Во интервју за МТВ министерот за земјоделство, Борче Серафимовски ја потврди информацијата за исплата на земјоделските субвенции по донесување на ребалансот на буџетот. Тој потсети дека вчера се донесе ребалансот на Буџетот во Собранието и има обезбедно пари за исплата на субвенциите. Деновиве ќе се види која исплата најмногу доцни за тие земјоделци да имаат приоритет. Во секој случај, август месец ќе биде во знакот на земјоделските ...

Водата во Крушево е исправна за пиење, a Агенцијата за храна и ветеринарство штотуку ја повлече забраната и водата од крушевскиот водовод може да се употребува за пиење. Од прилепскиот Центар за јавно здравје ги добија резултатите и од третиот, последен последователен примерок за испитување со што е потврдена исправноста на водата во Крушево која сега ги исполнува условите од Правилникот за безбедна вода за пиење. Во водата има законски ...

По реакциите на земјоделските производители за неможноста да поднесат барање за субвенции, од Платежна агенција информираат дека до крај на денот ќе се овозможи пристап во системот за пријавување на субвенции! -Во моментот во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој се врши надградба на системот за аплицирање на субвенции и поврзување со базите на податоци од поврзаните институции. Во текот на денот повторно ќе ...

Собранието денеска го усвои Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година со кој се обезбедуваат повеќе средства за развој и капитални инвестиции, поддршка на земјоделството, социјалната заштита, општините и реализација на развојните приоритети на Владата, како и за непречено исполнување на законските обврски. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во експозето по предлогот истакна дека тој претставува навремено и одговорно ...

Случајот со Крушево не треба воопшто да се споредува со тоа што се случи со водоводниот систем во Гостивар, бидејќи таму имаше прекин во електричната енергија на еден час, по што состојбата се стабилизирала и во тој град нема граѓани, кои се жалат за здравствени проблеми, изјави денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, кој е и раководител на Главниот штаб за управување со кризи. Тој на прес-конференцијата во ...

Според податоците од јавните здравствени установи во Гостивар, во текот на вчерашниот ден (26.07.2026) се евидентирани вкупно 127 новопрегледани лица со симптоми на ентероколит кои првпат побарале лекарска помош, што покажува благо зголемување единствено во однос на претходниот ден, додека оваа бројка е помала од бројот на новопрегледани пациенти во изминатите денови, информира Министерството за здравство. Во Општата болница „Д-р Ферид Мурад” ...

Водата на скопската територија е безбедна за пиење, покажале најновите анализи на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, објавени утрово. Од јавното претпријатие соопштија дека го објавуваат неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. – Секторот за санитарна контрола во периодот од 20 до 24 јули зема 195 примероци за физичко-хемиска и 195 ...

Во очекување да се отвори системот за пријавување на земјоделски субвенции за 2026 година ве потсетуваме кои земјоделци треба да бидете подготвени за аплицирање согласно Уредбата за директни плаќања. Поднесувањето на барањата е по електронски пат на веб страната на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. На сите оние кои им треба помош при пријавувањето можат да се обратат во подрачните канцеларии на МЗШВ и ...

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, денеска на 15 144 тутунари им исплати 2 028 714 243 денари. Средствата се исплатени kako директни плаќања за договорен и продаден ориентален ароматичен необработен тутун од реколта 2025 година од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2026 година. Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства кои своето производство на тутун од реколта 2025 година ...

По една недела ограничувања и интензивни активности за санација на водоводниот систем, Гостивар денеска се очекува повторно да добие технички исправна вода за користење. Според најавите на премиерот Христијан Мицкоски, последните анализи покажуваат добри резултати по спроведеното хиперхлорирање на водоводната мрежа, а надлежните институции денеска треба да ја потврдат исправноста на водата за техничка употреба. Говорејќи за состојбата во ...

На граничниот премин (ГП) „Богородица“ се бележи зголемена фреквенција на возила, а времето на чекање за излез од државата е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Како што информира АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Се препорачува ...

Жетвата на пченицата во земјава привршува, а по анализите преку средба со земјоделците и откупувачите ќе се дефинира цената и да се види како да им се помогне на земјоделците. По ребалансот на буџетот на име на субвенции на сите земјоделци треба да им се исплатат околу една милијарда и 200 милиони денари, изјави министерот за земјоделство Борче Серафимовски во Прилеп, кој учествуваше на панел дискусијата на партијата „ЗНАМ“. Според ...

