Продукти
Штедење со Мој депозит – придобивка за примателите на плата во Халкбанк

Штедењето е многу паметна финансиска одлука, бидејќи имањето заштеда значи сигурност што е повеќе од добредојдена во денешно време. Но, покрај тоа што обезбедуваат сигурност, заштедите можат да донесат и приходи доколку не се чуваат „под перница“, туку се вложат во банка.
Каматните стапки на штедните влогови почнаа да растат, па идеална можност е ваквиот период да се искористи и да се креира штеден влог, а воедно и да се одбере банка – долгорочен партнер за вашите финансиски планови и стратегии.
Производот Мој депозит на Халкбанк АД Скопје е со атрактивни каматни стапки и е наменет за физички лица кои имаат прилив по основ на плата, пензија или дополнителни примања во Халкбанк во претходните 90 дена од денот на отварање на депозитот.
Рокот на орочување може да биде на 13 и 25 месеци, а каматната стапка која е фиксна за целиот период на орочување, изнесува 3,40% доколку се штеди во денари, односно 2% за штедење во евра на рок од 13 месеци. Во случај на орочување на 25 месеци, каматата за денарско штедење е 3,80%, односно 2,50% за девизно штедење.
Кај овој производ минималниот потребен влог за креирање депозит е 3.000 денари, односно 50 евра, а негова посебна атрактивност е што овозможува дополнителни уплати пред истекот на датумот на доспевање, што значи дека секоја нова заштеда можете да ја додадете на веќе оформениот депозит. Делумно повлекување на средстватa не е дозволено пред истекот на периодот на орочување, a каматата може да се исплаќа месечно или на крајот на периодот на орочување.
Производот Мој депозит инаку е дел од услугата „Приматели на плата“ на Халкбанк која на секој корисник му носи и значајни бенефиции. Секој што ќе отвори трансакциска сметка во Халкбанк и преку неа остварува редовен доход, добива Mastercard Debit Contactless картичка со која може да подигнува готовина од банкоматите на сите банки во земјата без провизија, а добива и и можност за дозволено пречекорување на тековната сметка во висина до три месечни плати.
Уште една можност што ја нуди банката за обезбедување средства за задоволување на одредени потреби се кредитните картички од светските брендови Visa и MasterCard. Со нив, не само што секогаш ќе имате дополнителен извор на средства, туку ќе можете и да пазарувате на рати без камата во мрежата на трговци со кои Банката има склучено договор за рати без камата и да добивате бонус поени за секоја трансакција. Бонус програмата обезбедува добивање одреден процент на попуст при одредени пазарувања, кој на вашата сметка се евидентира како бонус поени кои потоа може да ги искористите на било кое продажно место каде што постои ПОС терминал на Халкбанк.
Халкбанк, како лидер во воведувањето нови технологии, на сите оние кои ќе отворат сметка во банката им нуди и современо, брзо и сигурно електронско и мобилно банкарство кое овозможува добивање нотификации за примена плата како и за секој прилив и одлив, но и извршување на останати обврски online.
Банки
Мала промена во начинот, голема разлика во денот

