Спортското риболовно друштво „Трофта” апелира до надлежните за позасилен надзор и контрола на Дебарско Езеро по појавата на нелегален риболов и со недозволиви средства. Дополнително на состанокот на раководството на друштвото е договорено и неговите членови да ја следат состојбата и да ги известуваат надлежните. -Се договоривме да преземеме доброволни мерки за надзор на Дeбрско Езеро, со оглед на најкритичниот период односно мрестот, поради што ...

Нивото на водата во Охридското Езеро бележи пораст, благодарение на врнежите и дождливото време, но се уште е далеку под просекот за овој период од годината. Водостојот денеска се наоѓа на котата 693,40 метри надморска височина, што е за 25 сантиметри под просекот за мај. Температурата на водата е 12,5 степени Целзиусови, под просекот од 15 степени. Зачестените осцилации на водостојот на езерото неповолно се одразуват врз живиот свет, ...

Од 10 до 11 мај во Истанбул ќе се одржи состанок на високо ниво за Договорот за житарки, најави рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Вершинин. -Да, утре и задутре имаме средба на високо ниво во четирилатерален формат во Истанбул – ја пренесе неговата изјав РИА Новости. Москва претходно соопшти дека нема да го продолжи договорот по 18 мај, кога истекува, освен ако не се отстранат пречките за рускиот извоз на житарки и ѓубрива, ...

Денеска во Виница се одржа информативната кампања за ИПАРД 2 и ИПАРД 3 програмата. Пред присутните беа презентирани сите услови, критериуми и видот на финансиската поддршка којашто оваа програма ја нуди. „Добро е да се знае дека освен развојот на земјоделското производство и преработка, оваа програма ги финансира и инвестициите во микро-индустријата, занаетчиството, како и капацитети кои нудат ресторански и сместувачки услуги во рурални средини ...

Делегацијата на Бернската конвенција, Рамсарската конвенција и на УНЕСКО што минатата седмица беше во посета на Охридскиот регион го објави извештајот за посетата и за спроведената теренска проценка за состојбата. Како што се посочува во објавата од Бернската конвенција, во односниот период се спроведени проверки на состојбата на т.н. „Смарагдни“ локалитети на Охридското Езеро и Националниот парк „Галичица“. Посетата на засегнатите области е ...

Трошоците на животот во април 2023 година, во споредба со претходниот месец, се зголемени за 0. 7, а цените на мало за 1. 4 отсто. Пораст на индексите на трошоците на животот во април 2023 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај цигарите за 8.1 %, свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 2. 0 %, месото за 1. 4 %, виното за 1. 2 %, кафето, чајот, какаото за 0.5 %, минералната вода, ...

Прекршочните казни што за маркетите се изречени од причина што во нив немало количини или, пак, воопшто немало одредени видови овошје и зеленчук опфатени со мерките на Владата, укажаа денеска во соопштение претставниците на синџирите маркети при Стопанската комора на Северна Македонија. Тврдат дека во продавниците има количини овошје и зеленчук колку што доставуваат добавувачите, односно дека не се во можност да продаваат производи доколку ...

Најновата прогноза на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации FAO за светското производство на житни култури во 2022 година е зголемена за 7,7 милиони тони во споредба со претходниот месец и сега изнесува 2.785 милиони тони. Но тоа е сè уште за 1,0 отсто помалку од претходната година. Прогнозата на светската потрошувачка на житарки 2022/23. е зголемена за 1,2 милиони тони од 2.780 милиони тони претходниот месец, но се уште ...

Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија денеска го објави повикот за поддршка на Самовработување (Претприемништво), финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, до невработените лица. Со овој повик се охрабруваат невработените лица со претприемачки дух, со визија да основаат свој бизнис да аплицираат во Програмата 1. Поддршка за Самовработување (Претприемништво) Право на учество имаат: – ...

Северна Македонија е подобра од европскиот просек во однос на намалената употреба на ѓубрива и пестициди, широкопојасната интернет покриеност во руралните средини и емисијата на стакленички гасови, но не и во однос на органското производство, диверзитетот и заштитените подрачја, покажува најновиот извештајот на Светска банка за макдонското земјоделство. Извештајот „Зелен раст во секторот земјоделство во Северна Македонија“ што беше презентиран ...

