Индискиот патнички авион Air India AI171, модел Boeing 787-8 Dreamliner, наводно се урнал утрово во близина на аеродромот во Ахмедабад, при обид за полетување. Првичните информации укажуваат дека на летот имало околу 242 патници, но официјални податоци за бројот на жртви или повредени засега нема. Инцидентот се случил непосредно по стартувањето на летот, под околности кои сè уште не се целосно разјаснети. Индиските власти сè уште не излегоа со ...

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска преку социјалните мрежи истакна дека доколку имало постапка против неа, досега од страна на ВМРО-ДПМНЕ ќе била за 5 минути во затвор. „Да имав било каква постапка до сега и СДСМ и вашата Мицковистичка ВМРО ќе ме однесеа во затвор за 5 минути, точно за толку време колку ви треба да искуцате наредба за апсење, многу сте јаки“, порача таа. Во објавата таа му порачува на градоначалникот на ...

Од СДСМ утрово преку соопштение порачуваат дека Новиот гувернер на Народната банка, Трајко Славески, уште на почетокот го покажал својот вистински лик – надмен, без допир со реалноста и на страната на крупниот капитал, а не на граѓаните. „Во своето срамно интервју на ТВ21, Славески изјави дека минималната плата не гарантира пристоен живот и дека „не е срамота да се работи по две-три работи“. Тоа е лицемерие на човек кој цел живот е во фотелји, ...

Македонската православна црква – Охридска архиепископија денеска во 10 часот ќе одржи важна синодска седница, на која ќе се одлучува за новиот митрополит на Дебарско-кичевската епархија. Оваа епархија е без поглавар од ноември минатата година, кога на 73-годишна возраст, по кусо боледување, почина митрополитот г. Тимотеј. За оваа висока црковна позиција засега официјално е познат само еден кандидат – јеромонахот Георгиј, кој на празникот ...

Јужниот пол на Сонцето, претходно неистражен регион на нашата ѕвезда, е за прв пат снимен на зачудувачки слики од вселенското летало „Солар Орбитер“. Заедничка мисија на Европската вселенска агенција (ЕСА) и НАСА ѕирна подалеку од рамнината на орбитата на Сонцето, снимајќи ги првите слики од неговите мистериозни поларни региони. Револуционерните набљудувања открија хаотичен мозаик од магнетна активност на полот на Сонцето, за кој научниците ...

Новиот гувернер на Народната Банка, Трајко Славески во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 истакна дека не е срамота да се работи по 2 или 3 работи за минимална плата. Како што вели, извртено е значењето на минималната плата и истата не гарантира дека може да се издржува четиричлено семејство. „Го извртевме значењето на минималната плата, во светот таа не гарантира дека може да се издржува 4-члено семејство. Јас сум работел за минимална плата во САД, ...

Граѓанската еколошка иницијатива o2 реагира поради, како што велат, целосното уништување на дрворедот со јапонски цреши во зелениот појас на булеварот Партизански одреди, пред Рузвелтова. Од иницијативата тврдат дека минатогодишното т.н. „кастрење“ резултирало со сушење на дрвјата, чии препознатливи цветни крошни на пролет веќе не постојат. „Помина доволно време за да се видат последиците од нестручната интервенција. Дрворедот е мртов, а ...

Претседателот на политичката партија Левица и пратеник, Димитар Апасиев, и неговата сопруга Тамара, станаа родители на женско дете. Веста за раѓањето на нивната ќерка, која го доби името Сара, ја објави самиот Апасиев на социјалните мрежи вечерта на 11 јуни 2025 година. Апасиев сподели фотографија од болничката соба, на која е заедно со сопругата, и напиша: „Се роди Сара. Фала ви на сите. Па и на ваши глави!“ Оваа објава предизвика бројни ...

Државниот завод за ревизија во денешното соопштение за медиуми укажува на сериозни финансиски и оперативни неправилности во работењето на Друштвото за туризам, угостителство, рекреација и спорт „ЕЛЕМ турс“ ДООЕЛ Скопје за 2023 година. Ревизорите констатирале дека загубите од основањето во 2012 година достигнале 1,197 милијарди денари, што изнесува 92% од основниот капитал на друштвото. И покрај тоа што загубата во 2023 е најмала во последните ...

Минатата година недостасуваа 17 илјади ученици и студенти кои се иселени во последните 7 години, рече денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска. „Секако дека е огромна бројката, еве правиме сѐ што е можно за да ги задржиме. Она што е до областа на образованието. Секако дека и другите ресори прават сѐ што е потребно за да се обидеме на некој начин да барем во почетокот да ја намалиме оваа бројка, а потоа ако може и да ја ...

Францускиот Сенат со големо мнозинство изгласа закон, обидувајќи се сериозно да го ограничи штетното влијание на таканаречената ултрабрза мода, со посебен фокус на платформите како „Тему“ и „Шејн“. Целта е да се намали еколошкиот отпечаток на текстилната индустрија, да се ограничи прекумерната потрошувачка и да се заштитат домашните модни брендови кои сè потешко им конкурираат на екстремно евтините увозни производи. Законот исто така забранува ...

