Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Трето авионско третирање против комарци ќе се реализира в четврток во Кавадарци, информираа денеска од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев. -Со почеток од 05.30 до седум часот, ќе се спроведе третото авионско третирање против комарци за 2023 година, на територијата на општина Кавадарци. Tретирањето ќе го изврши фирмата ДАУ „БОНИЕР“ ДООЕЛ од Куманово. Се известуваат сите граѓани како и дел од пчеларите дека во периодот на третирање од ...
За еден сантиметар е намален водостојот на Преспанското, а за два на Охридското Езеро, додека нивото на Дојранското Езеро е исто како вчера. Со тоа, согласно последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), водостојот на Преспанското Езеро е за 1,8 метри понизок од просечниот и е на само два сантиметра до апсолутно измерениот минимален водостој забележан на 15 ноември 2022 година. Нивоата, пак, на Охридското и на ...
Свињите од фармата во село Таринци, Општина Карбинци, каде на 25 овој месец беше потврдено присуство на болеста африканска чума кај свињите ќе се закопуваат во јама во атарот на село Таринци, се вели во писменото соопштение од Агенцијата за храна и ветеринарство. Додаваат дека иако Општина Карбинци, како погодни локации, согласно оценката на Државниот инспекторат за животна средина ја прифатила и локацијата во атарот на селото Горни ...
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од полноќ се намалуваат за 0,50 денари за литар, малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 не се менува, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 0,50 денари. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,094 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. Максималните цени на ...
Инвестицијата на „БМЗ“ доаѓа во вистинско време за да се прати вистинската порака – дека по КОВИД-пандемијата и војната во Украина, странските вложувачи ја гледаат Северна Македонија како дестинација во која треба да го продолжат нивното производство, изјави за МИА вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. По потпишувањето на Договорот со „БМЗ“ за инвестиција од 65 милиони евра во ТИРЗ Скопје 2, Битиќи од Франкфурт истакна дека ...
Од вкупно 34 пожари на отворен простор два се сѐ уште активни, но со намален интензитет, информираат од Центарот за управување со кризи. Станува збор за пожарите во Општина Прилеп кај село Тополчани, каде што гори ниска вегетација, и во Општина Гевгелија кај село Селемли каде што гори мешена шума. Како што дополнуваат од ЦУК, изгаснати се пожарите во другите 21 општина помеѓу кои: – Општина Студеничани 2 – с.Цветово (каде што горела ниска ...
Без активно жариште е пожарот во областа Еврос во североисточниот дел на Грција, што избувна на 19 август, а процените се дека опожарената површина надминува 93.500 хектари, јави дописничката на МИА од Атина. Доцна синоќа беа локализирани двете активни жаришта, додека пак во областа и понатаму интервенираат грчките и странските пожарникари за пожарот да биде целосно изгасен. Националната опсерваторија во Атина и порталот Метео вчера објавија ...
Спасена е свињарската фарма од огнените јазици кои се приближуваа до објектот, вели за МИА командирот на ТППЕ- Штип, Дарко Коцев. Во гаснењето на пожарот ангажирани се 15 пожарникари и четири возила, а од воздух дејствува и полицискиот хеликоптер. Коцев посочи дека сега се гаси шума. Според негова проценка зафатени се околу 150 хектари. На терен остануваат до локализирање на пожарот, кој е во атарот на штипското село Пиперово. Директорот на ...
Разликата од чекалната на ЕУ – до внатре во Унијата е 21,8 пати повеќе фондови кои ќе и станат достапни на земјава по влезот во ЕУ. Според грубите пресметки, членството во Унијата ќе донесе дополнителни 2.868 евра по глава на секој жител во земјава, односно дополнителни 5,2 милијарди евра за пет години, што е на исто ниво со буџетот на нашата земја за 2023 година. Ова се средства со кои ќе можеме да имаме подобра инфраструктура, подобри ...
Штипските пожарникари во моментов од огнените јазици спасуваат свињарска фарма, која се наоѓа меѓу регионалниот пат Штип-Радовиш кај местото викано „20-ти километар“ и селото Пиперово. Командирот на ТППЕ-Штип, Дарко Коцев за МИА вели дека сите сили се насочени кон спасување на фармата. -На терен сме 15 пожарникари со четири противпожарни возила. Очекуваме наскоро да пристигне и помош од воздух, вели Коцев. Директорот на Центарот за ...
