Скопје
13ᴼ /
13ᴼ
Владата на Република Северна Македонија донесе одлука за формирање на Централизиран кризен координативен штаб, чија главна цел ќе биде итната и координирана имплементација на „Стратегискиот план за рехабилитација на природното и културното наследство на Охридскиот Регион (2023-2030)“. Одлуката, која е донесена на владината седница одржана на 30 декември 2025 година и потпишана од премиерот Христијан Мицкоски, има за цел да обезбеди навремено ...
Со падот на температурите, кои во следниот период се очекуваат да се спуштат и под нулата во одредени денови, прашањето за ефикасно загревање на домот станува приоритет за секое семејство. Трошоците за енергија постојано растат, па затоа е клучно да се применат методи кои обезбедуваат топлина без да го оптоварат буџетот. 1. Инвестирајте во инвертер клима уреди Инвертер системите моментално се сметаат за еден од најекономичните начини за ...
Грција става точка на лигнитот во 2026 година, заменувајќи го единствениот домашен ресурс со увозен гас, додека Европа и Германија прават стратешки ревизии за енергетска безбедност. Ерата на лигнитот како примарен извор на енергија во Грција ќе заврши во 2026 година. Со затворањето на последната од петте единици на термоелектраната „Агиос Димитриос“ во Западна Македонија и конверзијата на новата единица „Птолемаида 5“ во погон на природен ...
Овен Коњикцијата на Меркур и вашиот владетел Марс во куќата на кариерата пред пладне ви носи кавги со мажи, стагнација во приватниот бизнис. Младата Месечина во куќата на кариерата навечер ве охрабрува да преземете акција, но бидете внимателни во која насока ќе одите. Бик Коњикцијата на Меркур и Марс, владетелите на финансиите и партнерствата, во деветтата куќа, ви носи успех во правни прашања, на испити, патувања, нова љубов. Во времето на ...
Кога Диоклецијан објави гонење на христијанинте, никомидискиот епископ Теопемт беше првиот кој пострада за Христа. Го изведоа пред царот и царот му се закани со смртна казна ако не се одрече од Христа. На оваа закана храбриот епископ одговори: „Напишано е: не бојте се од оние што го убиваат телото, а душата не можат да ја убијат. Ти цару, имаш власт над моето тело, прави со него што сакаш“. Многу го биеја, го мачеа со глад и го измачуваа на ...
Променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд и снег, а на некои повисоки места и на планини од слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 2 до 7 степени. Во Скопје, променливо облачно со слаб ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 5 степени. Во следните ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно влажни коловози. АМСМ информира дека поради појава на магла се бележи намалена видливост на планинскиот премин Плетвар до 100 метри, Крушево и Стража до 50 метри, Маврово до 40 метри, патен правец Штип – Неготино (кај Серта) до 50 метри и на патниот правец Тетово – с. Лисец до 30 метри. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно влажни коловози. АМСМ ...
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера се закани дека би можел да воведе царини за земјите кои не го поддржуваат неговиот план САД да ја преземат контролата врз Гренланд. „Можам да воведам царини на земјите ако не се согласат со Гренланд, бидејќи ни е потребен Гренланд за национална безбедност“, рече Трамп на тркалезната маса во Белата куќа за руралното здравство. Трамп денес објави подолг пост на неговата социјална мрежа „Вистина“. „Со ...
Откако претпладнево илјадници граѓани од пет скопски општини останаа со студени радијатори, ЕСМ Снабдување информира дека испораката на топлинска енергија е нормализирана за поголемиот дел од корисниците. Дефектот е прецизно лоциран на булеварот „Крсте Мисирков“, но за неколку клучни институции и објекти во околината прекинот сè уште трае. Каде е нормализирано греењето? По брзата интервенција на екипите на „ЕСМ Дистрибуција“, топлинска ...
Италијанската премиерка Џорџија Мелони и јапонската премиерка Санае Такаичи се сретнаа во Токио, каде што средбата беше одбележана со топло добредојде и прослава на роденденот на италијанскиот лидер. Такаичи подготви торта и подароци за Мелони, која наполни 49 години претходниот ден, и отпеа песна за роденден. Двајцата лидери, исто така, направија селфи заедно, аниме верзијата на која Мелони подоцна ја објави. „Две далечни нации, но сè ...
