
Скопје
11ᴼ /
11ᴼ



ОК на ВМРО ДПМНЕ демантира дека градоначалникот Тони Коњановски купил нов автомобил Лажните вести остануваат првата и единствена препознатливост на СДС Почитувани граѓани, Лажните вести остануваат првата и единствена препознатливост на СДС. Лага се нивните ветувања, лага е дека ќе ги подобрат вашите животи, лага е дека воопшто им е грижа што се случува со сите нас, што се случува со Битола, со Македонија. Па така и вчерашната прес конференција ...
По повод 4 Ноември, Денот на ослободувањето на Битола, и оваа година битолчани и останатите посетители ќе имаат можност да го видат велелепниот Офицерски дом реконструиран пред повеќе од една година. Културно информативниот центар организира Отворен ден во сабота на 5 ноември во најубавиот објект во нашиот град, кој токму граѓаните го спасија од продажба и повторно и го вратија на Битола. -Време е, да ја задоволиме љубопитноста на битолчани и ...
Никој, а најмалку политичка партија која РЕК Битола го третираше како златна кокошка, не смее да шири лаги и невистини за работата на комбинатот од кој зависи судбината на Македонија. Барам извинување од Стевче Антовски во рок од 24 часа. Во спротивно РЕК Битола ќе поднесе тужба за клевета. Доколку има било какви индиции за незаконско работење, наводите да ги достави до надлежните институции, а не од партиска говорница да шири лаги и манипулации ...
Почитувани, ова се факти, не се обични клеветења и измислици во нивни стил, а за тоа сосема логично е да понесат одговорност. Тоа што понизниот Крајовски е очајно лош лидер на локалните сдсовци, на крајот и нека биде нивни проблем, ама за потрошени европски пари и пари на граѓаните, се одговара. Неспособност, криминал, корупција, неодговорност, незнаење, сите овие зборови се атрибути кои целосно го отсликуваат владеењето на локалниот лидер на ...
Директорот на Водовод, Пеце Mилевски лаже и манипулира за да го избегне вистинскиот одговор и одговорност. За нештата да бидат појасни и да ја дознаеме вистината, овде имаме официјален документ кој пристигна во ОО СДСМ од анонимен граѓанин. Тоа е фактура за извршена работа, уредно заведена во ЈП Водовод со архивски број, дата и печат. Од неа се гледа дека се заменети пластични делови на возилото. Милевски, од друга страна, подметнува обичен ...
Како по обичај Коњановски молчи и се крие кога треба да одговори за тоа каде и како се трошат парите од општинскиот буџет! На нашето барање за што оваа година се исплатени 434.000 денари на фамилијата на портпаролот на ДПМНЕ Битола, Коњановски повторно молчи. Како суфлер, на својот Фејсбук се јави Васко Мавровски. Ние не бараме одговор од Мавровски, туку од Коњановски, а дури градоначалникот се крие, на фамилијата Мавровски деновиве им се ...
„Деновиве градоначалникот Коњановски конечно ги посети средните училишта во градот и тоа Таки Даскало и Техничкото училиште Ѓорги Наумов. Притиснат од фактот дека откако е дојден на функцијата градоначалник, за капитални расходи за средните училишта не издвоил ни денар од општинскиот буџет, што јасно може да се види од објавените квартални извештаи за 2022 година, Коњановски мораше да ги промовира проектите реализирани од градоначалничката ...
Марко Јосифовски од ОК на ВМРО ДПМНЕ Битола, денеска реагираше на вчерашниот прес на Весна Баковска од ОО на СДСМ која обвини дека ВМРО ДПМНЕ се фалат со прокетите на бившите директори на СДСМ во битолското образование. Не, почитувани од СДС, не постојат Ваши или наши проекти. Секој реализиран проект е проект за нашите граѓани, а единствено оваа локална самоуправа покажа доблест, да овозможи континуитет на започнатите проекти, да реализира нови ...
БИТОЛА – Магистралниот пат Битола-грчка граница конечно се реконструира. Тој е во должина од околу 14 км и минува низ Пелагониската котлина. Битолчани се радуваат на почетокот на градежните работи, оти велат дека ова е патот кој ги поврзува со Европската унија, објави https://nezavisen.mk/ Деновиве патот е затворен во едната лента на две испрекинати делници во близина на ИЗ „Жабени“ и кај езерото Жабени. Екипата на „Независен“ на терен ...
