Пролет – Еурофарм Пелистер 27:36 (13:15) Ракометарите на Еурофарм Пелистер од Битола победија на гостувањето во Скопје против борбениот Пролет со резултата 24:36, полувреме 13:15 и останува прв на табелата, а до крајот на плеј-офот остануваат уште три кола. Екипата на Пролет до 40 минута играа добро и во првиот дел од првото полувреме беа рамноправен ривал. Сепак, искуството и поголемиот квалитет пресуди во последните дваесетина минути, ...

Денес во Битола, во организација на Паријата на обединети демократи на Македонија-ПОДЕМ се одржа дебатна трибина на коалицијата “Твоја Македонија“.Членовите на ПОДЕМ од Битола имаа можност во неформална атмосфера да ги чујат ставовите на Претседателот на ПОДЕМ проф. Д-р Живко Јанкуловски, носителот на листа за ИЕ 5 Ѓорѓија Сајкоски и кандидатите за пратеници Пеце Милевски, Проф. Д-р Силвана Ангелевска, Мартин Ивановски и градоначалникот Тони ...

Кошаркарскиот клуб Пелистер од Битола денес го отврораат полуфиналето во Скопје, против екипата на Работнички. Со двата скопски дуели ќа започне серијата од пет натпревари, која потоа ќе продолжи во Битола, а докулку има и петти натпревар ќе биде во Скопје.Помошниот тренер на КК Пелистер, Дејан Илиевски пред заминувањето за Скопје на стартот на полуфиналната пресметка против Работнички рече: -Мислам дека добро работиме во овие две седмици, а ...

На денешен ден, 27 април 1952 година, во Битола е роден големиот македонски драматург Горан Стефановски. Две битолски уметници, Дијана Колонџоска и Ленче К. Јагоридовска обединети во заеднички проект “Цртај на македонски јазик“, одлучија на Универзитетската библиотека “Св. Климент Охридски“ во Битола да им направат читална посветена на македонскиот Шекспир.Локацијата на читалната, е само на 200 метри оддалеченост од куќата на ул. “Београдска“ ...

Во рамките на прославата по повод 45 годишнината од основањето на Универзитетот “Св. Климент Охридски“ Битола се промовирани нови 11 доктори на науки на УКЛО.-Задоволство ни е што имаме континуитет во докторските студии, дека секоја година има задоволителен број на докторанти и дека нивните докторски студии завршуваат со успех, односно кандидатите го достигнуваат највисокиот научен степен доктор на науки, истакна ректорот проф.д-р Игор ...

Со д-р Васил Чипуровски, информираме за прегледи на внатрешните органи. Низ овие разговори добиваме и стручни медицински информации за многу интернистички заболувања и нивно откривање и понатамошно третирање. За истите постои голема заинтересираност. Овој пат Д-р Васил Чипуровски зборува за хронични компликации од дијабетес, за што вели: -Хроничните компликации на дијабетесот или шеќерната болест се микроангиопатии и макроангиопатии. Во ...

Утре кошаркарите на Пелистер од Битола ги започнуваат петте натпревари од полуфиналето на купот, а првите два натпревари се играат во Скопје, во спортската сала “Кале“. По двата во Скопје следуваат два натпревари во Битола, а “пелистерци“ се надеваат дека во Битола ќе се радуваат за финале.Дарко Радуловиќ тренер на КК Пелистер на прес-конференцијата која се одржа во клубските простории за утрешниот натпревар во “Кале“ во Скопје рече: -Долго го ...

РК Еурофарм Пелистер е изненаден од неочекуваната промена на термините на полуфиналните натпревари од завршницата на Купот на Македонија во ракомет и реагираше преку соопштение во кое се вели: -За првпат во повеќе од три децении завршница на Купот на Македонија во ракомет се случува промена на веќе регуларно извлечени термини за одигрување на натпревар (извлекувањето беше јавно). Со ваквата одлука се нарушува регуларноста на натпреварувањето и ...

Ракометната федерација на Македонија по одржувањето на ждрепката за завршниот турнир на Купот. Екипата на Еурофарм Пелистер во полуфиналето ќе игра против екипата на Тиквеш, а второто полуфинале е Алкалоид Вардар. Дополнително федерацијата ги утврди и саатниците за натпреварите во битката за двата трофеи, кои ќе се играат во салата „Борис Трајковски“. Полуфиналињата ќе се одиграат на 16 и 17 мај, додека двете финалиња се закажани за в недела на ...

Со повеќе работни активности, јавното претпријатие за паркирање, го одбележува своето петгодишно работење. Денес, вработените во претпријатието, работеа на обележување на новоасфалтираната улица „Крушевска република“, каде извршија увид градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски и директорот на ЈППЈЛП, Зоран Михајловски. Градоначалникот и директорот разговараа и за резултатите од работењето на претпријатието кое во изминатите две ...