Доколку често ве нервираат навидум тривијални работи, тоа може да има врска со начинот на кој функционира вашиот мозок. Ситуации како чекање во ред или обид за читање упатства за склопување кабинет може да предизвикаат напнатост и фрустрација, дури и ако тоа не е проблем за другите луѓе. Според психолозите и другите експерти, ако лесно ве збунуваат следниве секојдневни работи, можеби едноставно сте поинтелигентни од просекот. Анкета на 1.000 ...
На 17.01.2026 во 04:00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Ј.П.(43) од Скопје, по претходна пријава дека на 16.01.2026 околу 21:50 часот во угостителски објект на подрачјето на Центар одзел мобилен телефон од 23-годишна девојка од Скопје. При тоа е утврдено и дека Ј.П. се бара по наредба од Основен кривичен суд, поради бегство од Казнено поправна установа Затвор Идризово. Телефонот ...
Илон Маск ги тужи OpenAI и Microsoft за до 134 милијарди долари, тврдејќи дека тие „незаконски профитирале“ од неговата мината поддршка за организацијата за вештачка интелигенција, покажува судска поднесок. OpenAI наводно добил помеѓу 65,5 милијарди и 109,4 милијарди долари од Маск од 2015 година, кога тој беше ко-основач на тогашната непрофитна организација, а Microsoft помеѓу 13,3 милијарди и 25,1 милијарди долари, според тужбата на ...
Тетово се соочува со сериозен сообраќаен ризик откако несовесен возач денеска оштети патна делница истурајќи разни материјали при движење, со што директно ја загрози безбедноста на учесниците во сообраќајот. Случајот го документираше новинарот на порталот „ТС“, кој на терен снимил како асфалтот е прекриен со материјали кои можат да предизвикаат лизгање на возилата. Оваа ситуација претставува посебна опасност за мотоциклистите и за ...
Индонезиски авион ATR 42-500 со 11 патници исчезна во близина на Макасар, а извештаите на локалните медиуми и податоците од следењето на летот сугерираат дека остатоци се забележани на планинска падина недалеку од местото каде што е изгубен контактот, објави News18.com. Авионот, кој му припаѓа на индонезиското Министерство за поморски работи и рибарство, превезувал 11 лица, осум членови на екипажот и тројца патници. Локалните медиуми објавија ...
Жителите на поголем дел од Скопје попладнево се соочуваат со студени радијатори. Од ЕСМ Снабдување информираат дека поради дефект на дистрибутивната мрежа, во моментов е прекината испораката на топлинска енергија во населбите Центар, Аеродром, Ново Лисиче, Кисела Вода и Автокоманда. Од компанијата велат дека нивните екипи веќе работат на точно лоцирање и изолирање на дефектот за што побрзо да се воспостави нормално греење. За сите прашања, ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната вонредна прес-конференција упати серија остри обвинувања до владејачката коалиција, посочувајќи на низа скандали, дупка во буџетот и злоупотреба на државните институции за партиски цели. Како еден од клучните примери за недомаќинско работење и корупција, Филипче ја посочи Државната лотарија. Тој јавно праша како и зошто оваа институција се користи за исплаќање на лица кои се активни на ...
„Ние сме одговорна политичка партија и како лидери на опозицијата имаме должност да ги поставуваме прашањата што ги мачат граѓаните, дури и кога власта очајнички се обидува да го дефокусира вниманието со лажни вести“. Вака претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ја дефинираше улогата на партијата на денешната прес-конференција, нагласувајќи дека опозицијата останува единствениот заштитник на јавниот интерес во услови на институционален хаос. ...
Граѓаните повторно се цел на вешти сајбер-криминалци кои преку лажни СМС-пораки се обидуваат да дојдат до нивните лични податоци и банкарски сметки. Во изминатите денови, голем број корисници пријавија дека на нивните мобилни телефони пристигнуваат пораки од непознати испраќачи (често со „iCloud“ адреси како онаа на сликата: ggrl7895@icloud.com), во кои лажно се тврди дека нивниот пакет пристигнал во дистрибутивниот центар, но не може да биде ...
На 16.01.2026 во 13:00 часот во ПС Гостивар С.А. (34) од Гостивар пријави дека преку СМС порака добил известување и линк за наводна достава на пакет од „Пошта на Северна Македонија“. Откако ги внел податоците од својата дебитна картичка на лажната веб-страна, од неговата сметка во неколку наврати биле извршени неовластени трансакции во вкупен износ од 89.106 денари кон примач во странство. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На ...
