Сообраќајот на граничниот премин Табановце се одвива непречено и без задржувања, а возилата со странски регистарски ознаки кај кои е евидентиран сообраќаен прекршок за плаќање се задржуваат најмногу до пет минути за регулирање на обврската – информираат денеска од МВР. Нагласуваат дека благодарение на воведениот систем и можноста за електронско регулирање преку апликацијата „Безбеден град“ постапката е значително олеснета и забрзана. ...

Превозниците од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора на 31 август ќе одржат предупредувачки двочасовен протест поради проблемот со правилото 90/180 дена за престој на професионалните возачи во Шенген-зоната. Како што соопшти „Макам-транс“, протестот во Македонија ќе се одржи пред седиштето на Делегацијата на Европската Унија во Скопје, од 12 до 14 часот. Најавено е учество на најмалку 20 возила, како и на сопственици на ...

Новиот британски премиер Енди Барнам пристигна во Киев, што е неговата прва официјална посета на странство откако минатиот месец ја презеде функцијата. Барнам во Киев, заедно со францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц, копретседава со состанокот на таканаречената „Коалиција на волните“, која ги обединува земјите што ја поддржуваат Украина. Посетата се совпаѓа со најавата дека Велика Британија ќе ѝ помогне ...

Лидерката на Алтернатива за Германија (AfD), Алис Вајдел, изјави дека нејзината партија, доколку влезе во сојузната влада, ќе бара Германија да излезе од еврозоната и Шенгенскиот простор, да ги затвори националните граници и значително да ја заостри миграциската политика. Вајдел ова го изјави во интервју за германската телевизија ZDF, емитувано вчера. Alice Weidel fordert im ZDF-Sommerinterview einen Ausstieg aus Schengen. "Und wenn ich mir ...

Во изминатото деноноќие во земјава се регистрирани вкупно 33 пожари на отворен простор, од кои 4 се активни, 4 се под контрола, а 25 се изгаснати, соопшти утрово Центарот за управување со кризи. Активни пожари има во Општините Студеничани и Зелениково – кај селата Моране, Вртекица и Рамни Габер со кракот кон селата Палиград и Вражале во Општина Зелениково, во Општина Македонски Брод – кај месноста Видуш и селата Драгов Дол и Локвица, во ...

Во голем напад со дронови во текот на ноќта беа погодени повеќе локации во Русија, меѓу кои и логистички центри на интернет-продавницата Ozon. Во Краснодар, при пад на остатоци од дрон врз приватен детски центар, загинаа две деца, а уште девет лица се повредени, меѓу кои седум деца, соопшти гувернерот на Краснодарскиот крај, Венијамин Кондратјев. OZON logistics centers are reportedly on fire in Nevinnomyssk in Russia’s Stavropol region, near ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Попладне ќе има локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ...

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да почне предметот против поранешниот вицепремиер Артан Груби и седум други лица за злоупотреби во АД „Државна лотарија“. Основното јавно обвинителство Скопје, на 13 август годинава поднесе обвинителен предлог против Артан Груби и седум други лица, кои во текот на 2023 и 2024 заеднички презеле дејствија со кои ги пречекориле границите на своите посебни овластувања и должности, со намера да му ...

Клавирот и микрофонот што ги користеше Фреди Меркјури, како и раните верзии на неговите песни, би можеле да достигнат цена од стотици илјади евра на аукцијата во октомври. Предметите се дел од колекцијата на германскиот продуцент Рајнхолд Мек, кој често соработувал со групата „Квин“, и неговиот син Фреди Џуниор. Меѓу највредните предмети е концертниот клавир „Yamaha C3“ од студиото „Musicland“ во Минхен, на кој Меркјури компонирал ...

Во тешка сообраќајна несреќа во Тиссајд (Англија) загинаа седум лица, вклучувајќи двајца полицајци и петмина млади луѓе, од кои најмладиот имал 16 години. Трагедијата се случила кога автомобилот – за кој постои сомнеж дека имал лажни регистарски таблички – се движел во спротивна насока на патот А66 и директно се судрил со полициско возило, пишува „Гардијан“. Во несреќата, што се случила вчера рано наутро во близина на Мидлсбро, загинаа ...

Невообичаен и добро испланиран грабеж се случи во една белградска населба, кога непознат провалник влезе во приватна куќа и однесе сеф со огромна сума пари и вредни предмети, пишува „Telegraf.rs“. На 21 август, сопственикот на куќата доживеа вистински шок кога се врати дома и ја затекна вратата скршена. Веднаш повика полиција и пријави дека од неговиот дом недостасува сеф во кој имало околу 400.000 евра во готовина, како и големо количество ...

