме за да се соочиме со глобалната геополитичка неизвесност што постои во ...

Од наплата на патарини од почетокот на минатата година заклучно со 23-ти декември остварен е промет од 67.624.624 евра. „Според досегашниот остварен промет, 2025-та ќе биде рекордна ако се има предвид фактот што, заклучно со 23.12.2025, остварениот вкупен промет е веќе зголемен во однос на претходно рекордната наплата од 2024 година и е зголемена за над 71 милион денари, а декември сѐ уште не е завршен. До 23.12.2025 година остварен е ...

Кинеските производители на автомобили освоија рекордни 12,8 проценти од европскиот пазар на електрични возила во ноември, надополнувајќи ги добивките остварени оваа година и покрај трошоци предизвикани од царините на Европската унија. Во брзорастечките категории на хибридни автомобили, кинеските брендови го продолжија својот раст, надминувајќи 13 проценти низ ЕУ, земјите од ЕФТА и Велика Британија, според истражувањето на „Датафорс“ ...

Кинескиот претседател Шји Џјинпинг изјави дека економија во земјата е на добар пат да ја достигне целната стапка на раст во 2025 година, по, како што ја нарече, „исклучителната година“. Бруто-домашниот производ на Кина се очекува да порасне за околу 5 отсто годинава, изјави Шји на годишниот собир на највисокото политичко советодавно тело во земјата, наведува државната агенција „Шјинхуа“. „Кинеската економија продолжува да напредува под ...

Француските акции паднаа, а британските акции се стабилни, па европскиот репер би требало да ја заврши 2025 година близу рекордно високо ниво. Францускиот индекс CAC 40 падна за 0,4 отсто, а британскиот FTSE 100 утрово малку се промени. И на двата пазари ќе се тргува половина сесија. Берзите во Германија, Италија, Данска, Швајцарија и Финска денеска се затворени. Прочитај повеќе Бакарот е на чекор да запише најголем годишен раст од 2009 ...

Бакарот се движи кон најголем годишен раст од 2009 година, главно поттикнат од облозите дека побарувачката за металот, кој е клучен во електрификацијата, ќе ја надмине понудата. Црвениот метал достигна серија рекордни максимуми во порастот на крајот од годината, поскапувајќи во 2025 за повеќе од 40 проценти на Лондонската берза за метали. Тоа го прави најдобар меѓу шесте индустриски метали на берзата. Цените паднаа на последниот ден од ...

„Ворнер брос“ (Warner Bros. Discovery Inc.) планира повторно да ја одбие понудата за преземање од „Парамаунт Скајданс“ (Paramount Skydance Corp.) откако медиумската конкурентската компанија ги измени условите на својата понуда, велат лица запознаени со ставовите во компанијата. Одборот на „Ворнер брос“ сѐ уште нема донесено конечна одлука, но ќе заседава следната недела, рекоа соговорниците кои побарале да останат анонимни. Една од ...

Цената на златото и среброто падна на последниот ден од тргувањето во 2025 година, иако и двата метала останаа на добар пат да запишат рекордни годишни перформанси со оглед на тоа што одличната година за скапоцените метали се приближува кон крајот. Спот цената на златото падна на околу 4.311 долари за унца по остриот пад што го претрпе во понеделникот, додека среброто се лизна кон 70 долари. По очигледно незапирливиот раст во текот на 2025 ...

Повеќето претставници на Федералните резерви сметаат дека дополнителни намалувања на каматните стапки ќе бидат соодветни доколку инфлацијата продолжи постепено да опаѓа, иако остануваат поделени околу тоа кога и колку да се намалуваат каматните стапки, покажува записникот од декемвриската седница на централната банка. Записникот од состанокот на Комитетот за отворен пазар од 9–10 декември, објавен во вторник во Вашингтон, укажува на ...

