Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Граѓаните имаат можност да запишат граѓански обврзници од третата емисија во деловните банки во земјава уште два дена, односно денеска и утре. Граѓанските обврзници oд оваа емисија се со рок од 2 години и каматна стапка од 4,5% годишно. Износот на една граѓанска обврзница којашто граѓаните можат да ја запишат е 10.000 денари. Проспектот е објавен на износ од 100 милиони денари. Понудите се доставуваат во деловните банки во земјава. ...
САД го засилија притисокот врз украинскиот претседател Володимир Зеленски брзо да се согласи со мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп, кој вклучува големи територијални отстапки за Украина, изјавија двајца украински функционери за „Аксиос“. Според нив, од Киев се бара да се согласи на губење на територија и други сериозни отстапки, а во исто време не добива цврсти безбедносни гаранции. Украинската страна верува дека ...
Вицепремиерот и иден министер за европски прашања Беким Сали е назначен за вршител на должност претседател на партијата Алтернатива, откако синоќа досегашниот лидер Зеќирија Ибрахими поднесе неотповиклива оставка на седницата на Централното собрание. Сали, кој сè уште официјално не е именуван на функцијата во Владата на Христијан Мицкоски, ќе ја води партијата sо в.д. статус до одржувањето на редовниот партиски конгрес следната година. – ...
Предлог-буџетот за 2026 година, дополнет со усвоените амандмани, денеска е на дневен ред на 73. седница на Собранието. Во текот на амандманската расправа во матичната Комисија за финансирање и буџет, беа прифатени 20-тина амандмани од вкупно поднесените околу 200 амандмани. Предлог-буџетот за 2026 година е еден од стратешките економски документи што се усвојува при крајот на годината, а со кој се трасира патот на економијата во следната ...
Репортери бе граници објавија дека Израел е одговорен за смртта на речиси половина од сите новинари убиени низ целиот свет оваа година, при што неговите сили убија 29 палестински новинари во Газа. Во својот годишен извештај, групата за слобода на печатот со седиште во Париз изјави дека вкупниот број на новинари убиени оваа година достигнал 67 низ целиот свет, еден повеќе од 66-те во 2024 година. Израелските сили беа одговорни за 43 проценти ...
Американскиот претседател Доналд Трамп продолжи со своите вербални напади врз новинарките, а откако ги навреди врз основа на нивниот изглед во последните недели, тој обвини две новинарки дека лошо си ја вршат работата за време на вчерашната тркалезна маса во Белата куќа, објави ХафПост. На прашањето на Рејчел Скот од АБЦ дали е посветен на објавување на целата снимка од нападот на 2 септември врз наводните бродови за дрога во Карибите, ...
Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот во македонското Собрание денеска закажа седница, на чиј дневен ред е претставката поднесена од Здружение на граѓани „16 март 2025 Кочани“, во јавноста познато како Здружение на родителите на загинатите деца во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Во писмото на Здружението се посочува дека ова за нив не е политичка тема, туку борба за правда за нивните деца и спречување на ...
Советот на јавни обвинители на РСМ, денеска ќе ја одржи 32. седница на која треба да биде донесена одлука за избор на нов Претседател на Советот. Советот на јавните обвинители на 28-та седница одржана на 30 септември, донесе одлука за престанок на функцијата претседател на Советот на Душица Димитриеска, поради истек на мандат на 1 октомври годинава, а изборот на нов претседател го одложи поради локалните избори. До изборот на нов ...
Украина подготвува нов мировен план што ќе го презентира пред Белата куќа, додека борбите на истокот од земјата продолжуваат. Клучниот услов на Киев е да се избегнат какви било територијални отстапки кон Русија, што претседателот Володимир Зеленски го потврди, нагласувајќи дека „нема право“ да се откаже од украинска територија, пишува Би-Би-Си. Изјавата на Зеленски дојде во понеделник за време на состанокот со европските и НАТО лидери и е ...
Времето денеска во утринските часови е проследено со појава на магла по котлините. Во текот на денот ќе биде претежно сончево и тивко, освен во југоисточните делови каде ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, соопшти УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени. Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на слаба магла. Во текот на денот сончево со ...
На Украина ѝ се потребни околу 800 милиони долари за да купи американско оружје до крајот на оваа година со помош на европските сојузници, изјави денес украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тој додаде дека следната година на Украина ќе ѝ бидат потребни околу 15 милијарди долари за програмата PURL, која вклучува купување американско оружје со европски пари. По разговорите во Лондон со лидерите на Франција, Германија и Велика Британија, ...