Замисли дека сметките за курсевите на децата или пак ратата за кредит ги плаќаш со кафе во едната рака и со компјутерот пред тебе. Без стрес, без трчање по шалтери, без досадното прашање: „Дали стигна уплатата?“ Веднаш имаш преглед на сите приливи и одливи од твоите платежни сметки.
Замисли дека трансфер на пари ти трае пократко од ставање филтер на story на Инстаграм. Кога имаш 24/7 пристап до твоите банкарски производи и услуги сѐ е брзо и едноставно. Затоа што не губиш време додека му префрлаш пари на пријател или на твоето дете.
Е, сега замисли и дека додека чекаш лет на аеродром може да поднесеш документи за распределба на приливите од странство во твојата фирма и средствата за кратко време да ти бидат на располагање. И сето тоа не изгледа неверојатно – изгледа нормално.
Замисли дека твојата онлајн банка те чека тебе, а не ти неа. Во свет каде сè се движи – и ти и твоите обврски и твоите идеи – потребно ти е банкарство што ќе може да се движи со тебе. Без паузи, без комплицирани менија, без потреба да прашуваш „како се прави ова?“. Банкарство кое го чувствуваш како да е направено за тебе.
Новата Интернет банка на Комерцијална банка е со целосно нов и интуитивен изглед и со напредни функционалности така што дозволува лесно управување со твоите сметки, депозити, картички и кредити, вршење трансакции за неколку секунди и 24/7 следење на финансиските промени од кое било место преку твојот компјутер или друг мобилен уред.
Со електронското банкарство на Комерцијална банка добиваш:
- Подобро корисничко искуство со лесен пристап до твоите производите
- Иновативни алатки за анализа на трошоци и поставување финансиски цели
- Поедноставени плаќања и побрза обработка на трансакции
- Персонализирани услуги според твоите потреби
- Максимална безбедност и контрола на платежни сметки и картички
Токму затоа електронското банкарство денес не е само згоден додаток – тоа е алатка без која тешко се замислува еден обичен ден. Секојдневните обврски можеби не се спектакуларни, но тие ти го прават денот – едноставен или комплициран. А, денот навистина може да биде опуштен кога банкарските трансакции се едноставни и лесни, како праќање Вибер порака, и не трошат време, не ги менуваат другите планови и не ти задаваат грижа дека може да задоцниш со некоја уплата.
И во бизнисот, секоја минута е важна. Некогаш ќе треба да се донесе одлука веднаш и се прашуваш дали има доволно средства на сметка, дали е стигната уплатата, дали е извршена исплатата? Електронското банкарство тогаш не е само практично, туку е суштинска алатка за беспрекорно и ефикасно функционирање на бизнис финансиите.
На крајот на денот, целата поента е во чувството дека можеш да се потпреш на нешто. Дека имаш контрола. Дека сè е средено, дури и кога денот не е.
Замисли дека твојата банка се прилагодува на тебе, а не обратно. Не мораш ни да замислуваш. Доволно е да се најавиш на Интернет банка
Банки
Чие е ова време? „PenZy vs. GenZy“ на Халкбанк во потрага поодговорот на вечното прашање

Постојат ли воопшто „старите добри времиња“? Ќе дојдат ли некои нови подобри или веќе ги живееме? Носталгија или оптимизам за иднината – што е посилно?
Ќе се разберат ли некогаш генерациите што ретко зборуваат заеднички јазик?
Халкбанк заедно со популарните јутјубери Бајкерот и Кросфитерот се во потрага по одговорот на овие прашања, поставени во форма на дискусија во која сите страни се еднакво вклучени.
На каналот на Јутјуб на Бајкерот и Кросфитерот се наоѓа првата епизода од серијалот „PenZy vs. GenZy“ – отворена и искрена дискусија на теми што вклучуваат животни перспективи, генерациски разлики (и сличности), итн.
Овој серијал, поддржан од Халкбанк, вклучува гостувања на етаблирани личности од македонската сцена – претставници на т.н. генерација PenZy, како и млади перспективни претставници од т.н. генерација Gen Z.
„PenZy vs. GenZy“ – во самото име се наоѓа објаснувањето на идејата зад овој проект. Централен мотив на овие живи дискусии е прашањето: чие е ова време? Златните времиња се студентските денови, или пензионерските? Дали романтизираме кога мислиме на минатото? Еден куп прашања, за кои љубопитно ги чекаме одговорите и од сè срце уживаме во отворениот разговор помеѓу генерациите што навидум тешко комуницираат меѓу себе. Или, можеби, и тоа е уште еден мит што вреди да се разниша? Се надеваме дека безбедниот и отворен простор што Халкбанк го креира заедно со Бајкерот и Кросфитерот ќе биде местото каде што ќе се сретнат младоста и мудроста, а и каде што ќе дојдеме до одговорите на овие прашања.