Од 1 септември 2023 година започнува спроведувањето на новата ИПАРД 3 програма, распишувајќи го првиот јавен повик за мерките 1 и 7 од новата ИПАРД 3 програма. Првиот јавен повик ги се однесува на мерката 1 – Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства и мерката 7 – Диверзификација на фарми и развој на бизниси. Вкупната вредност за инвестиции која на располагање се става со приот јавен повик за двете мерки изнесува 30 милиони ...
Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за земјодлество, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска го означија почетокот на новиот ИПАРД 3 проект за модернизација на земјоделството во вредност од 97 милиони евра. Премиерот Ковачевски во своето обраќање посочи дека целта на оваа програма е многу поголема реализација и целосна искористеност на средствата кои ЕУ ги одвојува за државава. -Наша цел е со новата ИПАРД 3 програма уште ...
Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи најави дека во вторник во Комисијата за заштита од конкуренција лично ќе достави претставка за да се провери дали трговците здружено ги зголемуваат цените на основните прехранбени производи. – Во вторник во 10 часот ќе одам во Комисијата за заштита од конкуренција да доставам преставка за да почнат да постапуваат во млечната индустрија и во други индустрии, рече Битиќи денеска одговарајќи на ...
Министерката за земјоделство Јелена Танасковиќ изјави дека во Србија е запрено ширењето на африканска свинска чума, јави дописникот на МИА од Белград. Таа кажа дека здружени со сите сектори успеале во последните две недели да ја запрат паниката, нелегалниот транспорт и ширењето на чумата. -Успеавме да го запреме ширењето на африканската чума. Еутаназирани се 38 илјади свињи, редовно им се плаќа на сопствениците чии свињи беа уништени. Важно ...
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска присуствуваше и се обрати на презентацијата на новата ИПАРД 3 програма, насловена како „ИПАРД 3-нови можности за македонското земјоделство“. На настанот беа презентирани досегашните постигнувања и резултати од финансиската поддршка обезбедена преку ИПАРД 2 програмата, како и ...
Со блокада на едната сообраќајна лента на патниот правец од Штип кон Кочани, кај селото Облешево денеска оризопроизводителите од Облешево го искажаа револтот, бидејќи имаат два главни проблема. Посочуваат дека околу 500 хектари под ориз имаат недостатокот на вода, која според нив, треба да ја има до крајот на септември за оризот со долга вегетација, но и појавата на болести за кои никој не ги испитува. -Водата е најосновното нешто, без вода ...
Трговијата на ЕУ со Русија е силно погодена од увозните и извозните ограничувања наметнати од Брисел по руската инвазија на Украина. И извозот и увозот значително се намалија под нивото пред инвазијата. Уделот на Русија во увозот надвор од ЕУ падна од 9,6% во февруари 2022 година на 1,7% во јуни 2023 година, додека уделот на извозот надвор од ЕУ се намали од 3,8% на 1,4% во истиот период, соопшти Евростат. Во март 2022 година, еден месец по ...
Евентуалното продолжување на временото ограничување на увозот на украински земјоделски производи, што истекува на 15 септември, предизвикува поделби во Европската комисија, која е ставена во позиција да бира меѓу изразувањето солидарност со Украина и барањата на членките на ЕУ од Источна Европа, наведува „Еурактив“. Европската комисија во април воведе привремена забрана за увоз на пченица, пченка, семе од репка и сончоглед од Украина, на ...
Во најголемата приватна фарма во карбинскиот регион треба да се уништат 9.000 свињи, откако пред осум дена е забележано кај девет свињи болеста Африканска чума, потврди и Агенцијата за храна и ветеринарство. Жителите на селата Таринци и Нов Караорман и градоначалникот на Општина Карбинци синоќа не дозволија да се копа јама за животните кои треба да се уништат. Сметаат дека ќе им се загадат подземните води, но и ќе влијае и врз нивното ...
