
Скопје
31ᴼ /
31ᴼ



Денот на жената во BMW го украси жена Американската филијала на BMW претстави спој на уметноста и иновациите во облик на електричниот i5. Ова единствено возило е украсено од јужноафриканската уметничка Естер Малангу со користење на технологии развиени од баварската фирма кои овозможуваат промена на боите. На неговата каросерија се нанесени слоеви кои можат електронски да се анимираат, создавајќи уникатно уметничко изразување. Конкретно ...
Уникатниот, трет по ред, модел на тема Droptail е прекрасен и ќе се вози во Сингапур Rolls-Royce го претстави и третиот од вкупно четирите планирани автомобили од Droptail серијата наменети за ексклузивни купувачи со истенчен вкус кои знаат што сакаат и не прашуваат колку тоа чини. Наречен Arcadia, овој раскошен родстер е врвно уметничко дело во секој поглед. Конструкцијата е една од најсложените некогаш направена, а извонредната комбинација на ...
На амeриканскиот пазар за Mirai на погон со водородни горивни ќелии Toyota нуди попуст од дури 40.000 долари. Сега возилото што чинеше 67.000 долари, стана малку поскапо од Corolla Toyota е позната по издржливоста. Не само на своите производи, туку и во упорноста на пробивањето на својата филозофија. Кога на пазарот го исфрли Prius, првиот самонапојаувачки хибрид, компанијата ја вкалкулира својата загуба само да го проибие производот на пазарот. ...
Корејците ја споделија својата визија за флексибилност на наменските возила Во рамките на СЕЅ, за своите наменски возила, KIA прикажа визија преку која сака да развие цел систем кој ќе се базира на повеќе столбови за да излезе во пресрет на повеќе барања и потреби на клиентите. Тоа ќе го постигне со една електрична платформа која ќе овозможи лесна адаптација на кабината во зависност од потребата. На прв поглед ништо ново, но трикот лежи во ...
Во своето редовно понеделничко нивелирање на цените на горивата регулаторната комисија за енергетика запре на половина денар – само за толку ќе поевтинат суперот од 95 октани и дизелот. Нема многу посреќни да бидат ниту оние кои точат супер 98 за кој цената сега ќе биде за цел денар пониска. Образложението за ваквите корегирања на цените на горивата кај нас е стандардно – намалувањето на референтните цени на бензинот на светски берзи за 1,454%, ...
Сообраќајните текови се тест-полигион за нашите живци Сите сме се нашле во ситуација импулсивно да реагираме зад воланот испраќајќи честитки до семејството на некој што ни пресекол патот или направил нешто друго за што сметаме дека е дрско. Но како секој човек си има сопствен карактер изразен и преку изборот на автомобилот што го има, се поставува прашањето кои возачи најмногу пцујат. Одговорот го дадоа две илјади Британци кои се согласоа да ...
Ентузијастите се остреа, но во одредени ЕУ земји, поради давачките, цената на GR Yaris ја надминува границата од 110.000 евра! Желно очекуван почетокот на претпродажбата на новиот GR Yaris кој просто плени со перформансите што му ги обезбедуваат трицилиндричниот турбо мотор со триста коњи и осумстепениот автоматски менувач. Но и најголемите ентузијасти си ставија прст на чело. Во Франција, на пример, за овој ултралут тркач ќе мора да платат ...
Француската влада ја стопира програмата за субвенционирање за закуп на ЕВ поради големата побарувачка По само еден месец од воведувањето на „социјалниот лизинг“, француската влада ја прекина програмата поради надминување на проектираните трошоци. Буџетот оформен за оваа намена предвидуваше субвенционирање на 20.000 закупи на електрични автомобили во текот на годинава, но се јавија 50.000 апликанти. Според програмата, луѓето со годишен приход ...
Во Македонија добивме дилерство кое нуди исклучиво електрични возила и има амбициозни планови eАуто е нова компанија посветена на популаризирањето и ширењето на културата на електрични возила. Ова е прилично храбар чекор со оглед на инфраструктурата и мрежата на полначи во Македонија. Сепак, ентузијазмот и посветеноста кон популаризирањето на овие возила е посилна. Сместена на спортскиот аеродром Стенковец, eАуто започнува со асортиманот на ...
Новата генерација на атрактивниот C-HR блесна во Тојота Авто Центар Авангардниот дизајн со драматично радикални стилски решенија е пристапот со кого се проби C-HR. Втората генерација ја карактеризира храбриот дизајн кој полека се прелева и кај останатите модели на Toyota. Овој модел претставува олицетворение на модерната ориентација на марката. Во него се имплементирани вредностите кои денешните купувачи ги ценат кај автомобилите, напредни ...
