Општина Битола објавува јавен повик за избор на оператор за обезбедување на услугата Итно копче – нова 24/7 достапна услуга која овозможува на корисниците да побараат помош со едноставно притискање на едно копче. Услугата Итно копче е наменета за лица кои имаат потреба од брз пристап до помош во итни ситуации. Корисниците, со едноставно притискање на копчето на аларм-уредот, воспоставуваат контакт со операторот од контакт центарот на Итно ...

-Overthinking – Претерано размислување за одредена мисла, ситуација или проблем, води до зголемен стрес и анксиозност. Начини како да се надмине „Порано премногу размислував за се. Секоја одлука, секој разговор, секоја мала грешка – ги повторував во мојата глава, анализирајќи го секој детал. Тоа беше исцрпувачки“. Проблемот со претераното размислување е што ретко води до решенија. Наместо тоа, создава стрес, сомнеж и непотребна грижа за работи ...

Охрид – Еурофарм Пелистер 25:27 (13:16) Екипата на Еурофарм Пелистер од Битола во дербито на колото во Охрид ја победи истоимената екипа во убав првенствен натпревар во кој охриѓани се потрудија, но не успеаја да направат изненадување на домашен терен, со резултат 25:27, полувреме 13:16. Екипата од Битола имаше предност во текот на целиот натпревар, а на крајот само ја потврди победата. Натпреварор започна со изедначен резултат се до 4:4, а ...

Битола и битолчани од секогаш биле космополите, а тоа се покажа уште еднаш денес на стадионот под Тумбекафе, во Битола каде се одигра првенствениот натпревар Пелистер – Брера. Велчо Петровски – Папал пензионер и основач на фирмата за аранжирање на излози и светлечки реклами “Папал дизајн“, заедно со пријателите денес на оригинален начин му посакаа добредојде во Битола на јапонскиот фудбалски интернационалец Такахара, кој настапува во дресот на ...

Пелистер Волеј – Куманово 3:0 (25:11; 25:07; 25:19) Пелистер Волеј во спортската сала “Боро Чурлевски“ во Битола по победата во 1/8 финалето од купот на Македонија, лесно дојде и до првенствена победа над Куманово.Во салата “Боро Чурлевски“ во Битола Пелистер Волеј не дозволи никакво изненадување и за нешто повеќе од еден час ја декласира екипата на Куманово со 3:0.Тренерот на Пелистер Волеј, Роберт Митковски за победата вели:-Иако изморени од ...

Денес фудбалерите на Пелистер ја започнуваат пролетната сезона, а прв натревар кој ќе се одигра во Битола е натпреварот против екипата на Брера. За овој натпревар тренерот на Пелистер, Срџан Захариевски вели: -Тешко е секогаш на првиот натпревар кој го има тренерот со нов тим, но тоа е така. Имавме добро подготовки, се подготвувавме добро и покрај сите здравствени проблеми. Се надевам на добра промоција на овој тим на Пелистер пред своја ...

Зимата носи посебни предизвици за кожата на лицето, која бара интензивна хидратација, нежна нега и заштита од студените услови. Во “Боди М“, секој третман е внимателно прилагоден за да ја врати свежината, еластичноста и здравиот сјај на вашата кожа. Без разлика дали станува збор за длабинско хидрирање со маски богати со активни состојки, нежен пилинг кој ја обновува површината на кожата или специјализирани техники за регенерација – нашата ...

Во ФИКТ Битола вчера и денес се оджува првиот “Климатонот“, каде што амбициозните тимови работеа на своите иновативни еко решенија за почиста и поодржлива иднина, со инспиративни воведни сесии и поддршка од ментори, се со цел да дадат идеи кои можат да направат вистинска промена во заедницата. По 24 часа интензивна работа, прво место на “Климатонот“ освои тимот од Техничкото училиште од Битола под менторство на професорката Александра Колевска. ...

Младите фудбалери на Пелистер од Битола родени 2013 година се пласираа во финалето на младинскиот “Вихрен куп“ во Бугарија, кој игра во градот Сандански. Младите на Пелистер, по одлично сработени подготовки во Битола заслужени се пласираа во финалето со одлична статистика, пет победи, четиринаесет постигнати голови и без примен гол. -Турнирот е екстра квалитетен, а ние покрај добрите игри кои ни беа и главна цел, имаме одлични резултати. Во ...

-Гости на годинашниот избор на спортист на Битола ќе бидат поранешниот тренер на РК Пелистер -Анте Костелиќ, неговиот син Ивица Костелиќ и спортскиот новинар и коментатор со Зоран Михајлов, кој има потекло од Битола. Денес во бар “Манаки“ прес конференција одржа Сојуз на спортови на Битола, по повод големиот јубиле, 60 години традиција на Битола во прогласување на најдобрите спортисти и екипи на Битола. По тој повод претседателот на Сојузот на ...