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски заедно со претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, во недела 03.09.2023 година со почеток од 11 часот во дворот на Клубот на претеници во Скопје ќе го означат почетокот на новата ИПАРД 3 програма. На настанот детално ќе бидат презентирани новостите во новата ИПАРД 3 програма и првите јавни повици за мерките 1 и 7 од ИПАРД 3 програмата. По завршувањето на настанот ...
Градот Скопје ги известува граѓаните дека утре и задутре (02 и 03.09.2023 година) во раните утрински часови на подрачјето на Скопје ќе се врши авионска дезинсекција (петта фаза) против возрасни форми на комарци. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин. Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за ...
Бројот на работниците во индустријата во јули годинава во однос на јули лани е поголем за 0.4 %. Во периодот јануари − јули 2023, пак, споредено со истиот период од 2022, зголемувањето е 0.8 %, соопшти Државниот завод за статистика. Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јули 2023 година, во однос на јули 2022 година, бележи опаѓање од 2.7 %, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 0.8 %, а во секторот ...
Годишната стапка на инфлација во Еврозоната за минатиот месец е проценета на 5,3 отсто, со што таа остана непроменета во однос на јули годинава, соопшти денеска Европската статисичка служба – Евростат. Ваквите првични проценки на Евростат за августовската инфлациска стапка, означуваат дека успорува трендот на намалување на инфлацијата во Еврозоната започната од април, кога таа изнесуваше седум отсто. Според податоците на Евростат како што ...
Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2023 година, во патниот патнички превоз бројот на превезените патници изнесува 1 048 илјади, во градско-приградскиот превоз 11 539 илјади, во железничкиот превоз 73 илјади, додека бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз изнесува 843 654. Во второто тримесечје од 2023 година, во споредба со второто тримесечје од 2022 година, количеството на ...
Зборот е збор! Она што го ветивме, го исполнивме! Исплатени околу 22 милиони денари за 476 корисници, производители на зимска зелка на отворено. Излегуваме во пресрет на производителите и заедно ги креираме сите мерки. Преку Интервентната мерка обезбедуваме поддршка од 61.000 денари по хектар за секој производител на зимска зелка на отворено кој има обезбедено барање за истата. Секогаш сме тука за да им помогнеме на сите земјоделци и ...
Премиерот Димитар Ковачевски денеска најави дека и оваа година најверојатно ќе се обезбедат субвенции за вештачко ѓубриво во земјоделството. Целта е, како што рече Ковачевски, да се обезбедат цени на производите соодветни за нашиот пазар и за стандардот на граѓаните. Русија заедно со скандинавските земји е најголем производител на вештачки ѓубрива. Берзанските цени на ѓубривата се значително, драматично покачени, а без доволно вештачко ѓубре ...
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска ја реализираше исплатата по основ на финансиска поддршка за трошоци за расадена или продадена зимска зелка. Корисници на оваа поддршка се сите земјоделски стопанства кои во август 2022 година имаат расадено зимска зелка на отворено или имаат расадено зимска зелка на отворено и продадено зимска зелка до 15 април 2023 година од најмалку 5000 килограми на хектар. ...
Индустриското производство во јули годинава во однос на јули лани е помало за 1,8 проценти. Во периодот јануари − јули 2023, пак, во споредба со истиот период минатата година, бележи раст од 1.0 отсто, соопшти Државниот завод за статистика. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јули 2023 година, во однос на јули 2022 година, бележи опаѓање од 13.5 %, во секторот Преработувачка индустрија ...
Премиерот Димитар Ковачевски денеска најави дека и оваа година најверојатно ќе се обезбедат субвенции за вештачко ѓубре во земјоделството. Целта е, како што рече Ковачевски, да се обезбедат цени на производите соодветни за нашиот пазар и за стандардот на граѓаните. -Русија заедно со скандинавските земји е најголем производител на вештачки ѓубрива. Берзанските цени на ѓубривата се значително, драматично покачени, а без доволно вештачко ѓубре ...
Речиси двојно е намален водостојот на реката Вардар на мерното место кај Велес во споредба со вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Сепак, и покрај тоа нивото на Вардар во Велес е повисоко од повеќегодишниот просек за август, исто како и на другите четири мерни места. Единствено понизок водостој од просечниот реката има на вливот на Лепенец во Скопје, каде нивото е речиси ...