По истекот на законскиот рок за плаќање на месечните аконтации за данок на добивка и исплатата на јулските плати со придонеси, утврдени се значителен број на неплатени обврски, соопшти Управата за јавни приходи. Од 2.129 даночни обврзници не е извршено плаќањето на месечната аконтација за данок на добивка за јули 2025 година, а кај 11.555 обврзници не е евидентирана исплата на бруто плати и социјални придонеси за истиот месец. Дел од неплатените ...

На територијата на државава до 12 часот регистрирани се вкупно три пожари на отворен простор. Во моментов активен е еден пожар, а другите два се целосно изгаснати, информираат попладнево од Центарот за управување со кризи. Активниот е во „Јасен“ во општина Македонски Брод, каде гори мешана шума. Едниот изгаснат пожар бил на територија на општина Битола, во подрачјето на село Српци, каде била опожарена ниска вегетација. Другиот пожар избувнал на ...

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известува земјоделските стопанства дека до 31 август 2025 година ќе можат да поднесат барањаза мерката 3. Помош во премии и осигурување од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2025 година. Корисници на оваа мерка се земјоделски стопанства кои во период од 1 август 2024 година до 31 јули 2025 година имаат склучено полиси за осигурување во земјоделството. ...

Градот Скопје ги информира граѓаните дека денеска ќе започне терестричната дезинсекција на територијата на градот против возрасни форми и против ларви од комарци. -Терестричната дезинсекција против возрасни форми на комарци ќе се врши од 19 до 22 август (од вторник до петок), во вечерните и раните утрински часови, од 22:00 до 03:00 часот наредниот ден, а против ларви од комарци ќе се изврши во текот на еден од горенаведените денови, се наведува ...

Осум пожари на отворен простор се регистрирани до 12 часот денеска ширум државава. Од нив, три се активни, еден е ставен под контрола, а останатите се целосно изгаснати, информираат попладнево од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активните се на територија на општините Македонски Брод, Студеничани и Липково. Мешана шума гори во „Јасен“. Мешана шума и ниска вегетација се опожарени на територија на селата Драчевица и Цветово. Борова шума гори ...

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ се намалуваат за 0,50 денари по литар, а на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство за 1,00 денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 74,00 денари за литар, на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе биде 76,00, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за 67,50, а Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 67,00 ден/лит. За ...

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски соопшти дека е објавен огласот за откуп на домашна пченица за стоковните резерви на државата. Како што информира Трипуновски преку својот фејсбук профил, прв пат во Македонија, ќе се откупува македонска пченица за стоковни резерви. -Денеска е објавен огласот за откуп на домашна пченица за стоковните резерви на државата. Прв пат во Македонија, ќе се откупува македонска ...

Цените во земјоделството во јули 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, се зголемени за 3.1 % кај инпутот и за 31.8 % кај аутпутот. Цените во земјоделството во јули 2025 година, споредени со цените во јули 2024 година, бележат зголемување и кај аутпутот и кај инпутот. Во делот инпут, во јули 2025 година, во споредба со јули 2024 година, има зголемување на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) за ...

Во јуни годинава се издадени 213 одобренија за градење, што е за 15,1 отсто повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Според податоците на Државниот завод за статистика, предвидената вредност на објектите за кои се издадени одобренија за градење во јуни е 4 857 279 илјади денари, што е за 47,1 отсто повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 120 (56,3 отсто) се наменети за ...

Во јули годинава продедени се 460 гигават часови електрична енергија за задоволување на севкупната потрошувачка во државата, без загубите, покажуваат податоцитете на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО. Како што информираат од МЕМО, на пазарот на електрична енергија реализирани се трансакции од сопствено производство во висина од 551 гигават часови, во кои ЕСМ учествува со најголем процент од 38,8 отсто или со 214 ...

Во државава изминатите 24 часа евидентирани се вкупно 29 пожари на отворен простор. Два сè уште се активни, еден е ставен под контрола, а останатите се изгаснати, информираат утрово од Центарот за управување со кризи до 6:30 часот утрово. Активни се пожарите во општините Македонски Брод и Јегуновце. Во „Јасен“ гори мешана шума, а помеѓу селата Рогачево и Јажинце опожарени се пасишта. Под контрола е ставен пожарот во регионот на селата Девич и ...

