Јајцата се дел од ихраната на човекот на повеќе начини, а за тоа дали се штетни или корисни за човекот има голем број на дилеми. Ќе се обидеме преку некои факти за јајцата да појасниме некои работи. Јајца од кокошки се многу корисни за ншсето здравје, содржат холин и се важен извор на протеини. Холинот има битна улога на развојот на мозокот и негова функција, тој е многу вазен за бремени жени и помага за развојот на фетусот. Две големи јајца ...

Денес, четврток, 4 јули, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно и посвежо, со можност за локален пороен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 28 степени. UV=7. Утре, петок, 5 јули, во Битола времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. ...

Градоначалникот на општина Битола – Тони Коњановски, заедно со дел од изведувачите на вечерашната „Симфонија на ѕвездите“, го најавија официјалниот почеток на Битолското културно лето „БИТ ФЕСТ“.Вечерва на Стадионот „Петар Милошевски’ во Битола се очекува публика од околу 4.000 гости.-Се наоѓаме пред официјалниот почеток на 16 издание на БИТ ФЕСТ. Направивме една прекрасна компилација вечерва на една нова сцена. Градскиот стадион „Петар ...

На 02.07.2024 СВР Битола до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 57 годишна директорка на државен ученички дом во Битола од Битола, поради основано сомнение за сторени четири кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“, „несовесно работење во службата“, „фалсификување исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“, сите од Кривичниот законик. Пријавената во својство на одговорно лице, ...

Вечерва на стадионот “Петар Милошевски“ во Битола се очекува публика од околу 4.000 гости. Официјален почеток на “БИТ ФЕСТ” со поголем број музички ѕвезди кои ќе се дел од вечерашната “Симфонија на ѕвездите”.Меѓу нив ќе настапи и Love Itoya која е пејачка, композитор, текстописец и танчерка која со својот длабок глас од душата и нејзиниот танчерски перформанс ја покренува публиката кога и да се појави на сцената. Со неа поразговаравме пред ...

По вчерашното невреме што го зафати градот, екипите на ЈКП “Водовод“ Битола и Пожарната станица излегоа на терен за побрзо справување со пожарот, со што успешно беше спречено предизвикување на голема штета на пумпната станица “Овчи Баир“.-Апелираме до граѓаните посвесно да се однесуваат, посебно да се внимава на ваквите објекти од огромно значење и навремено да се пријавува секое палење на оган од несовесни граѓани, велат од ЈКП “Водовод“ ...

Иако Нешат Аземовски веќе неколку години не е со нас, тој велеше дека постои друг универзум, друг свет – веруваме дека е таму и дека е многу среќен и прави дела добри за заедницата. Секогаш велеше: -Сите имаме ние одговорност кон општеството и кога ќе ме прашат моите деца што сум направил за општеството, да имаме одговори. Драг наш Нешат, можеме да ти дадеме одговори за ова твое прашање. Луѓето сеуште зборуваат за тебе, слушаме многу добрини, ...

Програмските содржини 16 издание на Битолското културно лето „БИТ ФЕСТ“ претставуваат поврзување на традиционалните настани во градот, поддржани од општината, како и културно – уметнички и музички содржини и настани, кои ќе се реализираат од страна на културните соработници на Општина Битола.“Бит-фест“ започнува денес, на нова локација, во нов амбиент, со спектакуларен настан и големи музички ѕвезди, на незаборавна “Симфонија на ѕвездите“ на ...

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер 2 од Битола соопшти дека се договорени две засилувања за наредната сезона, а се работи за Стефан Дрогришки и Мартин Јовановски.Првото засилување е искусно име за натпреварите во Првата лига е 29-годишниот поранешен репрезентативец Стефан Дрогришки кој е нов член на Еурофарм Пелистер 2, откако денес стави потпис на двегодишен договор со својот матичен клуб. Дрогришки доаѓа од Охрид, а во својата кариера ...

Уметноста и музиката на новата генерација млади луѓе, но и социјалните промени, беа во фокусот на Битола отворен град, кој изминатата недела го трансформираше градот во отворена сцена за бројни музички настани и неколку арт перформанси и дебати.-Овој наш настан, кој влезе во третата деценија, беспрекорно умее да се носи со новите генерации и новото време. Да ја спојува уметноста, музиката и општествениот ангажман, обезбедувајќи платформа за ...

Еурофарм Пелистер од Битола продолжува со промовирање на новите засилувања за втората по ред сезона во Лигата на Шампионите, а се работи за Илија Абутовиќ кој се враќа во македонскиот ракомет. Абутовиќ еспецијалист за одбрана, кој најдобрите моменти во кариерата ги доживеа во редовите на Вардар. Од Еурофарм Пелистер за новото засилување велат: -Ни причинува особено задоволство што наш нов член е српскиот репрезентативец Илија Абутовиќ. ...

