Бразилското Министерство за земјоделство прогласи „вонредна состојба за здравјето на животните“ низ целата земја, бидејќи случаите на птичји грип се откриени кај дивите птици. Мерката, која ќе биде во сила 180 дена, има за цел „да се спречи (болеста) да влезе во производството на живина, како и да се зачува дивата фауна и флора и здравјето на луѓето“, се вели во соопштението на бразилското Министерство. -Ова овозможува мобилизирање на ресурсите ...

Зелената недела на ЕУ ќе се одржи од 3 до 11 јуни 2023 година. Во тој период ќе се одржат бројни активности кои имаат за цел приближување на еколошката политика на Европската Унија. Целта е да се поттикнат поединците, заедниците и организациите да преземат посилни активности во иднина со цел заштита, зачувување и обновување на животната средина за сегашните и идните генерации, притоа постојано промовирајќи го одржливиот развој, велат ...

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,01% во однос на одлуката од 22.5.2023 година. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2,00 ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС остануваат ...

Аспарагусот потекнува од западниот Медитеран, од каде се проширил во Централна и Северна Европа. Аспарагусот е повеќегодишно растение кое на исто место останува 10-15 години, па затоа се произведува на посебни парцели и при повторно садење не смее да биде на исти површини 4-5 години. Во првата година вегетацијата се развива бавно, формирајќи 3-4 ластари високи 50-60 см, во втората 5-6, а во третата околу 10, зголемувањето на бројот на изданоци ...

Со донесување на новиот закон за задолжително земјоделско осигурување, кој е во фаза на подготовка, земјоделското осигурување ќе стане задолжително и во нашата земја. Одговор на прашањата до каде е постапката на донесување на законот, што ќе се постигне со формирањето на осигурителен пул и кога се очекува да се воспостави ова системско решение, ни даде заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на ...

Цените на пченицата никако да се стабилизираат. Во вторникот пораснаа, а потоа повторно се намалија во средата за вчера повтоено да забележат раст, што не е изненадувачки бидејќи ситуацијата на пазарот е исто така турбулентна. Министерството за земјоделство на Украина извести за забавување на извозот на жито, особено на пченица, бидејќи руските инспектори не вршат преглед на бродови, што блокира одредени пристаништа. Во однос на минатата година ...

Почна пренамената на простор кој ќе се користи за продавачите и производители на цвеќе во рамки на зелениот пазар Куманово, соопштија денеска надлежните од претпријатието. Цветниот пазар ќе биде дел од зелениот, со нова подлога и ќе се постави настрешница. Во моментов се поставуваат бекатон плочки. – Во рамки на инфраструктурните активности кои се спроведуваат на булеварот „Трета МУБ“ и на улицата „Страшко Симонов“ на барање на ЈП „Пазаришта“ ...

Десетина странски вински експерти деновие беа во студиска посета на нашите винарии, информираше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски. „Ги освојуваме светските пазари. Десетина странски вински експерти деновие беа во студиска посета на нашите винарии. Нивната експертиза и стручност е од исклучително значење за промоција на нашите вина меѓу потрошувачите. Македонските вина заедно со другите вина од Балканот ќе ...

Бразил, најголемиот светски извозник на пилешко, прогласи вонредна состојба за здравјето на животните на 180 дена, пишува Ројтерс. Одлуката е одговор на првото откривање на високопатогениот вирус на птичји грип кај дивите птици во таа земја. Врз основа на упатствата на Светската организација за здравје на животните, инфекцијата со подтипот H5N1 не доведува до забрана за трговија. Но, во Бразил знаат дека појавата на болест на фарма обично ...

Дијатомејската земја во Вешје е вистинска атракција за туристите и затоа ние како екологисти ја ставаме високо на агендата за развој на алтернативниот туризам во Неготинско, изјави за МИА, Сашко Тодоров, претседател на еколошкото здружение „Ековита” од Неготино. Тој појасни дека оваа земја настанала во минатото, како резултат на таложење на праисториските дијатомеи, или алги од водените пространства од праисторијата. – Ние како здружение на ...

Има храна и намирници за коишто се верува дека се најмалку исто толку здрави кога се купуваат замрзнати, како и свежи, истакнува нутриционистката Ријанон Ламбер. Таа напоменува и дека намирниците ја задржуваат својата хранлива вредност и откако ќе минат одредено време во замрзнувач. – Замрзнатата храна, како што се овошјето, зеленчукот, рибата и месото, па дури и лебот, збогатен со витамини и минерали, се подеднакво хранливи како свежите. ...