Новак Ѓоковиќ привлече големо внимание со својот одговор на прашање поврзано со Светското првенство во фудбал идната година. Српскиот тенисер беше во Катар каде што ја следеше трката во Формула 1 и настаните околу „најбрзиот циркус на светот“, но најде време и да одговори на разни интересни прашања. Едно од нив беше поврзано со финалистите, односно потенцијалниот победник на Светското првенство, кое ќе се одржи следната година во САД, ...
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес изјави дека засега нема разговори за средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп до крајот на годинава. „Средбата мора да биде подготвена и мора да биде продуктивна. За да биде продуктивна, мора да се работи на експертско ниво, што во моментов се прави. Ова е посредничка дипломатија“, изјави Песков за руските медиуми. Тој истакна дека Русија сè уште не ...
Претседателката на Европската комисија – Урсула фон дер Лајен, денес изјави дека по состанокот на Коалицијата на волјата, го информираше претседателот на Украина, Володимир Зеленски, за два клучни приоритети – поддршка за неговата земја и зајакнување на европската одбранбена подготвеност. „Попладнево одржавме состанок на Коалицијата на волјата. Го информирав претседателот Зеленски и присутните лидери за два клучни приоритети – поддршка за ...
Двајца авганистански тинејџери кои минатата година пристигнаа сами во Велика Британија денес беа осудени на долги затворски казни за силување на 15-годишно девојче во парк во централна Англија. Јан Џаханзеб и Исрар Нијазал, двајцата 17-годишници, ја нападнаа жртвата во јуни во парк во градот Лимингтон Спа, кој се наоѓа на десетина километри југоисточно од Бирмингем. Двајцата ја одвлекоа тогаш пијаната девојка од нејзините пријатели, ...
По силниот земјотрес со магнитуда од 7,6 степени според Рихтеровата скала, што се случи попладнево во близина на брегот на Јапонија, следеа уште два земјотреси, според податоците на Јапонската метеоролошка агенција. A powerful earthquake hits Japan. pic.twitter.com/Gqfis4Fw2x — Being Political (@BeingPolitical1) December 8, 2025 Петнаесет минути по земјотресот од 7,6 степени, регистриран е земјотрес од 5,6 степени, а десет минути подоцна, ...
Колагенот е основата за здрави коски, зглобови и видливо помазна и затегната кожа! Со додатокот во исхраната Peptan® Collagen Peptides од Натура Терапи, добиваме: еластичност на кожата, здрави зглобови и коски. Не помалку важно е да знаеме дека суплементите кои содржат колаген можат да играат важна улога во одржувањето на телесната тежина, па дури и во губењето на килограмите. Колагенот во прав ќе го намали апетитот за дури 40 отсто повеќе ...
Во Собранието денеска Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ ја додели државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2025 година. Добитници на државната награда „Св. Климент Охридски“ за остварување во областа на воспитанието и образованието е академик Витомир Митевски, филозоф и класичен филолог, а наградата за остварување во областа на културата и уметноста ја добиваат Живоин Глишиќ, композитор и Беди Ибрахим, ...
Светски познатиот музеј „Лувр“ во Париз е погоден од уште една катастрофа, само неколку недели по големата кражба на накит. На крајот на ноември, поточно на 26 ноември, пукна цевка во „Лувр“, оштетувајќи повеќе од 300 документи во одделот за египтологија. Најмалку 300 предмети беа погодени од истекувањето на вода што беше откриено во крилото на Молиер. Оштетените материјали се египтолошки списанија и научна документација од крајот на 19-ти ...
Во просек, 1,50 евра од секои 100 евра што домаќинствата во ЕУ ги трошат за стоки и услуги одат на алкохолни пијалаци, според податоците на Евростат. Сепак, уделот на алкохолните пијалаци во потрошувачката на домаќинствата варира значително меѓу земјите. Од 2024 година, најскапата земја за алкохол е Исланд, во споредба со 36 европски земји (земји-членки на ЕУ, кандидати и земји-членки на ЕФТА). Во Исланд, луѓето плаќаат 285 евра за пијалаци ...
Вицепремиерот и министер за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека припадници на српското Министерство за внатрешни работи запленија 81,2 килограми кокаин и 110 килограми марихуана. Покрај Министерството за внатрешни работи, во оваа акција учествуваше и УКП, како и Службата за борба против организираниот криминал, која ја предводеше меѓународната акција во која, во соработка со Јавното обвинителство за организиран криминал, беа ...
Реал Мадрид наскоро може да доживее голема промена, бидејќи тренерот Чаби Алонсо е пред отказ и сега мора да се „спасува“ во Лигата на шампионите. Вчера Реал беше поразен од Селта на својот стадион со 0:2 во шпанската Примера, а играчите на мадридскиот клуб добија два црвени картони на теренот и еден надвор од него. 🚨🚨🚨 Sí, hubo reunión de urgencia en el Bernabéu tras la derrota ante el Celta y el partido de Champion ante el Manchester ...
Средбата на украинскиот претседател Володимир Зеленски со лидерите на Велика Британија, Германија и Франција во Лондон заврши. Европските лидери разговараа за најновиот нацрт-мировен план за ставање крај на војната во Украина. Според британските медиуми, британскиот премиер Кир Стармер се сретна со Зеленски пред Даунинг стрит во раните попладневни часови, велејќи дека секој договор мора да содржи цврсти и веродостојни безбедносни гаранции ...
Екс претседателот на Република Српска – Милорад Додик, денес изјави дека БиХ нема да стане членка на НАТО, бидејќи Република Српска е против тоа, нагласувајќи дека Српска се обидува да го зголеми интензитетот на соработката со Русија во сите области. „Нашата политика не вклучува членство во НАТО. Се обидуваме да го зголемиме интензитетот на соработката со Русија во сите области – во спортот, културата, науката, политиката“, рече Додик за ...
Европа се наоѓа на историска пресвртница, нејзината безбедност е загрозена, а инвестициите во одбраната се приоритет, изјави денеска во Париз хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ. „Европската безбедност е загрозена, а нарушени се и дел од темелите на трансатлантските односи“, рече Пленковиќ на предавање во Францускиот институт за меѓународни односи (IFRI), насловено „Европа на крстопат: Потврдување на суверенитетот во свет во промена“. Тој ...
Поранешниот играч на Црвена Звезда, македонскиот фудбалски ас Дарко Панчев, денес изјави дека со освојувањето на Интерконтиненталниот куп пред 34 години, „црвено-белите“ ја вклучија Звезда меѓу најголемите и бесмртни клубови. На 8 декември 1991 година во Токио, фудбалерите на Звезда го победија чилеански Коло Коло со 3:0 и станаа светски шампиони. Херој на триумфот во Токио беше двојниот стрелец Владимир Југовиќ, кој постигна голови во ...
Сообраќајот на Граничниот премин Богородица (ГП Евзони), кој од 11 часот беше блокиран за влез и излез, попладнево од 15.00 часот е нормализиран во двата правци, соопшти Автомотосојузот на Македонија. Блокадата на ГП Евзони во периоди од денот трае неколку дена поради штрајк на грчките земјоделци. АМСМ денеска во пладневниот извештај информираше дека на ГП Ники (Меџитлија) сообраќајот е блокиран само за товарни возила и автобуси, а на ГП ...
Земјотрес со магнитуда од 7,6 степени според Рихтеровата скала крај североисточниот брег на Јапонија предизвика предупредување за цунами. Земјотресот е регистриран во регионите Аомори и Хокаидо во североисточна Јапонија, објави Јапонската метеоролошка агенција. Бранови високи до три метри сега може да го погодат североисточниот брег, според агенцијата. Геолошкиот завод на САД (USGS) објави дека земјотресот се случил во 23:15 часот по ...
Од први јануари почнува примената на Законот за работно ангажирање лица кој ја регулира областа на сезонското ангажирање и се очекува да влијае на намалувањето на сивата економија, најавува заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески. Ристески посочува дека во земјава за првпат се воведува ваков закон и дека опфатени ќе бидат студенти, пензионери, невработени, самовработени лица кои може дополнително да заработат, без да ги ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изјави дека Брисел се подготвува за војна со Русија и дека веќе постои целен датум за влегување во војната – 2030 година. Тој напиша на својата Фејсбук страница дека целта на програмата за вооружување иницирана од Брисел е да ја направи Европската Унија подготвена за војна до 2030 година, што е и целен датум за забрзаната постапка за членство на Украина во ЕУ, пренесува Хирадо. „Темни облаци се собираат ...