
Скопје
27ᴼ /
27ᴼ



За првпат во историјата на Македонија се усвои Закон за работно ангажирање на лица, на барање и на работниците и работодавачите, објави денеска Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ. Работно ангажирано лице согласно овој закон, може да биде: лице кое не е во работен однос; вработено лице; самовработено лице; лица помлади од 18 години кои согласно општите прописи од работните односи ги исполнуваат условите за засновање на работен однос; студенти; ...
Поради сообраќајна незгода што се случила вечерва, товарно моторно возило (ТМВ) е попречено на експресниот пат Градско – Прилеп, поточно кон селото Дреново. Сообраќајот на овој дел од патот е во целосен прекин, а возилата се пренасочуваат по стариот пат низ село Росоман. Надлежните служби се на терен и работат на расчистување и нормализирање на сообраќајот. Се апелира до возачите да бидат внимателни и да го следат насочувањето од сообраќајната ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и ...
Климатските промени се предизвик на нашето ново време.Тоа претставува сериозна закана за земјоделството и веќе влијае на безбедноста на храната и приходите на земјоделските стопанства низ светот. Стручно познавање на поврзаноста помеѓу климатските промени и здравјето на растенијата и правилно и контролирано делување во делот на заштита на растенијата е КЛУЧНО за зачувување на биолошката разновидност и зајакнување на производството на храна денес ...
Во пет случаи при контроли на увоз на месо е остварена дополнителна наплата од 11 милиони денари или 178,9 илјади евра, соопшти денеска директорот на Царинската управа Бобан Николовски. За сторителите, како што истакна Николовски, ќе биде поднесена кривична пријава до Основно јавно обвинителство, а за еден сторител ќе биде поднесена прекршочна пријава. -Станува збор за случаи во кои увозници го тарифирале месото со пониски царински стапки за да ...
Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во мај се зголемени за 1.217 денари во споредба со април, покажуваат податоците што денеска ги објави Сојузот на синдикати на Македонија. Вредноста на синдикалната минимална кошничка, според објавените податоци, во мај изнесува 63.908 денари што е за 1.217 денари повеќе во однос на априлската синдикална кошничка која изнесуваше 62.691 денари. Со изнајмен стан од 60 квадрати синдикалната кошничка ...
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од полноќ се зголемува за 2,00 денара, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) поскапува за 0,50, а Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 4,00 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 75,50 денари, на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 67,00, а Екстра лесното масло за домаќинство ќе се продава по 69,00 денари за литар. Цената на ЕУРОСУПЕР БС – 98 не се менува и ...
Ве известуваме дека започнуваме со реконструкција и доградба на улица и крак 1 во село Јакреново, информира градоначалникот на Крушево – Томе Христоски. Реализацијата на ваквите проекти е од исклучително значење за нашите сограѓани, бидејќи истите се клучни за модернизација и развој на локалната инфраструктура! Време е да се решат многу предизвици и да се одговорат на потреби на сите! Време е за поквалитетен и подостоинствен живот во секој дел ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и ...
Во раните утрински часови дојде до дефект и краткотраен испад на 110 киловолтната преносна мрежа. Причина за овој прекин се високите напони на 400 киловолтната мрежа во целиот регион, што го афектираше нашиот систем и го предизвика краткотрајниот испад на енергетските трансформатори 400 /110 киловолти во трансформаторски станици, информираат од АД МЕПСО. -Станува збор за регионален и европски проблем со кои се соочуваат речиси сите преносни ...
Половина Македонија ноќеска остана без струја. Во делови од земјата струја дојде утрово околу 6 часот. Без струја беше и Скопје. Во ЕВН контакт центарот утрово ни рекоа дека станува збор за голем дефект, но детали не даваат. Во моментов на телефонската линија нема слободен оператор кој би требало да даде информација. Струја немало во Кочани, Прилеп, Скопје, Гевгелија, Штип, Куманово. Која е причината и дали станува збор за дефект од поголеми ...
