Скопје
26ᴼ /
26ᴼ
Белорускиот претседател Александар Лукашенко денес изјави дека „квалитетот на војната“ во Украина веднаш ќе се промени ако Киев ја вовлече Белорусија во неа и додаде дека неговата земја ќе застане на страната на Русија во секоја ситуација. „Претставници на Зеленски неодамна беа на ова место. Јас директно им реков: „Луѓе, кажете му на вашиот претседател: ако мисли дека може да разговара со нас вака, а потоа да нè вовлече во војна, тогаш мора ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ ги претстави на јавноста роботите – Милутин и Драгутин, кои ги опиша како „српски роботи“ облечени во национални носии и со „шајкачи“ на главите. @jasamaleksandar Moravac? Roboti su bolji od mene, mnogo… #srbija🇷🇸 #jasamaleksandar #srbijapobedjuje #beograd #buducnostsrbije ♬ original sound – Ja sam Aleksandar Како што рече, роботите се програмирани да танцуваат на традиционалниот „Моравац“, а во таа ...
Канадската фудбалска репрезентација се пласираше во нокаут-фазата на Светското првенство и покрај вчерашниот пораз од Швајцарија (2:1), но тој неуспех сепак имаше големи последици и всушност испиша историја на Светското првенство. Имено, тимот предводен од Џеси Марш ќе оди понатаму од второто место, но тоа значи дека, иако е еден од домаќините на Светското првенство, своите натпревари ќе ги игра надвор од својата татковина! Да останеше на ...
Бројот на исчезнати по катастрофалните земјотреси што ја погодија Венецуела продолжува да расте, додека спасувачките екипи дење и ноќе бараат преживеани под урнатините. Според најновите податоци, повеќе од 11.000 луѓе се пријавени како исчезнати преку платформа лансирана од опозициска политичка група, која ги повикува граѓаните да ги пријават членовите на семејството со кои го изгубиле контактот. Важно е да се нагласи дека станува збор само ...
Објавена е аудио снимка од телефонскиот разговор меѓу претседателот на СНСД, Милорад Додик, и лидерот на СДА, Бакир Изетбеговиќ. Разговорот, кој е полн со остри зборови, обвинувања и провокации, следи по неколкудневни јавни препукувања. На снимката јасно се слуша дека Додик го започнува разговорот со директно прашање за „заканите со сила“ и наводните информации што ги има дека „муџахедините сакаат да го ликвидираат“, прашувајќи го ...
Македонија има сериозен демографски проблем, а тоа го потврдува и Националната развојна стратегија 2024-2044. Документот укажува на трендови на намалување на населението, негово стареење и засилена миграција кон странство и поголемите градови. Во последните месеци и претставници на Владата алармираат дека е неопходно да се создадат услови за економски развој и нови можности за вработување. И покрај тоа, дел од инвестициите кои имаат ...
Чешкиот премиер Андреј Бабиш денес на третата Меѓународна конференција за реконструкција на Украина во Гдањск ги критикуваше првенствено европските лидери за тоа што зборуваат за реконструкција и помагање на Украина во војната со Русија, но тие немаат волја да разговараат за поважната работа – дека повеќе оружје значи повеќе убиства и дека веднаш треба да се договори примирје, а потоа мир. „Војната не е виртуелна. Таа е застрашувачки реална. ...
„Како е можно волци со денови или недели да копаат дупки без тоа да биде забележано? Како е можно во објект во кој се чуваат диви и потенцијално опасни животни да нема елементарен надзор и безбедносни протоколи? Како е можно да се овозможи доволно време и простор за да бидат убиени повеќе животни, без навремена реакција, без интервенција, без соодветна седација и контрола на ситуацијата? Кој ја презема одговорноста? Кој ќе одговори за ...
Турските власти приведоа 24 лица во новиот бран акции насочени кон општините управувани од опозицијата, во рамките на истрагите за наводна корупција, објави денеска државната агенција Анадолија. Меѓу приведените се и двајца градоначалници на општини во крајбрежната метропола Измир, наведува агенцијата. Двајцата се членови на Републиканската народна партија (ЦХП). Акции беа спроведени и во Истанбул, како и во окрузите Ајдин и Адана. ЦХП е ...
Една од најочекуваните игри во светот на gaming индустријата, Grand Theft Auto VI, е веќе достапна за преднарачка во Анхоч. Новото продолжение од Rockstar Games официјално излегува на 19 ноември 2026 година за PlayStation 5 и Xbox Series X|S, а сите гејмери кои сакаат навреме да го обезбедат својот примерок, можат да направат преднарачка преку продажната мрежа на Анхоч или онлајн на anhoch.com По години исчекување, GTA VI повторно ги носи ...