-Многу едноставно – со пријателство. Пријателствата се најдобриот пасош со бесконечен број на страници и не постои граница во светот што не може да се отвори.Учениците од ОУ “Стив Наумов“ од Битола беа најтопло пречекани во Истанбул каде ја претставија Македонија со настап на свечена церемонија по повод Денот на националниот суверенитет и на детето подарен од Мустафа Кемал Ататурк.Учениците од ООУ Стив Наумов, настапија во турското основно ...

Денот на основањето 25 април, Универзитетот “Св. Климент Охридски“ Битола го посвети на оние за кои постои – студентите.Одбележувањето обедини неколку историски момент кои колажно се поврзаа со студентите на УКЛО денес.Студентското минато започна со панел „90 години од првото здружување на битолските студенти“. Александар Стерјовски, еден од најистакнатите хроничари на Битола и поранешен проректор на УКЛО ги оживеа сеќавањата за студентското ...

Младинскиот културен центар – Битола (официјален младински клуб на УНЕСКО) за одбележување на Меѓународниот ден на џезот ќе организира концерт во живо на „СИН ПУСТИЊЕ“ (Синот на пустината) во вторник на 30 април 2024 година со почеток во 22.00 часот, во кафе бар Порта Џез во Битола. „СИН ПУСТИЊЕ“ е поетско-музичка авантура на двајца уметници од Сараево (БиХ), поетот и прозаист Ахмед Буриќ, на кој му се придружува пејачот, инструменталист и ...

Втора година по ред, Општина Битола во соработка со Универзитетот „Свети Климент Охридски“, објавува јавен повик за универзитетска летна пракса, со цел збогатување на практичните вештини на студентите и стекнување искуство во реалниот сектор. Можност за практикантска работа во одделенијата на општината и во дел од јавните претпријатија, за период од 1 месец, ќе имаат 40 студенти, распоредени во месеците јули, август и септември, за што ќе ...

На 28 април спортската сала Боро Чурлевски во Битола ќе ечи во звуците на најдобрите македонски рок хитови. За првпат по речиси една деценија, спортската сала Боро Чурлевски во Битола ќе биде домаќин на голем рок концерт организиран од најдобриот битолски бренд НУ Камерен Оркестар на Битола. Македонска Рок Симфонија е настан на кој присутните ќе имаат можност да ги слушнат најдобрите македонски рок хитови од Архангел, Леб и Сол, Ареа, Лева ...

“BioRePeel“ е иновативен третман за пилинг, кој користи патентирана технологија во две фази. Овој третман обезбедува био-стимулирачки, ревитализирачки и ефект сличен на лупење на кора. Комбинацијата на овие компоненти резултира со благ пилинг, стимулирање на биосинтетичкиот процес и обновување на структурата на кожата. Овој процес го намалува оштетувањето од УВ светлината, пигментацијата и лузните од акни и ефикасно го спречува стареењето на ...

Македонско – Британското друштво од Битола во Офицерски дом во Битола одржа вечер посветена на Шекспир, насловена “Во чест на Великанот Шекспир“, кој зборуваше преку своите дела, иако роден пред неколку векови, (1564 година) неговите текстови денеска се најизведувани драмски текстови во светот.Оваа Шекспирова вечер е дел од глобалниот настан на Шекспировиот роденден, 23 април, а овој настан традиционално во Битола го организира Македонско – ...

Во денешно време, поради намалената физичка активност кај луѓето, доаѓа до задржување на отровите во телото и таложење на масти, кои едноставно го деформираат телото и прават деструкција на самата физичка форма на луѓето. Со правилна и балансирана исхрана можеме да постигнеме телесна форма, која дава олеснителни околности на нашето тело. Поради многу непроверени информации во пракса, многумина прават грешка и се придржуваат кон одредени диети ...

“Тиквеш“ винаријата Ве поканува на необичен викенд во “Аурум“ каде што линијата вина “Луда Мара“ се среќаваат со чоколадни делиции за оние кои ќе бидат наши гости. Оваа водечка винарија во овој дел на Европа ветува дводневен настан кој ќе биде сетилно задоволство. На двете вечери, ќе настапи познатиот битолски џез музичар Сашо Поповски во придружба на врвни музичари. Ова е настан што нема да сакате да го пропуштите. Потребна во е само ...

Денес, четврток, 25 април, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурата во Битола до 14 степени. Утре, петок, 26 април, во Битола времето ќе биде уУтрото ведро и студено, преку денот сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурата ...

Државната изборна комисија по преброени 100 проценти од гласачки ливчиња во Битола од вкупно 170 гласачки места, ги објави првите неофицијални резултати од седмите по ред претседателски избори. Во Битола гласаа 44.480 или 57,56 проценти. Вкупен број на важечки гласачки ливчиња 43.136. Вкупен број на неважечки гласачки ливчиња 1.344. Во Битола најмногу гласови, 21.521, освои Гордана Силјановска Давкова, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, ...

В сабота започнуваат петте натревари од полуфиналето од кошаркарското полуфинале во кое Пелистер од Битола ќе се бори за финале против екипата на Работнички од Скопје. Навивачката група “Чкембари“ од Битола најави дека ќе биде на трибините во спортската сала “Кале“ во Скопје на првиот натпревар против Работнички.-После супериорното издание во Охрид и моќта прикажана директно од трибината, ова сабота одиме кон нов ПОХОД, овај пат заедно со ...