Во изминатите 24 часа до 08 часот изутринава најмногу дожд наврнал во Претор, 26 литри на метар квадратен, по што следуваат Битола, Струмица и Попова Шапка, 7, Охрид, Маврови Анови и Пожаране, 6, Крива Паланка, 5, Скопје-Петровец и Крушево, 4, Прилеп, 2, Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Велес, Берово, 1 литар – покажуваат мерењата на Управата за хидрометероролошки работи (УХМР). Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална ...

На ГП „Богородица“ се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за излез од државата е околу 2 часа, а за влез на ГП „Табановце“ околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата – информира АМСМ во утринскиот извештај за состојбата на патиштата. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на ...

Новиот Мини утоварач е најновата понуда на компанијата АГРО ГЕА од Тетово. Носивост 520 кг. мотор на бензин, 15 кс 1 година гаранција! Цена: 300.000 денари. Можност за плаќање на 12 и 24 рати со кредитната линија на ПроКредит банка. Аплицирајте за кредит на следниот линк https://www.pcb.mk/krediti-zemjodelie.nspx Телефони за контакт: 071-793-580 и 070-235-099 Телефони за контакт: 071-793-580 и 070-235-099 Новиот Мини утоварач е најновата ...

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, денеска на 10 корисници им исплати 1 060 218 денари, за предадена оризова арпа на регистрирани откупувач и/или преработувачи. Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства кои имаат поднесено барање по подмерка 1.1. „Директни плаќања по обработлива земјоделска површина за сите плаќања по обработлива земјоделска површина за сите поледелски култури, лековити, ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП „Богородица“ се бележи зголемена фреквенција на возила, а времето на чекање за излез од државата е околу 15 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата – информира АМСМ. Препорачува прилагодена брзина на ...

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, денеска оствари средба со новоименуваниот државен секретар во Министерството, Надица Џерковска. Нејзиното долгогодишно работно искуство во Министерството, познавањето на институционалните процеси и професионалната посветеност претставуваат значајна основа за ефикасно извршување на одговорната функција. На средбата беше истакната важноста на координираната тимска ...

Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити бележат раст од 9,9%, при раст на депозитите на двата сектора, со поголем придонес на секторот „домаќинства“. На годишна основа, вкупните кредити забележаа раст од 13,1%, како резултат на зголемените кредити на двата сектора, со поизразен придонес на кредитите на корпоративниот сектор. Најновото соопштение за монетарните движења е достапно на: ...

Синдикалната минимална кошница во јули изнесува 68. 498 денари и е намалена за 156 денари во споредба со истиот месец минатата година, објави денеска Сојузот на синдикати на Македонија. Со изнајмен стан од 60 метри квартатни, вредноста на синдикалната минимална кошница изнесува 83 873,00 денари. Најголем дел од трошоците одат за храна и пијалоци – 25.012 денари. MIA Синдикалната минимална кошница во јули изнесува 68. 498 денари и е намалена ...

Ни седум ленти не го намалуваат чекањето од неколку часа на границата со Грција. Километарските колони од возила ова утро на граничниот премин „Богородица“ кон Грција, како да немаат крај. Иако се отворени седум коловозни ленти за излез од државата, според возачи кои се таму, се чека со часови. И до четири. Но АМСМ утринава објави други информации. Дека времето на чекање било кратко, максимум 30 минути. Ни седум ленти не го намалуваат ...

Регистрирани се вкупно три пожари на отворен простор во текот на денов до 13 часот, од кои еден е сѐ уште активен, соопштија попладнево од Центарот за управување со кризи. Активниот пожар е во регионот на село Врапчиште, каде гори ниска вегетација. Ниска вегетација и ѓубре гореле и во село Добрејци во општина Струмица. Имало пожар и на депонија во подрачјето на село Железница, општина Кратово. МИА Регистрирани се вкупно три пожари на отворен ...

