Хемиската реакција во ќелиите на ладно се забавува и ја намалува ефикасноста на батеријата Зимата е веќе тука. Календарски не, но со ниските температури време е да се потсетиме на реалната употреба на возилата во вакви услови, особено на оние целосно електрични. Бројката на електрични возила во Македонија е мала. Без намера да навлегуваме во анализи зошто е тоа така, ги потсетуваме малкуте сопственици на БЕВ за предизвиците со кои треба да се ...

Додека новите производители на електрични возила се мачат како да преживеат, суперавтомобилите се продаваат како алва Објавувајќи ги податоците за своето работење Lamborghini се пофали дека целокупното производство на Urus е распроданено до 2026 година. Тоа што овој ултимативен кросовер е стар седум години и што цените му стартуваат од 250 илјади евра како воопшто да не ги поколебува ентузијастите. Така и ќе остане бидејќи неговиот наследник кој ...

За прв пат во својата 57 годишна историја Mercedes AMG развива сопствено спортско-корисно возило Првиот теренец „Born in Affalterbach“ е базиран на сопствената електрична платформа со високи перформанси AMG.EA. Развојните возила ќе ги завршат своите први тест возења оваа зима. Во тековниот SUV проект, Mercedes AMG за прв пат ја развива целата архитектура на возилото. Тоа е, исто така, шестото возило што е целосно развиено од специјалистите за ...

Претставувањето на EV9 означува уште една пресвртница за корејската марка. Горостасен, храбар изглед и големите пропорции даваат силна порака. Пространата внатрешност, изобилството на технологија поврзана со безбедноста и, што е најважно, батерија со голем капацитет која овозможува добра автономија се главните карактеристики на EV9. Што е KIA EV9 Со претставувањето на EV9 започна нова дизајнерска комуникација на моделите на KIA. Изгледот требаше ...

Пред четири месеци бевме во Португалија за да го возиме новиот Nissan Qashqai. Кросоверот од средна големина ужива голема популарност во светски рамки, па и кај нас. Новата генерација го доби новиот изглед кој во голема мерка превзема цитати од електричната Ariya, особено на предниот дел каде новите LED фарови и саќестата форма на предницата се во склад на новиот дизајнерски јазик на Nissan. Qashqaiкога се појави на пазарот беше осамен бидејќи ...

Со претставувањето на новата генерација на Grandland, Opel влегува на постојано растечкиот пазар на електрични кросовери од Ц сегментот и има добри аргументи Што е Grandland? На сцена стапи Grandland и сега „молњата од Руселсхајм“ има три кросовери различни по големина. За новиот модел употребена е средната платформа на групацијата Stellantis, која воедно, ја користат и неговите француски братучеди Peugeot E-3008 и Е-5008. На почетокот на ...

На посебно барање на еден свој верен купувач од југоисточна Азија, Jaguar направи два потполно нови примероци на легендарниот Е-Type точно 50 години откако престана со негово производство. Користена е оригиналната техничка документација но возилата не се идентични како некогаш – имаат 3,8 литарски мотор со електронско вбризгување место тројни карбуратори, спарен со петстепен менувач. Меѓу другите модерни подобрувања се загреваното ветробранско ...

Првиот летечки автомобил во светот доби европски сертификат. Според холандската компанија Pal-V процесот траеше четири години но засега ќе може само да се вози – за дозвола за летање ќе се почека уште малку. Ова возило со две седишта наречено Liberty е мешавина меѓу трицикл и мал хеликоптер. Кога се вози пропелерот е склопен над покривот и може да постигне 160 километри на час обезбедени од 100-коњски мотор. За летање пак се користи друг двојно ...

Во пресрет на EICMA Honda започна со загревање на јавноста за своите новитети и ја претстави новата ѕвезда во својата понуда со кој ќе се збогати семејството Hornet. Дизајнот е чист и агресивен, со карактеристични двојни LED светла кои му даваат остар изглед. Резервоарот и задниот дел се обликувани да го задржат традиционалниот Hornet изглед, додека минималистичката структура дополнително ја нагласува спортската природа. Со срце преземено од ...

Вториот по големина сегмент според продажбата на светско ниво е пазарот на компактни кросовери, па и не треба многу да изненадува што Renault има дури четири такви модели. На претходно промовираните кај нас Conquest и Austral од сега им се придружи Symbioz. Со должина од 4.410 мм е само 10 цм пократок од Austral. Symbioz има целосно хибридна погонска група E-Tech од 145 КС. Хибридниот погонски агрегат овозможува до 80 отсто од урбаните патувања ...

Пред пет години Triumph Tiger 800 исчезна од понудата на Triumph, но сега е повторно тука… Визуелната појава на новиот модел се заснова на неговата помала сестра, Tiger Sport 660 и е лансиран од целосно ново развиен мотор. Трицилиндашот од 798 кубни сантиметри произведува 115 КС и испорачува вртежен момент до 84 Њутн метри, што е за 20 КС и 5 Nm повеќе од последниот Tiger 800. Сега ендурото станува спортски турер. Tiger Sport 800 има, меѓу ...

