
Скопје
22ᴼ /
22ᴼ



На платото на УКИМ се одржа Заеднички час на студенти и професори во спомен на жртвите во пожарот во Кочани. Собирот беше организиран од студентската организација на Скопскиот универзитет. Настанот закажан за точно напладне беше одложен половина час поради силен дожд, а потоа почна со седумминутен молк на големиот број присутни студенти од кои беше исполнет кампусот на УКИМ. Со кратки говори на сочувство се обратија ректорката на УКИМ, Биљана ...
Поранешниот министер за економија Крешник Бектеши сè уште се наоѓа во полициската станица во Карпош. Тој беше повикан на распит вчера доцна попладне, неофицијално по распитот требало да ја напушти станицата, но тогаш му било кажано дека ќе биде задржан. Во станицата со него е и поранешната државна секретарка во Министерството за економија Размена Чекиќ Дуровиќ. Потписите на двајцата стојат на фалсификуваната лиценца од кочанскиот клуб во кој ...
Граѓаните што денеска се собраа на протестот во Кочани, барајќи одговорност за трагичната несреќа во која загинаа 59 лица, пред општинската зграда фрлаа со јајца и бараа да излезе градоначалникот. Протестот почна од градскиот парк, но продолжи пред општинската зграда со извици „Бараме правда“, „Секој еден може да е следен“, „Убијци“... Гневната толпа го демолираше и кафе-барот „Класик“, чиј сопственик е истиот од дискотеката во која се случи ...
Кремљ потврди дека рускиот претседател Владимир Путин во вторник треба да разговара со претседателот Доналд Трамп. „Таквиот разговор се подготвува за вторник“, изјави портпаролот на Путин, Дмитриј Песков, пред новинарите во понеделникот, според „Интерфакс“. Тој одби да коментира за планираните дискусии. Во неделата, Трамп на новинарите им рече дека има „многу добра шанса“ за договор. „Одиме прилично добро со Русија“, рече тој. „Ќе видиме дали ...
Женската застапеност во управните одбори е речиси тројно зголемена од 2010 година, при што диверзифицираните компании по родова основа обезбедуваат повисоки приноси за акционерите во споредба со управните одбори доминирани од мажи, според „Блумберг интелиџенс“ (Bloomberg Intelligence). Жените сочинуваа 26 отсто од управните одбори во 2023 година во споредба со 9 отсто во 2010 година, што укажува на тоа како регулативите во Европа, САД и Азија ...
Копирај, пастирај, реферирај. Во текот на 18 месеци, тоа е едноставниот процес кој му помогна на еден технолошки работник да препорача повеќе од илјада кандидати за работа на својот работодавач. Неговите напори резултираа со повеќе успешни вработувања за компанијата и околу 30.000 долари во бонуси за него. Се чини дека на никој не му е важно, па дури и дека никој не ни забележал, дека речиси секоја личност што ја препорачал била целосен странец. ...
Корпорацијата „Старбакс“ (Starbucks Corp.) му додели на новиот главен извршен директор, Брајан Никол, околу 96 милиони долари по само четири месеци работа минатата година, што претставува еден од најголемите пакети за компензација во корпоративна Америка. Околу 94 проценти од платата на Никол потекнува од награди за акции, пишува во извештајот. Поголемиот дел од нив се поврзани со перформансите, а дел се временски дефинирани и се доделуваат во ...
Дубаи додава нова серија на луксузни вили и станови - некои опремени со кина, спа-центри и приватни лифтови - додека инвеститорите привлекуваат милионери од целиот свет. Овие ултралуксузни домови се ценат од 60 милиони до над 120 милиони долари, бидејќи купувачи од Европа, Азија и од Америка се натпреваруваат за нив. Дури и според стандардите на емиратот, познат по својата љубов кон гламурот, овие домови се сè поекстравагантни. Еден градежник ...
Португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо, кој во средата наполни 40 години, вели дека сонува да поседува неколку клуба по пензионирањето. „Ако можам да бидам сопственик на клуб, зошто би бил менаџер, спортски директор или извршен директор?“, рече Роналдо во интервју за португалскиот телевизиски „Канал 11“. „Тоа е мојот сон и сигурен сум дека ќе го остварам. Ќе кажам уште нешто: се надевам дека нема да имам само еден клуб, туку дека ќе ...
Компанијата „Терна“ ги започна прелиминарните работи за грчкиот дел од интерконекторот за природен гас што ќе ги поврзе Грција и Македонија, јавува дописничката на МИА од Атина, повикувајќи се на сопствени извори од грчката компанија. Нејзините извори ги потврдуваат написите во грчките медиуми специјализирани за енергетски теми, како и денешниот текст на порталот „Енерџи маг“, според кој „патувањето на новиот гасовод Грција-Северна Македонија ...
