Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Иран и Оман постигнаа договор за начинот на транзит низ Ормускиот теснец, како и за поделбата на приходите поврзани со поморскиот сообраќај, соопшти портпаролот на иранската Исламска револуционерна гарда (IRGC). Според иранската страна, двете земји постигнале договор за уделот на секоја од нив во водите на теснецот, како и за распределбата на приходите. Од IRGC велат дека е постигнато решение кое е прифатливо за двете страни. Договорот ...
Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (CIA), Џон Ретклиф, во вторникот ненадејно пристигна во Москва на тајна посета, а само по неговото заминување од американската амбасада во рускиот главен град се појавија снимки на кои се гледа дека од комплексот се симнати американските знамиња. Посетата на Ретклиф не беше претходно најавена, а американските власти во почетокот не ја коментираа. Американскиот директор на ЦИА во ...
Доли Партон не беше само една од најголемите кантри ѕвезди во историјата. Зад себе остави деловна империја изградена во текот на повеќе од шест децении, која денес вреди стотици милиони долари и продолжува да носи огромни приходи и по нејзината смрт. Според проценките на „Форбс“, богатството на Партон изнесувало околу 450 милиони долари, но вредноста на бизнисите и брендот што ги создаде е значително поголема. Таа беше една од ретките ...
Најмалку девет лица загинаа, а најмалку 384 патници се водат како исчезнати по катастрофалните поплави што во средата го погодија подрачјето долж границата меѓу Непал и Кина. Огромна количина кал, камења и вода го зафати подрачјето на Хималаите, при што беа уништени куќи, патишта, мостови и енергетска инфраструктура. Снимките од надзорните камери, кои ги потврди Reuters, покажуваат луѓе како се обидуваат да избегаат само неколку секунди пред ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, предупреди дека огромната потрошувачка на електрична енергија од дата-центрите отвора сериозни прашања за цената на струјата, потребата од дополнителен увоз и дали воопшто ќе остане доволен капацитет за нови производствени капацитети. „Овие дата-центри трошат огромен капацитет на струја. Дали тоа значи дека поради тоа што струјата ќе се троши повеќе, ќе поскапи? И дополнително на тоа, ќе зависиме од ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, обвини дека постои договор меѓу ВМРО и ДУИ за блокирање на работата на Собранието, со цел создавање алиби за распишување предвремени парламентарни избори. „Како алиби за распишување на избори, постои договор помеѓу Oрганизираната криминална група ВМРО и ДУИ, а тоа е да со процедурални интервенции од страна на пратеничката група на ДУИ се блокира работата на Собранието и тоа води кон предвремени избори“, ...
Состојбата со пожарот во областа Ктипимена, во општина Алмопија во Пела, е подобрена, додека пожарот во Саламина и натаму беснее. Пожарот во Беотија, пак, во моментов нема активен фронт, објави „Прототема“. Пожарот во Пела избувна вчера пред 17 часот, во шумска област. Иако ситуацијата е подобрена, на терен и натаму се присутни голем број противпожарни екипи, кои продолжуваат со напорите за целосно локализирање и гаснење на огнот. ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, предупреди дека огромната потрошувачка на електрична енергија од дата-центрите отвора сериозни прашања за цената на струјата, потребата од дополнителен увоз и дали воопшто ќе остане доволен капацитет за нови производствени капацитети. „Овие дата-центри трошат огромен капацитет на струја. Дали тоа значи дека поради тоа што струјата ќе се троши повеќе, ќе поскапи? И дополнително на тоа, ќе зависиме од ...
Командантот на иранските сили за воздушна одбрана, Амир Алиреза Елхами, денес изјави дека Иран бил ефикасен во соборувањето на непријателски беспилотни летала и борбени авиони во неодамнешните конфликти. Во интервју за иранската новинска агенција Тасним, Елхами рече дека искуствата од „12-дневната војна“ биле искористени за подобрување на тактиките, производство на системи и нивно распоредување за време на следната, „40-дневна војна“. Според ...
Иранскиот заменик-министер за надворешни работи, Казем Гарибабади, денес изјави дека Иран и Оман преговараат за транзитен договор низ Ормускиот теснец во последните 40 дена и се согласиле за привремена рута широка седум милји (11 километри), со влезна точка и дел од излезната рута што минува низ иранските територијални води. – Се согласивме со Оман дека влезната рута во Ормускиот теснец ќе биде низ нашите територијални води, а дел од ...
