
Скопје
39ᴼ /
39ᴼ



Претприемништво, непроценливата вредност на вработените за успехот на еден бизнис, младите и иновациите, беа главните теми на последниот ден од виртуелниот Самит Македонија2025. Самитот денеска започна со панел-дискусијата насловена “Што е потребно за врвен успех: интервју со најуспешната жена-претприемач со македонско потекло во светот“ односно Сузан Ничовски, која е основач и претседател на „The Summer Fresh Salads Inc.“ во Канада. Во своето ...
„За првпат од почетокот на пандемијата, има надеж за подобра иднина“, напиша главниот економист на ОЕЦД, Лоренс Бун во новата прогноза за економскиот развој на Организацијата за економска соработка и развој. Но, тој додава дека патот до закрепнување ќе биде полн со опасности и ќе трае подолго за некои земји отколку за другите. Светската економија годинава ќе се намали за 4,2 проценти, но следната година ќе порасне за истиот износ, се наведува ...
Успешното управување со личните финансии како и разбирањето на основните финансиски концепти се важни вештини за сите млади. Токму овие и многу други теми се во фокусот на проектот за финансиска писменост на млади кој го спроведува организацијата Глобал Шејперс Скопје Хаб. Организацијата е дел од Global Shapers Community, иницијатива на Светскиот економски форум. Global Shapers Community е мрежа на хабови формирани во градови низ целиот свет ...
УНИБанка АД Скопје објавува Оглас за вработување на 1 (еден) извршител на следнава работна позиција: Администратор на апликативен софтвер Потребни квалификации: Универзитетска диплома за завршени информатички студии (ВСС) Предност со 2-3 години работно искуство во работа со SQL, PL/SQL и Java технологија Познавање на англиски јазик (читање и пишување) Способност за тимска работа согласно интерни процедури на компанијата Потребни предзнаења: ...
Последната деценија докажа дека дигиталната трансформација е неопходност за едни, комерцијално привлечна за други – но во секој случај предизвикувачка за сите. Имајќи го ова во предвид, што мислите, што ја прави транзицијата полесна за некои компании од останатите? Со сигурност би се согласиле дека денес речиси е невозможно да сретнеме компанија без апетит за дигитална трансформација. Но, реалноста отсликува состојба во која голем дел од ...
Финансиската глобализација и огромната популарност на спортот ја зголемуваат ранливоста на спортската индустрија од корупција, перење на пари, затајување на данок итн. Популарноста на најважната споредна работа во светот (фудбалот) и неговата голема распространетост во игрите на спортските обложувалници за жал во значителна мера допринесува за зголемување на овој ризик. Големината на глобалниот пазар на обложувалници се проценува на 1,7 ...
Најголемата руска банка „Сбербанк” очекува да генерира повеќе од половина од своите приходи во сектори надвор од нејзината основна деловна активност до 2030 година, најавувајќи фокус на е-трговијата. „Сбербанк” сака да биде меѓу тројцата водечки руски актери во е-трговијата до 2023 година, а на почетокот на неделата најави преземање на мнозинскиот пакет акции на Интернет платформата „СберМаркет”, заедничко вложување со Интернет-групата ...
На светските валутни пазари, минатата недела вредноста на американската валута долар порасна, бидејќи по веста за напредокот во развојот на вакцини за Ковид-19, се зајакна тенденцијата на инвеститорите кон поризични инвестиции. Индексот на доларот, што го покажува движењето на САД кон другите шест најважни светски валути, зајакна минатата недела за 0,6 проценти, на 92,72 поени. Во исто време, курсот на доларот во однос на јапонската валута ...
Врз основа на член 35 од Закон за административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18) и Уредбата за спроведување на постапката за вработување на административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/18), а во врска со член 20-г од Закон за вработени во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 27/16 и 35/18) и ...
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска ги прими членот на Бордот на директори на австриската Штаермаркише Шпаркасе Банка д-р Георг Бухер, кој воедно е и претседател на Надзорниот одбор на Шпаркасе Банка Македонија, и претседателот на Управниот одбор и генерален извршен директор на Шпаркасе Македонија, д-р Глигор Бишев. На средбата беше поздравено спојувањето на Шпаркасе Банка Македонија со Охридска Банка ...