На 14.02.2025 во 21.10 часот, полициски службеници од СВР Битола во паркот во близина на ОУ „Стив Наумов” во Битола лишиле од слобода двајца малолетници бидејќи кај нив била пронајдена марихуана. По документирање на настанот, ќе следува соодветна пријава. На 14.02.2025 во 10.37 часот во СВР Битола, Ј.С. пријавил дека настанал пожар во куќа во село Бистрица, сопственост на К.М. (73) и М.М. (85) од с.Бистрица. Пожарот бил изгаснат од страна на ...

Со д-р Васил Чипуровски, информираме за прегледи на внатрешните органи. Низ овие разговори добиваме и стручни медицински информации за многу интернистички заболувања и нивно откривање и понатамошно третирање. За истите постои голема заинтересираност. Овој пат Д-р Васил Чипуровски зборува за примена на ехото во дијагностицирање на хиперспленизам и спленомегалија, за што вели: -Слезинката е лимфоретикуларен инкапсулиран орган расположен над ...

Совладувањето на англискиот јазик е клучот за беспрекорна комуникација, и е од суштинско значење како за секојдневниот живот така и за професионалниот успех – запишете се на нашата обука Англиски јазик за конверзација и отворете ги вратите за нови можности. -Проширен вокабулар, -Течни разговори, -Подобрени комуникациски вештини… Времетраење: 4 месеци. Часовите се одржуваат 2 пати неделно. Цена: 3.000 денари месечно, за целосна уплата за 4 ...

Пелистер не успеа да стигне до место во големото финале од Купот на Македонија откако нашиот вечерва во првата полуфинална пресметка беше поразен од МЗТ Скопје со убедливи 86:103. Слабата одбрана беше главна причина за убедливиот пораз на тимот од Битол во кој уште по првото полувреме имавме 20 поени негатива (40:60), период во кој целосно беше решен победникот во ова полуфинале. Пелистер одлично го отвори натпреварот, со шест поени во низа на ...

На два дена пред почетокот на пролетниот дел од Првата фудбалска лига, Пелистер од Битола преку соопшрение се обрати до љубителите на фудбалот од Битола кое се однесува на влезниците и “кучниот ред“ за публиката. Во соопштението стои: -Почитувани, Ве известуваме дека карти за натпреварот за во недела (Пелистер-Брера), се достапни за продажба на сите локации на Димпо Тобако. Карти ќе се продаваат и на билетарница на денот на натпреварот. -Цена ...

Кошаркарите на Пелистер од Битола, вчера во Гевгелија, успешно го минаа првиот тест на завршниот турнир од Купот на Македонија, славејќи на дуелот против Чаир и обезбедувајќи пласман во полуфиналето од ова натпреварување. „Зелено-белите“ има контрола над резултатот во текот на сите 40 минути и на крајот заслужено славеа со поените на Лука Стојановски, кој втрча во рекетот во клучните моменти, по офанзивен скок ставајќи печат на триумфот. ...

Во рамките на посетата на Битола министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски ги посети Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството и ЈП “Стрежево“ во Битола. Со директорот на Агенцијата за поттикнување на развојот за земјоделство – Битола, Пеце Стојковски се договорија од понеделник да се започне со информирање и запознавање на земјоделците со новата Програма за финансиска поддршка, бидејќи како најави ...

Предмет на Јавниот повик е прибирање понуди за финансиска поддршка на проекти на здруженија на граѓани и фондации кои работат во областа на еднаквите можности. Проектите ќе бидат поддржани со средства од Буџетот на Општина Битола за 2025 година, согласно Програмата за еднакви можности на Општина Битола за 2025 год. во следните области: 1. Родовата еднаквост преку образование 2. Родовата еднаквост преку медиуми 3. Родовата еднаквост преку ...

Денес, петок, 14 февруари, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хисрометеоролошки работи, времето ќе биде значително облачно. Од пладневните часови можност за повремен локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата во Битола до 8 степени. Утре, сабота, 15 февруари, во Битола времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. ...

Спортинг – Еурофарм Пелистер 30:24 (14:13) Ракометарите на Еурофарм Пелистер од Битола претрпеа пораз на гостувањето во Португалија кај тимот на Спортинг со резултат 30:24, полувреме 14:13 во рамки на 11. коло на Лигата на шампионите. Отворањето во натпреварот во првиот меѓународен натпревар во оваа 2025 година беше во знак на промашувањата на “пелистерци“, а домаќинот дојде до предност од 3:0, а -3 беше и на 6:3. Еурофарм Пелистер намали на ...

Пелистер – Чаир 76:72 Пелистер од Битола е вториот полуфиналист во Купот на Македонија, што се игра во Гевгелија, откако битолчани славеа на денешниот дуел со Чаир со резултат 76:72, во натпревар во кој 40 минути има водство, највисокот од +12, а чаирчани само на два пати израмнија. Новото засилување Гамбрел беше клучен играч, а последните поени за победа ги постигна Лука Стојановски, први за него во четвртфиналето, но постигнати на десет ...