Производителите на автомобили очекуваат дополнителни приходи од дигитално овозможени услуги Во моментов, дигиталните услуги генерираат само 3 отсто од приходите на производителите на автомобили, што не е доволно да се покријат високите инвестициски трошоци. Сепак, оптимизмот околу приходите од овој сегмент се зголемува. Предвидувањата велат дека во следните две децении производителите на автомобили ќе заработуваат десеткратно повеќе од ...
За целата флота возила групацијата BMW ги намали емисиите на СО2 за 2,8 отсто во однос на 2022 година Имплементацијата на стратегијата за електрификација на BMW Group е клучен двигател за нејзините континуирани напори за намалување на емисиите во целата флота. Во 2023 година, компанијата продаде вкупно 376.183 целосно електрични возила ширум светот, 74,4% повеќе отколку во 2022 година. Со повеќе од 15 целосно електрични модели во својата линија, ...
За оваа година американската моторциклистичка икона, покрај интервенции во изгледот, го засили двоцилиндерскиот V мотор. Во средината на минатата година беше претставена посебната изведба CVO Road Glide, а како аргумент за 2024-та доаѓа неговата уште подотерана ST верзија. Сега од моторот се цедат 128 КС и 193 Nm. Тоа е 23 коњи и 24 Nm повеќе од веќе понуденото, а добиени се со зголемување на вртежите на моторот. Вака стокмениот агрегат е со ...
Maserati најави неколку нови електрични возила, вклучително и GranCabrio Folgore што ќе бидат прикажани подоцна годинава Maserati ја потврдува својата електрилна иднина со три нови модели. Веќе идната година ќе биде лансиран MC20 EV. Според најновиот план на Maserati, сите модели ќе бидат 100% дизајнирани, развиени и произведени во Италија. Од компанијатапотврдија дека веруваат во електричната мобилност „повеќе од кога било“ и имаат планови да ...
Првите модели базирани на Neue Klasse ќе бидат седан и кросовер со средна големина. Кога BMW го лансираше i3 пред една деценија, компактното БЕВ претставуваше голема промена за производителот. i3 имаше нов концепт на погон, нови материјали, ново производство и нов дизајн заснован на одржливост. Ниту еден конкурент немаше ништо слично. Neue Klasse ја претставува најголемата инвестиција во историјата на BMW бидејќи компанијата пак ќе лансира ...
Сакајќи да ги истакне предностите на својот 4×4 погон, Nissan подготви специјална изведба на X-Trail на кој тркалата му се заменети со гасеници. Возилото во целост е прилагодено за возење по снег со намера да им се олесни работата на планинските спасувачки служби. Во ентериерот се среќава бројна опрема за оваа намена заради што задните седишта се извадени за да се добие простор за медицинско лице, потребните материјали за прва помош и транспорт ...
Порше Македонија ја комплетира понудата на семејството електрични возила на VW со ID. 7 Само неколку месеци по почетокот на продажбата во Европа модерниот електричен седан VW ID.7 е претставен на македонската јавност. Со тоа Порше Македонија ја потврдува лидерската улога во промовирањето на електричните возила во нашата држава. Осем увозот на електрични возила, оваа компанија има инсталирани три брзи полначи за своите клиенти во кругот на ...
На саемот за потрошувачка електроника Hyundai ги демонстрираше своите амбиции кои досегаат до небо во буквална смисла на зборот бидејќи претстави летечко такси. Проектирано од неговата компанија Supernal основата само за тоа, електричното летало ќе може да се вивне до 500 метри и со предвидена брзина до 200 километри на час да помине меѓу 40 и 64 километри. Корејците истакнаа дека се воделе со идеја со дизајнот да го спојат автомобилскиот свет ...
Кинескиот гигант го пушти првиот брод со кого ќе ги транспортира своите автомобили Водечкиот светски производител на нови енергетски возила (NEV) и батерии за напојување, започна ново во своето постоење. BYD со Explorer No.1 започнува сопствен поморски транспорт на своите возила. Бродот беше официјално испорачан во пристаништето Јантаи на 10-ти јануари, а веќе е на пат кон Европа. На своето инаугуративно патување, 200 метри долгиот брод носи ...
Од 21-ви јануари 1899-та Opel произведува автомобили. 125 години подоцна компанијата го потврдува својот прекар кого го носи повеќе од еден век. „Молњата од Руселсхајм“ го продолжува својот пат, сега трасиран со електрични модели Успешната приказна на Opel започна во 1862 година. Тогаш Адам Опел ја создаде својата прва машина за шиење во Руселсхајм, поставувајќи ги темелите на компанијата. Opel наскоро се разви во еден од најголемите ...
