
Скопје
34ᴼ /
34ᴼ



На 12.06.2025 во 12.40 часот, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Дебар го лишиле од слобода Џ.Е.(54) од с.Џепиште, дебарско. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „форд“ со дебарски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,69 промили алкохол во крвта. Тој бил исклучен од ...
Министерството за образование и наука потсетува дека утре започнуваат уписите во средните училишта во учебната 2025-2026 година. Пријавувањето е електронски и се спроведува преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk, каде учениците се најавуваат со сопствените кориснички сметки на schools.mk. Првото пријавување трае од 14 до 17 јуни, а второто е на 30 јуни. Конечните ранг листи по двете пријавувања, училиштата ќе ги објават на 2 јули. Како и во ...
Групацијата „Тата“, сопственик на авиокомпанијата „Ер Индија“, соопшти дека ќе обезбеди отштета од приближно 100.000 евра за семејствата на секоја жртва од трагичната авионска несреќа што се случи во Ахмедабад. Оваа одлука е дел од напорите на компанијата да им пружи поддршка на погодените семејства и да помогне во справувањето со последиците од несреќата, пишува Sky News. „Токму од местото на несреќата во Ахмедабад, сведочејќи на трагедијата, ...
Претпријатијата тонат во долгови, а водата ја снемува. Состојбата се влошува од година во година. Единственото решение е Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги да ја утврдува конечната цена, не само за струјата, туку и за водата. За ова решение постои согласност и кај јавните претпријатија кои стопанисуваат со водата во земјава и кај Регулаторната комисија. Иницијативата наскоро ќе биде ставена на хартија и ќе може да почне ...
Нашите односи со пријателите продолжуваме да ги градиме на уште повисоко ниво. Посветено работиме на реформските процеси, државата ја упатуваме во вистински правец на просперитет, а процесите се силно подржани од нашите партнери Владата на Унгарија, истакна вицепремиерот Алекандар Николоски утрово на средбата со министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто. Министерот Сијарто е во работна посета на Македонија, кој во име на Владата ...
На 12.06.2025 во 17.30 часот во Радовиш, полициски службеници од ОВР Радовиш го привеле Б.З.(40) од Радовиш. Во 14.45 часот на крстосница од ул.„Плачковица“ и ул.„Мирче Ацев“ во Радовиш, управувајќи мопед „томос“ со 2,02 промили алкохол во крвта, тој удрил во деветгодишно девојче од Радовиш, која се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Итна медицинска помош Радовиш. Лицето било задржано во полициска станица, а увид извршила увидна ...
На социјалните мрежи од вчера се шири апел за пронаоѓање на Владимир Бурев, 36-годишен жител на Штип. Владимир е висок и бил облечен во црни тренерки кога го напуштил својот дом вчера околу 04:00 часот. Од тогаш, за него нема никакви информации и му се губи секаква трага. Семејството и надлежните апелираат до секој кој има било каква информација да се јави веднаш во најблиската полициска станица или да контактира некој од неговото семејство. ...
Ова не е пресуда, ова е како да го наречам, исто како да добиете диплома дека сте Бугарин и ванчомихајловист. Тоа ние го прифаќаме со гордост овде во Македонија и никогаш нема да се откажеме од нашата борба. Ова го изјави Љупчо Ѓоргиевски, претседател на забранетиот клуб „Иван Михајлов“ во Битола, пред новинарите на Бугарската национална телевизија во утринската програма „Денот започнува“. „Нема да се откажеме од нашата борба, до нашите крајни ...
Претседателот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев, со статус на социјалните мрежи реагираше за последните приведувања на полициски службеници, поврзани со трагедијата во Кочани. „Сите наведени валкани полицајци од кривичната пријава на Левица против премиерот Мицкоски се уапсени. Вака ли “се беше чисто” и никого не штитевте за трагедијата во Кочани!?” – вели Апасиев. Во својот статус, претседателот на Левица јавно ја прозва власта зошто дури ...
Последната акција на ОЈО ГОК потврди сè. СДСМ ја говореше вистината за Кочани од првиот ден, велат од СДСМ во соопштение. „Уапсените полициски службеници вчера се лица кои СДСМ ги објави во серијалот „Вистината за Кочани“ како директно одговорни за дозволување на нелегалното работење на „Пулс“. Благодарение на објавените факти и притисокот, конечно се постапува. Но, останува фактот дека четири месеци директорот на Бирото за јавна безбедност ...
Во врска со информациите за влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до сите македонски државјани кои се наоѓаат на територијата на Израел и Иран да ги следат националните портали за итни случаи и строго да постапуваат согласно упатствата на надлежните институции. Воедно, апелираме до сите наши државјани да се воздржат од било какви патувања кон земјите од овој регион, до ...