Во рок од три дена од пуштање во функција на телефонската линија за повредените лица од несреќата во Кочани, 109 граѓани ја искористија можноста да ги достават своите барања и предлози до кабинетот на премиерот. Линијата 070/355-526 е воспоставена како дел од мерките за поддршка на повредените и нивните семејства и има директна врска со Канцеларијата на Претседателот на Владата. Веќе во првите 72 часа, Владата доби јасни сигнали дека граѓаните ...

Во Македонија лани биле родени 16.061 новороденчиња, што е за над 7.000 деца помалку отколку во 2015 година кога во земјава имало 23.075 новороденчиња. Новите податоци за наталитетот на Државниот завод за статистика (ДЗС) откриваат дека во изминатава деценија секоја година има континуирано намалување на бројот на новороденчиња и дека падот кулминира минатата година кога е забележан рекордно низок број. „Бројот на живородените деца во 2024 година ...

Oвeн – Дeнec sвeздитe ви дaвaaт пoшиpoĸ пoглeд нa cвeтoт. Ќe бидeтe пoтoлepaнтни ĸoн дpyгитe глeдиштa. Baшитe ĸoмepциjaлни и дeлoвни aĸтивнocти би мoжeлe дa бидaт ocoбeнo ycпeшни oвoj дeн. Baшиoт eнтyзиjaзaм ќe ги импpecиoниpa дpyгитe! Биĸ – Дeнec вaшeтo внимaниe e пpeтeжнo oĸyпиpaнo oд coпcтвeнитe eмoции. Ocoбeнo aĸo cтe тaжни, мoжeтe дa ce пoтoпитe вo мopeтo нa тaгaтa. Иcĸaчeтe ce нa виcoĸa плaнинa или нypнeтe ce вo лaдни вoди! Toгaш ќe ...

Во времето на царот Валент настана големо гонење на Православието од страна на аријанците, коишто и самиот цар ги помагаше. Кога слушна за ова гонење, Исакиј, пустиник од некаде на Исток, ја остави пустината и дојде во Цариград за да ги храбри правоверните и да ги изобличува еретиците. Токму во тоа време царот Валент тргна на север со војска против Готите коишто од Дунав се спуштаа кон Тракија. Исакиј излезе пред царот и му рече: „Цару, отвори ...

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска на Самитот Украина – Југоисточна Европа во Одеса изјави дека Србија би сакала да обнови еден или два града или помал регион во Украина и со тоа да им обезбеди поддршка на граѓаните на таа држава. „Би сакал да ја добијам вашата поддршка, претседателе Зеленски, за да избереме еден или два града или помал регион што можеме да го обновиме и мислам дека тоа би било нешто многу видливо за народот на ...

Американската амбасада во Ирак се подготвува за уредна евакуација поради зголемените безбедносни ризици во регионот, изјавија за Ројтерс во понеделник ирачки безбедносен службеник и американски извор. Иранскиот министер за одбрана Азиз Насирзаде претходно во текот на денот изјави дека Техеран ќе ги нападне американските бази во регионот доколку има конфликт со Вашингтон. Стејт департментот не одговори веднаш на барањето на Ројтерс за коментар. ...

Денешното судско рочиште за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежоски беше одбележано со длабока болка и уште подлабоко разочарување. За време на завршните зборови на Обвинителството, мајката на Вања, Зорица Ѓорчевска, преку својот адвокат достави писмо до Судот – обраќање полно со човечка болка и повик за правда. Сепак, судијата не дозволи писмото да биде прочитано во целост. Со зборовите: „Правите театар“, гласот на мајката беше прекинат, ...

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 53-годишник, на 29 ноември 2024 година, неовластено продал 994,8 грама кокаин на лице од Велес. Дрогата се договориле да му ја ...

Само неколку часа по најбруталниот масакр во поновата австриска историја, околностите околу нападот врз средното училиште во Грац почнуваат да се откриваат. Иако точниот мотив сè уште се утврдува, полицијата пронашла нефункционална цевна бомба и видео за збогум во станот на 21-годишен Австриец, кој според „Кронен цајтунг“ се вика Артур А, само неколку моменти пред да тргне кон своето поранешно училиште во вторник наутро за да предизвика хаос со ...

Генералната обвинителка Пам Бонди изјави дека администрацијата на Трамп „не се плаши да оди подалеку“ во проширувањето на своите законски овластувања за распоредување на војската во Лос Анџелес. „Во моментов сме во добра состојба во Калифорнија. Не се плашиме да одиме подалеку. Не се плашиме да направиме нешто друго доколку е потребно“, рече таа како одговор на прашањата на Си-Ен-Ен во Белата куќа за прагот за активирање на Законот за востание, ...