Единаесет студенти од УКЛО Битола започнаа практикантска работа во проектот „Универзитетската летна пракса“ 2024 г. што се спроведува втора година по ред. Седум студенти летната пракса ја остваруваат во одделенијата од Општина Битола, двајца во Домот за стари и изнемоштени лица „Сју Рајдер“ и по еден студент во ЈП Паркинзи и Зоолошката градина во Битола.Станува збор за проект што стартуваше минатата година, благодарение на добрата соработка ...

-“Трифт“ шоповите (thrift shop) се многу популарни насекаде, бидејќи нудат брендирана роба по многу ниски цени. Особено младите ги сакаат трифтовите, бидејќи и фенси е да се облекуваш во трифт како што велат. Еве и во Битола се трудиме “Multi brand’s“ бутикот да биде снабден со многу квалитетна Брендирана “second hand“ роба, порачуваат од “Multi brand’s“ бутик и додаваат: -Ќе кажеме само дека голем дел од робата е нова или скоро нова, а цените ...

Светски познатиот германски електронски музичар, Schiller, кој за првпат доаѓа во Македонија, веќе пристигна и своето време до настанот го поминува истражувајќи ги убавините на нашата држава. Од урбаниот шарм на Скопје до идиличните брегови на Охридското Езеро, со крајна дестинација Битола, Schiller го користи секој момент од својот престој во Македонија, да ја истражи нашата култура и нашите прекрасни места. Само за потсетување, Schiller доаѓа ...

Капитенот на Пелистер Борче Маневски по завршувањето на фудбалската кариера во Пелистер од Битола останува под Тумбекафе. Маневски сега е назначен за помошник тренер, а денес на стартот на подготовките во Битола им беше претставен на фудбалерите. Претседателот на Пелистер, Митко Стојковски промовирајќи го Маневски како дел од стручниот штаб на клубот му посака успешна тренерска работа и најави дека Пелистер ќе одигра натпреавр во негова чест ...

Фудбалерите на Пелистер денес во Битола , под Тумбекафе ги започнаа подготовките за за новата прволигашка фудбалска сезона, а како беше кажано на денешната прозивка, целта е јасна Пелистер да биде стабилен член на Првата фудбалска лига. На првата прозивка присуствуваа и новајлиите во Пелистер, на исто така им беше искажано добредојде.Претседателот на Пелистер, Митко Стојковски во име на Управата на клубот рече:-Сакам на сите да ви посаќам успех ...

Денес, 1 јули единствената Продавница за станови во Македонија слави 1 година постоење. 366 дена на навните клиенти им нудат уникатно искуство при купувањето на становите. Оваа пионерска идеја беше препозната од клиентите и благодарение на посветениот тим, голем број на наши сограѓани, својот нов дом го пронајдоа токму таму.Продавницата за станови се наоѓа на Широк Сокак 71, работното време е од понеделеник до петок од 10 до 18 часот. Повеќе ...

Општина Битола ги повикува сите граѓански организации да поднесуват предлог проекти кои се доследни на развојните цели на општината. Предлог проектите кои ќе бидат поднесени во рамките на јавниот повик треба да придонесат кон обезбедување подобри услуги за локалната заедница и да придонесат кон оствaрување на една или повеќе приоритетни цели на општина Битола. За овој јавен повик, приоритетни области за општина Битола се: Висината на грантовите ...

КИЦ Битола ги одреди комплетните автори и изведувачи за овогодинешното второ по ред издание на фестивалот на староградска музика “Ех, таа серенада“, кој ќе се оддржи на 11 јули 2024 на платото на Офицерски дом-КИЦ Битола, со почеток во 21.00 ч. Поддржувач на фестивалот е Општина Битола, а влезот е слободен. „ДОЈДИ КАЈ ШТО ЦУТАТ ЛИПИТЕ„ Бoби Поповски – автор на текст Бoби Поповски – автор на музика Исполнува: Горан Тодороски Аранжман: Љупчо ...

Денеска (30.06.2024) во 02.20 часот во СВР-Битола Г.П.(47) од Битола пријавила дека на 29.06.2024 околу 23.40 часот во Битола нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 29.06.2024 во 17.20 часот во Битола полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 42 годишник од Битола поради постоење основи на сомнение дека околу 09.20 часот во градскиот пазар на тезгите во ...

-“Човекот не може да опстане во опкружување во кое нема емпатија“ напишал психоаналитичарот Kohut. -Понекогаш е доволно само да знаеме дека не разбираат, како се чувствуваме кога ни е тешко. Емпатијата е карактеристика на виосока емоционална интелегенција значајна за секого. Таа значи перцерпирање, препоизнавање и соживување со чувствата на другите луѓе и како да го насочуваме нашето однесување за да имаме подобра комуникација. Искуства и ...