Купувачите во Велика Британија се предупредени да внимаваат при купување на популарниот десерт познат како „Дубаи чоколадо“, поради потенцијален ризик за здравјето. Агенцијата за безбедност на храната на Велика Британија (FSA) алармира дека на пазарот се појавиле копии на слаткото што можат да содржат опасни и забранети состојки. „Дубаи чоколадо“ – десерт кој комбинира ф’стаци и крцкаво катаифи тесто, е оригинално дело на британско-египетската ...
Денеска во Скопје продолжува состанокот на Заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања, на која главни теми се учебниците по историја за седмо одделение во Република Северна Македонија и можноста за заедничко чествување на Гоце Делчев. „Ќе разговараме за учебниците за седмо одделение и за потенцијалната можност за заедничко одбележување на Гоце Делчев,“ изјави вчера Ангел Димитров, претседател на бугарскиот дел од ...
Авион на „Ер Индија“ од Пукет, Тајланд, до индиската престолнина Њу Делхи добил закана за бомба и денес извршил итно слетување во Тајланд, соопштија властите на аеродромот во Пукет. 156 патници во авионот Патниците биле евакуирани од летот AI 379, во согласност со плановите за вонредни ситуации, соопшти официјален претставник на аеродромите на Тајланд. Во авионот имало 156 патници, а заканата за бомба била примена во авионот, се вели во ...
Утврдувањето на одговорност за трагичниот пожар во кочанскиот ноќен клуб „Пулс“ на 16 март 2025 година, во кој животот го загубија 62 лица, а околу 200 беа повредени, влегува во клучна фаза – поднесување на обвинение. Во 12 часот на прес конференција ќе се појават државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски и 13-те обвинители кои работат на рпедметот. Истрагата, во која се вклучени 13 обвинители, досега опфати 47 физички и три правни лица, ...
Портпаролот на израелската војска денес изјави дека Иран лансирал повеќе од 100 беспилотни летала кон Израел во последните неколку часа, откако земјата вети одмазда за израелските напади, објави Скај њуз. Портпаролот рече дека 200 израелски борбени авиони учествувале во напади врз повеќе од 100 цели во Иран во текот на ноќта. Израелската армија денес објави дека во текот на ноќта започнала напади врз неколку места во Иран, како и дека целите на ...
Македонија се гради, велат од Владата. „Денес официјално ќе биде пуштен во употреба магистралниот пат Охрид-Св.Наум во должина од 24,3 километри. Вредноста на проектот за реконструкција на овој патен правец изнесуваше 11,7 милиони евра. Ова значи дека по речиси 4 децении, не само охриѓани, туку голем број на граѓани ширум државата, но и туристи ќе можат да патуваат од Охрид до манастирскиот комплекс Св. Наум, но и до соседна Република Албанија, ...
ОВЕН Доколку се занимавате со приватен бизнис, пред вас е период кој носи мало олеснување. Може да се каже дека односот со саканата личност доаѓа до проблеми во текот на викендот. Можни се бурни кавги. Проблеми со варење. БИК Не ви е лесно да ги покажете своите деловни намери бидејќи вашиот збор како да не доаѓа доволно до израз. Можни се помали недоразбирања во комуникацијата со саканата личност. Водете сметка за зглобовите. БЛИЗНАЦИ Пред вас ...
Израел синоќа изврши голем воздушен напад врз иранскиот нуклеарен комплекс Натанз, централниот објект за збогатување ураниум во земјата. Нападот беше дел од воената операција наречена „Операција „Рајзинг лав“, за која израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека имала за цел „неутрализирање на егзистенцијалната закана“ што ја претставува нуклеарната програма на Иран. Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, издаде соопштение во кое ...
Еден од седумдесетте. Се спомнува во Посланието на светиот Апостол Павле до Римјаните (16, 14). Родум беше Грк, но долго време живееше во Рим. Беше епископ во Филипопол, а животот го заврши маченички. Според откровение од Ангел Божји ја состави многупоучната книга „Пастир“. Ерма беше богат човек, но заради гревовите на своите синови западна во крајна сиромаштија. Еднаш на молитва му се јави човек во бела облека и со стап во рацете и му рече дека ...
Петок 13-ти – ден кој за многумина е симбол на несреќа, мистерија и лоша среќа. Иако за некои е само уште еден ден во календарот, за други е причина за вознемиреност, одлагање на планови и избегнување на важни одлуки. Психологијата дури има и посебен термин за овој страв – параскаведекатријафобија. Ова суеверие има длабоки историски корени, а потеклото му се поврзува со библиски и средновековни настани. Некои веруваат дека токму на петок, 13-ти, ...