Финансиската индустрија на Европа е во опасност да заостане ако блокот и националните влади не најдат начини да ја направат нивната регулаторна средина поконкурентна, вели потпретседателот на „Блекрок“ (BlackRock Inc.), Филип Хилдебранд. Европските банки се надминати од нивните американски соперници од финансиската криза, а една од причините за тоа е претерано рестриктивната регулација, изјави Хилдебранд за телевизијата „Блумберг“ на Светскиот ...
Технолошките гиганти „Мајкрософт“ (Microsoft) и „Мета“ (Meta) вчера не успеаја да ги импресионираат инвеститорите со своите извештаи за заработка. Двете компании понудија мрачни изгледи. „Мајкрософт“ објави побавен раст од очекуваниот во својот основен бизнис и даде насоки што исто така не ги достигнуваат очекувањата на пазарот. Иако „Мајкрософт“ ги надмина процените за кварталниот приход, неговите акции паднаа за повеќе од четири отсто во ...
Фирмите бараат многу повеќе пари од тоа што банките можат да им дадат. Државата преку унгарскиот кредит стави на располагање 250 милиони евра за македонските компании. Интересот особено е зголемен откако беше проширена намената за овие кредити, кои првично беа најавени само за инвестиции во производствени капацитети и обновливи извори на енергија. Минатата недела привршуваа активностите за потпишување на рамковните договори меѓу Развојната ...
Банкарскиот сектор во регионот Адрија оваа година треба да постигне двоцифрени стапки на поврат на капиталот, но аналитичарите не очекуваат тој да ја надмине 2024 година. Банките се лидери и двигатели на дигитализацијата на финансискиот сектор како целина, што често, особено во Босна и Херцеговина (БиХ), е попречено од политиката и нецелосното законодавство, како и од свеста и финансиската (не)писменост на населението. Конференцијата ...
Главното геополитичко прашање денес, барем во контекст на Европа, е ситуацијата во Украина. Руската инвазија на таа земја влезе во својата четврта година (11 ако за почеток се брои незаконската окупација на Крим), а крајот уште не се гледа. Одбраната на Украина првенствено ја финансираат членките на Европската унија (ЕУ) и САД, но откако Доналд Трамп стана претседател на САД, се интензивираа обидите за замрзнување на конфликтот, иако последниот ...
За што размислуваат претприемачите во светот како што се приближуваме кон средината на декадата што ни донесе солиден економски раст и невиден технолошки напредок, но исто така и глобална пандемија и геополитички конфликти? Ова е темата што се амбицираа да ја истражат аналитичарите од швајцарскиот банкарски гигант УБС (UBS) во првото издание на извештајот „UBS Global Entrepreneur Report“, кој беше објавен неодамна. Од својата широка мрежа на ...
Младите банкари што користат вештачка интелигенција за да ги подготват своите резимеа треба да знаат дека се под лупа на агенциите за вработување. Зборови како „робустен“ и „педантен“ се знаци дека кандидатите за вработување во банкарскиот сектор користеле вештачка интелигенција за да ги подобрат своите резимеа, според фирмите за истражување на Волстрит. Други знаци се прекумерно користени фрази, како „постојано еволуирачки“ или кога ...
Минатата, 2024 година беше една од најтешките за ризичниот капитал (VC – venture capital, фондови што инвестираат приватен капитал во стартапи, во замена за сопственички удел) на глобално ниво, вклучувајќи го и регионот на Централна и Источна Европа (ЦИЕ). Голем број фондови ja преиспитуваа својата стратегија, што резултира со значително намален број на зделки - во ЦИЕ дури за 30 проценти помалку компании успешно затворија инвестиции во споредба ...
„Тесла“ (Tesla Inc.) изразува загриженост околу потенцијалните одмазднички потези на други земји како што ескалира трговската војна по потезите на претседателот Доналд Трамп со воведувањето царини за широк опсег на увозни добра. Производителот на електрични автомобили неделава ја предупреди администрацијата дека какви било потези од тој тип може да ги зголемат трошоците за производство и да ги направат неговите возила помалку конкурентни на ...
Агенцијата за супервизија на осигурување донесе решение за одземање на дозволата за вршење на осигурително брокерски работи на Осигурителното брокерско друштво СН Осигурителен брокер од Битола. ОДлуката била донесена на седницата на Агенцијата во петокот. „Со цел заштита на правата на осигурениците и одржување на принципот за рамноправност на сите субјекти на осигурителниот пазар Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО), согласно своите ...
