Централна кооперативна банка АД Скопје доби согласност од Народната банка на Република Северна Македонија за вршење финансиска активност во областа на осигурување односно застапување во осигурувањето. „Со Решение на Извршниот одбор на Народната банка на Република Северна Македонија, бр. 15-2820/2 од 11.2.2026 година, на Централна кооперативна банка АД Скопје и се издава претходна согласност за вршење на финансиска активност – застапување во ...

Цените на златото забележаа силно закрепнување во среда, повторно надминувајќи ја психолошката граница од 5.000 долари за унца, откако пазарите реагираа на новите тензии во односите меѓу САД и Иран. Спот-цената на златото порасна за повеќе од 2,5% и достигна 5.001 долари за унца, откако извештаи од Вашингтон сугерираа дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп разгледува можност за воена акција против Иран. Претходно, цената падна на ...

Цените на нафтата се стабилизираа на азиските берзи во четврток, откако во претходната сесија паднаа за околу 2%, додека инвеститорите го проценија напредокот во разговорите меѓу САД и Иран, но остануваат претпазливи во однос на можноста за конечен договор. Фјучерсите на Брент пораснаа за 0,2% на 67,57 долари за барел, додека американската WTI нафта се искачи за 0,2% на 62,45 долари, при што двата референтни индекса се движат близу ...

КБ Прво пензиско друштво АД Скопје ја прошири својата продажна мрежа со вклучување на ТТК Банка АД Скопје како нов продажен канал. Со ова партнерство се отвораат нови можности за поголема достапност на пензиските услуги и унапредување на пазарното присуство на Друштвото. „Нашата цел е да им овозможиме на граѓаните сигурност и доверба во нивната иднина. Со проширувањето на продажната мрежа преку ТТК Банка АД Скопје, им нудиме поголема ...

Новиот закон што ги засега дигиталните креатори предизвика силни реакции во јавноста и отвори дебата за тоа каде завршува слободата на изразување, а каде започнува регулацијата. Дел од инфлуенсерите тврдат дека предложените решенија не се добри, дека носат дополнителен финансиски товар и дека може да влијаат врз креативната слобода на дигиталната сцена. Во новата епизода разговараме со Владимир Ѓорѓиески, од Агенција за аудио и аудиовизуелни ...

Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, ја разгледува можноста да ја напушти функцијата пред истекот на нејзиниот мандат во октомври 2027 година, со цел да овозможи сегашниот француски претседател Емануел Макрон да има влијание во изборот на нејзиниот наследник, објави „Фајненшл тајмс“. Според наводите, Лагард сè уште нема донесено конечна одлука за датумот на евентуалното заминување, но постои интерес клучна ...

Германија, заедно со Франција, Италија, Холандија, Полска и Шпанија, најави зголемен напор за усогласување на правилата на пазарите на капитал во ЕУ. Германскиот министер за финансии, Ларс Клингбајл, истакна дека темпото на европско ниво не е доволно брзо за предизвиците со кои се соочува Европа. „Сè уште верувам дека темпото што моментално го доживуваме на европско ниво не е соодветно на предизвиците со кои се соочуваме како Европа“, изјави ...

Корпорацијата „Хајат Хотелс“ ја потврди оставката на својот претседател, Томас Прицкер, откако објавените документи од Министерството за правда на САД открија негов контакт со осудениот сексуален престапник Џефри Епстин. Прицкер призна дека направил „ужасна проценка“ и дека се повлекува по консултација со одборот на директори. Новата позиција на претседател ја презема извршниот директор Марк Хопламазијан, кој ќе ја води компанијата, чиј ...

Управата за јавни приходи ги заврши регистрацијата и доброволна дерегистрацијата на даночните обврзници за данокот на додадена вредност (ДДВ). Од УЈП денеска информираа дека врз основа на поднесените барања во текот на јануари извршена е регистрација на 1.199 даночни обврзници за што се донесени исто толку решенија за задолжителна и доброволна регистрација за ДДВ. Во истиот период, врз основа на барањата за доброволна дерегистрација, Управата ...

Цената на златото во вторникот забележа пад од над 2%, под влијание на намалената ликвидност поради празниците на клучните азиски и американски пазари, додека посилниот долар и ублажувањето на геополитичките тензии го зголемија притисокот. Спот цената на златото се намали за 1,5% на 4.917,9 долари за унца, откако претходно падна на 4.862 долари, најниско ниво во последната недела. Американските фјучерси за април изгубија 2,2%, спуштајќи се на ...

Слободан Митровски од Агенцијата за недвижнини „Асторија“ зборува за тоа како се формира и како се движи цената на становите – уште од самиот почеток на градбата. Според него, процесот започнува со амбициозна почетна цел од страна на инвеститорот. „Инвеститорот си поставува цел да продава по 3.150 евра за метар квадратен“, вели Митровски. Но, во моментот кога градбата сè уште не е стигната ни до прва плоча, интересот веќе постои. Пазарот ...