Македонската подружница на Kostal доби значајно признание за квалитетот на своите производи Светски познатиот производител на електронски компоненти за автомобилската индустрија ја отвори својата фабрика во Охрид пред осум години. За тој период, наспроти сите предизвици што се случија во браншата, успеа да го одржи производството и високиот квалитет на своите производи што се вградуваат во премиум марките и нивните модели. На скромна, но ...

Водечката културна манифестација, која има извонредна репутација во Европа и светот, доби подршка од легендарниот теренец Авантурата, слободата и истражувањето го дефинираат Land Rover Defender, а воедно и вљубениците во џезот, публика со истенчен музички вкус, која бара бегство од конвенционалното музичко секојдневие. Во чест на смелата синергија со 43-тиот Скопски џез фестивал, за време на фестивалските денови од 17-20 октомври, пред влезот на ...

Peugeot во партнерство со добротворната организација Born Free со седиште во Велика Британија, ја лансираше „Powered by Lions“, новата дигитална кампања, на Саемот за автомобили во Париз. Кампањата е креирана за да го потсети светот дека популацијата на лавови е во опасност и треба да се превземе акција за да ја зачуваме. Сите средства собрани за време на оваа кампања ќе бидат донирани во организацијата за Born Free, а лавот од Елисејските ...

Шест децениското партнерство се прославува со посебно изработен модел ограничен на 60 примероци Aston Martin и франшизата за Џејмс Бонд стапија во цврста врска 1964 година кога марката му „овозможи“ на агентот 007 да шармира и да им се спротивставува на негативците, покрај, со своите вештини и со својот автомобил. Aston Martin дебитираше на големиот екран со DB5 во Голдфингер. DB5 стана еден од најпознатите автомобили во светот и еден од ...

Електрифицираната Corsa е солуција која Opel ја нуди да го замени дизелот во сегментот на мали автомобили. Додавајќи благ хибриден систем успеа да ја зголеми економичноста и да даде живост на три цилиндерскиот 1,2 литрен мотор. Што е Corsa? Corsa е најстарото име на Opel што сè уште е во производство. Од 1982 година забележа над 14,5 милиони продадени примероци. Таа сега е во својата шеста генерација која е претставена во 2019 година. По лани ...

И покрај малиот интерес за ваквите возила кои годишно наоѓаат само по осум илјади купувачи, Stellantis е упорен да го одржи RAM 1500 во Европа кој стигна и во своето обновено издание. Задржувајќи ги традиционалните американски особености овој гломазен и моќен пикап сега се нуди само со шестцилиндрични бензински мотори – два турбо од по три литри со 420 и 540 коњски сили и еден благ хибриден од 3,5 литри со 305 коњи. За преносот е задолжен ...

Исто како Versys, Ninja 1000 SX доби зголемување на зафатнината за 56 кубни сантиметри и станува 1100. Обновувањето носи повеќе вртежен момент. Дополнително, беше прилагоден и односот на менувачот во двата најголеми преноси. Во иднина, брзиот менувач може да се користи од 1.500 вртежи во минута. Опремата вклучува, меѓу другото, USB-C приклучок на гиданот, веднаш покрај автоматската контрола на патувањето. За прв пат, спортскиот турер ќе биде ...

Планираните 399 примероци на McLaren W1, еден од најимпресивните супер спортски автомобили веќе се испорачани на среќните купувачи. Оваа ракета на тркала испорачува системски 1.275 КС и максимален вртежен момент од 1340 њутн метри, како и сооднос моќност/тежина од 911 КС по тон. Оваа моќност ја добива во комбинација, 928 КС од V8 турбо-бензински и 347 КС од електричен мотор. McLaren W1 забрзува од нула до 100 км/ч за 2,7 секунди. По уште 3,1 ...

Флертот на BMW во компактната класа започна во 1994 година кога го лансираше моделот наречен едноставно 3 Compact. Една деценија подоцна тој прерасна во Серија 1, која беше одлична алтернатива на моделите од тој сегмент и ја нудеше возбудата на возење со погон на задните тркала. Од тогаш помина многу вода под мостовите на Исар, и сино-белиот пропелер одлучи да го префрли погонот на предната оска. Во својата четврта генерација, Серија 1 не е ...

Кога заљубениците во Porsche го слават својот роденден тоа е спектакл не само за членовите на клубот туку и за сите што го видоа нивното дефиле низ градот. Порше клуб Македонија го прослави својот трет роденден, а главната церемонија се случи во Порше Центар Скопје. Таму беше вистински празник за очите бидејќи можеа на едно место да се видат примероци од многу генерации на спортската германска марка, најмногу од иконата 911. Се разбира, присутни ...

ПОЦ и неговите клиенти нападнати со измама Паркинзи на Општина Центар известува дека има пријави на поставување на лажна Дневна Паркинг Карта (ДПК) при која се злоупотребени дизајнот и логото на ЈП Паркинзи на Општина Центар. На неа стои QR код кој треба да се скенира и да се изврши онлајн уплата за истата, а истиот води кон веб-адреса која нема поврзаност со ЈП ПОЦ и е со цел преку измама да се извлечат парични средства. ПОЦ апелира граѓаните ...

