Скопје
26ᴼ /
26ᴼ
Премиерот Христијан Мицкоски порача дека евентуалните разговори за враќање на Алијанса за Албанците во Владата не треба да се водат преку медиумите, реагирајќи на изјавата на Арбен Таравари дека за таков чекор би бил потребен нов политички договор со гаранции за почеток на преговорите со Европската Унија. Таравари, во телевизиско интервју, изјави дека враќањето во Владата би било можно само доколку се обезбедат конкретни гаранции за ...
Има недостиг на медицински сестри, но, пациенти не се враќаат, вели денеска на новинарско прашање, директорот на Детската клиника во Скопје, Реџеп Мемеди. Одговарајќи на новинарски прашања, тој рече дека сите оддели имаат огромна фреквенција на пациенти од целата држава. – Бидејќи не можевме со главната сестра никако да организираме сменска работа, организација на распоред за дежурства, бевме приморани привремено да направиме фузија на двата ...
СДСМ обвини дека генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, е поврзан со бугарската компанија „ФЛУГБАН ТРАНС“ ДОО со седиште во Ќустендил и побара институционална истрага за случајот. Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, повикувајќи се на документи објавени во бугарски медиуми, изјави дека компанијата се занимава со патен превоз на стока, а како управител е наведен Кире Гешоски, додека меѓу партнерите се споменуваат и Сашо ...
Зголемените приходи не се доволни за покривање на дефицитот за исплата на пензиите во 2024 година, поради што се вршат трансфери од Буџетот на државата кои учествуваат со 36,71 отсто во вкупните приходи на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, велат од Државниот завод за ревизија по извршената ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Фондот за 2024 година. Со извршената ревизија ...
Зголемените приходи не се доволни за покривање на дефицитот за исплата на пензиите во 2024 година, поради што се вршат трансфери од Буџетот на државата кои учествуваат со 36,71 отсто во вкупните приходи на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, велат од Државниот завод за ревизија по извршената ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Фондот за 2024 година. Со извршената ревизија ...
Здружението на вработени во сектор игри на среќа „Сакам да работам“ очекува дека на утрешната седница на Собраниска комисија за финансирање и буџет, мнозинството пратеници од најголемите македонски политички партии ќе донесат одлука за стопирање на понатамошната процедура за усвојување на Предлог законот за игри на среќа и забавни игри. Главен мотив е заштита на работните места на десет илјади луѓе, од кои најголемиот дел сме етнички ...
Премиерот Христијан Мицкоски објави на фејсбук дека вчера била одржана работна средба со претставници на најголемите трговски синџири во земјава, посветена на справување со инфлацијата и растот на цените на основните прехранбени производи. Како што наведува во објавата, во наредниот период ќе следуваат средби и со добавувачите и производителите. – Во наредниот период ќе следат средби и со добавувачите и производителите, со цел заеднички да ...
Синоќа силни експлозии одекнаа низ окупираниот украински полуостров Крим, додека во исто време низ целиот полуостров избувнаа низа пожари. Поради нападот, мостот Керч беше целосно затворен за сообраќај во текот на целата ноќ, објавува Украинска правда. Повикувајќи се на информации од Телеграм каналот „Кримски ветер“ „Супернова+“ и каналот за оперативни информации за мостот Керч, медиумите јавуваат дека ударите биле почувствувани во неколку ...
Јавната расправа за Предлог-законот за игри на среќа и забавни игри која се одржа минатата недела во Собранието, според Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ), покажа дека предложеното законско решение отвора серија прашања кои не може да се коригираат со поединечни измени, туку дека мора да се повлече и да се подготви целосно нов закон преку широка и инклузивна дебата со сите засегнати страни. Во текот на расправата, ...
Додека САД и Иран преговараат за трајно отворање на Ормутскиот теснец и повторно започнување на протокот на нафта од Блискиот Исток, следниот потег на глобалниот пазар би можел да зависи од една земја која воопшто не учествува во преговорите, Кина. Кина, втор најголем потрошувач на сурова нафта во светот, ги искористи сите достапни механизми за зачувување на залихите, бидејќи војната во Иран го прекинува пристапот до повеќе од 11 милиони ...
