
Скопје
31ᴼ /
31ᴼ



Владата на Република Северна Македонија и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известуваат сите заинтересирани правни и физички лица дека во трет квартал од 2023 година ќе се објави Јавен повик за доставување на барања за користење на финансиски средства од Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД Програма за периодот 2021-2027 година). Целта на ИПАРД Програмата ...
Воведена е забрана за ловење риба на Калиманско Езеро. Забраната стапи на сила од 3 мај 2023 година и ќе трае до 2 јуни 2023 година, информираа од здружението „Шаран“ од Македонска Каменица. -ЗРСК „Шаран“ ги известува сите риболовци дека од 3.05 до 2.06.2023 година на езерото Калиманци воведена е забрана за риболов. Забраната важи за сите видови на риба освен за видовите караш и белвица, што значи ќе биде дозволен риболов со една трска со една ...
Македонското здружение за заштита при работа во континуитет од 2008 година секоја година објавува извештај за несреќи на работното место. „Во 2022 година успеавме да забележиме 169 несреќи при работа. Би сакале да потенцираме дека оваа бројка е конзервативна и во голема мера не го отсликува вистинскиот број на потешки несреќи на работното место, кој во просек според податоците на Институтот за Јавно здравје до 2020 година е некаде околу 1500 ...
Романската влада неодамна предложи тројно да се зголеми бројот на мечки што ѓе бидат на отстрел секоја година во обид да се контролира популацијата на овој вид, а тоа предизвика гнев кај еколошките организации. Предлогот е заснован на неодамнешната проценка на романското Министерство за животна средина, според која бројот на мечки во земјата е околу 7.500 до 8.000. Зголемениот број на напади на мечки врз луѓе го поттикнало Министерството да го ...
Земјите членки ќе треба да ги укинат едностраните забрани за увоз на земјоделски стоки од Украина за да ја добијат ветената финансиска помош за поддршка на нивните земјоделци, им соопштил еврокомесарот за земјоделство Јануш Војчеховски на министрите за земјоделство на затворен состанок. Состанокот се одржал во вторникот (25 април), и уследи по одлуката на неколку земји, вклучително Полска, Унгарија и Словачка, да го забранат целиот увоз на ...
Во Делчево заврши рехабилитацијата на патот во месноста Долни Бавчи во Општина Делчево, во рамки на проектот „Подобрување на руралната патна инфраструктура преку изградба на пристапни патишта во подрачјата со земјоделска дејност и обработлива површина во Источен плански регион“. Со реализацијата на овој проект, како што информираа од Општината, директно се влијае на подобрување на руралната патна инфраструктура во непосредна близина на градот ...
Министерството за економија го објави огласот за надоместување на дел од трошоците за снабдувањето со природен гас во домаќинствата за 2023 година, т.е. за надоместување на дел од трошоците за домаќинствата, за изработена проектна документација за приклучок на системот за дистрибуција на природен гас и/или за извршен приклучок на систем за дистрибуција на природен гас во државата во 2023 година. Како што изјави министерот за економија Крешник ...
Функционален и оперативен е воспоставениот систем за заштита од болеста лигавка и шап во Република Северна Македонија, заклучија на денешниот завршен состанок стручни лица на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и Управата за безбедност на храна, ветеринарни и фитосанитарни работи на Република Црна Гора. Тие вчера, заедно со претставници од Ветеринарната комора на РСМ и Факултетот за ветеринарна медицина од Скопје, на фарма во скопското ...
Советникот на претседателот на Украина, Михаjло Подољак изјави дека предлогот на генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш за продолжување и подобрување на договорот за извоз на жито може да успее само доколку меѓународната заедница изврши притисок врз Русија. „Украина ќе продолжи да ги следи договорите со Турција и ОН и ќе испорачува пратки со жито до нивната дестинација“, рече Подољак, пренесе Ројтерс. Во оваа прилика тој ги ...
Информациите се дека има 90 отсто откупена пченица од минатата година, а Министерството преку успешни мерки и политики создаде услови за досега рекордна откупна цена, доколку одредена пченица не била откупена тоа е прашање на кое одговор може да дадат само земјоделците или Агенцијата за стокови резерви, истакна министерот за земјоделство Љупчо Николовски. Тој на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање рече дека она што ...