Шампион на своето време Последната генерација на Opel Kadett прослави 40 години. Овој автомобил во многу што беше напреден дотолку што кога се појави Astra како негов наследник сите се прашуваа зошто Opel го нарече со старото име. Најмногу се истакнуваше по аеродинамиката – со сензационалниот коефициент на отпор на воздухот од 0,32 а кај спортскиот GSi и 0,30, беше шампион на своето време. Затоа и освојувањето на златниот волан и титулата ...

Бранот новитети што ги лансира Renault редовно пристигнуваат во Македонија. Аутомотив Груп има полни раце работа бидејќи новиот Captur е седмиот модел на Renault што пристигнува на нашиот пазар во оваа календарска година. Во сегментот на мали кросовери конкуренцијата е голема. Освежувањата што се направени значајно ќе му помогнат на Captur да го обезбеди своето место на нашиот пазар. Исто како и Clio, Captur доби целосно нов преден дел кој ...

Се чувствува како Porsche, се вози како Porsche На прекрасен настан во Скопје, Порше Македонија го лансираше новиот целосно електричен Macan. Гостите беа почестени со воодушевувачки поглед на градот додека се восхитуваа на врвниот дизајн на Macan и возбудливите перформанси. Генералниот менаџер на Порше Македонија, г-дин Златко Муцунски, ја отвори вечерта споделувајќи увид кон визијата на компанијата за иднината на електричната мобилност, ...

Новата генерација, четврта по ред, ветува дека ќе продолжи таму каде претходната застана. Настапува со помодерен дизајн, суптилни механички промени и проверени мотори кои добија засилување од благ хибриден систем Што е BMW X3? Откако беше претставен во 2003 година, како спортско активно возило, BMW X3 порасна и по големина и по важност и сега е клучен дел од палетата на баварската марка. Тоа го покажува и продажбата која веќе ја надмина бројката ...

Флертот на BMW во компактната класа започна во 1994 година кога го лансираше моделот наречен едноставно 3 Compact. Една деценија подоцна тој прерасна во Серија 1, која беше одлична алтернатива на моделите од тој сегмент и ја нудеше возбудата на возење со погон на задните тркала. Од тогаш помина многу вода под мостовите на Исар, и сино-белиот пропелер одлучи да го префрли погонот на предната оска. Во својата четврта генерација, Серија 1 не е ...

Пред 116 години Ford го испорача првиот Model T Точно на денешен ден 1908 година беше испорачан првиот примерок на автомобилот што ја започна револуцијата во индустријата – Ford Model T. Моторизирајќи ја прво Америка а потоа и целиот свет, до 1927 година беа произведени повеќе од 15 милиони примероци, рекорд што дури во 1972-рата го сруши Бубата на Volkswagen. Имаше робусен и издржлив четирицилиндричен мотор од 2,9 литри кој развиваше 20 KS и ...

Флота од нови BEV и PHEV ќе обезбеди понудата на Volvo да биде во чекор со времето Volvo можеби нема да премине кон целосно електричен погон толку брзо како што планираше, но шведскиот производител ги потврди плановите за воведување на бран нови модели за глобалниот пазар. За време на состанокот со дилерите, извршниот директор на Volvo Cars, Џим Руан, ги откри плановите за лансирање на 10 нови и освежени модели во следните две години. Првото од ...

Opel Моkka го „освежи“ Скопскиот фестивал на кафето со посебна понуда. Појавувањето на Оpel Mokka на Скопскиот фестивал на кафе, кој се одржува во Скопје Сити мол, е проследена со интересна понуда која за своите клиенти го изготви тимот на „громот од Руселсхајм“ во Македонија. Opel Mokka со Elegance ниво на опременост и 1.2 литрен турбо-бензински мотор од 100 КС и шест степен мануелен менувач сега е достапна за 245 евра месечно. Моделот кој е ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
59%
1009
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
2.06
77%
1007
weather icon

Загреб

12ᴼ / 10ᴼ
5.14
88%
1009
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
3.6
63%
1009
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
3.15
70%
1007
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 10ᴼ
2.06
94%
1009
weather icon

Атина

22ᴼ / 21ᴼ
3.58
49%
1011
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
1.03
60%
1011
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
0.51
60%
1011
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 17ᴼ
1.54
69%
1008
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 11ᴼ
2.06
92%
1010
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 16ᴼ
1.54
31%
1010
Currency

61.53

Currency

54.3622

Currency

72.154

Currency

35.1468

Currency

39.3934

Currency

66.0489

Currency

7.48449

Currency

0.6574

Currency

0.37802

Currency

0.52493

Currency

1.41089

Currency

0.64385

Алуминиум

2.44

Кобалт

626.94

Никел

15285.99

Рутениум

19869.16

Калај

31.00

Сребро

1038.93

Злато

106606.98

Бакар

9.50

Паладиум

2990.02

Платина

30624.57

Родиум

172810.26

Цинк

82632.56