Легендарните песни на овој бенд биле поврзани со општествените случувања од транзицијата, меѓучовечките односи, вредностите, љубовта… Ристо Вртев – фронтменот на “Архангел“ со својата појава од крајот на 80-тите извршил неверојатно влијание на публиката и воопшто на културата во осумдесеттите и деведесеттите…-Сè уште сме заглавени во т.н. транзиција, така што моите песни не изгубија ништо од актуелноста. На моите настапи гледам луѓе од мојата ...

Денес, недела, 30 јуни, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и многу топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Температурата во Битола до 32 степени. УВ=9 Утре, понеделник, 1 јули, во Битола времето ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот можност за локална појава на невреме. Температурата во Битола до 33 ...

Фудбалскиот клуб Пелистер од Битола денес, на два дена пред стартот на подготовките за наредната фудбалска сезона ги промовира првите три засилувања за новата прволигашка сезона. Нови членови на тимот на “пелитерци“ се Филип Тодороски, Виктор Серафимовски и Дамјан Масевски. Филип Тодороски доаѓа од редовите на Воска Спорт, а во минатото беше дел од Победа каде што со младинскиот тим играше во Лигата на шампионите. Станува збор за офанзивен ...

Со д-р Васил Чипуровски информираме за најсовремени апарати во медицината за прегледи на внатрешните органи, кои ги поседува. Низ овие разговори добиваме и стручни медицински информации за многу интернистички заболувања и нивно откривање и понатамошно третирање. Овој пат д-р Васил Чипуровски зборува за митрален валвуларен пролапс – МVP, за што вели: -Пролапс на митралните залистоци е спуштање на еден или двата залистоци во лева преткомора по ...

Пионерската екипа на Еурофарм Пелистер од Битола успешно настапува на турнирот во Белград, Србија против своите врсници. Битолските млади надежи предводени од Кире Митревски, одиграа нерешено против екипата на Маталопластика 19:19 во првото коло, потоа ја победија екипата на СТЦ со 26:17.Во продолжението на турнирот беа поразени од екипата на Нови Београд минимално со 20:21, а во последното коло победија против екипата на Седмерец со 22:19. Во ...

Секторот за внатрешни работи Битола ги известува жителите на градот Битола дека на 30.06.2024 (недела), во периодот од 07,00 до 13,00 часот, по повод канонизацијата на Светата преподобномаченичка Стефанида Битолско-скадарска, која ќе се одржи во Соборниот храм „Св. великомаченик Димитриј“ во Битола, ќе биде воведен изменет режим на сообраќај по улиците: -„Довлеџик“, „Бул. 1-ви Мај“ (и од двете страни), дел од ул. „Широк сокак“, „11-ти ...

Викендов од 28 до 30 јуни во Битола ќе се одржи Балканското првенство во џудо за помлади пионери и пионерки. Балканското првенство е во организација на џудо Федерацијата на Македонија, а технички организатор е џудо клубот Пелистер од Битола.Дејан Мицкоски, спортски директор на Џудо федерацијата на Македонија, за престојното балканско првенство вели:-На прагот сме на Балканското првенество кои започнува утре во спортската сала “Боро Чурлевски“ ...

Пелистер Волеј од Битола во континуитет, еве веќе цела една деценија продолжува да лансира нови репрезентативки од своите редови со што покажува дека има една од најдобрите школи за одбојка во Македонија.Битолчанката Анастасија Ристевска од редовите на Пелистер Волеј беше дел од репрезентацијата на Македонија на балканскиот шампионат – У18. Таа се најде на списокот откако претходно заедно со своите соиграчи од битолски Пелистер, Билјана ...

Денес, петок, 28 јуни, во Битола, според прогнозите на метеролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со можен повремен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура во Битола до 29 степени. UV=7 Утре, сабота, 29 јуни, во Битола, времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер. Максималната температура во Битола ...

weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
63%
1020
weather icon

Белград

18ᴼ / 14ᴼ
2.06
60%
1019
weather icon

Загреб

14ᴼ / 14ᴼ
0.0
77%
1019
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
76%
1020
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
2.93
46%
1018
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 16ᴼ
0.51
81%
1019
weather icon

Атина

24ᴼ / 22ᴼ
3.09
40%
1017
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
63%
1019
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
1.03
52%
1019
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 16ᴼ
3.09
54%
1016
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 16ᴼ
0.89
50%
1017
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
2.06
77%
1017
Currency

61.53

Currency

53.4215

Currency

71.8321

Currency

34.5771

Currency

38.9044

Currency

65.3232

Currency

7.43152

Currency

0.68128

Currency

0.36614

Currency

0.52473

Currency

1.3465

Currency

0.617

Алуминиум

2.55

Иридиум

142524.59

Кобалт

42.99

Никел

14770.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.55

Сребро

1157.66

Злато

108292.15

Бакар

9.71

Паладиум

33661.83

Платина

40334.14

Родиум

176025.34

Цинк

2.62