„Рекордни 26 милиони евра субвенции за произведен и предаден тутун од реколтата 2022 година денеска се исплатени на сметките до 15.753 производители на тутун. За нас зборот е збор. Ветивме дека во месец април ќе биде реализирана исплатата и еве денес тутунарите своите заслужени средства може да ги очекуваат на своите сметки. Ова е историска и рекордна исплата! Висината на директните плаќања изнесуваат 80 денари по килограм за прва класа ...
Последниве неколку години ЕУ своите земјоделски политики ги насочи кон „подмладување на секторот“ односно мотивирање на младите да се вклучат во земјоделското производство. Според достапните податоци, земјоделци помлади од 40 години се сопственици на само 11% од сите фарми во Европската Унија. Мотивирањето на повеќе млади луѓе да почнат да се занимаваат со земјоделство е поприличен предизвик. Помошта за започнување бизнис за млади земјоделци се ...
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски на денешната прес-конференција информираше дека следната недела почнува најголемата информативна кампања за новиот ИПАРД 3. „На 2 мај во 12 часот во хотелот „Хилтон“ ќе се одржи првиот најголем ИПАРД настан за најава на ИПАРД 3 програмата. Месец и половина по информативната кампања ќе биде распишан првиот повик.“, рече Николовски. „Ние сме единствена земја којашто ќе го ...
На денешната прес-конференција министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство информираше дека се исплатени субвенциите за производителите на тутун. „Бидејќи годинава имавме рекордно добар тутун, кој беше класифициран како прва класа, а согласно новиот модел на субвенционирање, мотивираме квалитет, и кај тутунот ги зголемивме субвенциите за тие кои имаат прва и втора класа, износот ќе биде околу 26 милиони евра и е исплатен кон сите ...
Сода бикарбона е натриум бикарбонат и луѓето често се прашуваат дали тоа е природно соединение? Да, тоа е целосно органски додаток на градината и всушност е хемиско соединение кое се наоѓа во изворите и гејзерите. Делува така што ја зголемува pH вредноста на листовите и на тој начин го спречува ртењето на спорите на габите. Се користи за заштита на зеленчукот, овошјето и цвеќето од штетници како што се стениците, црвениот пајак, полжавите, ...
На ден 17.04. и 25.04.2023 од страна на реонските шумочувари од Подружницата во Кичево, во делот на место викано Црн Камен, во Шумско стопанската единица Дреново, во оддел 14, затекнати се лица како бесправно носат и дотураат дабово и буково огревно дрво. По извршената контрола констатирано е дека дрвата потекнуваат од бесправна сеча и истите се одземени и однесени во складот на Лопушник, а против лицата затекнати на лице место ќе бидат ...
Преку измените во законот за земјоделско земјиште изгласани денеска во Собранието, создаваме можност на земјоделците за продолжување на договорите за закуп на државно земјоделско земјиште, кои истекуваат, за истите да можат да ги продолжуваат наместо од досегашните 5 на 15 години. Притоа закупнината која ќе ја плаќаат не се зголемува и останува иста според постојните договори кои ги имаат склучено. Дополнително со овие измени даваме сигурност ...
Министерот за економија, Крешник Бектеши вели дека досега до Министерството не е доставено формално барање за забрана на увозот на пченицата, но посочи дека доколку пристигне и ако навистина има потреба ќе биде донесена таква одлука. Од Националната федерација на фармери (НФФ) во понеделникот побараа да се забрани увоз на пченицата за, како што рекоа, да може да се откупи домашното производство. До Министерството за економија до овој момент ...
Турција најави дека ќе воведе царини од 130 отсто за увоз на одредени житарки, вклучително и пченица и пченка. Оваа одлука ќе стапи на сила на 1 мај, пренесува Ројтерс. Турските царини за увоз на житарки, кои претходно беа укинати, доаѓаат откако некои земји од ЕУ минатата недела забранија увоз на житарки од Украина. Некои трговци тврдат дека Турција го повлекла овој потег за да го заштити својот земјоделски сектор пред претседателските и ...
Во Македонска Каменица во тек сe градежни активности за пробивање нови земјени патишта во селските средини. Со активностите, како што информираше градоначалникот Димчо Атанасовски, опфатени се селата Костин Дол и Вратиславци. – Пробиваме нов земјен пат од месност „Штабо” во Костиндол до Манастир „Св.Петка” и Балтачко маало, Вратиславци. Овој предел со децении е заборавен и со изградбата на овој пат овозможуваме пристоен пристап до манастирот, ...