Секторот за односи со јавност при СВР Битола информира дека синоќа во 19.50 часот евидентирале пријава за напад на ресенец од мечка. Од СВР Битола посочуваат дека во ресенското село Курбиново, Н. И. (41), жител на истото село, додека собирал печурки, бил нападнат од мечка. Веднаш по нападот, Н. И. бил однесен во Битола по што му била укажана лекарска помош во Клиничката болница. МИА Секторот за односи со јавност при СВР Битола информира дека ...

Центарот за управување со кризи соопшти дека денеска до 13 часот се регистрирани два пожари на отворен простор, од кои еден е активен, а друг е ставен под контрола. Активен е пожарот во нива во селото Србица во Општина Кичево, а под контрола е пожарот во селото Бајково во Општина Ново Село, со кој е зафатена ниска вегетација и мешана шума. ЦУК Центарот за управување со кризи соопшти дека денеска до 13 часот се регистрирани два пожари на ...

Во следните денови времето ќе биде претежно сончево и топло, со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, соопшти Управата за хидрометоролошки работи. Особено топло се очекува да биде во петок и за време на викендот, кога дневните температури да достигнат до 39 степени. МИА Во следните денови времето ќе биде претежно сончево и топло, ...

Поради изведување водоводен приклучок Ф-200 мм на улицата „Партениј Зографски“ бр.51 во населба Водно, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од оваа улица. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот до завршување на активностите за изведување на работите. Од 08 часот денеска без струја ќе бидат корисниците од улицата „Тодор Чангов“ во општина Аеродром, информира ...

Компанијата Агро Геа е лидер на домашниот пазар со понуда на резервни делови за земјоделска механизација. Во продолжение погледнете ја нивната понуда за балирачки од брендовите SIPMA- – Полска, JOHN DEERE, CLASS-Poljostroj, WELGER, LIFAM, NH,AMA Scrobatti, MF, IHC и други. Телефони за контакт: 071-793-580 070-235-099 044-379-090 Телефони за контакт: 071-793-580 070-235-099 044-379-090 Компанијата Агро Геа е лидер на домашниот пазар со ...

Во мај годинава, во земјава се евидентирани 131 723 туристи, од кои 106 756 странски, а 24 967 домашни, објави Државниот завод за статистика Бројот на ноќевањата во мај изнесува 236 727, од кои 75.8 % се од странските, а 24.2 % од домашните туристи. Во периодот јануари – мај 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 2.6 %. Кај домашните туристи има намалување за 4.4 %, а кај ...

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ се зголемува за 5,50 денари, а на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 зголемуваат за 1,50 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поскапува за 4,50 за литар, а Мазутот М-1 НС за 0,938 денари за килограм. Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе биде 88,00 денари, ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе се продава за 87,00, ЕУРОСУПЕР ...

Два милиони денари дополнителни средства со предлог ребалансот се обезбедуваат за поддршка на жените коишто вршат земјоделска дејност и уште 2 милиони за финансирање национална СОС линија за поддршка на жртви на родово и семејно насилство. Средствата се обезбедени преку прифаќање на два амандмани во рамки на денешната амандманска расправа во матичната собраниска Комисија за финансирање и буџет Во Комсијата за финансирање и буџет се ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
1.1
37%
1017
weather icon

Белград

25ᴼ / 22ᴼ
2.68
63%
1014
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
0.57
58%
1014
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
0.4
42%
1017
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
0.58
43%
1016
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 18ᴼ
0.72
78%
1015
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
1.34
42%
1013
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
1.86
43%
1016
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
2.72
47%
1016
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 24ᴼ
1.34
57%
1015
weather icon

Будимпешта

30ᴼ / 26ᴼ
1.79
39%
1015
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 24ᴼ
2.86
100%
1014
Currency

61.4762

Currency

53.3754

Currency

71.7836

Currency

37.5886

Currency

37.9845

Currency

66.0092

Currency

7.91023

Currency

0.6626

Currency

0.33852

Currency

0.52491

Currency

1.12347

Currency

0.56179

Иридиум

252383.36

Кобалт

56.29

Алуминиум

3.23

Бакар

13.27

Калај

55.44

Родиум

265243.66

Злато

130535.25

Цинк

0.00

Рутениум

53852.50

Платина

52855.83

Сребро

1894.77

Паладиум

40445.64