Илон Маск, „министерот за кратење трошоци“ во администрацијата на Доналд Трамп и најбогат човек во светот (сѐ уште), деновиве веројатно и самиот не знае што да направи за да престане „кратењето“ на вредноста на неговата компанија „Тесла“ (Tesla Inc.), чии акции на берзата имаат стрмоглав пад во 2025 година. Дури и Трамп лично изјави дека ќе си купи „тесла“ за да го поддржи својот соработник. Всушност, падот на акциите на производителот на ...
Акциите на БЈД (BYD Co.) се искачија на рекордно ценовно ниво откако кинескиот производител на автомобили претстави серија електрични возила (ЕВ) за кои вели дека може да се полнат речиси исто толку брзо колку што е потребно за полнење гориво на обичен автомобил. Акциите на автомобилскиот производител се искачија дури за шест проценти на отвореното тргување во Хонгконг во рамките на денешната сесија, зголемувајќи ја пазарната вредност на ...
Кинескиот производител на електрични возила БЈД (BYD Co.) собра 5,6 милијарди долари од најголемата продажба на акции во Хонгконг во речиси четири години. Компанијата продаде 129,8 милиони акции по цена од нешто над 43 долари секоја, според условите на договорот, потврдувајќи го претходниот извештај на „Блумберг њуз“ (Bloomberg News). Цената е за 7,8 проценти пониска во однос на затворањето на тргувањето во понеделникот во Хонгконг. Понудата ...
Минатата, 2024 година Македонската берза беше шампион во регионот, со најголем раст на индексот, од 65 проценти, што беше на самиот врв и меѓу берзите од целиот свет. Дури пет акции на македонски котирани компании се најдоа меѓу десетте со најголем раст во 2024 година во регионот Адрија. Подобрената макроекономска состојба, скротената инфлација (иако сѐ уште постои страв од инфлациски притисоци), намалените каматни стапки, позитивните ...
Акциите на „Тесла“ (Tesla Inc.) паднаа, поставувајќи го вчерашното тргување како свој најлош ден во повеќе од четири години. Со тоа продолжи падот на вредноста на акциите на оваа компанија во 2025 година поради зголемената загриженост на Волстрит за побарувачката за електричните автомобили. Акциите вчера паднаа за 15 проценти откако Џозеф Спак од УБС (UBS Group AG) ги намали проекциите за испорака, како за првиот квартал така и за целата ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе купи сосема новa „тесла“ за да го поддржи Илон Маск, откако акциите на производителот на електрични автомобили имаа најлош ден во последните четири години поради растечкиот отпор кон политичките сојузи на Маск. Во објава веднаш по полноќ во Вашингтон, Трамп наведе дека ќе купи новa „тесла“ „уште утре наутро“ како покажување доверба и поддршка за Илон Маск, кого го нарече вистински голем ...
„Рајнметал“ (Rheinmetall AG) предвидува дека приходите и оперативната добивка ќе продолжат да растат годинава, додека германскиот производител на оружје го користи растот на европските трошоци за одбрана. Производителот на оклопното возило „боксер“ (Boxer) предвидува дека приходите ќе се зголемат за 25-30 проценти, додека оперативната маржа ќе биде околу 15,5 проценти. Во главната област на нивното работење, во секторот за одбрана, растот на ...
Оваа 2025 година нема да биде период на стабилизација за тешко погодената автомобилска индустрија, како што неодамна мислеше и изјави претседателот на „Стелантис“ (Stellantis), Џон Елкан. Откако американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела воведе царина од 25 отсто на стоки од Канада и од Мексико, Елкан и лидерите на „Форд“ и на „Џенерал моторс“ му побараа помош. „Стелантис“ дури побара поддршка од синдикатот на Обединетите ...
Производителот на „Оземпик“, „Ново Нордиск“, планира да произведува повеќе од своите лекови за американскиот пазар во таа земја; „Боинг“ ризикува проблеми со синџирот на снабдување и повисоки трошоци за авионите кои можеби нема да може да ги пренесе; кинескиот онлајн трговец на мало „Шејн“ нуди стимулации за своите врвни добавувачи на облека да воспостават нови производствени капацитети во Виетнам. Во корпорациите, директорите ги пресметуваат ...
БМВ (BMW AG) очекува ескалацијата на трговските конфликти меѓу САД, Европа и Кина да го чини производителот на автомобили околу една милијарда евра (1,1 милијарда долари) годинава, рече главниот извршен директор Оливер Зипс. „Не мислиме дека сите овие царини ќе траат многу долго, иако некои од нив може сепак да потраат подолго“, рече Зипс во денешното интервју за телевизијата „Блумберг“. „Со процена на трошоците од една милијарда евра, ние сме ...