Царинските инспектори при Секторот за контрола и истраги, при контрола на 21 увоз на месо од увозник, откриле царинска измама во висина од седум милиони денари. Како што соопшти денеска Царинската управа, дополнителната контрола на приложените царински документи, како и лабораториските анализи, покажале дека месото било пријавувано во погрешна тарифна ознака со пониска царинска стапка, наместо во соодветната тарифна ознака со повисока стапка. ...

На територија на државава денеска до 12 часот регистрирани се вкупно 19 пожари на отворен простор, од кои осум се активни, а 11 се изгаснати. Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), се уште е активен пожарот во повеќенаменското подрачје „Јасен“ во општина Македонски Брод. Активни пожари има и во Струга, кај местата викани „Октишка Краста“ и „Бегова Шума“, во Прилеп – село Дабница, во општина Македонски Брод – кај селата Девич – ...

До 07:00 часот утрово во земјава се евидентирани вкупно 25 пожари на отворен простор од кои два се активни, а три се под контрола, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според податоците, изгаснати се 20 пожари. Активни се пожарите во повеќенаменското подрачје „Јасен“, општина Македонски Брод, каде гори мешана шума и во Октишка краста во Струга, каде гори ниска вегетација. Под контрола се пожарите во Општина Сарај 2, с. Радуша кон ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП „Табановце“ времето на чекање за влез во државата е околу 15 минути, а на останатите граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од земјава, информира АМСМ. Воедно препорачува прилагодена брзина на ...

Потпишани 14 договори со вкупна вредност на инвестициите од 16,6 милиони денари со над 8,9 милиони денари финансиска поддршка од програмата за рибарство и аквакултура Денеска во просториите на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој се потпишаа 14 договори по објавениот Јавен повик 02/2024 за подмерка 2.1 Финансиска поддршка за инвестиции во аквакултурата и 2.3 Финансиска поддршка за инвестиции во преработувачки ...

Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО, во април годинава успешно го воспостави Регистарот на Гаранции за потекло на електрична енергија и за само два месеци издаде 107.666 гаранции. Како што се истакнува во соопштение на веб-страницата на Националниот оператор, на 26 мај, МЕМО официјално ги издаде првите Гаранции за потекло од обновливи извори на АД ЕСМ, за електрична енергија произведена од хидроенергетските капацитети. ...

До 7:00 часот на територија на цела држава има 16 пожари на отворен простор, од кои еден е активен. Тоа е пожарот на територија на општина Македонски Брод, на повеќенаменското подрачје Јасен, каде е зафатена мешана шума. Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), под контрола е пожарот во општина Кичево, меѓу селата Челопеци и Миокази, каде гореше мешана шума. Изгаснати се 14 пожари, од кои два во општина Куманово, како и во ...

Утрово, од 6:49 часот сообраќајот за тешки товарни возила на граничниот премин Блаце се пренасочува преку бензинската пумпа Дизел. Како што соопшти АМСМ, поради зголемена фреквенција на возила, на граничните премини Богородица, Дојран и Табановце се чека околу 30 минути. На останатите граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви ...

Поради зголемена фреквенција на возила, на граничните премини Богородица, Дојран и Табановце се чека околу 30 минути. На останатите граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Како што информира АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. АМСМ препорачува прилагодена брзина на ...

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ се намалуваат за половина денар, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за еден денар по литар. Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) поевтинува за 1,5 денари за литар, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 74,50 денари, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 76,50, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 68,50, а Екстра лесното 1 ...

ЈП „Водовод и канализација“ Скопје апелира граѓаните рационално да ја користат и употребуваат водата за пиење, односно да се избегнува полевање поголеми површини, разладување на дворни површини, улици и непотребно трошење на водата за време на топлите денови. -Енормно зголемената и неконтролирана потрошувачка на вода на дневно ниво, предизвикува нарушување на стабилноста на водоснабдителниот систем, а како последица на сето ова, градскиот ...