„Ова е твое време“ е токму и името на актуелната финансиска иницијатива на Халкбанк, со која секој пензионер може да ужива во златните поволности на пакетот ПЕНЗИ, кои вклучуваат:
- Исплата на пензија пред секој први во месецот;
- Подарок за секој нов корисник;
- Повлекување готовина од сите банкомати во земјата – без провизија;
- Бесплатна дебитна картичка MasterCard;
- Бесплатно е-банкарство и СМС-инфо.
Повеќе информации за пакетот ПЕНЗИ може да добиете во најблиската филијала на Халкбанк, како и на веб-страницата на Банката.
Продукти
„Полесно не може да биде“ – нова понуда од ПроКредит Банка за нови корисници, со 12 месеци бесплатен пакет на банкарски услуги

Со новата кампања за отворање сметка преку дигитална идентификација со OneID, ПроКредит Банка нуди уникатна можност за сите нови клиенти – пакет на банкарски услуги без надоместок за одржување во првите 12 месеци, со вклучена платежна сметка, флекси штедна сметка електронско и мобилно банкарство со можност за трансфери, неограничени трансфери кон сопствени сметки и други сметки во банката и дебитна картичка.Од банката велат дека оваа понуда е создадена следејќи ги потребите на современите клиенти кои преферираат брзи, транспарентни и сигурни дигитални банкарски услуги, ставени во еден пакет.
„Како дигитална банка која активно соработува со модерните професионалци со брзо и активно темпо на функционирање, свесни сме колку им е важно да добијат решенија кои се брзо достапни, ефикасни и без изненадувања.
Истовремено, клиентите имаат потреба од јасни и едностави услуги, па токму затоа и нашата понуда е многу едноставна – нудиме пакети кои со една месечна претплата ги обезбедуваат секојдневните банкарски услуги кои ги користат граѓаните. Кога станува збор за банкарски услуги, овој пристап на ПроКредит банка е уникатен на нашиот пазар.
За да го увидат бенефитот од оваа форма на соработка со банка, во промотивниот период нудиме 12 месеци беплатен Основен пакет за сите нови клиенти“ – објаснуваат од ПроКредит Банка.
Понудата важи за сите нови корисници кои ќе отворат сметка дигитално, преку дигитална идентификација со OneID, до 15 јуни 2025 година и ги вклучува сите услуги од Основниот пакет за физички лица, целосно бесплатно во тек на една година.
Целиот процес на апликација, идентификација и потпишување на договорот се одвива дигитално, без посета на филијала. Апликацијата OneID може да се преземе бесплатно, а креирањето на дигитален идентитет е брзо и безбедно.
За аплицирање и дополнителни информации посетете ја официјалната веб страница на ПроКредит Банка.
- Банкипред 3 недели
НЛБ Банка Скопје e првата банка во земјата со формална апликација кон СЕПА, единствената област за плаќање во евра
- Банкипред 1 месец
Шпаркасе Банка наскоро започнува со изградба на нова Централа во Скопје
- Советипред 2 месеци
Водич за станбени кредити – Дел 1: Што треба да знаете пред да аплицирате?
- Банкипред 4 недели
ПРВ КВАРТАЛ ОД СОНИШТАТА ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – добивката зголемена за речиси 20,1%!
- Колумнипред 2 месеци
Кон дигиталната ера: Електронскиот потпис, норма и неопходност на модерното банкарство
- Банкипред 4 недели
Стопанска банка АД – Скопје во првиот квартал од 2025 година оствари добивка од 13,5 милиони евра!
- Анализипред 3 недели
АНАЛИЗА: Дали Македонците најмногу пари трошат за време на попусти, одмори или празници?
- Вработувањепред 1 месец
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје