Вработените во водостопанската подружница „Брегалница“ од Кочани ја пуштија водата од каналската мрежа и го почнаа полнењето на земјоделските површини, со што на земјоделците им овозможуваат навреме да ја почнат сеидбата на оризот. За почеток се прават времени прегради на Зрновка, Кочанска и Оризарска Река и се зафаќаат проточните води, со што се заштедуваат резервите со кои располага хидросистемот „Брегалница“. Неповолните временски услови и ...

Глобалната трговија со житни култури во 2022/23 година. е дополнително ревидирана надолу, додека прогнозата за светското производство на пченица за 2023 година благо се зголеми во однос на минатиот месец. Имено, најновата прогноза на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации FAO, покажува дека светското производство на житарки е благо зголемено на 2.777 милиони тони. Во однос на минатата година, нивото е пониско за 1,2 отсто. ...

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи денеска ќе ја посети винаријата „Лазар“ во Кавадаци, каде ќе присуствува на настан по повод претставување на успешните проекти поддржани во рамки на Проектот за локална и регионална конкурентност. На настанот ќе присуствува и заменик шефот на Делегацијата на ЕУ во земјава, Џулијан Васало, а презентации ќе одржат советничката за планирање ...

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска во Валандово одржа средба со производителите на зимска зелка на отворено. На средбата, министерот Николовски ги информираше производителите дека се подготвува нова интервентна мерка со која Министерството преку Интервентната програма ќе им излезе во пресрет на производителите на зимска зелка на отворено. Беше презентиран предлог за мерката, кои услови треба да ...

И оваа година винарската визба „Тиквеш“ заврши со исплатата на откупеното грозје од последната берба, пред законски утврдениот рок кој истекува на крајот на април, пренесува МИА. Од индивидуалните производители и правни лица со кои соработува „Тиквеш“ откупени беа 32,2 милиони килограми грозје, што претставува една третина од целокупните откупени количини во нашата земја. Исплатата на средствата за откупеното грозје винарницата ја започна ...

Авионска дезинсекција (прва фаза) на подрачјето на Градот Скопје, против ларви од комарци ќе се изврши утре во раните утрински часови, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје. Утре, во текот на денот, на подрачјето на Градот Скопје ќе се изврши и терестичната дезинскција (прва фаза) против ларви од комарци. -Доколку временските услови не се поволни т.е. не го дозволуваат вршењето дезинсекција, истата ќе се ...

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски вчера имаше средби со производителите на раноградинарски производи, на коишто се запозна со проблемите со кои се соочуваат и ги информираше за владините мерки за поддршка. Еден од главните проблеми за оранжериското раноградинарско производство е што има сериозни индиции за злоупотреби при увозот на одредени земјоделски производи, за што беше побарано институциите да работат ...

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски вчера имаше средби со производителите на ориз од Кочанскиот регион, на коишто се запозна со проблемите со кои се соочуваат и ги информираше за владините мерки за поддршка. На средбата со оризопроизводителите, министерот Николовски истакна дека тие постојано добиваат државна поддршка, со редовни и дополнителни финансиски интервенции, а воведени се и низа нови мерки преку ...

Од денеска по нови повисоки корегирани цени ќе се продаваат 11-те видови на овошје и зеленчук за кои Владата неодамна донесе одлука за замрзнување на цените. Владата вчера на седница донесе одлука со која килограм домати и краставици ќе чини максимум 95 денари, килограм пипер до 100 денари, килограм грав 95. Кромидот поскапува за десет денари по килограм и ќе биде 70 денари, а само леќата ќе чини над 100, односно ќе се продава по 110 денари за ...

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира овоштарите дека во најбрз можен рок ќе се пристапи кон доисплата на останатите средства кон земјоделците кои имаат аплицирано за мерката за предадени јаболкa од реколтата 2021 ( од 16 дек. 2021 до 30 јуни 2022). „Денеска во салата на Општина Ресен имаше средба на која учествуваа земјоделци од преспанскиот регион, преставници Агенција за финансиска поддршка во земјоделството ...

Владата денеска донесе Одлука со која се корегираат дел од замрзнатите цени на овошјето и зеленчукот. Како што изјави министерот Крешник Бектеши, согласно Одлуката, килограм домати и краставици ќе чини максимум 95 денари, килограм пипер до 100 денари, килограм грав 95. Кромидот поскапува за десет денари и ќе биде 70 денари, а само леќата, истакна Бектеши, ќе биде над 100, односно ќе се продава по 110 денари за килограм. Според владината Одлука, ...

Во очекување на стартот на новата ИПАРД 3 програма, Агротим ви дава корисни совети и идеи околу вашите идни инвестиции. Како еден од приоритетните сектори во Мерка 7 – Диверзификација на фарми и развој на бизниси е алтернативното земјоделско производство во кое спаѓаат: • Одгледување на печурки и тартуфи; • Хортикултура (расадници и одгледување на цвеќе и цветни папки, украсни растенија, дрвја); • Производство на семенски и саден материјал; • ...

Според досегашниот интерес од страна на читателите на Агротим се потврдува актуелноста на Мерка 7 и од новата ИПАРД 3 програма. Токму затоа сакаме да ја доближиме до сите заинтересирани кои планираат да инвестираат во руралниот туризам и алтернативно земјоделско производство, преку информации кои услови треба да се исполнат и кои документи да се обезбедат за да може преку ИПАРД да се вратат 60 % од инвестицијата. Во делот на инвестиции во ...

ИПАРД 3 програмата ( 2021-2027) која се очекува да стартува наскоро, овозможува пристап до фондовите на Европската Унија наменети за финансиска помош на земјоделството и руралниот развој. Во последниот Јавен повик од ИПАРД 2 програмата , се покажа дека постои голем интерес за мерката 7 Диверзификација на фармите и развој на бизниси. Оваа мерка ќе биде застапена и во новата ИПАРД 3 програма (2021-2027) година, со што се отвораат можности за нови ...

Мрежата за заштита од дискриминација и Комисијата за заштита од дискриминација денеска организираат прес-конференција за проблемот со правото на надомест во случај на бременост, мајчинство и боледување кај земјоделците. Презентирани ќе бидат и предлог-решението што го изготви Мрежата за заштита од дискриминација, како и мислењето на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. -Се работи за мултисекторски проблем поврзан со ...

Владата денеска треба да донесе одлука со која ќе се ревидираат дел од замрзнатите цени на овошјето и зелечнукот. Како што најави министерот за економија Крешник Бектеши, ниту еден од производите опфатени со одлуката нема да биде поскап од 100 денари за килограм. Корекцијата на цените доаѓа по средбата со трговците минатата недела. -Договорено е да се направи мала корекција на цените, имајќи предвид дека трговците веќе почнале да пријавуваат ...

Седумгодишниот труд уништен за еден ден. Мечка со три мали мечиња десет дена се движи во подпелистерското село Наколец во Преспанскиот регион. Според мештаните досега има нападнато многу пчлени семејства кои се целосно евидентирани и направена е голема материјална штета, информира Центар.мк Мечката со трите мали мечиња е фатена и од безбедносна камера на пчеларникот на Бујар Камбери кому му е уништен седумгодишниот труд односно над четириесет ...

Министерот Љупчо Николовски информираше дека се исплатени 94,2 милиони денари кон 1.510 јаболкопроизводители за произведени и предадени јаболка во периодот од 16 декември 2021 до 30 јуни 2022 година. „Со денешната исплата ја заокружуваме финансиската поддршка во јаболкопроизводството преку исплата на дополнителни 3 денари за килограм предадено јаболко. Заедно со исплатата преку Ковид програмата која го опфати предаденото јаболко од 15 септември ...

Иницијативата „Отворен Балкан“ не само што ја забрзува нашата европска интеграција, туку и создава услови ние практично да спроведуваме дел од европските стандарди заедно со земјите од регионот, како подготовка за она што ќе се случува после нашиот влез во ЕУ со сите земји членки, вели во интервју за „Локално“, Марјан Забрчанец, национален координатор за Отворен Балкан и за регионални иницијативи. Според него, доаѓањето на Јаков Милатовиќ на ...

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,06 % во однос на одлуката од 6.4.2023 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 4,946 %, кај дизелот за 4,784%, кај екстра лесното масло за 4,793% и кај ...

Паднаа цените на договорите за житарките на европскита и американските берзи и се приближуваат на најниското ниво во последните неколку месеци. Во исто време расте цената на семето од репка. На парискиот MATIF цената на пченицата падна за 2,75 евра и сега треба да се издвојат 251,25 евра за тон. Тоа се должи најмногу на достапноста на пченицата од регионот на Црното Море. Увозот во Европската Унија е зголемен за повеќе од 80 отсто. Се очекува ...

Општина Босилово денеска организираше голема еколошка акција за собирање пластични шишиња, а секој што ќе собере минимум 30 пластични шишиња добива овошна садница по избор. Акцијата се организира втора година по ред под мотото „Овошни садници за пластични шишиња. – Секој граѓанин што ќе донесе минимум 30 пластични шишиња на еден од седумнаесетте собирни пунктови ќе добие овошна садница по избор. Целта на акцијата е да ја подигнеме јавната свест ...

Италијанската влада најави дека ќе назначи специјален комесар за решавање на кризата предизвикана од сушата, како и работна група составена од службеници од различни министерства. Италијанскиот министер за инфраструктура Матео Салвини рече дека неговиот кабинет одобрил декрети со кои се предвидува комесарот да ги координира активностите за намалување на потрошувачката на вода во земјата и одржување и подобрување на инфраструктурата за вода. ...

Светските цени на храната се намалија во март на најниско ниво за една и пол година, објави денеска агенцијата на ОН, ФАО. Индексот на цените на кошничката основни прехранбени производи падна во март за 2,8 поени во однос на ревидираната вредност за февруари, на просечни 126,9 поени, што е најниска вредност од јули 2021 година. Падот на индексот ја одразува изобилната понуда, пригушената побарувачка за увоз и продолжувањето на договорот што ...

Европската Унија извезла луковици орхидеи, зумбули, нарциси и лалиња во вредност од 100,6 милиони евра, објави Европската статистичка служба Eurostat. Истовремено, увозот изнесувал 30,9 милиони евра. Холандија сè уштее на врвот кога станува збор за производство и извоз на луковици. На неа отпаѓаат 81 процент од извозот, вреден 82 милиони евра. Останатите извозници имале учество под 10 проценти. Следат Литванија со 7% (6,7 милиони евра), Полска ...

Во организација на здружението „Пијанечка Пчела 2“, во Делчево вечерва се одржа едукативна работилница за органско пчеларство. Активноста како што информираше претседателот на здружението Јованчо Медарски е по двегодишна пауза поради пандемијата со Ковид-19, а целта е пред присутните да се образложи предноста од органското пчеларење, како и заштитата од штетникот „вароа“ како деструктор на пчелните семејства. -Предавачи ни се долгогодишниот ...

На предлог на Министерството за економија, Владата на попладневната седница донесе одлука трговците (увозниците) кои продаваат овошје и зеленчук, да прибавуваат и продаваат 70 проценти од количествата коишто ги продале во јануари и февруари. Оваа одлука, којашто следува по одлуката за замрзнување на цените на определени видови овошје и зеленчук, е предвидено да важи до крајот на април. Владината одлука е донесена по координативниот состанок кој ...

Со одлука на Владата од вчера се определени највисоките цени во трговијата на мало за свежи домати, свежи краставици, кромид, карфиол, свежи зелени пиперки, грав, леќа, банани, портокали, мандарини и лимони. Килограм свежи домати може да се продава најмногу за 70 денари за килограм, свежите краставици до 75 денари за килограм, килограм кромид до 60 денари, килограм карфиол до 70 денари, килограм свежи зелени пиперки до 90 денари, килограм грав ...

Денеска во Скопје се одржа јавна панел дискусија на тема „Изнаоѓање на решенија за легализација, пренамена и упростување на постапката за добивање на дозволи за градба на објекти за примарна обработка на земјоделски производи – во и вон населено место“ ќе се одржи денеска во Скопје. „Денешната панел дискусија е од исклучително значење за земјоделците, и е со цел да им помогнеме да ги легализираат своите објекти за примарно производство, но и да ...

Јавна панел дискусија на тема „Изнаоѓање на решенија за легализација, пренамена и упростување на постапката за добивање на дозволи за градба на објекти за примарна обработка на земјоделски производи – во и вон населено место“ ќе се одржи денеска во Скопје. Организатори на панел дискусијата се Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Здружението „Знак за квалитет“ и Активноста на УСАИД – Партнерства за економски раст. Како што ...

weather icon

Скопје

31ᴼ / 31ᴼ
2.06
22%
1017
weather icon

Белград

30ᴼ / 29ᴼ
2.57
33%
1016
weather icon

Загреб

32ᴼ / 31ᴼ
2.57
40%
1014
weather icon

Софија

26ᴼ / 26ᴼ
3.6
24%
1018
weather icon

Сараево

32ᴼ / 32ᴼ
1.14
19%
1015
weather icon

Љубљана

32ᴼ / 30ᴼ
4.02
42%
1015
weather icon

Атина

32ᴼ / 29ᴼ
5.81
27%
1015
weather icon

Тирана

29ᴼ / 29ᴼ
2.06
39%
1017
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
2.06
29%
1017
weather icon

Букурешт

31ᴼ / 30ᴼ
5.14
27%
1015
weather icon

Будимпешта

32ᴼ / 31ᴼ
6.17
27%
1013
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
4.12
57%
1016
Currency

61.535

Currency

53.4215

Currency

71.8858

Currency

34.3015

Currency

38.9054

Currency

65.4658

Currency

7.44954

Currency

0.68164

Currency

0.36489

Currency

0.52488

Currency

1.34838

Currency

0.61752

Алуминиум

2.55

Иридиум

142524.59

Кобалт

42.99

Никел

14770.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.55

Сребро

1157.66

Злато

108292.15

Бакар

9.71

Паладиум

33661.83

Платина

40334.14

Родиум

176025.34

Цинк

2.62