Во работна посета на општина Битола, денес престојуваше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, кој заедно со градоначалникот на општина Битола, остварија средба со земјоделците и сточарите од Пелагонискиот регион.На средбата се разговараше за актуелните состојби во сите земјоделски и сточарски гранки, за субвенционирањето, како и за актуелните политики за регионот.Градоначалникот Тони Коњановски, пред ...

Кошаркарите на Пелистер од Битола денес ги започнуваат натпреварите од годинашниот Куп на Македонија “Благоја Ѓоргиевски Буштур“ кој се игра во Гевгелија. “Пелистерци“ денес со почеток во 15,30 часот во четвртфиналето ќе играат против екипата на Чаир. Стартот на турнирот е денес со четвртфиналните пресметки, најпрво од 13 часот со дуелот меѓу ТФТ Скопје и Гостивар, а потоа следат Пелистер и Чаир, па домаќинот Куманово со Кожув. Во вечерниот ...

По два месеци пауза продолжува Лигата на шампионите во ракомет. Следуваат последните четири кола во групната фаза, а во рамките на група “А“ македонскиот првак Еурофарм Пелистер од Битола пред елиминационата фаза. Пред заминувањето во Португалија за медиумите тренерот Раул Алонсо рече: -Спортинг е одличен тим, тие веќе две-три години работат проект и сите видоа што можат да направат. Први се во лигата, а во Лигата на шампионите котираат исто ...

Општина Битола како центар на Пелагонискиот плански регион, по препорака на Министерството за животна средина и просторно планирање, ќе организира одлагање на кабастиот отпад и градежниот шут, во периодот од 15-ти до 20-ти, во месеците февруари, март и април. Во наведените термини, граѓаните ќе можат да го доставуваат отпадот во терминот од 7-15 часот и тоа: Кабастиот отпад ќе се одлага во кругот на Стопанскиот двор на ЈКП “Комуналец“ на ул. ...

Струмица Жени – Пелистер Волеј 2:3 (23:25; 25:22; 25:27; 25:17; 12:15) Екипата на Пелистер Волеј од Битола во епска битка од 2 часа и 47 минути до доцна во ноќта во 1/8 финалето ја елиминираа силната екипа на Струмица Жени и се пласираа во 1/4 финалето од купот на Македонија. Тренерот на Пелистер Волеј, Роберт Митковски, за оваа значајна победа после натпреварот рече: -Натпревар кој изобилуваше со многу борба од двете страни, се играше ...

Со рачна терапија “taftherapy“ може да се подобри здраствената состојба кај пациентите кои имаа ишијас. Ишијас како заболување се смета како симптом, кои е предизвикан од дегенеративни промени на телото, и сама структура на формата кај човекот. Постојат интерна и акутна ишијалгија. Исијадикус е најдолгиот нерв во нашето тело, кои по својата функција е доста еластичен и фибриден. Најчести симптоми кај ишијас, е болка во лумбалниот дел на ...

Денес, четврток, 13 февруари, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата во Битола до 5 степени. Утре, петок, 14 февруари, во Битола времето ќе биде умерено до значително облачно со услови за повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. ...

Еурофарм Пелистер од Битола по зимската меѓународна пауза во Лигата на шамоионите утре им се враќа на обврските во Лигата на шампионите. “Пелистерци“ во пролетниот од сезоната во елитата ќе пробаат да испишат историја и за првпат да се пласираат во елиминационата фаза, за која имаат реални шанси. Прв пролетен противник на пелистерци е тимот на Спортинг во натпревар кој што се игра во Португалија. Еден од најискусните во таборот на македонскиот ...

Младиот Ален Рустемов, кој со своите 20 години бележи големи боксерски успеси, со високи резултати ја заврши и изминатата 2024 година, гордо веејќи го македонското знаме. Имајќи ја предвид неговата исклучителна талентираност, спортска подготвеност и издржливост, наградена со многу медали и признанија, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, одржа состанок со Рустемов на кој беше направена кратка ретроспектива на досегашните ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
0.51
63%
1028
weather icon

Белград

17ᴼ / 17ᴼ
2.68
72%
1027
weather icon

Загреб

18ᴼ / 14ᴼ
1.03
78%
1027
weather icon

Софија

12ᴼ / 12ᴼ
0.0
71%
1029
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
1.83
49%
1026
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 14ᴼ
1.03
95%
1028
weather icon

Атина

22ᴼ / 19ᴼ
3.58
43%
1023
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
2.06
77%
1024
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
1.03
49%
1026
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 18ᴼ
3.6
64%
1026
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
82%
1026
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
2.06
59%
1025
Currency

61.535

Currency

52.3346

Currency

70.6068

Currency

34.5437

Currency

37.8847

Currency

65.8447

Currency

7.35718

Currency

0.62675

Currency

0.35386

Currency

0.52449

Currency

1.26488

Currency

0.5941