Претседателот Доналд Трамп навести дека има свој фаворит за следен претседател на Федералните резерви, но не брза со објавата, истовремено сугерирајќи дека би сакал да го отпушти актуелниот прв човек на централната банка, Џером Пауел. „Имам, сè уште имам, тоа не се променило“, рече Трамп на прес-конференција во понеделникот, одговарајќи на прашање дали има омилен кандидат. „Ќе го објавам во вистинско време. Има доволно време.“ Трамп додаде ...

Агентската вештачка интелигенција (ВИ) ја претставува следната фаза на дигиталната трансформација во бизнисот и развојот на софтверот. За разлика од класичните ВИ-алатки, агентските системи можат самостојно да планираат, да ги разложат задачите на помали делови и да ги извршуваат со постојана проверка на резултатите. Во практика, тоа значи дека системот не само што генерира предлози туку и управува со редоследот на активностите и се ...

Просечната каматна стапка на вкупните кредити, во ноември 2025 година, забележа месечен и годишен пад од 0,02 п.п. и 0,56 п.п., соодветно и изнесува 4,80 проценти, соопшти Народната банка. Просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 2,18 проценти и оствари месечен пад од 0,02 п.п., додека на годишно ниво е зголемена за 0,06 п.п. Во ноември, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити изнесува 4,54 проценти и на месечна ...

Напорите на американскиот претседател Доналд Трамп да посредува во ставање крај на војната во Украина се соочија со нови компликации, откако рускиот претседател Владимир Путин изјави дека ќе ја ревидира преговарачката позиција на Москва. Причина за тоа, според Кремљ, е наводен украински напад со дронови врз резиденцијата на Путин. Според руските власти, Путин го информирал Трамп за оваа одлука во телефонски разговор во понеделникот. Киев, ...

„Тесла“ (Tesla Inc.) на својата веб-страница објави компилација од аналитички проценки за испораките на возила, при што просечните бројки за тековниот квартал се понеповолни од просечните проценки што ги собира и обработува „Блумберг“ (Bloomberg). Според пресметките на „Тесла“, аналитичарите во просек очекуваат компанијата да испорача 422.850 автомобили во четвртиот квартал, што претставува пад од 15 отсто во однос на истиот период лани. За ...

„Мета платформс“ (Meta Platforms Inc.) се согласи да го купи сингапурскиот стартап „Манус“ (Manus), со што компанијата додава уште еден популарен агент за вештачка интелигенција во своите напори да изгради бизнис околу својата огромна инвестиција во вештачка интелигенција (ВИ). Договорот го проценува „Манус“ на повеќе од две милијарди американски долари, информираат луѓе запознаени со ова прашање. Договорот бил склучен за околу 10 дена, ...

Растот на цените на металите и ветувањето за огромни трошоци за одбрана ги поттикнаа европските акции во оваа рекордна година. Но, банките го украдоа шоуто со моќен раст за кој аналитичарите се уверени дека ќе продолжи во 2026 година. Европскиот индекс Stoxx 600 оваа година порасна за 16 проценти, достигнувајќи рекордни максимуми и надминувајќи го индексот S&P 500. Банките го предводеа растот, при што групата порасна за 65 отсто и е на пат ...

Бакарот е на пат да ја оствари својата најдолга добитничка серија од 2017 година наваму, со декемврискиот раст поттикнат од очекувањата за нови притисоци во синџирот на снабдување. Цената на металот се зголеми до 2,2 отсто, достигнувајќи 12.493 долари за тон, што го става бакарот на пат кон десетти последователен ден на раст, при стабилно позитивно расположение на пазарот. „Биковите“ сметаат дека повеќе метал ќе биде увезен во САД за да се ...

Во големите банки и специјализираните инвестициски куќи се наметна оптимистички консензус: американскиот берзански пазар ќе порасне и во 2026 година, четврта година по ред, што би било најдолгата победничка серија во речиси две децении. Постојат многу грижи околу ризиците за растечкиот пазар што го подигна индексот S&P 500 за околу 90 отсто од неговото дно во октомври 2022 година. Бумот на вештачката интелигенција може да се претвори во ...