Банките се повеќе стануваат свесни за важноста на сајбер безбедноста и борбата за спречување перење пари. Овие две работи многу често се комбинираат од страна на криминалците со цел да остварат незаконски придобивки по цена на финансиските институции. Сето ова станува огромен проблем не само поради украдените пари и нелегалните трансфери, туку и по цена на глобалните економии. По дефиниција, перењето пари е процес на маскирање на приносите од ...
Жените ќе одат во пензија на 62 години, но доколку сакаат ќе може да работат до 64, односно до истата старосна граница како и мажите, уверуваат предлагачите на новите измени во Законот за работни односи. Истиот е во Собрание и за него допрва треба да се дискутира, но суштината е во тоа што пензионирањето на завршени 64 години ќе биде задолжително, односно нема да може да се продолжува до 67 години. Единствената дилема беше дали жените ќе мора ...
На девизните пазари, вредноста на доларот во однос на кошницата со валути падна на најниско ниво од април 2018 година, бидејќи се очекуваат нови стимулативни мерки во американската економија и затоа што инвеститорите се склони кон поризични инвестиции. Така, индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на Американецот во однос на другите шест најважни светски валути, утрово се движи околу 91,30 поени, додека вчера во ова време тој беше 91,80 ...
Во ниту едно законодавство, барем не во оние земји од западниот свет, не е напишано дека над поединечна банка не може да се отвори стечај доколку не ги исполнува минималните законски барања. Само оваа година, во ЕУ се затворија десетина банки. Она што е важно е да не се наруши финансиската стабилност. Акционерите се одговорни за тоа дали капиталот на банката е адекватен на ризиците што банката ги презема во своето работење. Банките, како ...
На почетокот на корона кризата, се чинеше дека биткоинот е најголем губитник. Од средината на февруари до средината на март, неговата цена падна за повеќе од 50 проценти – на само 4,9 илјади долари. По кратка фаза на опоравување, цената долго време беше близу до границата од десет илјади долари, се до пред неколку недели, пренесува „Deutsche Welle“. Во меѓувреме, најпознатата криптовалута не само што успеа да ја надомести драстичната загуба од ...
Од денес, 04.11.2020 година, ќе започне со примена новата одлуката за измени на Правилата за котација донесена од страна на Одборот на директори на Берзата на 16.10.2020 година, за кои е добиена согласност од Комисијата за хартии од вредност со Решение УП1 08-113 од 26.10.2020 година. Со овие измени се прави допрецизирање на основите и начините за внесување на котираните издавачи на Листата на набљудување, односно се предвидува можност Берзата ...
Во организација на водечката меѓународна новинарска агенција „Reuters” се организира Глобален настан насловен како „Иднината на осигурувањето во Европа“. Настанот е виртуелен и ќе биде одржан на 24-ти и 25-ти ноември. На настанот ќе говорат и дебатираат водечките извршни директори на глобалните осигурителни групации како што се: „AXA”, „Swiss Re”, „Generali”, „AIG”, „Zurich”, „Lloyd’s”, „Scor”, „Convex”, „RSA”, „Ageas”. Исто така ќе заземат ...
Осигурителната група „Уника” планира да укине околу 600 работни места до 2022 година, претежно во Австрија и да затвори една третина од филијалите во матичната земја, соопшти австриската осигурителна компанија. Во соопштението се наведува дека намалувањето на бројот на вработени треба да се реализира што е можно повеќе преку „природен одлив” на работната сила, односно пензионирање и договорено прекинување на работниот однос, пренесува порталот ...
За искуствата од новолансираниот производ IQOS, е-трговијата како клучен аспект од стратегијата на компањата за продажба, особено во екот на пандемијата и позитивното искуство на нивните купувачи од нивната онлајн продавница, разговараме со Милица Весовиќ Денковска од Филип Морис Скопје. Иновативниот IQOS уред кој направи револуција во тутунската индустрија беше лансиран на нашиот пазар токму во екот на пандемијата предизвикана од covid-19. ...
Во отежнати и неизвесни услови на пандемија, Групацијата Триглав останува фокусирана на своите стратешки насоки, на профитабилното и сигурно работење. Во првите девет месеци од годината, оствари 6% поголема консолидирана бруто премија од осигурување (960,9 милиони евра) споредено со истиот период минатата година, и на поголемиот број пазари оствари премиски раст. Нејзината добивка пред оданочување од 62,4 милиони евра е за 13% помала во однос ...