Албанските земјоделци со земјоделски и сточарски фарми сега можат да добијат грантови што покриваат до 50 проценти од трошоците за нивната механизација и модернизација во рамките на Националната инвестициска шема за 2025 година, објави на Фејсбук, министерката за земјоделство на Албанија, Анила Денај. Според министерката Програмата има за цел да ги намали трошоците за производство и времето, да ја зголеми ефикасноста и квалитетот на производите ...

„Оваа година за разлика од минатата имаме зголемување од 2% во делот на површините кои беа засеани со пченица во 2025 година. Согласно првичните податоци од науката и теренските сондажи, бележиме сериозен раст во делот на просекот кој ќе биде на државно ниво – тој ќе се движи оваа година над 4 тони по хектар”, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски. „Овие 70.000 хектари кои ги имаме во евиденцијата ...

На територијата на државата денеска до 13 часот имало вкупно осум пожари на отворен простор, од кои активни се четири пожари и изгаснати четири пожари, информира Центарот за управување со кризи. Активни се пожарите во Национален парк Јасен во Општина Македонски Брод, каде гори мешана шума, потоа пожарот во село Рамановце во Општина Куманово, каде гори стрниште, пожарот на депонија во во атарот на село Бучин во Општина Крушево и пожарот на ...

Голем пожароносен инцидент го зафати јужниот дел на Албанија, особено во општината Финиќ, каде веќе се евидентирани опожарени куќи и евакуација на жителите од неколку села. Пожарот го уништил два дома, а властите итно преземаат мерки за да спречат понатамошно ширење – не само кон населбите, туку и кон критичната инфраструктура, како што е хидроелектраната „Бистрица“. Евакуацијата се одвива под итен протокол, а се мобилизираат сите расположливи ...

Летната туристичка сезона донесе зголемена фреквенција на возила на излез и влез во државата, особено на граничните премини Табановце и Богородица. Според податоците од Автомото сојузот на Македонија, на Табановце за влез во земјава се чека од 30 до 45 минути, додека на Богородица времето на чекање за излез е околу 30 минути. На останатите гранични премини сообраќајот се одвива без поголеми задржувања, а коловозите низ земјата се суви и проодни. ...

Денес, во текот на попладневните часови, граѓаните ќе добијат тест-СМС порака преку системот cell broadcasting, со цел проверка на техничките можности за испраќање масовни известувања и аларми во случаи на кризни состојби. Станува збор за систем кој овозможува итни пораки да бидат испратени до сите корисници на мобилни телефони што се наоѓаат во одредена географска област, без разлика на мобилниот оператор. Целта е навремено и ефикасно ...

Три од 19 идентификувани пожари се сè уште активни во Албанија, зафаќајќи значителни шумски површини и носејќи висок ризик од ширење, објави Министерството за одбрана на земјата. Пожарникарите , армијата , локалните служби и два шведски авиони од Европскиот механизам за цивилна заштита учествуваат во гаснењето на пожарот , објави „Албанска пошта“. Wildfire over Ksamil by Night, Ksamil, Albania, 2025#photography #landscapephotography #landscape ...

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска ја реализираше исплатата на дополнителни директни плаќања од подмерка 1.9. од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година за јаболка предадени кај регистрирани откупувачи или регистрирани преработувачки капацитети запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи. Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства кои се корисници ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1029
weather icon

Белград

15ᴼ / 14ᴼ
2.57
72%
1028
weather icon

Загреб

15ᴼ / 10ᴼ
0.0
85%
1028
weather icon

Софија

15ᴼ / 7ᴼ
1.54
44%
1029
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
2.62
55%
1027
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 11ᴼ
1.03
100%
1028
weather icon

Атина

22ᴼ / 20ᴼ
3.58
57%
1023
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
0.51
48%
1024
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
0.0
59%
1025
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 12ᴼ
1.54
61%
1026
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 16ᴼ
1.59
79%
1026
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 21ᴼ
5.14
37%
1024
Currency

61.54

Currency

51.9943

Currency

70.894

Currency

34.5854

Currency

37.7485

Currency

65.593

Currency

7.32137

Currency

0.62474

Currency

0.3513

Currency

0.5226

Currency

1.25919

Currency

0.58976