Македонската банкарска асоцијација ја информира јавноста дека согласно Законот за платежни услуги и платни системи, со кој во националното законодавство е транспонирана Директивата (ЕУ) 2015/2366 за платежни услуги на внатрешниот пазар (PSD2), од 1 март 2026 година започнува примената на засилена автентикација на корисниците (Strong Customer Authentication – SCA) при извршување одредени платежни трансакции. Засилената автентикација ќе се ...

Ти го избираш темпото: кредит со рати по твој избор Повеќе контрола, помалку грижи – нов кредитен модел на Шпаркасе Банка. Со „Рати по твој избор!“, Шпаркасе Банка на своите клиенти им нуди вистинска финансиска флексибилност и чувство на сигурност кога им се најпотребни. Оваа флексибилност на клиентите им овозможува да направат избор на висината на ратата во оние месеци во кои тие имаат потреба и/или можност да плаќаат повисока или пониска ...

ПроКредит Банка ја унапредува дигиталната понуда со нова мобилна апликација, која овозможува едноставно, брзо и безбедно управување со личните финансии директно од паметниот телефон. Новата апликација им овозможува на корисниците целосна контрола врз сметките, заштедите и платежните картички, со 24/7 пристап и без дополнителни провизии. Посебен акцент е ставен на Flex Save штедната сметка, со можност за пренос и повлекување средства со само ...

Цените на нафтата забележаа пад втора последователна недела, под влијание на намалените геополитички тензии меѓу САД и Иран и очекувањата дека понудата ќе расте побрзо од побарувачката. На лондонскиот пазар, цената на барел нафта поевтини за 0,5% на 67,75 долари, додека во САД барел нафта се тргува за 62,89 долари, што е пад од околу 1% во однос на минатата недела. Краткотрајниот раст на цените во првиот дел од минатата недела беше поттикнат ...

Јапонскиот јен падна за 0,3% на 153,15 за американски долари по силните добивки минатата недела, откако економијата на Јапонија порасна за минимални 0,2% во декември, далеку под очекувањата за 1,6%. Разочарувачките податоци ја нагласуваат тешката задача на премиерката Санае Такаичи и потенцијално го искомплицираат патот за затегнување на монетарната политика на Банката на Јапонија, чија клучна каматна стапка е на 0,75%, која останува далеку ...

Утрово азиските пазари покажаа умерена консолидција, акциите благо ја намалија вредноста по неодамнешниот силен раст, бидејќи тргувањето беше ограничено поради празникот Лунарна Нова Година во Кина, Јужна Кореја и Тајван, додека мрачните економски податоци од Јапонија ја намалија еуфоријата што беше присутна изминатиов период. Валутите и обврзниците останаа стабилни, додека благородните метали почувствуваа нов притисок. Јапонската економија ...

Цените на златото забележаа пад утрово, под влијание на намалениот обем на тргување, откако финансиските пазари во САД и Кина останаа затворени поради државни празници, а дел од инвеститорите решија да реализираат профит по силниот раст од 2,5% на претходната сесија. Спот-цената на златото се намали за 0,9% на 4.997,6 долари за унца, додека фјучерсите за испорака во април на американскиот пазар паднаа за 0,6% на 5.017,2 долари за унца. ...

Слободан Митровски од Агенцијата за недвижнини „Асторија“ зборува за една често споменувана тема во јавноста – дали становите во Скопје навистина се купуваат во кеш и што точно значи тоа. Според него, терминот „купување во кеш“ често се користи без прецизно објаснување. „Лесно е да се каже дека станови се купуваат во кеш. Еве да кажеме дека се купуваат, но што значи тоа во пракса?“, вели Митровски. Тој објаснува дека во дел од трансакциите, ...

Заради проширување на тимот, Капитал Банка АД Скопје има потреба од ангажирање на едно лице за следната работна позиција: ЕКСПЕРТ ЗА ЛИКВИДНОСТ Сектор за ликвидност / Treasury Квалификации и посебни услови: ACI лиценца (ACI dealing задолжително). Напреден Excel; Аналитичност и работа под рокови. Детални работни задачи: Управување и одржување на ликвидноста на Банката и обезбедување на исполнување на сите регулативни обврски пропишани од ...

Халкбанк АД Скопје соопштува дека согласно решението на Извршниот одбор на Народната банка на Северна Македонија, од 3 февруари 2026 година, е одобрено продолжување на мандатите на г-дин Беркан Имери, г-дин Александар Иљов и г-дин Мухаммед Хаџи-Пази. „Согласно Решението на Извршниот Одбор на Народна Банка на Р. Северна Македонија издадена е претходна согласност за реименување на г-дин Беркан Имери, г-дин Александар Иљов и на г-дин Мухаммед ...