Соседна држава шири информација ЕУ да не и помага финансиски на Македонија, да и се скратат сите фондови како ЕУ, затоа што ако и помага, Македонија ќе напредува, а во спротивно, ако нема ЕУ фондови за земјава, тогаш ќе дојде пред банкрот, ќе биде приморана да клекне, да моли и на тој начин да се реализира тоа коешто се бара од нив. Ова го соопшти денеска премиерот Христијан Мицкоски од собраниска говорница врз основа на сознанија од ...
Со изведување на материјални докази од Обвинителство, денеска во судницата во „Идризово“ продолжива судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Обвинителството презентираше докази обезбедени од Министерството за економија и труд, сектор за туризам и угостителство, а за кои рече се однесуваат на релевантни околности како започнала работата на објектот, иако притоа во континуитет ...
Цените на нафтата паднаа на нивоа невидени од почетокот на војната со Иран, бидејќи сообраќајот преку клучниот превознички пат низ Ормутскиот теснец постепено се опоравува. Глобалниот референтен бренд на суровата нафта Брент накратко падна под 72,48 долари за барел, нивото забележано еден ден пред САД и Израел да започнат напади врз Иран на 28 февруари. Цената подоцна се стабилизираше на 72,63 долари, објави Би-Би-Си. Цените на енергијата ...
Родителите на децата што ги загубија животите во пожарот во дискотеката „Пулс” во Кочани на денешното рочиште ја напуштија судницата во КПУ Идризово, во знак на револт, откако адвокатите на обвинетите, побараа да се изземе обвинителката Наташа Сарамандова. Александар Наунов, во изјава за медиумите нагласи дека се остава впечаток дека колку повеќе се отвораат доказите и се објаснува нивната содржина, толку повеќе фокусот се префрла од ...
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во своето обраќање на Собранието на партијата во Бутел говореше за актуелните случувања во Албанија, нагласувајќи ја историската улога на земјата во поддршката на Косово и изразувајќи загриженост за последиците од последните протести врз албанската економија. Ахмети истакна дека Албанија била клучен фактор во процесот на ослободување и развој на Косово, додавајќи дека без нејзината поддршка Косово немало да биде ...
Премиерот Христијан Мицкоски и лидерот на СДСМ, Венко Филипче, денеска разменија остри обвинувања на седницата за пратенички прашања во Собранието. Одговарајќи на прашањето на Филипче за состојбите во државата и неисполнетите владини ветувања, Мицкоски рече дека причината поради која дел од граѓаните размислуваат да ја напуштат земјата не е недостатокот на перспектива, туку недовербата во правосудниот систем и институциите. „Луѓето се ...
Двата земјотреси, со јачина од 7,2 и 7,5 степени според Рихтеровата скала, што ја погодија Венецуела утрово, убија најмалку 32 лица, а повредија повеќе од 700. Се очекува бројот на жртви значително да се зголеми, а многумина сè уште се водат како исчезнати. Земјотресите ја погодија северна Венецуела, западно од Каракас. Venezuela 🇻🇪: Entire homes collapsed in the town of Diego Ibarra in Carabobo state. pic.twitter.com/UsllX7YEsm — Thomas ...
Силен земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди подрачјето во близина на северниот брег на Јапонија, соопшти Јапонската метеоролошка агенција, која ја коригираше првичната проценка од 6,9 степени. Епицентарот бил во близина на источниот брег на префектурата Ивате, на длабочина од околу 50 километри. Американскиот геолошки институт (USGS) го регистрираше земјотресот со магнитуда од 6,9 степени. The Japan ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето вечерно обраќање изјави дека Украина продолжува жестоко да реагира на руските напади и дека Москва трпи огромни загуби на окупираните територии. Руската воена логистика и самото присуство на окупаторите се сериозно загрозени, што, според него, е јасен сигнал дека Русија нема да се извлече со кражба на украинска земја. Зеленски нагласи дека акциите на Украина, вклучително и оние на Крим, се ...
Украдениот телефон повеќе не претставува само проблем со уредот. Тој многу брзо може да стане влезна точка до лозинки, финансиски апликации, кодови за потврда, приватни информации и дигитални средства. Нов водич на Binance Academy покажува колку лесно овој ризик може да се зголеми ако некој го види кодот за отклучување на ајфонот на јавно место, а потоа набрзо дојде и до самиот уред. Една од најважните заштити е функцијата на Apple за ...