Водостоите на поголем дел од реките во земјава се повисоки од просекот за мај, но речиси кај сите има намалување на нивото во споредба со вчерашното. Според последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), најголемо намалување на водостојот во споредба со вчерашниот од 34 сантиметри има реката Вардар на мерното место кај Велес. Зголемување на нивото во споредба со вчера од еден сантиметар единствено има реката Црн ...

Град Скопје соопшти дека од 23 до 26 мај во период од 22:00 до 03:00 часот, ќе се врши терестрична дезинсекција на подрачјето на градот против возрасни форми на комарци. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истите термини. Од Град Скопје ги повикуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите. agrotim4 ...

Бразилскиот министер за земјоделство Карлос Фаваро вчера прогласи вонредна состојба од 180 дена како одговор на појавата на многу заразен вирус на птичји грип меѓу дивите птици. Британските медиуми пренесуваат дека Глобалните упатства на Организацијата за здравје на животните потсетуваат дека инфекциите од подтипот на птичји грип Х5Н1, што е откриен кај дивите птици, не предизвикуваат автоматски забрани за трговија. Меѓутоа, појавата на птичји ...

Од денеска започнува периодот за поднесување на барања за директни плаќања по програма за финансиска поддршка во земјоделството 2023, информира директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски. Електронското аплицирање е отворено до 30 Јуни. Која е процедурата за да се регистрирате во системот за Електронско аплицирање: Откако ќе се регистрирате или најавите, постапката за аплицирање во ...

Во пелагонискиот регион почна постапката за поднесувања на барања за директни плаќања во земјоделството, а последниот рок за поднесување е 30 јуни. Од подрачната единица на Министерството за земјоделство, шуарство и водостопанство со седиште во Битола информираат дека барањата се поднесуваат за сточарско производство за обележани грла говеда, овци и кози, за маторици, презимени пчелни семејства како и за заклани говеда во кланица, потоа за ...

ЈПКД „Турија“, во координација и соработка со општина Василево, исчисти диви депонии во три села. Според информацијата од Општината исчистени се диви депонии во населените места Чанаклија, Василево и Радичево, а пробиени и порамнети се неколку улици од наноси на земја и песок во населеното место Чанаклија. -Од сите нас зависи во каква општина ќе живееме. Свесноста и личната одговорност треба да ни се врвен приоритет. Да градиме одговорна ...

Светската организација за заштита на природата WWF, денеска на Меѓународниот ден на биолошката разновидност, предупреди на драматичното опаѓање на биодиверзитетот во светот и повика да се преземат итни конкретни мерки за да се запре овој тренд. Според последниот извештај на WWF за состојбата на планетата, популацијата на диви видови се намалила во просек за 69 отсто од 1970 година. WWF потсетува дека пред половина година беше усвоена Глобалната ...

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), од полноќ се зголемуваат за 1,00 денар, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 1,50 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. Новата ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 78,50 денари, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 80,50 денари, Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 67,50, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 69,00 ...

Од денеска започнува периодот за поднесување на барања за директни плаќања по програма за финансиска поддршка во земјоделството 2023, информира директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски. Електронското аплицирање е отворено до 30 Јуни. Апликациите се поднесуваат преку порталот https://e-baranje.ipardpa.gov.mk/ords/f?p=757:LOGIN_DESKTOP директно или со асистенција од операторите во ...

По извесен период повторно е отворен за работа добиточниот пазар во кумановското село Долно Којнаре. На пазарот ќе се продава добиток, но не и свињи, соопштија денеска од ЈП „Пазаришта“ Куманово и од Агенцијата за храна и ветеринарство. – Подолг период добиточниот пазар беше затворен и не функционираме. Ветеринарната инспекција донесе решение да се затвори пазарот токму поради чумата која се појави кај свињите. Пред една недела почнавме да ...

За 67локални манифестации, саеми и фестивали денеска беа доделени договори за финансиска поддршка од Министерството за земјоделство и шумарство. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски информираше дека за оваа финасиска поддршка се одвоени 10 милиони денари. Тој на доделувањето на договорите изрази задоволство што оваа година се опфатени поголем број локални настани кои се со промотивен карактер и со силни пораки ...