Министерството за образование и наука информира дека учебната година продолжува на 23 јануари. Со одлука на Владата, на предлог на Министерството, второто полугодие од учебната 2022/23 година наместо на 18 јануари почнува на 23 јануари (понеделник), со физичко присуство за сите ученици. Зимскиот распуст е продолжен поради заштита на здравјето на учениците и заштеда на електрична енергија за греење. Со оглед на тоа што дел од јавните основни и ...
Владата на денешната редовна седница ја разгледа Информацијата за изработка на Проект за реконструкција и ревитализација на Старото училиште „Димитар Влахов” во село Љубојно и за негова адаптација во Центар за промоција на македонскиот јазик. Имајќи ги предвид вредностите на Старото училиште „Димитар Влахов” во селото Љубојно, надлежната установа НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј- Битола, како што соопштија од ...
-0 Попова Шапка, 3 Лазарополе, Маврови Анови, 4 Крушево, 6 Претор, 7 Скопје-Петровец, Тетово, Прилеп, 8 Скопје-Зајчев Рид, Дебар, Охрид, Берово, 9 Крива Паланка, 10 Битола, 11 Гевгелија, 12 Штип, Виница, 13 Демир Капија, 14 Струмица. НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ за изминатите 24 часа до 7 часот (во л/м2) 35 Лазарополе, 33 Пожаране, 29 Маврови Анови, 24 Попова Шапка, 22 Дебар, 20 Тетово, 8 Претор, 2 Скопје Зајчев Рид, Крива Паланка, Прилеп, Тополчани. ...
Денеска (18.01.2023)во времето од 10:00-14:00 на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 61 возач. Од нив 45 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 16 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во ...
БИТОЛА – Најрано во мај годинава, битолчани можат да очекуваат исплата на штетите од земјотресот кој се случи лани на 9 јануари. Од Владата за „Независен“ потврдуваат дека елаборатот го добиле на ден-два пред Новата година и дека допрва треба да го разгледа владината комисија за проценка и утврдување на висината на штетата од елементарни непогоди, па дури на пролет да помине на Влада. Елаборатот за проценка на штетите од земјотресот се усвои на ...
Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, денес оствари средба со Лука Дамчевски, 15 годишен битолчанец, кој вчера беше најсреќен и го фати Светиот крст во осветените води во храмот „Св. Великомаченик Димитриј“, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици. Дамчевски истакна дека вчера за прв пат учествувал во церемонијата на фаќањето на Светиот крст и е особено е радосен што токму тој е најсреќен оваа година, кога имаше ...
Отпочнува постапката за реконструкција и ревитализација на првото македонско училиште во Преспа и негова адаптација во Центар за промоција на македонскиот јазик. Училиштето, каде на 15 ноември 1944 година започна за првпат настава на македонски јазик во Преспа, а второ во државата по она во Подвис, Кичевско, денес е разрушено, а зачувани се само дел од надворешните ѕидови. Премиерот Димитар Ковачевски и министерката за култура Бисера ...
Димитар Ефтимов ЛИАКУ На 20 јануари во 1921 година во Скопје е роден Димитар Ефтимов ЛИАКУ, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење во Вардарскиот дел на Македонија и учесник во Антифашистичката војна 1941-1944 г., лекар-хирург. Студирал медицина во Софија, а бил партизански лекар во 15. Македонски корпус на Сремскиот фронт. Медицински факултет завршил во 1949 г. во Белград. Хирургија специјализирал (со прекини) ...
Кој дозволи битолчанец од улицата Смилевски конгрес и околните јавни зелени површина да прави авто плац за продажба на половни автомобили, се жалат жители од околните згради и бараат интервенција од Општина Битола . Станарите од зградите на оваа улица реагираат дека десетици автомобили, извесен период наназад се паркирани на асфалтот на улица Смилевски Конгрес и на зелените површини околу зградите, што најверојано служат за продажба. Бараат од ...
Се навикнавме во овие транзициски години на десничарски и неофашистички македонски ревизионизам, многу килави и метилави пазарџии и национални конвертити да фрлаат ѓубре врз македонските ослободители и државотворци. Најперверзно е што меѓу тие болни луѓе има некои кои се сметаат за наша општествено-политичка „елита“, а се партизански деца и внуци, персони чии претци се бореле за создавање на државата македонска и за правото и слободата на ...
Денес РЕК Битола по којзнае кој пат работи со само еден блок. Три блока докажавте дека не можете да ставите во функција. Ама…, увозот ќе се зголеми. Директорот на РЕК Битола наместо да се заканува може барем да се обиде, иако многу тешко му оди до сега, да обезбеди стабилно производство на електрична енергија. Основната негова обврска - стабилно производство не електрична енергија за жал сите овие години на владеење на СДС е само мислена ...