Во СВР Скопје е пријавено дека во водите на реката Вардар на подрачјето на Гази Баба има човечко тело. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје телото е извлечено од реката, а по извршено препознавање од семејството било утврдено дека се работи за Т.Г.(83) од Скопје за кого на 24.08.2026 неговиот син Г.Г.(46) пријави дека се оддалечил од домот. Извршен е увид, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено во Институтот за ...
Четириесет и двегодишна жена од Штип вчера пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 4.713 евра. Во СВР-Штип измамата ја има пријавено вчера во 15 часот, а според пријавеното измамникот се претставил како директор на финансиско друштво и таа контактирала со него преку мобилна апликација за да ѝ помогне за подигнување кредит во име на нејзин пријател. -Како што е пријавено, со прикажување на лажни факти, од неа барал по разни ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на прес-конференција објави документ од информации на компанија која тврди дека за дата-центар во земјава веќе има обезбедено капацитет од 100 мегавати електрична енергија, како и директен пристап до реката Вардар и ја обвини владата дека работи „под маса“. Филипче посочи дека документот е објавен пред три месеци и повика новинарите да го истражат и да утврдат како и под кои услови се обезбедени ...
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) денеска објави метеоаларм за утре, 27 август, врз основа на кој одредени делови на државата се во портокалова фаза. Времето утре ќе биде сончево и топло со мала со умерена локална облачност и услови за краткотрајна нестабилност во попладневните часови. Во Скопје и Демир Капија се предвидува температурата да достигне до 39 степен, во Гевгелија 38, додека во Велес и Штип до 37 степени. За време на ...
Поранешниот унгарски амбасадор во Русија, Ѓерѓ Гилјан, изрази надеж дека односите меѓу Будимпешта и Москва ќе останат конструктивни дури и по промената на владата во Унгарија, посочувајќи ја најавата на новиот премиер Петер Гилјан дека ќе води прагматична политика кон Русија. Гилјан оцени за РИА Новости дека е особено важно што Унгарецот во својот прв говор ја нагласи својата намера да гради односи со Москва врз основа на прагматизам. Според ...
Апелацискиот суд Скопје информира дека по одржана нејавна седница по кривичниот предмет, во јавноста познат како „Талир“, донесе пресуда со која жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје ја одби како неоснована и ја потврди ослободителната пресуда на Основниот кривичен суд Скопје за поранешниот премиер Никола Груевски. Пресудата, како што се посочува, е донесена по одржана нејавна седница на 26 август годинава и разгледување на списите ...
За три лица се чека потврда дали се заразени од вирусот западен нил, а шестмина се на интензивно лекување. На Клиниката за инфективни болести се лекуваат 21 лице, а кај 18 од нив веќе е потврдено присуството на западнонилската треска – изјави денеска на прес-конференција министерот за здравство, Сашо Клековски. – Во моментот имаме 53 пациенти што прележале, имаат или се сомнителни на западнонилска треска. Од тоа 50 се потврдени, три се ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека за време на состанокот со американскиот претседател Доналд Трамп во јули, разговарал за три можни пристапи кон Иран – дипломатија, воена акција и заострување на „опсадата“ на Техеран – и дека му ја препорачал третата опција на Трамп. „Разговарав со претседателот Трамп пред неколку недели во Белата куќа, во Овалната соба. Разговаравме за три опции“, рече Нетанјаху во видео објавено од ...
Македонскиот ракометен гигант РК Вардар 1961 го претстави специјалниот јубилеен дрес со кој ќе настапува во новата сезона. Дизајнот е инспириран од големиот јубилеј – 65 години од основањето на клубот, години исполнети со големи победи, европски трофеи и генерации ракометари кои го испишаа името на Вардар во историјата, и на македонскиот и на европскиот ракомет. Во новата сезона, на гостински терен Вардар ќе настапува во дрес со кој тимот ...
Иран сака да се врати на меморандумот за разбирање потпишан со САД во јуни, објави новинската агенција Тасним, повикувајќи се на неименуван извор во Техеран. Според иранската новинска агенција, началникот на пакистанската армија Асим Мунир, кој беше во Техеран во понеделник, не донесе закана или слична порака од Вашингтон. Извор опишан од Тасним како упатен рече дека целта на посетата била да се отвори простор за преговори и да се пренесат ...