Декларираните заложби за заштита на Охридското Езеро повторно на тест. На самото крајбрежје на езерото на албанската страна кај селото Тушемиште се изведуваат градежни активности со истурање бетон во водата. Граѓанската иницијатива „Охрид SOS“ и овојпат укажа на недозволени градежни активности во самиот биолошки резерват заштитен од УНЕСКО. -Уште еден доказ дека нема реална заштита на природното наследство на Охридскиот регион, дека ...
Унгарија и другите земји од ЕУ кои неодамна го забранија увозот на жито од Украина сакаат забраната да трае до крајот на 2023 година. -Би сакале Европската комисија да ги прифати мерките што ги донесовме, бидејќи сакаме да ги задржиме до крајот на оваа година и на тој начин да им дозволиме на нашите земјоделци да ги ожнеат посевите и да ја складираат реколтата – напиша на Фејсбук унгарскиот министер за земјоделство Иштван Наѓ. Полска беше ...
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров го обвини Западот за ќор-сокакот околу иднината на договорот за жито во Црното Море, велејќи дека Москва „практично нема никакви резултати“ од договорот за извоз на жито и ѓубрива. Русија сигнализираше дека доколку не се исполни списокот на барања за отстранување на пречките за нејзиниот извоз, таа нема да се согласи да го продолжи поврзаниот договор по 18 мај кој овозможува сигурен извоз на ...
Министерството за економија годинава издвои буџет во износ од 30 милиони денари зa Програмата за промоција на обновливи извори на енергија и поттикнување на енергетска ефикасност во домаќинствата за 2023 година. Средствата се наменети за надоместување на дел од трошоците за купување и инсталирање на фотонапонски електроцентрали за производство на електрична енергија до 6 kW за сопствена потрошувачка, на градба на која имаат право на сопственост ...
Земјите членки на Европската Унија денеска конечно ја одобрија досега најголемата реконструкција на европскиот пазар на јаглерод, со која ќе бидат поголеми трошоците на загадувачите, а ќе се зајакне способноста на Унијата да ги намали емисиите на јаглерод диоксид. Првиот голем систем во светот за тргување со емисиите на стакленички гасови ги принуди електраните и фабриките да купуваат дозволи кога испуштаат CO2 од 2005 година и ги намали ...
Ознаката за потекло „мешавина од мед од ЕУ/не ЕУ“ често правеше забуна меѓу потрошувачите, но отвораше и простор за разни малверзации. Оваа практика би требало да се укине откако Европската комисија објави предлог за измена на директивата за мед, со која се регулира продажбата на мед во Европа. Како што објаснуваат во документот, неусогласеноста со стандардите на ЕУ довела до разлики во означувањето на медот во Унијата, што може да ги доведе во ...
СВР Битола до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Љ.Т.(61) од Демир Хисар, поради постоење основано сомение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“, казниво по член 353 в од Кривичниот законик. Пријавениот, на 30.05.2022 во својство на службено лице, вработен во ЈП „Национални шуми“ Скопје, подружница Демир Хисар, изготвил и потпишал записник за сеча на шумски дрвја, врз основа на кој било издадено ...
Во Еуроп хаус (Europe House) денеска беше означен почетокот на подготовката на новата Национална стратегија за консолидација на земјиште 2022-2030 година во рамките на проектот финансиран од Европската Унија „Унапредување на консолидацијата на земјиштето во Северна Македонија“. Проектот е кофинансиран и спроведуван од Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО), во тесна соработка со Министерството за земјоделство, ...
Според Државниот завод за статистика, заклучно со 19 април, во 2022/2023 година Украина извезла 40,092 милиони тони житарки и мешунки, од кои 2,115 милиони тони во април, објави прес-службата на Министерството за аграрна политика на Украина. Извозот на пченица достигнал 13,734 милиони тони (736 илјади тони во април), на јачмен – 2,393 милиони тони (117 милиони тони во април), на пченка – 23,641 милиони тони (1,259 милиони тони), и на ‘рж – 17,8 ...
Ќе има и одземање роба од нерегистрирани трговци на мало, изјави за МИА, директорот на Државен пазарен инспекторат, Горан Трајковски, истакнувајќи дека никој не е над законот. Од утрово екипи на Државен пазарен инспекторат (ДПИ) вршат инспекциски надзори на увозници на овошје и зеленчук, како и на сите трговци на лице место. На терен се над 30 инспектори на ДПИ во координација со тимови на Управата за финансиска полиција, Министерството за ...