За многумина, првиот знак на карцином на дојка е грутка во градите. Сепак, симптомите можат да варираат, а нивното препознавање и навременото откривање се клучни. Затоа делувајте навреме, направете превентивен преглед. Благодарение на експертската медицинска грижа и напредната медицинска опрема, нашиот дијагностички центар ви овозможува рано откривање и навремена дијагностика на промените на дојките. Закажете преглед ехо на дојка по ...

Денес се одржуваат седмите по ред претседателски избори во Македонија, а гласачите од Битола, како и во останатите градови ќе глаат за еден од седум кандидати,пет мажи и две жени. Во избирачкиот список за претседателските избори во Македонија се запишани 1.814.317 избирачи Во Битола во првиот круг претседателски изброи право на глас имаат 77.419 полнолетни граѓани кои ќе гласаат на 170 гласачки места. Избирачкиот список во Битола поради ...

Денес, среда, 24 април, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно и потопло со сончеви периоди. Попладне можност за слаб дожд, краткотрајно пороен и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен ветер од југозападен правец. Температурата во Битола до 20 степени. Утре, четврток, 25 април, во Битола времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, ...

НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола и Педагошкиот факултет – Битола денес го одбележааа Светскиот ден на книгата и авторското правосо заеднички настан.Целта беше да се одбележи и прослави Светскиот ден на книгата и авторските права, поддршка на книжевноста и читањето и подигање на свеста за значењето на културата и авторските права.На почетокот на настанот се обрати директорот на НУУБ „Св. Климент Охридски“ м-р Бојан Стефановски кој на ...

В сабота, 27 април, во Битола ќе се одржи втората традиционална “Трка за Македонија“ во чест на загинатите бранители во село Вејце и сите бранители кои го дадоја животите за Македонија. Стартот е во 9 часот од пред споменикот “Ангелот“ пред саат-кулата во Битола ,се трча до Породин и потоа се завршува во црквата “Света Троица“ во населбата “Буковски Ливади“. Должина на патеката е од околу 25 километри можи да се трча и штафетно, кој колку можи. ...

Народниот театар од Битола ќе се претстави на “Денови на Игор Вук Торбица“ манифестација во чест на прерано починатиот уметник , која се оддржува од 25 до 29 април во Нови Сад Србија. Српското Народно Позориште ќе биде домаќин на култните претстави кои ги режирал Игор Вук Торбица, а овие претстави оставија незаборавни моменти во театарите од регионот. Во рамките на “Игоровите денови“ ќе се соберат ансамбли од регионот, актери и негови пријатели ...

НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола организираше настан по повод Денот на планетата Земја и Светскиот ден на книгата и авторските права. Учесниците на настанот се појавија маскирани во различни ликови од омилени книги и филмови, животни од приказни, историски ликови, супер херои и со пораки за заштита на планетата Земја.Настанот креираше волшебна атмосфера, сите се забавуваа и ја изразија својата љубов кон книгите и природата.Присутните на ...

РКЕ одлучи: Малопродажната цена на дизел горивата од ноќеска на полноќ се намалува за 1,5 денари за литар, а бензините поскапуваат за еден до 1,5 денари за литар. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,5 денари за литар и ќе изнесуваат по 76 денари за литар. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, пак, се зголемува за еден денар за литар и ќе изнесува 87,5 денари за ...

weather icon

Скопје

31ᴼ / 31ᴼ
2.06
22%
1017
weather icon

Белград

30ᴼ / 29ᴼ
2.57
33%
1016
weather icon

Загреб

32ᴼ / 31ᴼ
2.57
40%
1014
weather icon

Софија

26ᴼ / 26ᴼ
3.6
24%
1018
weather icon

Сараево

32ᴼ / 32ᴼ
1.14
19%
1015
weather icon

Љубљана

32ᴼ / 30ᴼ
4.02
42%
1015
weather icon

Атина

32ᴼ / 29ᴼ
5.81
27%
1015
weather icon

Тирана

29ᴼ / 29ᴼ
2.06
39%
1017
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
2.06
29%
1017
weather icon

Букурешт

31ᴼ / 30ᴼ
5.14
27%
1015
weather icon

Будимпешта

32ᴼ / 31ᴼ
6.17
27%
1013
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
4.12
57%
1016
Currency

61.535

Currency

53.4215

Currency

71.8858

Currency

34.3015

Currency

38.9054

Currency

65.4658

Currency

7.44954

Currency

0.68164

Currency

0.36489

Currency

0.52488

Currency

1.34838

Currency

0.61752

Алуминиум

2.55

Иридиум

142524.59

Кобалт

42.99

Никел

14770.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.55

Сребро

1157.66

Злато

108292.15

Бакар

9.71

Паладиум

33661.83

Платина

40334.14

Родиум

176025.34

Цинк

2.62