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во вечерашното интервју на ТВ Сител обелодени ексклузивни детали за договорите со Велика Британија. Тој соопшти дека следната недела во Лондон ќе се потпише Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство, по принцип Влада со Влада. Ова беше процес кој што траеше со месеци, ексклузивно ќе кажам дека уште кога бевме во опозиција оствaривме иницијални контакти на оваа тема, ...
Откако ги изгубивме шекерната репка, памукот, афионот и голем број на други земјоделски култури во Македонија од догодина многу веројатно е дека ќе ја снема и една од најзначајните култури со стратешко значење – сончогледот од кој се прави домашно малсло за јадење. Единствениот сериозен откупувач велешката фабрика Кристал предупредува дека ако итно не се преземат мерки да се зголемат површините под сончоглед, фабриката заради малите количини и ...
Денеска во рамките на Новосадскиот саем министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски оствари билатерална средба со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на Србија, Драган Гламочиќ, каде што се согласија дека заедничката соработка е приоритет на двете земји. „Во текот на разговорот се договоривме дека заеднички ќе работиме на одржливоста на земјоделството помеѓу двете земји“, истакна министерот. ...
Компанијата Хемометал веќе 30 години е вистински партнер на земјоделските производители, а тракторите „Солис“ се едни од најбараните и посакувани кај земјоделците. Оваа недела нови сопственици на трактор СОЛИС 90 се Оливер Челиковски од село Вранче, Горан Богески од Прилеп и Роберт Деспинов од село Кутлешево, информираат од Хемометал. Честитки до Оливер Челикоски – село Вранче. Со здравје да се работи СОЛИС 90 и Четворобразден плуг Алплер. Горан ...
Премиерот Христијан Мицкоски најави модернизација на вооружените сили, подлабока интеграција во НАТО стандардите, поголема безбедност на границите, спротиставување на шверцот, засилена соработката во образованието. Тој рече дека ова ќе дојде со новиот стратешки договор со Обединетотот кралство. „Овој чин е неповратен чекор напред во изградбата на иднината. Нашите две држави ги поврзуваат заеднички вредности – слобода, демократија, владеење на ...
Жителите на долненското село Рилево бараат да имаат основни услови за живот односно пристап до цивилизацијата и до државните и здравствените институции. Единствено се поврзани со соседното село Ропотово, но и тој пат е уништен и неасфалтиран. Велат дека заради ова, но и поради тоа што се заборавени од општината и во 21 век го немаат основното право за да се функционира во ова село. Итната помош доаѓа но ретко, а такси бара и по 1500 денари и тоа ...
Претседателот на Франција, Емануел Макрон, денеска во Тирана ги повика странските инвеститори да дојдат во Албанија, која, како што рече, ќе биде во Европската унија „за две години“. Европа е „стабилно и доверливо место“, рече Макрон на економскиот форум „Приоритет Европа“, кој го организираше институтот „Иницијатива за идни инвестиции“ (Future Investment Initiative-FII) на Ричард Атијас. – Во овој луд свет, да не ја потценуваме силата на ...
На мое големо задоволство денеска присуствувам на Новосадскиот саем, еден од најголемите саеми во Европа во областа на земјоделството, информира министерот за земјоделство Цветан Трипуновски. Овој престижен саем ги обединува сите земјоделци, изложени се земјоделски производи, фарми и најсовремена механизација. Новосадскиот саем е одлична можност за македонските земјоделци каде што можат да ги претстават своите производи со цел за освојување на ...
Одличен е и за одбивање градинарски штетници. Ако се греете на дрва, веројатно имате пепел што останува откако ќе согорат. Не го фрлајте, туку искористете го за ѓубрење на доматите. Наѓубрете ја почвата Пепелта има хранливи материи кои доматите ќе ги апсорбираат. Богата е со калиум, магнезиум и калциум кои ги одржуваат доматите здрави, го зголемуваат приносот (некои велат дури и двојно), ги одржуваат листовите од доматот силни и способни да ја ...
Денес остварив средба со Синдикатот на администрацијата и државната управа на Македонија (САДУ) и со Конфедерација на синдикални организации на Македонија (КСОМ), информира министерот Цветан Трипуновски. Ги сослушав нивните барања и во заеднички разговор се согласивме дека е потребно решавање на повеќегодишните наталожени проблеми со цел подобрување на условите за работа на вработените во Министерството. Во изготвување е новиот колективен ...
Вкупното производство на шумски производи во државните шуми во првото тримесечје од 2025 година изнесува 34 542 метри кубни и во однос на првото тримесечје од 2024 година е зголемено за 23,5 отсто. Во истиот период продажбата на шумски сортименти изнесува 26 619 метри кубни и бележи зголемување од 16,1 процент. Како што информира Државниот завод за статистика, зголемување на шумското производство е забележано кај трупците од иглолисни и ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, соопшти утрово АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, ...
Во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21, Тони Mаксимов од националната мрежа на земјоделци, вели „кај нас во оризарството е битен квалитетот, секоја цена ќе зависи од квалитетот на оризот“. -Кај нас во оризарството е битен квалитетот. Секоја цена ќе зависи од квалитетот на оризот. Ние имаме три квалитети на ориз, меѓутоа за жал во економијата, во трговската мрежа се продава исклучиво од еден бренд само како кочански и цените се движат онаму кадешто ...
Во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21, Ѓорѓи Kаракашев од националната мрежа на земјоделци изјави дека „кај нас се е оставено на милост и немилост, се е оставено на слободниот пазар и затоа ги имаме овие проблеми“. -Ние немаме законски регулативи кои ќе регулираат. Се е оставено на милост и немилост, се е оставено на слободниот пазар и затоа ги имаме овие проблеми. Еве ќе ви кажам само за една споредба во Бугарија значи според законот таму е ...
Управата за хидрометеоролошки рабори соопшти дека утре ќе има пообилни врнежи од дожд, над 30 литри на метар квадратен. Кон крајот на денот на повисоките планини ќе има услови за повремен снег. Претпладне ќе дува слаб до умерен југоисточен, а попладне и во текот на ноќта кон сабота наместа засилен северен ветер, над 60 километри на час, особено вдолж Повардарието. Дневните температури значително ќе опаднат. Во сабота ќе има повремени локални ...
ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) од ноќеска на полноќ поскапува за два денара по литар, а цената на другите горива останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,23 отсто во споредба со претходната пресметка. Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) е 66,5 денари за литар, ...
Компир 18 – 35 ден/кг Кромид 20-32 ден/кг Морков 22-30 ден/кг Краставици 93 – 95 ден/кг (увозни од Албанија) 65-70 ден/кг (втора класа) Домат 78-80 ден/кг (увозни од Грција) 110 ден/кг (увозни од Турција) Лимон 65 ден/кг Портокал 60-65 ден/кг (Портокал во мрежа втора класа 40 ден/кг) Цитрон жолт и црвен 80 ден/кг Мандарини 80 ден/кг Пипер 160 -170 ден/кг (увозен) Лут пипер – 450 денари вреќа во која има 50 парчиња Јагоди 140 ден/кг Авокадо 260 ...
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ ...
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека до крајот на неделата ќе има јасна позиција кој ќе добиое поддршка за нов гувернер на Народната банка и оти изборот ќе биде на пленарна седница во Собранието на 20 мај. Еден од условите за поддршката од ВМРО-ДПМНЕ и Владата, како што изјави денеска, е стриктно бранење на фиксниот курс на денарот. Петгодишниот мандат на актуелната гувернерка Анита Ангеловска Бежоска која стапи на функцијата на 22 мај 2018 ...