На Ада Циганлија во Белград се случи трагедија. Според неофицијални информации од теренот, на еден од капачите во вода му се слоши додека пливаше, пренесуваат белградските медиуми. Тој претходно доплива до пловката, по што почувствува здравствени тегоби и изгуби свест во водата. Набрзо потоа на местото пристигнаа две екипи на брзата помош и веднаш започнаа со спасување и укажување медицинска помош. Лекарите се бореа за неговиот живот, но, ...

Највредниот пиштол во светот – познатиот „Лугер“ вреден 42 милиони долари, за кој се тврди дека му припаѓал на Адолф Хитлер – е во центарот на сензационален судски случај во Аргентина во кој се вклучени сервисер на апарати за домаќинство и полицаец. Оружјето, опишано како „Светиот грал на огнено оружје“, наводно било украдено од маскирани полицајци за време на рација што личела на операција на специјалните сили, извршена во домот на Хуан ...

Според извештајот на Институтот за економски истражувања (Ifo) од Минхен, речиси четвртина од германските компании немаат доволно квалификувани работници. Во јули, 23,2 отсто од анкетираните компании изјавија дека не можат да најдат доволно квалификувани работници, што сепак е под долгорочниот просек од 31,7 отсто. „Слабата економија моментално ја ограничува побарувачката за квалификувани работници“, изјави претставничката на Ifo, Дарија ...

До 18:00 часот попладнево регистрирани се вкупно 22 пожари на отворен простор, од кои 11 се активни, еден е под контрола, а 10 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. Активни пожари има во Општина Делчево – м.в. Бигла, борова шума; Општина Пехчево – с. Црвник, борова шума; Општина Куманово – с. Винце, ниска вегетација, при што се зафатени и куќи; Општина Струга – с. Делгожда кон с. Долно Татеши; Општина Прилеп – с. Бонче, ...

Мајка на четири деца и наставничка во локално еврејско училиште почина откако изгуби контрола над своето теренско возило, удри во дрво и во паркиран автомобил, а потоа заврши во базенот во семејниот двор на Лонг Ајленд, Њујорк. Несреќата се случи завчера во Хјулет, округот Насау, кога 40-годишната Алисон Рахмани изгуби контрола над своето возило од причини што допрва треба да се утврдат. Според полицијата, автомобилот најпрвин удри во дрво, ...

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, ја оцени заканата на САД со нови санкции како знак на очај, нагласувајќи дека очекуваните нови мерки нема да можат да го скршат Иран. Опишувајќи ги заканите како „повторувачки сценарија“, шефот на иранската дипломатија во видео објавено на апликацијата Телеграм рече: „Фактот дека тие (американските лидери) преминаа од воени операции на повлекување стари планови, покажува дека се очајни“. ...

Полицијата го уапси Жељко Вујовиќ, кој се сомничи за обид за убиство за време на коњски трки во селото Бијељани кај Билеќе (БиХ). Заедно со Вујовиќ е уапсен и Мирко Самарџиќ, кој, според полицијата, побегна со него по инцидентот. По завршувањето на криминалистичката истрага, двајцата ќе бидат предадени во надлежност на Окружното јавно обвинителство во Требиње за понатамошно постапување. Вујовиќ се сомничи за кривично дело тежок обид за ...

Доколку рускиот претседател Владимир Путин и американскиот лидер Доналд Трамп учествуваат на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (APEC) во Кина, тие би можеле да разговараат. Ова го изјави Јуриј Ушаков, советник на рускиот претседател, на 23 август. „Ако лидерите се на истиот самит, тие неизбежно ќе се сретнат и ќе разговараат“, рече Ушаков, одговарајќи на прашањето на новинарот Павел Зарубин за можна средба меѓу претседателите ...

Ерлинг Халанд одлучи да го промени својот имиџ. Норвешкиот фудбалер се прости од својата препознатлива долга руса коса и покажа нова, значително пократка фризура. Напаѓачот на Манчестер Сити беше фотографиран додека се потстрижуваше, а новата фризура брзо го привлече вниманието на неговите следбеници. Халанд сега има кратка коса, поради што изгледа сосема поинаку од она на што навивачите се навикнаа во последните години. Халанд долго време ...

Земјотрес со јачина од 3,1 степен според Рихтеровата скала е регистриран во близина на Сплит, соопшти Хрватската сеизмолошка служба. Земјотресот е забележан во 12:24 часот, со епицентар на 30 километри северно од Сплит. Набрзо потоа, во 12:37 часот, е забележан нов земјотрес со јачина од два степена според Рихтеровата скала. Епицентарот бил на 31 километар северно од Сплит. Земјотрес со јачина од 3,1 степен според Рихтеровата скала е ...