Државен тракторски натпревар за средношколци ќе се реализира во среда во Кавадарци, информираше денеска во изјава за МИА, Ефремчо Николов, професор во кавадаречкото Средно земјоделско – шумарско училиште, ,,Ѓорче Петров”. Целта на натпреварот е ученици да се стекнат со практични вештини врз основа на теоретската и практичната наобразба што ја стекнале во текот на школувањето. Натпреварот е признат од МОН и Центарот за средно стручно образование ...

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,92% во однос на одлуката од 5.5.2023 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,392%, кај дизелот за 0,874%, кај екстра лесното масло за 0,827% и кај ...

Информативната кампања за ИПАРД III продолжува со теренското присуство во сите населени места. Следната работилница ќе се оддржи на 09.05 (вторник) во Виница во просториите на Ресторан Александар Парк со почеток од 11 часот. „Ги повикувам сите заинтересирани земјоделци, производители на земјоделски преработки, занаетчии и сите останати физички и правни лица да ја посетат работилницата и одблиску да се запознаат со условите, критериумите но и ...

Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (FAO) објави дека цените на храната во светот се зголемиле во април за прв пат од почетокот на годината. Индексот на цените на FAO во април достигна 127,2 поени, што претставува зголемување во однос на мартовските 126,5 поени, пренесуваат странските медиуми. Цените на месото, оризот и шеќерот пораснаа, а падот на цените на житарките, млекото и растителното масло не беше доволен за да ...

Здружението „Тиквешки семејни винарии” оваа година официјално станува економско-социјален партнер на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, истакна вчера во Кавадарци, Гоце Георгиевски, раководител на рурален развој во Министерството за земјоделство. Тој присуствуваше на манифестацијата „Ден на станушина” организирана од „Тиквешки семејни винарии”, во чест на единствената автохтона македонска сорта на грозје. -Последните ...

Светска банка денеска ќе го презентира извештајот насловен „Зелен раст во секторот земјоделство во Северна Македонија“, кој ќе биде претставен на претставници од земјоделскиот сектор во земјата. Како што информираат од Канцеларијата на СБ во државава, на презентацијата воведно обраќање ќе имаат министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и Фрауке Јунгблут, менаџер во Светска банка за регионот на Европа и Централна ...

Во организација на Националниот парк Шар Планина и планинарскиот клуб Тетово вчера се спроведе акција за собирање расфрлен отпад во потегот од село Бозовце до Гајрина. Од националниот парк информираат дека и денеска продолжуваат ваквите активности, на патот Тетово-Попова Шапка. -Масовноста ни покажа како Шар Планина се сака со дела. Продолжуваме со акцијата за собирање на сметот по патот од Попова Шапка кон Тетово утре. Дополнителен пар раце и ...

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во првите два месеца од годинава, изнесува 1 339 941 илјада евра и бележи пораст од 10. 2 % во однос на истиот период лани. Вредноста на увeзената стока, пак, изнесува 1 763 707 илјади евра, што е за 1. 5 % помалку од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика. Трговскиот дефицит, во периодот јануари − февруари 2023 година, изнесува 423 766 илјади евра, а ...

Бугарија ќе ја укине забраната за увоз од Украина кога ќе стапат на сила мерките на Европската комисија за стабилизација на пазарот, објави Euroactiv. Бугарија доби 16 милиони евра компензација од ЕУ бидејќи дозволи извоз на украинско жито и прехранбени производи преку нејзина територија. Земјата побара уште 50 милиони евра, иако бугарските производители на жито добиваат стотици милиони евра директни европски субвенции. Според Euroactiv, ...

Повикувајќи се на анализа објавена на порталот Pig333, европските медиуми наведуваат дека континуираните загуби во последните години доведоа до напуштање на одгледувањето свињи во Централна Европа, а многу земји најавија големи намалувања на бројот на свињи кои ги чуваат. На пример. само во Шпанија, во 2022 година биле заклани 1.700.000 свињи помалку отколку во 2021 година. Намалувањето во Централна Европа е структурно и се верува дека е трајно ...

Министерот за земјоделство, шумарстви и водостопанство, Љупчо Николовски, соопшти дека се подготвува национална стратегија за развој на винарството и лозарството. „Заедно со стручната јавност, здруженијата на земјоделци и винариите за прв пат подготвуваме Национална стратегија за развој на винарството и лозарството. -Модернизација на винскиот сектор и развој на наш домашен вински бренд. -Зголемување на лозовите насади, подобар квалитет и ...

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 6 и 7 мај (сабота и недела), во раните утрински часови ќе се реализира првата фаза од дезинсекцијата на подрачјето на градот Скопје против возрасни форми на комарци. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин. Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за ...

Месната заедница од струшкото село Вишни и неколку еколошки здруженија реагираат на масовна и, според нив, илегална сеча на шумата на планината Јабланица. – Сечата добива на интензитет во изминативе месеци во атарите на селата Вишни, Радолишта, Франгово, Лабуништа. Речиси и да нема педа од Јабланица во која не продреле шумските мафијаши. Шумската полиција е немоќна и не реагира, шумското стопанство одамна кренало раце, а највредните букови шуми ...

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски, вели дека земјоделсците се најмногу заинтересирани за средствата од ИПАРД за набавка на земјоделска механизација, системи за наводнување, земјоделска опрема и пчеларство. „Од тие 2360 договори што се склучени, над 1000 се сигурно во делот на земјоделската механизација, пред се заради тоа што во таа мерка како корисници можат да се јават и ...

Во организација на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопнатсво, денеска во Скопје се одржа настан со кој официјално беше означен почетокот на ИПАРД 3 програмата. На настанот присуствуваа вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, министрите Каја Шукова, Благој Бочварски и Ристо Пенов, како и многу градоначалници, претставници на социо-економски партнери, ЛАГ-ови, претствници на Планските региони, здруженија и ...

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, пред стартот на новата ИПАРД 3 прорама, која се очекува да започне со имплентација во третиот квартал од годината, објави ПРЕТХОДНА НАЈАВА за објавување на Јавен повик 01/2023 за доставување на барања за користење на средства по мерка 3 “Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи” од областа на политиките за земјоделство и ...

Цената на шеќерот во ЕУ во февруари и март 2023 година скокна во просек за 61 отсто во однос на истите месеци минатата година, објави Евростат. Шеќерот најмногу поскапел во Чешка, каде што неговата цена во март 2023 година била за 98 отсто повисока од март 2022. Цената на шеќерот драстично порасна и во Естонија, за 97 отсто, како и во Полска – 82 отсто, Германија – 72 отсто и Летонија – 70 отсто. Помало поскапување на шеќерот е забележан во ...

Земјоделството е фабрика на отворено, а слободно може да се каже дека земјоделецот е работник кој поголемиот дел од времето го поминува на отворено. За тоа време тие се често изложени на неповолни временски услови, па дури и на алергени кои се присутни во воздухот. Знаеме дека алергиите се растечки и почест здравствен проблем од кој никој не е поштеден, а особено негативно влијаат на оние кои својата работа ја извршуваат надвор. Д-р Барбара ...

Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Танушевци при Регионалниот центар за гранични работи Север, синоќа во 19:00 часот кај место „Рамно“, на шумскиот пат кон Бањашница во општина Чучер Сандево, ги лишиле од слобода К.Ј. (19) од с. Брест, скопско О. Ш. (27) с. Арачиново, Скопско. Како што соопшти МВР, тие биле затекнати со две товарни возила при нелегална сеча на огревно дрво на државно земјиште. Дрвата биле одземени и ...

Владата на Република Северна Македонија и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известуваат сите заинтересирани правни и физички лица дека во трет квартал од 2023 година ќе се објави Јавен повик за доставување на барања за користење на финансиски средства од Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД Програма за периодот 2021-2027 година). Целта на ИПАРД Програмата ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
1.03
36%
1020
weather icon

Белград

24ᴼ / 22ᴼ
1.54
48%
1018
weather icon

Загреб

23ᴼ / 20ᴼ
2.06
59%
1017
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
45%
1020
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
3.26
38%
1018
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 21ᴼ
1.03
65%
1017
weather icon

Атина

28ᴼ / 27ᴼ
5.14
34%
1016
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
1.03
47%
1018
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
1.03
36%
1019
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 27ᴼ
1.03
39%
1016
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 25ᴼ
3.09
45%
1016
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
2.06
56%
1017
Currency

61.535

Currency

53.4215

Currency

71.8858

Currency

34.3015

Currency

38.9054

Currency

65.4658

Currency

7.44954

Currency

0.68164

Currency

0.36489

Currency

0.52488

Currency

1.34838

Currency

0.61752

Алуминиум

2.55

Иридиум

142524.59

Кобалт

42.99

Никел

14770.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.55

Сребро

1157.66

Злато

108292.15

Бакар

9.71

Паладиум

33661.83

Платина

40334.14

Родиум

176025.34

Цинк

2.62