Претседателот Доналд Трамп навести дека има свој фаворит за следен претседател на Федералните резерви, но не брза со објавата, истовремено сугерирајќи дека би можел да го отпушти актуелниот прв човек на централната банка, Џером Пауел. „Имам, сè уште имам, тоа не се променило“, рече Трамп на прес-конференција во понеделникот, одговарајќи на прашање дали има омилен кандидат. „Ќе го објавам во вистинско време. Има доволно време.“ Трамп додаде ...

„Пред новата година би можело многу нешта да бидат одлучени,“ напиша украинскиот претседател Володимир Зеленски во петокот во објава на социјалните мрежи Телеграм и Х. Следниот ден замина преку океанот, каде што во саботата најпрво се сретна со канадскиот премиер Марк Карни, а во неделата со американскиот претседател Доналд Трамп. Првичната најава на украинскиот лидер се покажа како премногу оптимистична, и покрај изјавата на Трамп дека со ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД погодиле објект во внатрешноста на Венецуела, што би претставувало значајна ескалација на кампањата против наводните операции за трговија со дрога во таа земја. „Имаше голема експлозија во пристанишната зона каде што ги товареле чамците со дрога“, им изјави Трамп на новинарите во понеделникот, потврдувајќи ги коментарите што ги даде минатата недела. Изјавата на Трамп на напад во самата ...

„Ситигруп“ (Citigroup Inc.) соопшти дека очекува да прикаже загуба од околу 1,1 милијарда долари по сите даночни пресметки поради продажбата на преостанатиот бизнис во Русија на „Ренесанс капитал“ (Renaissance Capital). Банката планира преостанатите операции да ги прикаже како „наменети за продажба“ во финансиските резултати за четвртиот квартал и очекува продажбата на „АО Ситибанк“ (AO Citibank) да биде финализирана во првата половина од ...

Во турбулентната година, полна со конфликти и потреси, кога светската економија доживуваше подеми и падови и прогнозирањето беше речиси невозможно, цените на земјоделските производи значително паднаа. Но не се намалија само глобалните цени на земјоделските суровини туку и цените на енергентите, кои се на повеќегодишно најниско ниво. Само цената на нафтата, на пример, од почетокот бележи пад од 20 проценти. Глобалните цени на земјоделските ...

Издржаа во турбулентни времиња, беа сила во 2025 година, која во историјата нема да биде запаметена како период на мирна економија. Беа пример за другите и оставија трага која длабоко ја цениме. Оваа година уредниците на „Блумберг Адрија“ избраа 25 компании, по пет од Словенија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Северна Македонија, кои сјаеа во 2025 година. Секоја земја во нашиот избор има своја приказна и сите се еднакво вредни. ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
2.57
40%
1013
weather icon

Белград

25ᴼ / 23ᴼ
3.6
42%
1010
weather icon

Загреб

18ᴼ / 18ᴼ
3.09
68%
1010
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
3.6
37%
1015
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
2.71
51%
1012
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 15ᴼ
2.06
82%
1010
weather icon

Атина

22ᴼ / 19ᴼ
2.06
41%
1016
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
2.57
77%
1016
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
1.54
59%
1016
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 20ᴼ
5.14
47%
1013
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 22ᴼ
4.63
48%
1009
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
2.57
34%
1017
Currency

61.635

Currency

52.6748

Currency

71.3764

Currency

37.8674

Currency

38.7062

Currency

67.4505

Currency

7.71675

Currency

0.69812

Currency

0.3343

Currency

0.52622

Currency

1.16515

Currency

0.55412

Иридиум

253540.09

Бакар

12.06

Злато

166450.52

Сребро

2840.84

Алуминиум

3.57

Цинк

3.35

Кобалт

45.39

Платина

64172.89

Паладиум

48883.97

Рутениум

51376.89

Калај

50.03

Родиум

319899.93