Осум лица, меѓу кои четири деца, загинаа во трагичен инцидент во американскиот град Билингс, во сојузната држава Монтана, каде што по пукотница избувна и пожар во семејна куќа. Како што соопшти полицијата, службите биле повикани по пријава за активен стрелец нешто по 18 часот. Кога пристигнале на местото, полицајците слушнале истрели, а куќата веќе била целосно зафатена од пламен, пренесува ABC. Поради големата штета предизвикана од пожарот, ...
Во изминатото деноночие регистрирани се вкупно 31 пожар на отворен простор, од кои три се активни, четири се под контрола, а 24 се изгаснати, соопшти Центарот за управување за кризи. Активни пожари има општините Студеничани и Зелениково – кај селата Моране, Вртекица и Рамни Габер со крак кон Палиград и Вражале – општина Зелениково, мешана шума, во општините Гостивар и Македонски Брод – кај селото Трново кон селата Битово и Заград и во ...
Британските фабрики што произведуваат беспилотни летала за Украина би можеле да се соочат со напади од „непознати извори“, предупреди советник во Кремљ, откако Велика Британија се согласи да сподели планови за ракети со долг дострел. Андреј Федоров, поранешен заменик-министер за надворешни работи на Русија, рече дека не може „100% да ја исклучи“ можноста за „паравоени“ операции насочени кон Велика Британија, зборувајќи за време на патувањето ...
Европа ризикува да заостане зад САД и Кина во обезбедувањето критични минерали, во период кога овие суровини добиваат сè поголемо значење за одбраната, енергетиката и зелените технологии, оценува „Фајненшел тајмс“. Додека европските земји се обидуваат да ја намалат зависноста од Кина и да обезбедат сопствени извори на критични суровини, домашните експерти сметаат дека Македонија треба да се позиционира во новата економска и индустриска ...
Почетокот на изградбата на автопатот Скопје – Блаце според премиерот Христијан Мицкоски е историски зашто денеска таа станува реалност – почнува да се реализира иако, рече, повеќе од две децении проектот бил претставуван како „само што не почнал да се реализира“. Посочи дека овој проект бил меѓу приоритетите на Владата од нејзиното формирање пред 25 месеци. – Ќе биде од особено значење за граѓаните на нашите две земји, Република Косово и ...
Во лекувањето на одредени пациенти учествувале од три, шест до осум стручни медицински лица, не може да се бара индивидуална одговорност, истакна на денешното сослушување во Основниот кривичен суд во Скопје техничкиот советник на првообвинетиот, доктор Владимир Даниловски, за случајот „Онкологија“, кој се води против поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, и уште двајца онколози, обвинети за несовесно лекување пациенти. ...
Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер го победи Американецот Енди Родик со 6:3 денес во егзибициски натпревар во Њујорк пред почетокот на Отвореното првенство на САД. Американските медиуми објавуваат дека егзибицискиот натпревар, кој беше најавен под слоганот „Икона се враќа во Њујорк“, привлече голем број гледачи. Федерер, кој ја заврши својата играчка кариера во септември 2022 година, беше пречекан со овации на стадионот „Артур Еш“ во Њујорк. ...
Проектите како автопатот Скопје-Блацекој чија изградба ја почнуваме денеска се резултат на јасната политика и визија на Владата за развој на државата, порача денеска заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, на поставувањето камен-темелник за изградбата на втората фаза од автопатот Скопје-Блаце во должина од 10,5 километри. Николоски посочи дека почнува нов проекти којшто за неколку години ќе донесе ...
Во моментов работиме на проширување на реформската агенда што значи дека имаме позитивна порака од Европската комисија дека Северна Македонија го следи патот и динамиката на договореното, што е на нејзиниот пат кон европска интеграција. Со пораките дипломатите ни укажуваат дека мора да работиме понапредно и понапорно за исполнување на тие чекори. Нашите институции се навремено информирани и се адаптираат на потребите и пораките дадени од ...
Турското Министерство за одбрана се подготвува за широк спектар на „случувања“, вклучително и можност за војна против Грција и Израел. Според грчкиот портал pronews.gr, документот го потпишал турскиот министер за одбрана Јашар Ѓулер на 10 август, а неговата содржина била откриена за време на дебата во парламентот. Имено, прво, пратеник во парламентот побарал од турското Министерство за одбрана информации за грчките воени активности во Егејот ...