На 21.01.2023 година во времето од 00.00 до 04.00 полициски службеници од СВР Битола спроведоа акциска контрола во угостителски објекти за присуство на малолетни лица во истите на подрачјето на Битола каде е извршена контрола во три угостителски објекти ,при што во еден локал на ул. Велешка во Битола, затекнати се три малолетни лица. Истите се предадени на родителите,следува пријава по чл .21 од Законот за прекршоци против јавен ред и мир за ...
За основците и средношколците денеска почнува второто полугодие од учебната 2022/2023 година. Со одлука на Владата, зимскиот распуст беше продолжен и почетокот на наставата одложен од 18-ти на 23 јануари заради функционалност на училиштата. Најверојатно учебната година ќе заврши на 14 јуни наместо на 9 јуни (петок) затоа што, како што изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири, учениците треба да ги одработат сите 180 работни наставни ...
Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес го посети јавното претпријатие Комуналец, каде имаше работен состанок со новиот в.д директор на претпријатието, Горан Степановски. На состанокот, се разговараше во врска со начинот на организација на работењето и реализацијата на нови проекти во периодот кој следува. „Веднаш по констатирањето на состојбата во претпријатието и воочувањето на предизвиците и потребите, продолжуваме со ...
На 15.01.2023 од страна на полициски службеници од Полициското одделение Новаци лишени од слобода се З. М.(21) и Б.К.(19) од Битола, поради сомнение за извршено кривично дело „кражба“, постапувајќи по пријава според која од магацински простор во кругот на РЕК Битола одземени се поголем број предмети. Одземените предмети се пронајдени кај приведените лица и се вратени на сопственикот. По документирање на случајот против лицата ќе биде поднесен ...
Нови вложувања во инфраструктурните услови, нова ИКТ опрема, нагледни средства и помагала, се инвестициите во Гимназијата "Јосип Броз-Тито", реализирани во 2022 година, со кои училиштето континуирано работи на подобрување на образовниот процес и условите во него.. Градоначалникот Тони Коњановски, при денешната посета на училиштето изврши увид на успешната реализација на проектите изминатата година, а од директорката Лидија Споа, беше информиран ...
ЈП „Нискоградба“изминатата година во голема мера ги реализира зацртаните цели, ставајќи се целосно во служба на граѓаните на општина Битола, во сите области кои се во надлежност на претпријатието, а во согласност со условите и можностите за реализација, рече директорот Зоран Талевски, на денешната прес конференција. „Економската и енергетска криза, донесоа зголемување на цените на материјалите, поскапување на енергенсите, така што создадоа нови ...
Младиот битолчанец Лука Дамчевски го фати светиот крст за Водици во храмот Св Димитриј во Битола. Лука е средношколец и има само 15 години, ова е првпат да учествува на оваа црковна церемонија на фаќање на светиот крст. На младите верници им порача да се обидат и тие до следната година да бидат дел од традицијата за Водици. Преку 25 верници од Битола скокнаа по светиот крст во базенот во дворот на храмот Св Димитриј каде со светата литургија ...
Директорски смени во јавните претпријатија во Битола ЈКП „Комуналец“ Битола од денеска има нов директор, Горан Степановски, откако градоначалникот Тони Коњановски не и го продолжи ве-де мандатот на досегашната директорка Гордана Наумовска. Степановски досега беше директор на ЈП „Паркинзи“ Битола. Сега по оваа рокада во „Паркинзи“ за директор доаѓа Зоран Михајловски, вработен во РЕК „Битола“, инаку поранешен кадар на ВМРО НАРОДНА и екс-директор ...
Привршува конзервацијата на архитектурата на црквата „Св. Ѓорги“ во Курбиново, македонскиот црковен бисер од 12 век. Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска, денеска, како дел од посетата на преспанскиот регион, ја посети и црквата „Св. Ѓорѓи“. При тоа, на премиерот Ковачевски му беа презентирани тековните градежни активности за заштита на овој храм кој претставува несекојдневен пример на ...
Во Буџетот на Општина Битола за 2023 година предвидени се средства за субвенционирање на Годишните планови за работа и Годишните инвестициони програми на јавните претпријатија. Ова е една од точките на дневен ред за која ќе се разговара на денешната седница на Совет. За субвенционирање на Годишните планови за работа на јавни комунални претпријатија:-ЈП за стопанисување со Индустриската зона Жабени-Битола, JКП Нискоградба, ЈП Пазари Битола и МЈП ...