Скопје
16ᴼ /
16ᴼ
Либанското движење Хезболах објави видео од напад со беспилотно летало врз израелски тенк, а на видеото може да се види дека пред директниот удар, припадник на израелската армија се обиде да избега од возилото. Според Хезболах, нападот се случил во близина на градот Алма ал-Шааб, кој се наоѓа во јужен Либан. ⚡️ Direct Strike on IDF Tank from Hezbollah. Watch the Israeli JUMP AWAY 😂 pic.twitter.com/RNzfvggs2i — Ethan Levins 🇺🇸 ...
Семејствата на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 42. Марш на ангелите и денеска чекореа низ улиците во Кочани, почнувајќи од Паркот на Револуцијата и завршувајќи кај зградата на Основното јавно обвинителство во Кочани. На одговорните во институциите им се обратија во три наврати, застанувајќи пред зградата на Полицијата, барајќи одговорност за полициските службеници, кои таа ноќ не интервенирале кога се запалила ...
Страшен инцидент ја одбележа спринт трката за Големата награда на Франција во МотоГП, откако легендарниот шпански возач Marc Márquez доживеа тежок пад во самиот финиш на трката во Ле Ман. Осумкратниот светски шампион при голема брзина загуби контрола над моторот и силно удри во асфалтот, по што публиката и членовите на тимовите останаа во шок. Според првичните информации, Маркез успеал самостојно да стане, но видливо куцал и со болки ја ...
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова по повод Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, наведе дека македонскиот народ застана на вистинската страна – антифашистичката и како природни и докажани Европјани, должни сме да го осудиме и да му се спротивставиме на било кој облик на фашизам или слични идеологии. -9 Мај за нас е двоен празник: Ден на победата над фашизмот и Ден на Европа. Македонскиот народ застана на правата страна – ...
Делегацијата од Република Српска, во која беа Милорад Додик, претседателот на РС Синиша Каран и претседателот на Народното собрание на РС Ненад Стевандиќ, одржа средба со претседателот на Русија Владимир Путин во Москва. РТРС објави дека Путин на почетокот на средбата рекол дека е уверен дека ќе продолжи да го развива партнерството меѓу Русија и РС. „Меѓу Србите и Русите негуваме блиски односи со векови и многу ни е мило што ве гледаме во ...
Денеска Петер Маѓар положи заклетва и стана нов премиер на Унгарија. Пред еден месец тој порача дека Унгарија нема да биде сигурна куќа за криминалци и директно го спомена Никола Груевски, прашуваат од СДСМ. Помина еден месец а Владата на Христијан Мицкоски и министерот Филков молчат. Граѓаните заслужуваат јасен одговор на едноставно прашање: Дали е испратено официјално барање за екстрадиција на Никола Груевски или не? Прво беше оправдување ...
Русија испорачува компоненти за беспилотни летала во Иран преку Каспиското Море, велат американските претставници, што сугерира дека Каспиското Море се претвора во клучен канал за тајна и отворена трговија. Долго запоставениот трговски коридор му помага на Иран да ги обнови своите воени капацитети по американско-израелската воена кампања што заврши минатиот месец, објави „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на неименувани добро информирани ...
Кристијано Роналдо повторно беше мета на провокации од навивачите кои го скандираа името на Лионел Меси од трибините. Португалскиот фудбалер одговори на тоа на неочекуван начин – се сврте кон публиката и почна да мавта со рацете како да диригира оркестар, а видеото веднаш стана хит на интернет. 🚨🇸🇦Al Shabab fans chanting “Messi, Messi, Messi” and Cristiano Ronaldo decides to become a choir conductor😂😂❤️. pic.twitter.com/WrVQP9TFoF — ...
Слободата не е подарок, туку е резултат на пожртвуваната борба на илјадници храбри борци кои под знамето на антифашизмот и народноослободителната борба, се исправија против окупаторите и нивните соработници. По повод „9 мај“ – Денот на победата над фашизмот, делегацијата на #Левица предводена од пратеникот Борислав Крмов, пред споменикот „Ослободителите на Скопје“ положија свежо цвеќе во чест на оние кои ги положија животите за слобода. ...
Балансот помеѓу фискалната консолидација, обезбедување економски раст и спроведување мерки за заштита на стандардот на граѓаните и поддршка на економијата се клучни во услови на континуирана и продлабочена геополитичка неизвесност. Ова го порача министерката за финансии на 9-тата Меѓународна конференција Влијанието на геополитичките промени и вооружените конфликти врз процесот на проценување што во организација на Комората на проценувачи на ...