Триглав Осигурување воведува нов пакет на пазарот, Мој миленик, наменет за осигурување на кучиња. Пакетот обезбедува лекување на милениците и осигурување од ризиците смрт од болест и од несреќен случај. Триглав, во рамките на пакетот, бесплатно го вклучува и MyKi уредот за следење, како дополнителна алатка за што подобра безбедност на милениците. Пакетот Мој миленик е наменет за сопствениците, чии кучиња се чипирани и вклучува лекување на ...
Ова тврдење е старо колку и светот, дури и кога немало пари во оптек. Со размена на стоки, луѓето се обидуваа да се осигурат себеси и своето семејство на најдобар начин, бидејќи тоа е во човечката природа. Како што станувавме се позависни од парите со текот на времето, така расте и потребата да ги имаме во што поголем обем, да ги „акумулираме“, да ги создаваме или „лесно“ да ги добиваме. И зошто? Затоа што денес купуваме многу работи: од храна ...
Сите сакаат да заштедат пари. Најчесто сите луѓе го бараат најбрзиот и најефикасниот начин за да дојдат до одредена заштеда. Процесот на штедење пари може да биде успешен доколку се штеди организирано и одговорно. Ова се неколку совети кои доколку ги следите и почитувате со сигурност ќе ве доведат до поставената цел. 1. Доколку одлучите да почнете со штедење треба да го поставите тоа како приоритет. Тоа значи дека на месечно ниво не треба да ги ...
Пандемијата COVID-19 доведе до невидени глобални предизвици, човечко страдање и економско нарушување. Огромен број на канцелариски работници на глобално ниво може да работат од дома, вклучително и до 90% од банкарските и осигурителните работници. Повеќето од овие вработени се најавуваат на системите на нивните фирми од далечина, присуствуваат на состаноци користејќи ја технологијата, и имаат пристап до податоци кои што не се јавни преку ...
Министерството за финансии на својот Фејсбук профил објави дека се усвоени измените и дополнувањата на Законот за Македонска банка, со што се овозможува спроведување на државната гарантна шема која е дел од четвртиот пакет антикризни мерки и Стратегијата за заздравување и забрзан економски раст- #SmartERGrowth, како и можноста Развојна банка да формира фондови за поддршка на развојот на стопанството. Како што посочуваат од Министерството, ...
Според податоците кои ги објави Македонската берза за периодот 01.10.-31.10.2020 година вкупниот промет изнесува 427.260.792 денари и е зголемен за 4,61% во однос на претходниот месец септември. Класичното тргување изнесува 334.843.767 денари и бележи пад во однос на септември за 13,13%. Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 333.840.854 денари и обврзници во вредност од 1.002.913 денари, додека пак нема забележано тргување ...
Демографските предизвици со кои се соочуваат повеќето развиени и не толку развиени држави во годините зад нас доведоа до редизајнирање на пензиските системи и преземање на дополнителни мерки кои се насочени кон обезбедување на долгорочни извори на приходи, пред се заради обезбедување на соодветни приходи за идните пензионери. Неповолните трендови доведоа и до некаде поуспешно, а некаде помалку успешно, кревање на свесноста дека стареењето на ...
Оштетените штедачи на Еуростандард Банка преку соопштение доставено до редакцијата на Банкарство се обраќаат до јавноста со цел, како што велат тие да го започнат процесот на известување на јавноста за сите детали во врска со пропаѓањето на Еуростандард банка. Оваа сезона наречена „Пропаѓање на Еуростандард банка“ во којашто покрај главните актери кои во секоја епизода од серијалот учествуваат, се појавуваат и нови актери, до вчера во споредни ...
Четвртиот пакет не придонесе кон враќање на довербата на инвеститорите во македонската економија. Пазарот негативно го оцени првиот пакет економски мерки, но оптимистички реагираше на вториот, докажувајќи дека формата и големината на мерките беше соодветна за поттикнување на економијата. Инвеститорите беа резервирани по објавите на третиот и четвртиот пакет мерки, веројатно затоа што веќе ја имаа вградено информацијата за ниската реализација на ...
Во Македонија, 455.600 лица или 21,9 проценти живеат под прагот на сиромаштија и се водат како сиромашни лица според последните податоци на Државниот Завод за статистика. Анализата е направена во согласност со препораките на Европската Унија по што се пресметани таканаречените Лаекенски индикатори. Стапката на сиромаштија во најбројните, 4-члени домаќинства каде живеат двајца возрасни и две деца изнесува 19,5 проценти, односно секое 4-то ...