Градоначалникот на општина Росоман, Стојан Николов, денеска на прес-конференција остро ги демантираше наводите од кривичната пријава што против него ја поднесе Управата за финансова полиција до Основното јавно обвинителство во Кавадарци. „Целосно ги отфрлам сите наводи во кривичната пријава од Финансовата полиција. Ова го оценувам како политички притисок пред избори. Ќе продолжам и понатаму да им служам на граѓаните одговорно, како и досега“, ...

По овластување на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола, екипи на МВР извршија увид на лице место во куќа на улицата “Солунска”, каде според првичните сознанија, внука при вршење семејно насилство се обидела да ги лиши од живот сопствените баба и дедо, нанесувајќи им повеќе убоди со нож. Јавниот обвинител издаде повеќе наредби и насоки за целосно расчистување на настанот. Осомничената е лишена од слобода и се постапува за ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.Ј.(23) од Богданци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. На 19.08.2024, преку социјална мрежа, пријавената контактирала со 42-годишна жена од Гостивар и лажно се претставила како агент за издавање на апартмани за летување во Република Грција, при што ѝ побарала износ од 17.250 денари за седум ноќевања, кои оштетената ѝ ги ...

Студентите кои го блокираат Медицинскиот факултет во Белград гласаа за целосна блокада на деканатските простории на тој факултет. Тие изјавија дека Академскиот совет подлегнал на притисокот и гласал за започнување со надоместување на часовите, а дека одговорот е целосна блокада на декаатските простории. „Ги повикуваме студентите од сите факултети да ја поддржат блокадата на декаатските простории со своето присуство“, објавија студентите по ...

По изнесените завршни зборови на Основното јавно обвинителство на денешното судско рочиште за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, правните застапници на семејствата на жртвите изјавија дека целосно го поддржуваат обвинението, се приклучуваат кон кривичниот прогон и поднесуваат имотно-правни побарувања. Полномошникот на мајката и сестрата на Вања Ѓорчевска поднесе писмено барање за отштета за нанесена нематеријална штета, укажувајќи на ...

Во вторник вечерта, по кошаркарскиот натпревар на „Белградска арена“, во кој Партизан убедливо го победи Будуќност во третиот финален натпревар од регионалната АБА лига, избувна тепачка меѓу навивачите на Црвена Ѕвезда од Белград и Партизан. Според „Курир“, една група навивачи нападнале друга група навивачи, а нападот бил извршен на мост со мотоцикли, при што биле повредени три лица. „Во моментот кога ќе застанат, започнува општа тепачка и ...

ИКЕА соопшти дека повлекува партија преси за лук поради ризик од одвојување на мали метални фрагменти за време на употреба. Од ИКЕА ги повикуваат сите свои потрошувачи кои ја поседуваат пресата за лук IKEA 365+ VÄRDEFULL во црна боја да престанат да ја користат и да стапат во контакт со компанијата. Производот има продуктен код 201.521.58 и датумска ознака од 2411 (година, недела) до 2522 (година, недела). „Безбедноста на потрошувачите ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари телефонски разговор со својот бугарски колега, министерот за надворешни работи, Георг Георгиев. Министерот Георгиев го информираше министерот Муцунски за одлуката донесена од страна на бугарското Собрание, која се однесува на напредокот на Република Северна Македонија во процесот на пристапување во Европската унија. Во разговорот, министерот Муцунски ги ...

Претседателот на Движењето Беса, Биљал Касами, денеска од Тетово најави можност за проширување на владината коалиција со нови политички партнери од редовите на Европскиот фронт. Одговарајќи на новинарско прашање за тоа кому ќе му припадне функцијата заменик министер за одбрана, Касами посочи дека дел од владините позиции се оставени како простор за потенцијални приклучувања на нови пратеници и партии. „Ние и претходно сме кажале – коалицијата е ...

weather icon

Скопје

31ᴼ / 31ᴼ
2.57
31%
1018
weather icon

Белград

27ᴼ / 26ᴼ
2.68
61%
1019
weather icon

Загреб

26ᴼ / 26ᴼ
1.54
47%
1018
weather icon

Софија

25ᴼ / 25ᴼ
1.54
38%
1020
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
3.3
28%
1019
weather icon

Љубљана

26ᴼ / 24ᴼ
0.51
75%
1019
weather icon

Атина

31ᴼ / 29ᴼ
6.69
48%
1014
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
2.06
51%
1017
weather icon

Подгорица

33ᴼ / 33ᴼ
0.0
27%
1016
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 26ᴼ
1.54
40%
1019
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 26ᴼ
1.91
33%
1018
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
6.69
57%
1019
Currency

61.535

Currency

52.8334

Currency

70.9783

Currency

34.4801

Currency

38.4093

Currency

65.4574

Currency

7.35687

Currency

0.66043

Currency

0.35742

Currency

0.52596

Currency

1.29872

Currency

0.60369

Алуминиум

2.63

Иридиум

153762.85

Кобалт

42.99

Никел

14979.00

Рутениум

26299.31

Калај

33.81

Сребро

1227.45

Злато

109210.67

Бакар

8.89

Паладиум

37005.51

Платина

43522.06

Родиум

225858.99

Цинк

2.81