По претходна пријава во СВР Велес од страна на граѓанин чие малолетно дете било во автобус со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Скопје, кој се враќал од екскурзија, дека автобусот неколку пати останувал дефект по пат, на 08.05.2026 во 22:50 часот, на наплатна станица „Отовица“, на автопатот Велес-Скопје, од страна на полициски службеници од СВР Велес, бил сопрен автобус „сетра“ со скопски регистарски ознаки управуван ...
„Поезијата е свртена кон човекот, се создава за него и ги дели неговите соништа“. Под ова мото, кое му го должиме на Ацо Шопов, годинава ќе се одржи третото издание на Деновите на поезијата, од 14 до 16 мај, во Скопје Сити Мол. Соништата на нашите поети – оние што се со нас, и оние што веќе ги нема – ќе бидат во срцевината на програмата, со која фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“ доследно продолжува да гради мостови меѓу генерациите. ...
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, по повод Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, положи цвеќе пред споменикот „Ослободителите на Скопје“. Во изјавата за медиуми, Филипче порача дека денеска, на Денот на Европа и Денот на победата над фашизмот, Македонија можеше да има многу повеќе причини за славење, но за жал државата ја води Мицкоски и неговата организирана криминална. „Денес го славиме денот на Европа и Денот на ...
Денес стоиме исправени пред историјата. Пред ден кој не е само датум во календарот, туку ден врежан во совеста на човештвото. Ден на победата над фашизмот. Ден кога светот покажа дека злото може да биде поразено, дека тиранијата не е вечна и дека слободата секогаш ја наоѓа својата сила во народите кои не се предаваат, рече премиерот Христијан Мицкоски во обраќање на свеченоста пред Владата по повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и ...
Дуалното образование не е само образовен модел, туку стратешка инвестиција во иднината на младите, компаниите и македонската економија. Ова беше главната порака од форумската дебата „Дуално образование – врска меѓу компаниите и студентите“, што се одржа на Хајделберг факултет во Скопје, а каде учествуваа Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Северна Македонија, Димитар Клисаровски, потпретседател на Шведско-Македонската ...
Светската здравствена организација потврди шест случаи на хантавирус поврзани со крстаречкиот брод кој плови кон Шпанија, додека здравствените власти ширум светот спроведуваат интензивно следење и епидемиолошки анализи. Според последните информации, вкупно осум лица се заразени, а три лица починале. Станува збор за бродот „MV Hondius“, кој плови од Јужна Америка кон Канарските Острови. СЗО соопшти дека шест од случаите лабораториски се ...
На Русија не ѝ треба ничија дозвола за одржување на Парадата на Денот на победата, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, откако украинскиот претседател Володимир Зеленски издаде официјален декрет со кој ѝ се дозволува на Москва да одржи воена парада на Црвениот плоштад. „Не ни треба ничија дозвола. Тешко на секој што се обидува да се потсмева на Денот на победата и прави такви глупави шеги. Тоа е веројатно нивниот најголем проблем“, ...
Северна Кореја воведе нови уставни одредби според кои државата автоматски би возвратила со нуклеарно оружје доколку лидерот Kim Jong-un биде убиен или ако биде нарушен командниот систем на земјата, објави The Telegraph. Според написот, Пјонгјанг ја зацврстува својата нуклеарна доктрина и испраќа јасна порака дека секој обид за соборување или елиминација на режимот би предизвикал непосреден и масовен одговор. Во текстот се наведува дека ...
Рускиот претседател Владимир Путин одржа говор на парадата во Москва, која традиционално се организира на 9 мај, Денот на победата над фашизмот. Говорот на Путин беше фокусиран исклучиво на настаните од Втората светска војна, и за разлика од претходните говори од 2022 година, кога ја започна инвазијата на Украина, немаше многу референци за актуелните настани. „Го славиме нашиот свет, светол и најважен празник со чувство на гордост и љубов ...
Најмногу дожд во изминатите 24 часа, заклучно со 8 часот утрово, наврна во Претор, 33 литри на метар квадратен. Следуваат Битола со 23, Охрид, 19, Струмица, 12, Гевгелија, 11, Тополчани, 10, Прилеп, Kрушево и Демир Капија, 8, Кавадарци, 7, Берово, 6, Велес, 5, Скопје-Зајчев Рид, 4, Тетово, Mаврови Анови и Попова Шапка, 3, Крива Паланка и Пожаране, 2 и 1 во Скопје-Петровец, Штип и Виница, информира Управата за хидрометеоролошки работи. ...