МВР информира дека вчера попладне во 17:53 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници извршиле проверка на патничко возило „форд“ со полски национални ознаки, управувано од М.Ј.(46) од Полска. При извршената проверка, преку системот „Безбеден град“ било констатирано дека М.Ј. бил евидентиран како сторител на кривично дело по член 297-А од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, ...

Шумски пожар избувна во близина на делчевското село Бигла откако лице палело гуми во својот двор и изгубило контрола врз огнот, по што пожарот се проширил во блиската борова шума. Како што изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, веднаш по пријавата биле ангажирани сите расположливи сили од Делчево, како и пожарникари и екипи од соседните противпожарни единици. – Неодговорно лице палело гуми во својот ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски смета дека најреалниот период за постигнување дипломатско решение и завршување на руската војна против Украина е од крајот на 2026 година до летото 2027 година. Зборувајќи во Киев на свеченоста по повод Денот на државното знаме, Зеленски рече дека Москва и Киев и натаму имаат спротивставени позиции, особено околу прашањето за повлекување на украинските сили од Донбас. „Веруваме дека ова е ...

Величењето на нацизмот во Украина е дел од проблемот и Русија нема да го толерира тоа, изјави рускиот претседател Владимир Путин. „Актуелните украински власти го направија неонацизмот основа на својата државна идеологија. Тоа е страшно и ние не можеме и нема да го толерираме. Токму тоа е една од причините за спроведување на специјалната воена операција – борбата против неонацизмот, против русофобијата и против обидите да се искорени сè што е ...

МВР информира дека денеска во 05:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул „18“ во с. Арачиново се слушале истрели од огнено оружје. Полициски службеници од Полициското одделение Арачиново и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје излегле на местото и констатирале дека од огнено оружје било пукано во патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки во кое биле И.И.(34) и Ш.И.(42). Притоа, тие се здобиле со повреди и биле ...

Сандро Тонали пристигна во Тотенхем како најскапо засилување во историјата на клубот, но првиот официјален натпревар во новиот дрес за италијанскиот репрезентативец беше вистински кошмар. „Спарси“ доживеаја дебакл против Брентфорд, а Тонали уште на премиерата се соочи со жестоки критики. Од играчот платен 108 милиони евра се очекуваше веднаш да направи разлика на теренот. Сепак, Сандро Тонали покажа сосема поинакво лице на својот прв ...

„За Ислам Абази, обвинителот во заминување, морето од документи, вештачења за модуларната болница во Тетово не значеле ништо, не значел ништо ниту фактот што 14 лица живи изгореа во истата болница. Казни добија само поранешните директори на Клиничката болница во Тетово, Флорин Бесими, и Артан Етеми и тоа условни затворски казни, а казнета беше и болницата како правно лице со парична казна. Но, за мозокот на операцијата модуларни болници, ...

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан оцени дека меморандумот за разбирање со САД е најдобриот начин Иран да излезе од состојбата „од војна во мир“, нагласувајќи дека договорот не претставува капитулација и е во интерес на земјата. Во говорот пренесен од државната новинска агенција ИРНА рано утринава, Пезешкијан изјави дека членовите на Врховниот совет за национална безбедност на Иран оцениле оти меморандумот е најдобриот можен договор, ...

„Силен пожар се приближува од Република Србија кон Република Македонија, поточно од правецот на српското село Трнава накај селото Стража во општина Липково над граничниот премин Табановце“ напиша на Фејсбук заменик директорот на „Македонски шуми“ – Кире Михаилов. Тој вели дека „густиот чад од овој пожар ги има обвиткано буквално целата општина Липково и дел од општина Арачиново, а се чувствува и во Куманово“. „Да се надеваме дека соседите ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
65%
1025
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
60%
1027
weather icon

Софија

4ᴼ / 1ᴼ
0.0
82%
1026
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.05
81%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
83%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
4.47
62%
1024
weather icon

Тирана

16ᴼ / 15ᴼ
1.54
60%
1021
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1022
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
3.6
71%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 4ᴼ
1.03
57%
1028
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
8.75
87%
1026
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Бакар

12.58

Паладиум

32279.35

Иридиум

315077.32

Родиум

295786.87

Калај

46.54

Кобалт

33.53

Рутениум

61086.42

Платина

49319.25

Сребро

1670.34

Алуминиум

3.07

Злато

130856.75

Цинк

3.76