Претседателот на иранскиот парламент и главен преговарач Мохамед Багер Галибаф ги објави деталите од неодамнешните преговори во Швајцарија, потврдувајќи дека иранската делегација во еден момент целосно ги прекинала директните разговори со американските претставници поради заканите од претседателот Доналд Трамп. Галибаф објасни дека во средината на разговорот дознале за заканувачките изјави на Трамп упатени до иранскиот претседател, ...
САД ги укинаа санкциите врз Иран за период од 60 дена почнувајќи од понеделник, по првите разговори одржани како дел од новиот мировен договор, објави Ројтерс. Развојот на настаните следеше по викендот кој изгледаше како да може да го загрози договорот, вклучувајќи ги и заканите од американскиот претседател Доналд Трамп за рестартирање на војната ако Иран го прекине превозот низ Ормутскиот теснец, откако Техеран прогласи затворање на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп разговараше со новинарите во Белата куќа пред претстојната средба со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Новинарите го прашаа Трамп за најавената ревизија на американското воено присуство во членките на НАТО, што го спроведува министерот за одбрана Пит Хегсет, и дали Вашингтон планира да ги повлече своите сили од Европа. „Ние бевме одлична членка на НАТО, во многу погледи единствената вистинска, ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска посхумно со Орден „8 Септември“ ќе ја одликува Наде Проева, историчарка, професорка и авторка. Проева се одликува со ова високо признание за нејзиниот особен придонес во афирмирањето на македонската историографија. Орденот ќе го прими нејзината сестра Павлина Проева. Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска посхумно со Орден „8 Септември“ ќе ја одликува Наде Проева, историчарка, ...
Под влијание на циклонска активност од Турција, денеска се најавува нестабилно време со дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе се движи во интервал од 11 до 19, а максималната од 28 до 36 степени. Во Скопје, претпладне сончево време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за развој на нестабилна ...
Во Собранието денеска ќе заседава Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, на чиј дневен ред е амандманска расправа по Предлог на законот за соодветна и правична застапеност, во второ читање. За предлог на законот поднесени се 31 амандман од пратениците Рина Ајдари од „Европски фронт“, Зијадин Села од Албанска лига и Фатмир Битиќи од СДСМ. Основната цел на Предлог-законот за соодветна и правична застапеност е да обезбеди ...
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ во утринскиот извештај за состојбата на патиштата. Како што посочува, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и ...
Македонија не е сиромашна земја. Македонија е земја која со години не знае или не сака да ги искористи своите потенцијали. Додека многу европски држави ги развиваат своите минерални ресурси како двигател на економскиот раст, кај нас сè уште преовладуваат стравот, шпекулациите и дезинформациите. Ние од локалната иницијатива „И Здравје и Работа“ сметаме дека државата има обврска да го искористи секој свој потенцијал кој може да донесе повеќе ...
Рускиот новинар Григориј Нехорошев, кој во 2008 година прв објави обвинувања за врската меѓу Владимир Путин и Алина Кабаева, почина на бизарен начин во својот дом во Латвија. Григориј Нехорошев, шеесет и деветгодишен руски новинар и поранешен главен уредник на згаснатиот весник „Московски кореспондент“, почина во петокот во Рига, главниот град на Латвија, откако конзумирал отровни печурки што ги собрал во дворот на својата куќа, според ...
Руските сили се инфилтрираа во стратешки важниот град Костантиновка на истокот од Украина и се обидуваат да го опколат, а целата област сега е практично „сива зона“ што никој не ја контролира целосно, велат украинските војници, пишува Би-Би-Си. Костантиновка се смета за порта кон остатокот од регионот Донбас. Доколку градот падне, руските сили би можеле да напредуваат кон последните преостанати украински упоришта на исток, Краматорск и ...
Јавното незадоволство во Албанија ескалираше во директна, физичка акција, што најдобро го покажуваат најновите снимки од плажата Какоме на југот на земјата. Во драматични снимени моменти, десетици решителни демонстранти ги здружија силите за да ги отстранат бариерите со свои раце. Собраната толпа, со гласни извици и заеднички напор, преврте и турна по карпестиот наклон голем метален контејнер што служеше како пречка. Овој бурен настан ...
Во последното деноноќие регистрирани се вкупно девет пријави за семејно насилство и лишени од слобода се седум лица, информираат од Министерството за внатрешни работи. Во Гевгелија, вчера во 17:26 часот полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишиле од слобода Б.С. (51) од Гевгелија, постпаувајќи по претходна пријава дека во викенд куќа во гевгелиско село физички ја нападнал неговата 50-годишна сопруга, при што ѝ нанел повреди ...
На територија на државата до 16 часот имало 10 пожари на отворен простор од кои два се уште се активни, соопшти попладнево Центарот за управување со кризи. Активни пожари, според ЦУК, има нмеѓу селата Грчец и Шишево во општина Сарај каде гори ниска вегетација и мешана шума и кај селото Калаузлија во општина Радовиш. Останатите осум пожари се изгаснати. На територија на државата до 16 часот имало 10 пожари на отворен простор од кои два се ...
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 16 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив 14 возеле без возачка дозвола, меѓу кои двајца малолетници, а две лица под дејство на алкохол, информираат од Министерството за внатрешни работи. -Четири лица во Гостивар (еден малолетник) управувале возило без возачка дозвола, три лица во Штип, (еден бил и под дејство на алкохол), две ...
Претставници и вработени од индустријата за игри на среќа на Јавната расправа во Собранието укажаа на уставно спорни и дискриминаторски одредби од предложената регулатива Новиот закон за игри на среќа не е закон за дополнителна регулација на оваа индустрија, туку закон за затворање на легалните објекти, со кој се таргетира строго регулираниот и лиценциран сектор, беше предупредено на јавната расправа пред собраниската Комисија за финансирање ...
Годинашното 47. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ ќе се одржи во Битола од 19-25 септември, а лауреат на наградата Златна камера 300 е данскиот кинематографер Дан Лаустсен, соопшти денеска директорот на фестивалот Димитрија Доксевски. -Од 19 до 25 септември, Битола ќе биде домаќин на светската филмска елита предводена од еден од најголемите визуелни магнати на денешницата. Двапати номиниран за Оскар, но дефинитивно број еден во срцата на ...
Против осомничениот сторител е формиран предмет за кривично дело убиство со умисла, што денеска беше доставен до Основното јавно обвинителство во Ханија, по што ќе следуваат предвидените судски постапки, информираше директорот на полицијата во Ханија Канелос Николау за убиството на 45-годишната Гркинка, кое го стори и призна 43-годишен македонски државјанин. Николау, заедно со генералниот полициски директор на Крит, Георгиос Ду̀кис, денеска ...
Министерката за финансии Кочоска го потврди она што СДСМ го зборува изминатиот период – во буџетот нема пари. Целокупниот буџетски дефицит планиран за цела година е веќе потрошен за само 6 месеци, велат од СДСМ. Со ребалансот, како што најави Кочовска владата уште повеќе ќе го зголемува дефицитот. Ова е потврда на се што СДСМ говори. Ветуваа намелен буџетски дефицит, а го продлабочија уште на средина на годината Ова е врв на финансиска и ...
Европа се соочува со нов силен топлотен бран кој веќе предизвикува сериозни проблеми во повеќе земји. Метеоролозите предупредуваат дека во наредните денови температурите во делови од континентот ќе достигнат и до 44 степени Целзиусови, додека властите воведуваат вонредни мерки за заштита на населението. Најтешко погодени се Франција и Шпанија, каде високите температури ги натераа властите да прогласат највисоко ниво на тревога во повеќе ...
Едвај две години откако ја водеше Лабуристичката партија до убедлива изборна победа, премиерот Кир Стармер ја објави својата оставка поради растечкиот бунт во сопствената партија. Овој потег отвора трка за да стане седми премиер на Велика Британија за една деценија, објавува Ал Џезира. Во емотивен говор, Стармер рече дека ќе остане на функцијата додека не се избере нов лидер, а со тоа и следниот премиер. Формалната трка за лидер треба да ...