Советничката од Левица, во Советот на Град Скопје, Дарја Мустафаоглу обвинува дека веќе трет месец не и се доставува одговор на советничко прашање, поврзано со договорите и анексите склучени помеѓу ЈСП и фирмата „Маратон”. Иако, како што нагласи, според член 44 од Деловникот за работа на советот, одговор треба да и се достави во рок од десет дена, а најмногу до 30 дена, доколку се потребни сложени анализи, одговор го нема. „Овде не станува ...
Денеска се навршуваат единаесет години од вооружената престрелка во кумановско „Диво насеље“. На 9 и 10 мај 2015 загинаа осум припадници на безбедносните сили. Во 28-часовните престрелки, животот го загубија припадниците на безбедносните сили – Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ, кои посмртно се одликувани со медали за храброст. Во ...
Накитот на легендарната италијанска актерка Клаудија Кардинале ќе биде продаден на аукцијата на престижната куќа Кристи од 19 до 26 јуни, објави нејзината ќерка Клаудија Сквитиери. „Овие скапоцености припаѓаат на историјата на високата уметност за накит, историјата на златното доба на италијанското кино, римското Долче Вита и врвот на кариерата на мојата мајка“, изјави Клаудија Сквитиери за ANSA. Ова се исклучително вредни парчиња, претежно ...
Поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ повторно е тема во регионалните медиуми, откако се појавија информации дека по разводот од легендарниот германски фудбалер Бастијан Швајнштајгер повторно пронашла љубов. Според пишувањата на медиумите, Ивановиќ веќе извесен период е во врска со маж кој не е дел од јавниот живот и кој, наводно, нема никаква поврзаност со спортот или естрадата. Иако засега нема официјална потврда од поранешната тениска ...
Американската администрација денеска објави серија досега доверливи документи, фотографии и материјали поврзани со НЛО и неидентификувани воздушни феномени (UAP), со што повторно се разгоре глобалниот интерес за мистериозните случаи што со години ги истражуваат американските служби. Меѓу објавените материјали се најде и архивска фотографија од мисијата Apollo 12 Moon Landing, која веднаш предизвика бурни реакции на социјалните мрежи. На ...
Неколку европски авиокомпании моментално подготвуваат кризни планови за летната сезона поради можен недостиг на керозин, објавува италијанскиот весник „Кориере дела Сера“. Причината, како што е наведено, е блокадата на увозот на авио гориво поврзано со ситуацијата во Иран, што може да доведе до промени во распоредот на летови и откажување на одредени летови. Иако моменталните залихи се сè уште доволни, нискобуџетниот превозник „Рајанер“ веќе ...
Поранешниот генерален секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен, денес повика на формирање нов европски одбранбен сојуз, посочувајќи дека Алијансата во нејзината сегашна форма повеќе не е доволна бидејќи сомнежите за безбедносните гаранции на САД растат. „Она што го гледаме во моментов е колапс на НАТО, а тоа е опасно“, изјави тој за весникот Велт. Расмусен додаде дека американскиот претседател Доналд Трамп предизвикал толку многу сомнежи во ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека Русија и Украина постигнале договор за размена на воени заробеници во сооднос 1.000 за 1.000 и изјави дека треба да се воспостави режим на прекин на огнот од 9 до 11 мај. Зеленски објави на социјалната мрежа X откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека ќе се воспостави тридневно примирје меѓу двете земји. „Црвениот плоштад ни е помалку важен од животите на украинските ...
Новак Ѓоковиќ, најдобриот српски тенисер, загуби за првпат во својата кариера во првиот натпревар на Мастерсот во Рим. Ѓоковиќ беше поразен од Дино Прижмиќ со резултат 2:6, 6:2, 6:4 во второто коло од споменатиот турнир, што е прв натпревар на Новак, бидејќи беше слободен во првото коло. По најголемата победа во неговата кариера, Прижмиќ рече: „Тешко е да се каже нешто, имам голема почит кон Новак, кој е мој идол. Играв феноменално, сакам да ...
Доколку САД повторно предизвикаат инциденти во Ормутскиот теснец, постои можност за нов избувнување на конфликт во регионот, изјави анонимен ирански воен извор за иранската новинска агенција Тасним. Според изворот, ситуацијата во моментов е „мирна“, но доколку американските сили се обидат повторно да влезат во Ормутскиот теснец и да ги „малтретираат“ иранските бродови, „сè уште постои можност за повторно влегување во такви конфликти во ...