Заради проширување на тимот, Капитал Банка АД Скопје има потреба од ангажирање на едно лице за следната работна позиција: ЕКСПЕРТ ЗА КРЕДИТНА АДМИНИСТРАЦИЈА Служба за позадинска обработка на банкарски активности (Back Office) Квалификации и посебни услови: ВСС (економија, право или сродно) Минимум 2 години искуство во кредитна администрација/операции/кредитно работење (банка/штедилница). Познавање на кредитна документација, обезбедувања ...

Доколку сакате професионален и кариерен развој во финансиска институција со долгогодишна традиција, која определбата за стабилност, ефикасност и иновативност ја гради со успешен и посветен тим од професионалци, аплицирајте за вработување во Комерцијална банка АД Скопје. Работна позиција: Помлад соработник за оперативно работење во Филијалата на Банката во Штип. Тип на вработување: На определено време од 12 месеци, со можност за продолжување ...

Европската Унија од 1 јули 2026 година воведува фиксна царина од најмалку три евра за мали пратки што пристигнуваат директно до потрошувачите, најчесто од Кина, со цел сузбивање на нелојалната конкуренција и заштита на домашниот пазар. Советот на ЕУ ја одобри мерката со која се укинува досегашното ослободување од царина за пратки со вредност под 150 евра. Само во 2024 година во Унијата пристигнале 4,6 милијарди вакви пакети, од кои дури 91% ...

Европската централна банка (ЕЦБ) најави проширување на својот Фонд за ликвидност во евра, со што механизмот ќе стане достапен за централните банки ширум светот, со цел зајакнување на меѓународната позиција на единствената европска валута. Преку REPO линиите, централните банки ќе можат да обезбедат евро-ликвидност под поволни финансиски услови. Досега, овој инструмент беше ограничен на помал број земји, главно од Источна Европа. ...

Џефри Епстин, озлогласениот сексуален престапник, долго време беше предмет на внимание не само поради неговите криминални активности. Истражувањата за неговите финансии откриваат сложена мрежа на банкарски односи кои овозможиле акумулација на неговото богатство и функционирање на наводната криминална мрежа. Разбирањето кои финансиски институции му давале услуги на Епстин е клучно, не само за следење на текот на средствата, туку и за ...

Технолошкиот гигант Alphabet Inc., сопственик на Google, издаде обврзница со рок на достасување во 2126 година, односно со рочност од цели 100 години. Потегот веднаш привлече внимание на глобалните финансиски пазари, бидејќи вакви „стогодишни“ обврзници се ретки, а уште поретки кога станува збор за технолошки компании. Обврзницата е дел од поширока емисија вредна повеќе милијарди долари, но токму најдолгата транша ја разбуди љубопитноста на ...

Во новата епизода на FinSight, Слободан Митровски од Агенцијата за недвижнини „Асторија“ отвора едно од најчестите прашања кај граѓаните – дали денес е исплатливо да се купи стан и да се издава под кирија? Според него, бројките ја даваат најреалната слика. „Стан од 60 квадрати денес треба да го купите за околу 150.000 евра, односно по 2.500 евра за квадрат“, вели Митровски. Но, тука трошокот не завршува. За станот да биде подготвен за ...

Здружението на инфлуенсери и креатори на дигитални содржини ја информира јавноста дека во целост ги отфрла Правилникот и Водичот донесени од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), оценувајќи дека истите се надвор од законските рамки и не се усогласени со реалноста на дигиталниот простор. Според ставот на инфлуенсерите, предложените акти не нудат системско решение за транспарентноста и одговорноста во интернет ...

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, е намалена за 0,7%, додека цените на мало бележат пад од 2,7%, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. На годишно ниво, трошоците на живот во јануари 2026 година во однос на јануари 2025 година бележи зголемување од 3,2 %, а индексот на цените на мало се покачил за 1,2% во споредба со јануари 2025 година. ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
2.57
49%
1014
weather icon

Белград

7ᴼ / 5ᴼ
2.06
65%
1015
weather icon

Загреб

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
57%
1015
weather icon

Софија

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
51%
1016
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
2.75
81%
1017
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 4ᴼ
1.54
66%
1016
weather icon

Атина

11ᴼ / 9ᴼ
1.34
70%
1011
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
58%
1012
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
40%
1013
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
3.09
80%
1016
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
4.63
56%
1017
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
88%
1009
Currency

61.6238

Currency

53.1629

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.63227

Currency

0.33549

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Платина

61858.04

Бакар

10.65

Паладиум

44753.84

Алуминиум

3.19

Цинк

0.00

Кобалт

3.86

Родиум

353658.21

Сребро

2179.44

Рутениум

56199.51

Калај

43.91

Иридиум

258288.78

Злато

144593.23