Управата за јавни приходи ја информира јавноста дека континуирано соработува со надлежните институции во сите случаи каде што постои сомневање за незаконито постапување во даночната област. Стручните констатации и наодите добиени од спроведените контроли претставуваат основа за постапување на другите надлежни органи. Во врска со актуелниот случај кој се однесува на 11 вработени, УЈП е во постојана и целосна соработка со обвинителството, при ...
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против маж и жена кои како соизвршители се товарат за – Помагање на сторител по извршено кривично дело, казниво според член 365 став 2 од Кривичниот законик. Обвинетите, на 9 јануари, заедно со умисла му помогнале да побегне на лице осомничено за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и за неукажување помош на повредена во сообраќајна незгода. Со автомобил ...
Доналд Трамп ги назначи американскиот државен секретар Марко Рубио и поранешниот британски премиер Тони Блер во новоформираниот „мировен одбор“ за Газа, тело кое треба да ја води следната фаза од реконструкцијата и управувањето на територијата разурната од војна. Белата куќа соопшти дека седумчлениот основачки извршен одбор ќе ги вклучува специјалниот пратеник на Трамп, Стив Виткоф, претседателот на Светската банка, Аџаји Банга, и зетот на ...
Предлог-законот за заштита од пушењето, подготвен од Министерството за здравство, предвидува забрана за пушење во затворени јавни и работни простории, во согласност со европските стандарди и препораките на Светската здравствена организација. Со ова се воспоставува јасно и универзално правило кое ги штити сите граѓани, без исклучоци и без сиви зони. Според јавноздравствените стандарди, пушењето е личен избор, но заедничкиот затворен простор не ...
Планирањето на летниот одмор е омилената викенд-активност во наредниот период од годината. Но, додека вие сонувате за плажа, интернет-измамниците „работат“ прекувремено. Според најновите податоци од Grckainfo.com, само во изминатиот период се регистрирани шест измамени семејства со вкупна штета од над 2.000 евра. Која е шемата? Главен лик во новата серија измами е профил под името Тијана Михиќ. Се сомнева дека зад ова име се крие истата ...
Претходно неделава, Сингапур ја задржа својата позиција како сопственик на најмоќниот пасош во светот, овозможувајќи пристап до 192 дестинации без виза. На спротивниот крај од спектарот, Авганистан повторно е рангиран на последното место, со пасош кој им овозможува на граѓаните да патуваат во само 24 дестинации без претходно обезбедена виза. Рангирањето е објавено во најновиот „Henley Passport Index“ за 2026 година, кој ги наведува сите ...
Македонија се наоѓа во фаза на засилена активност на вирусот на грип, а бројките на заболени во изминатата недела нагло пораснаа за речиси 35 проценти. Според последните податоци од Институтот за јавно здравје, само за седум дена се регистрирани 2.322 нови случаи, што е сериозен скок во споредба со почетокот на месецот и далеку над просекот од изминатите години. Најкритично е кај децата до четири години каде е забележана највисока инциденца, ...
Додека речиси половина од возрасната популација во Македонија се активни пушачи, државата подготвува ригорозен удар врз тутунската навика. Новиот предлог-закон предвидува целосна забрана за пушење во сите јавни простории, но и во приватни возила доколку се превезуваат деца, ставајќи крај на „културниот отпор“ кон европските здравствени стандарди. Република Северна Македонија се наоѓа пред радикална промена на правилата за употреба на тутун. ...
Албанија забрзано работи на својата енергетска независност и поврзување, а дел од тој план е и клучната интерконекција со Македонија. Албанската вицепремиерка и министерка за инфраструктура и енергетика, Белинда Балуку, денеска истакна дека нивниот дел од работата е при крај. Зборувајќи на презентацијата на новиот ветерен парк во Тропоја, во присуство на премиерот Еди Рама и претставници на американската амбасада, Балуку нагласи дека Албанија ...
Островот Бардси (Bardsey), или Ynys Enlli на велшки, распиша конкурс за три работни места – се бара помошник чувар за посетители, чувар на добиток и службеник за информирање на јавноста. И тоа не би било ништо чудно, ако не стануваше збор за мало островче во близина на полуостровот Лин во северен Велс, на кое живее многу повеќе добиток отколку луѓе. Островот има само три жители со постојана адреса, а брои околу 300 овци и 200 сиви фоки. ...