Ја поздравуваме вечерашната акција на Обвинителството за организиран криминал и корупција во која се лишени од слобода полицајци и полициски функционери кои биле на смена кобната вечер на 16 март во т.н. дискотека Пулс во Кочани, велат од СДСМ во соопштение. „Фактот што четири месеци ВМРО-ДПМНЕ се обидуваше да ја сокрие одговорноста на полицајците и полициските функционери, фактот што нивната вина беше негирана од страна на Панче Тошковски и ...
Братот на трагично загинатиот тапанар на групата „ДНК“, Џоко Ѓоргиев, започна хуманитарна кампања за собирање средства за подигнување на споменик во чест на својот брат и на сите жртви од најголемата трагедија во поновата македонска историја – пожарот во дискотеката „Пулс“ во Струмица. На платформата „Павел Андреев“, Димитар Ѓоргиев објави повик за донации со цел собирање на 30 илјади евра за спомен-обележје кое ќе биде поставено на плоштадот во ...
Ер Индија штотуку издаде официјално соопштение во кое потврди дека сите 241 патник и членови на екипажот што се наоѓале во авионот загинале во трагичната несреќа што се случи рано утрово во индискиот град Ахмедабад. Според авиокомпанијата, единствениот преживеан е британски државјанин кој во моментов се наоѓа во болница и се лекува од здобиените повреди. Несреќата се случила кратко по полетувањето на летот од Ахмедабад кон Лондон, кога авионот ...
Вечерва се уапсени нови 13 лица во рамки на истрагата за трагедијата во Кочани. Според информациите приведени се началници и полицајци кои биле на смена кобната ноќ кога изби пожарот во дискотеката Пулс. Вкупно приведени се 13 лица: Т.Д (началник на крим полиција), Д.П (сменоводител ноќта кога се случи несреќата), М.М (началник на ОВР Кочани), К.Ј (началник на економски криминал при ПС Кочани), како и М.Р (полицаец кој бил на смена вечерта на ...
Претседателот на Русија, Владимир Путин, денес го одржа вториот состанок за државната програма за оружје за периодот од 2027 до 2036 година, каде што зборуваше за модернизацијата на руските системи за воздушна одбрана, вселенските системи и беспилотните летала. Според РИА Новости, на состанокот е утврдено дека од почетокот на војната во Украина, руската воздушна одбрана уништила повеќе од 80.000 воздушни цели, од кои околу 7.500 се модерни ...
Индиските власти потврдија дека се пронајдени телата на 204 лица од патничкиот авион на „Ер Индија“ кој се урна само 30 секунди по полетувањето од аеродромот во Ахмадабад кон Лондон. Според полицијата, авионот „Боинг 787 Дримлајнер“ сообраќал на линијата Ахмадабад – Гатвик, а на него имало вкупно 242 патници: 169 индиски, 53 британски, еден канадски и седум португалски државјани. Портпарол на полицијата изјави за агенцијата ДПА дека речиси сите ...
Македонската тениска репрезентација попладнево забележа голема победа во третото коло од Дејвис купот, откако Калин Ивановски и Стефан Мицов триумфираа во драматичната дубл пресметка против Молдавија, носејќи ѝ на Македонија вкупна победа од 2-1. Првиот поен за македонскиот тим го донесе Стефан Мицов во сингл дуелот, по што Молдавија успеа да израмни. Одлучувачки беше мечот во двојки на Централниот терен на ТК „Југ“, каде што Ивановски и Мицов ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека би сакал да избегне конфликт со Иран, додавајќи дека може да се случи израелски напад врз Иран, но дека тоа не е неизбежно. „Би сакал да избегнам конфликт. Иран ќе мора да преговара малку поостро, што значи дека ќе мора да ни дадат нешто што не се подготвени да ни го дадат во моментов“, рече тој во Белата куќа. Трамп предупреди дека постои можност за „голем конфликт“, но дека сака да ги ...
Едно лице го преживеа падот на патничкиот авион што се урна кратко по полетувањето од индискиот аеродром во Ахмедабад кон Лондон. Веста ја потврди комесарот на градската полиција за индиската новинска агенција АНИ, пренесе Би-Би-Си. Преживеаниот патник, идентификуван како Вишваш Кумар Рамеш, британски државјанин, седел на седиштето 11А, според официјалниот список на патници. Тој е префрлен во болница и се наоѓа на лекување. Индиските медиуми ...