Сé повеќе ЕВ добиваат класично обликувани каросерии. Седаните, караваните и комбињата го возвраќаат ударот Иако силно најавувана, револуцијата во формите на каросериите, што требаа да ја предводат електричните возила, не се случи. Водени од новите технологии дизајнерите сакаа да произведат футуристички форми на каросеријата, во што не успеаа. Очекувањата беа дека благодарение на сендвич конструкцијата, новите технички решенија и помалите ...
Германскиот гигант забрзано работи на ефикасни батерии во цврста состојба, а резултатите од тестот ги надминаа очекувањата во однос на издржливоста. Volkswagen објави дека при тестовите на новата генерација цврсти батерии постигнал ветувачки резултати. Групацијата VW соработува со американската компанија QuantumScape, а најновиот прототип на цврсти батерии во текот на неколкумесечните тестови значително ги надмина очекувањата поставени од ...
Електричниот Macan е подвргнат на строга и напорна тест програма пред претстојна светска премиера Десет години по неговото лансирање, Macan е на чело на втората генерација на целосно електрични модели на Porsche. Како прв модел на куќата изграден на новата Premium Platform Electric (PPE), Macan е целосно развиен од почеток. Porsche обврнува големо внимание на тестирањето во реални услови со камуфлираните прототипи. Истовремено, се прават ...
Може ли автоматски менувач да биде привлечен како рачен? Така мисли Toyota и ќе го користи GR Yaris RZ-H за да го докаже тоа! Се шпекулира дека на претстојниот автосалон во Токио, Toyota ќе претстави изведба на „жешкиот“ Yaris GR опремена со автоматски менувач. Јапонците сметаат дека со тој потег ќе се привлечат уште повеќе купувачи. Моќните спортски изведби се наменети за ентузијастите, кои пак, се поборници на традиционалните вредности и ...
Јеер е лек за здодевноста! Кристијан Моние дојде на челната позиција на Јеер со цел да го реформира овој бренд. По повеќе од една година се гледаат првите резултати. Тука е првиот 100% електричен Јеер. Теренската марка ќе остане тоа што е, само новите модели ќе бидат електрични. По вообичаеното експозе, следеа прашањата… Ако треба да ја сумирам ситуацијата во Европа: имаме голем успех во Италија. Опфаќаме 10% од сегментот на спортско корисни ...
Локално ОК, за понатаму доста стрес Колку и да сакаме, времето за електричните возила во Македонија е преурането објавено 24 октомври 2020 Првиот дел од тестот го направивме во Скопје и блиската околина каде е прилично едноставно да се пристапи до некој од полначите и да се се дополни батеријата. Сепак Ѓаволот не ми даваше мира… Теоретски електричниот Mini има автономија од 180 километри а тоа мене ми изгледаше доволно да скокнам до Маврово и да ...
Дали следниот супер автомобил од Милано ќе биде само електричен не се знае, но тој треба да се појави во 2027?! Првите реакции на суперавтомобилот на Alfa Romeo ги погреаја амбициите на компанијата до ниво да се појави желба за соборување на продажните рекорди. Тоа секако нема да биде нималку лесно можеби и невозможно, но ќе помогнат идеите што раководството ги има. Една од нив е нановото заживување на можеби најубавиот родстер од новиот ...
Го губи ли водородот темпото во битката за иднината? И онака слабата продажба на ретките возила со горивни ќелии започна интензивно да опаѓа. За загрижувачкото ниво на кое се најде има многу виновници од кои најголеми се високите цени и бедната понуда составена од само два модела, Toyota Mirai и Hyundai Nexo. Не напредува ни остварувањето на ветувањата за пораспространета дистрибутивна мрежа за ова еколошко гориво – низ целиот свет има едвај ...
Целта е да ce лансира модел кој ќе чини 25.000 евра и ќе се прави во фабриката во близина на Берлин Оваа изјава ја дал извршниот директор на Tesla, Илон Маск, за време на посетата на фабриката Груенхајде, во близина на Берлин и е во согласност со плановите за долгорочниот развој на компанијата. Германската фабрика моментално го произведува Model Y, најпродаваниот EV во Европа. Маск долго време најавуваше подостапен електричен автомобил, но во ...
Со инвестиција тешка 1,25 милијарди евра Nissan ја редефинира својата гама во Европа Стратегијата на Nissan е едноставна. Ориентирана е кон електричните возила, а како допринос на неа објави дека покрај новата генерација на Leaf, која ќе се трансформира во кросовер, лансира уште две електрични возила. Дека концептите претставени на салонот во Токио пред некој месец не беа само лудо ветување се потврди деновиве. Нивните комерцијални верзии ќе се ...