Владата ќе прави анализа за цените на овошјето и зеленчукот и врз основа на тоа ќе донесе одлука дали ќе ја продолжи мерката со замрзнување, истакна денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Одговарајќи на новинарски прашња по настанот на кој се одбежела Светскиот ден на метрологијата – 20 мај, тој повтори дека кризата нема да биде на товар на граѓаните и оти Министерството за економија носи соодветни мерки за оние што не ги почитуваат ...

Нафтените деривари кои се користат во Северна Македонија се со добар квалитет согласно правилникот за течни горива, кој е во согласност со оној на Европската унија. Тоа го посочи денеска министерот за економија Крешник Бектеши на одбележувањето на Денот на метрологијата – 20 мај. Според ресорниот министер, Бирото за метрологија во чија надлежност се лабараториите за проверка на квалитетот во соработка со Државниот пазарен инспекторат проверуват ...

Договорот за жито е продолжен за уште два месеци, изјави турскиот претседател Таип Ердоган, а истата информација ја потврди и Министерството за надворешни работи на Руската Федерација. И покрај тоа, Москва предупредува дека е неопходно што поскоро да се решат проблемите во договорот, поточно прашањето за слободен извоз на руска храна и ѓубрива. -Ја потврдуваме изјавата на претседателот на Турција за продолжување на Црноморската иницијатива за ...

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски заедно со заменик министерката, Вјолца Бериша, државниот секретар Реџаил Исмаили, директорот на Управата за водостопанство Исни Јакупи и градоаначлникот на општина Кичево, Фатмир Дехари вчера го означија почетокот од изградбата на системот за наводнување Колибари-Црвивци. „Една од нашите главни цели како министерство е зголемувањето на домашното производство на храна и ...

Временските услови се главниот фактор за неизвесност на земјоделското производство, а во услови на глобални климатски промени потребно е да се управува со тој ризик, со цел барем до одреден степен да се компензираат последиците од временските неприлики. Значењето на земјоделското осигурување е во тоа што обезбедува економска заштита на осигурениците – земјоделски субјекти, од штетни дејства и нарушувања кои произлегуваат од настанување на ...

Контактите за продолжување на договорот за извоз на жито преку пристаништата на Црното Море продолжуваат, но многу прашања во врска со спроведувањето на делот од договорот за извоз на руски производи сè уште остануваат нерешени, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Песков изјави дека Москва ќе извести за својата одлука за договорот кога тој ќе биде донесен, пренесе ТАСС. Договорите за извоз на земјоделски производи и минерални ѓубрива ...

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска го објави јавниот повик од новата Програма за поддршка на развојот на земјоделските задруги за 2023 година. Ова е нова програма, која за прв пат е донесена оваа година и со нејзиното спроведување се очекува системско подобрување на работењето на земјоделските задругите и развој на задругарскиот сектор со зголемување на нивната пазарна конкурентност. Ова ќе придонесе ...

Се очекува жетвата на маслодајна репка во 2023 година во Украина да достигне ново рекордно ниво и огромен извозен потенцијал, пишува Agrarheute. Украинските земјоделци би можеле да ожнеат меѓу 3,5 до 3,6 милиони тони маслодајна репка, а речиси целата количина би можела да се извезе во маркетиншката година 2023/24 година. Засеаните површини би можеле да бидат за осум отсто поголеми отколку во 2022 година. Минатата есен биле девет отсто помалку ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
1.03
36%
1020
weather icon

Белград

24ᴼ / 22ᴼ
1.54
48%
1018
weather icon

Загреб

23ᴼ / 20ᴼ
2.06
59%
1017
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
45%
1020
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
3.26
38%
1018
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 21ᴼ
1.03
65%
1017
weather icon

Атина

28ᴼ / 27ᴼ
5.14
34%
1016
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
1.03
47%
1018
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
1.03
36%
1019
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 27ᴼ
1.03
39%
1016
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 25ᴼ
3.09
45%
1016
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
2.06
56%
1017
Currency

61.535

Currency

53.4215

Currency

71.8858

Currency

34.3015

Currency

38.9054

Currency

65.4658

Currency

7.44954

Currency

0.68164

Currency

0.36489

Currency

0.52488

Currency

1.34838

Currency

0.61752

Алуминиум

2.55

Иридиум

142524.59

Кобалт

42.99

Никел

14770.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.55

Сребро

1157.66

Злато

108292.15

Бакар

9.71

Паладиум

33661.83

Платина

40334.14

Родиум

176025.34

Цинк

2.62