Поради сомнение дека се обидел да изврши кривично дело „измама“, 45-годишниот скопјанец Н.Д. бил лишен од слобода во Крива Паланка, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи. – Претходно, едно лице ѝ се јавило телефонски на повозрасна жена од Крива Паланка. Се претставило како лекар од Италија. Ја известило дека нејзината ќерка паднала во Италија и се здобила со повеќе скршеници на нога и вилица и дека ќе треба да даде 35.000 ...
Со изведување на материјални докази од Обвинителство, денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Досега, обвинителството презентираше докази за инспекциските надзори за угостителска дејност спроведувани од Општина Кочани. Во доказниот сет беа презентирани извештаи за работа на инспекторите, овластувања на градежни инспектори, како и ...
АД МЕПСО Скопје остварува раст на приходите, но се соочува со сериозни слабости во управувањето со имотот, инвестициите и јавните средства, што директно влијае врз ефикасноста и развојот на електропреносниот систем, соопштуваат од Државниот завод за ревизија по изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Операторот на електропреносниот систем на Република Северна Македонија, Акционерско друштво за пренос на ...
Вториот ден од 65. издание на Струшки вечери на поезијата носи богата програма исполнета со поетски читања, книжевни промоции, авторски портрети и меѓународни средби. Програмата започнува со поетско читање на авторите кои влегоа во потесниот избор за наградата „Браќа Миладиновци“ за 2026 година, по што ќе следува портрет на минатогодишната добитничка на признанието, Јулијана Величковска. Во рамките на денешната агенда се и промоциите на ...
Бразил со убедлива победа над Шкотска од 3-0 ја заокружи групната фаза на Светското првенство и го потврди првото место во групата Б. На стадионот „Хард Рок“ во Мајами, избраниците на Карло Анчелоти одиграа сигурен натпревар и без поголеми проблеми стигнаа до посакуваните три бода. Херој на „селесао“ беше Винисиус Жуниор, кој двапати ја затресе мрежата на Шкотите. Напаѓачот на Реал Мадрид прво погоди уште во седмата минута по голема грешка ...
ВЕНЦЕЛА е погодена од едни од најсилните земјотреси во нејзината историја. Првиот земјотрес, со магнитуда од 7,1 степени, го погоди подрачјето во близина на крајбрежниот град Морон на Карибите во 18:05 часот по локално време во среда, околу 168 километри западно од Каракас, според Геолошкиот завод на САД. Помалку од една минута подоцна, следеше посилен земјотрес со магнитуда од 7,5 степени, со епицентар на 16 километри оддалеченост. WATCH: ...
Фотографиите од Каракас го покажуваат обемот на уништувањето откако два силни земјотреси го погодија главниот град на Венецуела синоќа, оставајќи зад себе урнати згради и илјадници луѓе на улиците. Во овој град е поминато полноќ, а многу потресени жители ја поминуваат ноќта на отворено бидејќи сè уште постои страв од последователни потреси, како и страв дека зградите оштетени од земјотресот би можеле одеднаш да се урнат. Многу граѓани ...
Тлото ненадејно почнало силно да се тресе, додека исплашените минувачи во паника се обидувале да најдат засолниште. За само неколку секунди од околните згради почнал да паѓа градежен материјал, а улицата набрзо ја прекрил густ облак прашина, додека паркираните автомобили и мотоцикли неконтролирано се нишале. Así se vio el Terremoto en caracas VENEZUELA, La pastora se rumora que los temblores continuarán así que todos permanezcan en un lugar ...
Привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез, прогласи вонредна состојба во земјата откако два исклучително силни земјотреси во само 40 секунди го погодија северниот брег и главниот град Каракас. Американскиот геолошки завод (USGS) веќе издаде драматично предупредување, наведувајќи дека се очекува „голем број жртви“ и катастрофа од големи размери. Според официјалните податоци, првиот земјотрес имал магнитуда од 7,2 степени според ...
Деветнаесетгодишниот Саит Саитов од Скопје, кој беше баран со меѓународна потерница распишана од МВР на 12 јануари, денеска е екстрадиран од Србија во нашата земја, информира Министерството за внатрешни работи. МВР објави дека на Саитов му е определена мерка притвор и дека е предаден во затворот „Скопје“ за понатамошна постапка. Саитов е осомничен за сторени кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување ...