Македонската православна црква и нејзините верници утре го слават Свети Никола, еден од најголемите светци во христијанската вера, заштитникот на патниците и сиромашните. Свети Никола е и најчестиот празник кај Македонците, а луѓето често велат дека утре или го слават празникот или одат на празникот. Роден во малоазискиот град Патара, пристаниште на медитеранскиот брег на денешна Турција, Свети Никола живеел во 4 век. На православните икони тој ...

Брачен пар почина во Токио откако пред три дена останаа заробени во приватна сауна зафатена од пожар. Трагедијата се случила во градската област Акасака, а полицијата истражува низа сомнителни околности, пишува BBC. Според извештаите на локалните медиуми, токиската полиција сомнева дека неисправната дршка ја спречила двојката да излезе од сауната. Покрај тоа, истражителите откриле шокантен податок – системот за итни аларми во објектот бил ...

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, оцени дека во пробниот период од 15 дена граѓаните покажале дека можат поинаку да учествуваат во регулирањето на сообраќајот. Тој посочи дека на Клиниката за трауматологија бројот на пациенти со тешки телесни повреди е намален за 20%, додека вкупниот број на донесени пациенти се намалил за 15–20 проценти. Тошковски уверува дека техничките проблеми ќе бидат надминати до 1 февруари, а со подзаконски ...

Новите измени на Кривичниот законик, поднесени од девет пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, предизвикаа загриженост кај стручната јавност. Иако се предвидува заострување на казните за „Злоупотреба на службената положба и овластување“, највисоката казна сега е 10 години, наместо 20 како досега. Експертите реагираат дека со измените се иззема одговорноста на службениците во државната управа, вклучувајќи ги и министерствата, за несовесно работење. Ставот 5 од ...

Повеќето од осудените за настаните од 27 април 2017 година добиле условен отпуст, откако издржале повеќе од две третини од затворските казни, дознава „Скопје1“ од извори во Кривичниот суд. Одлуките ги донел Кривичниот совет, кој оценил дека се исполнети законските услови за да се донесе ваква одлука. На слобода ден пред Новата година треба да излезат Мунир Пепиќ, Оливер Поповски, Влатко Трајковски, Душко Лазаров, Јане Ченто, Митко Пешов, Горан ...

Пратениците изгласаа пакет закони што ќе овозможи целосно функционирање на системот „Безбеден град“, јавува Вечер.мк. Законот за возила, Законот за полиција, Законот за извршување санкции и Законот за безбедност на сообраќајот се веќе усвоени, додека измените во Законот за прекршоци сè уште се разгледуваат во второ читање. Покрај тоа, предложени се и измени во Кривичниот законик за усогласување со новиот систем „Safe city“. Според новите ...

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова оцени дека постојниот Закон за помилување е нефункционален и дека е неопходна негова темелна реформа, нагласувајќи оти сегашните решенија не обезбедуваат јасен и применлив правен систем. „Законот за помилување, каков што е сега, поради многу укинати одредби, повеќе не наликува на логичен правен текст. Насекаде во светот постои можност за помилување, самиот збор покажува дека понекогаш лицето треба да ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) денеска донесе одлука за намалување на цените на бензините, додека дизелот и мазутот остануваат со истите цени. Од ноќеска на полноќ, бензините поевтинуваат за два денара по литар, што претставува просечно намалување на малопродажните цени на нафтените деривати од 1,08 отсто. Според новата одлука, ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе чини 71 денар за литар, а ...

Македонските ученици сè порано доаѓаат во контакт со цигарите и алкохолот, покажуваат резултатите од најновото истражување ЕСПАД 2024, презентирано од Институтот за јавно здравје. Според наодите, дел од децата ја запалуваат првата цигара уште на деветгодишна возраст, додека првото искуство со алкохол најчесто го имаат околу 13 години. Истражувањето, спроведено во 96 средни училишта со повеќе од 2.800 ученици, укажува и на загрижувачки раст на ...

Денес на Клиниката за ТОАРИЛУЦ во Скопје беше изведена првата операција во Македонија со навигациски систем за тотална протеза на колк. Операцијата ја изведоа Д-р Макридис Константос од Грција и Д-р Игор Мерџаноски, директор на ТОАРИЛУЦ и раководител на ортопедската служба, заедно со тимот на клиниката. За време на интервенцијата се користеше компјутерска навигација што овозможува прецизно поставување на протезата со 3D визуелизација на колкот ...

СВР Охрид ја информира јавноста дека, од денеска во наредниве десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца. На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички ...

Скопската Зоолошка градина доби нов в.д. директор. На чело на ЗОО Скопје од денеска ќе стои Катерина Костова, откако нејзиниот претходник, Зоран Попов, поднесе оставка. Според информациите, Костова е избор на скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски. Таа веќе е дел од тимот на Зоолошката градина, каде работи во правниот сектор. За САКАМДАКАЖАМ.МК, Костова потврди дека е назначена на функцијата и дека веднаш започнува со активности за подобрување ...

Француски полициски нуркачи пронашле во морето кај Ница делови од француски патнички авион кој се урнал пред речиси шест децении, при што загинале 95 лица, пренесуваат француските медиуми. Правосудните институции повторно ги разгледуваат сомнежите дека леталото можеби било случајно соборено од француските вооружени сили. Јавниот обвинител во Ница соопшти дека остатоците биле откриени на длабочина од околу 2.300 метри и дека се пронајдени ...

Додека зимата го зема својот замав, жителите на Скопје уште еднаш се соочуваат со суровата реалност на аерозагадувањето. Според најновите податоци на глобалната платформа за мониторинг „IQAir“, главниот град на Македонија денеска се искачи на алармантното второ место во светот според индексот на загаденост. Со измерен индекс од 239 (AQI), воздухот во Скопје е класифициран како „многу нездрав“ (пурпурна зона). Ова ниво на загадување е само еден ...

Ахмед ал-Ахмед, 43-годишен продавач на овошје со сириско потекло, стана национален херој во Австралија откако храбро интервенираше за време на смртоносната престрелка на плажата Бонди минатата недела. Додека се опоравува од тешки повреди во болница, илјадници граѓани му изразија поддршка преку донации кои надминаа 2,5 милиони долари, објави Unilad. Во еден од најтешките настани во поновата австралиска историја, двајца вооружени напаѓачи отворија ...

Полската политичка сцена е во фокусот на јавноста по скандалот што избувна на седница на парламентарен одбор, кога пратеникот на партијата Право и правда (PiS), Марек Суски, јавно ги навреди своите колеги, нарекувајќи ги „дебили“. Инцидентот се случил по гласањето за барањето за разрешување на претседателот на Одборот, Пјотр Адамович од Граѓанската коалиција (KO). Иницијаторите на смената, меѓу кои имало и пратеници од PiS, тврделе дека Адамович ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, со остар и алармантен тон реагираше на, како што наведува, координираните напади и обиди за дестабилизација на партијата, обвинувајќи ја ВМРО-ДПМНЕ дека стои зад „најголемата предавничка операција“ која, според него, веќе е подготвена и потпишана, а од нејзина реализација ја делат само претстојните избори. Во објава на социјалните мрежи, Филипче посочува дека СДСМ „удрила во осино гнездо“, по што, како што ...

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по жалба на одбраната на осомничениот Ф.С. поранешен државен правобранител, против решение на судија на претходна постапка со кое на осомничениот му се определува мерка притвор во траење од 30 дена, по одржана седница и советување, донесе решение со кое – жалбата се одбива како неоснована и решението на судија на претходна постапка се потврдува. Односно, Ф.С., за кој постои ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја посети шивачката работилница, којашто функционира во рамките на женското одделение во КПУ-КПД Идризово, Скопје, каде оствари разговор со осуденичките, кои се вклучени во процесот на шиење и везење. Осуденичките ја запознаа претседателката со нивните работни активности, мотивацијата и желбата за работа, инспирацијата и стекнатите вештини, и лично ги претставија своите изработки – торби, марами и ...

Со едногласна одлука на Генералното собрание, Орце Ѓорѓиевски повторно е избран за претседател на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС). Ѓорѓиевски информира дека на денешното собрание повторно ја добил довербата од општините да ја води ЗЕЛС, при што изрази благодарност до членовите на Управниот одбор, како и до новоизбраните потпретседатели Изет Меџити и Горан Герасимовски. Тој оцени дека претстојниот мандат има потенцијал да ...

Основното јавно обвинителство Битола поведе истражна постапка за кривично дело – Разбојничка кражба од член 238 став 1 од Кривичниот законик против едно лице на возраст од 36 години. На 15 декември, околу два часа по полноќ, осомничениот влегол во незаклучена куќа на улицата „Елпида Караманди“ во Битола, пребарувал низ спратот и пронашол и одзел 2.500 денари. Сопственикот го затекнал при кражбата, па осомничениот, со намера да ги задржи ...

Меѓународната агенција за кредитен рејтинг „Фич“ (Fitch Ratings) соопшти дека го потврдила долгорочниот рејтинг на издавачот (IDR) на ПроКредит Банка АД Скопје на ниво „BBB-“, но истовремено донела одлука за повлекување на сите рејтинзи на банката. Според соопштението издадено во средата, „Фич“ ги повлекува рејтинзите од комерцијални причини и повеќе нема да обезбедува рејтинзи или аналитичко покривање за оваа банка. Стабилен изглед во моментот ...

Хрватска продолжува да биде магнет за работната сила од регионот, но и од далечниот исток. Официјалните податоци на хрватското Министерство за внатрешни работи (МВР) за 4NEWS.mk откриваат дека од почетокот на годината до 30 ноември 2025 година, издадени се вкупно 160.176 дозволи за престој и работа. Северна Македонија котира високо на оваа листа, наоѓајќи се на шестото место според бројот на издадени дозволи. Бројките потврдуваат дека егзодусот ...

Реномираната агенција за кредитен рејтинг „Фич“ (Fitch Ratings) го потврди рејтингот на Северна Македонија на ниво „BB+“ со стабилен изглед. Агенцијата нотира дека земјата останува посветена на евроинтеграциите, но предупредува дека „мешаниот напредок“ во структурните реформи носи ризик од доцнење во исплатата на европските фондови. Во најновиот извештај објавен вчера (17 декември 2025), „Фич“ оценува дека нерамномерниот напредок не значи дека ...

Северна Македонија има повеќе автобуси по глава на жител од просекот во Европската Унија. Според најновите податоци на „Еуростат“ за 2рот4 година, земјава располага со 2 автобуса на 1.000 жители, што е над европскиот просек кој изнесува 1,6. Вкупниот број на автобуси и минибуси во земјава изнесува 3.690, што ја позиционира Северна Македонија во „златната средина“ на Балканот, но пред многу развиени европски земји. Состојба во Европската Унија На ...

Бугарија нема отворени билатерални прашања со Република Северна Македонија, а обврските од јули 2022 година веќе не се предмет на спор меѓу Софија и Скопје, туку се официјален став на Европската Унија. Ова го изјави бугарскиот премиер во оставка, Росен Жељазков, пред почетокот на Самитот ЕУ-Западни Балкан во Брисел. Жељазков нагласи дека позицијата на Софија останува принципиелна и дека фокусот сега е префрлен на исполнување на критериумите кои ...

The Founder Games, првиот регионален формат што комбинира реално ТВ-шоу и стартап акцелератор, официјално го најавува стартот на новата сезона и отвора повик за сите амбициозни стартапи од регионот кои сакаат да станат дел од најинтензивното и највидливо претприемачко искуство на Балканот. По успехот на првата сезона која ги следеше 40 стартапи од 15 земји низ реални предизвици, инвестициски состаноци и бизнис-симулации, The Founder Games ...

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска изнесе тешки обвинувања за финансиски малверзации во Државна лотарија, повикувајќи се на наодите од Државниот завод за ревизија (ДЗР). Според него, во прашање е сума од близу еден милион евра за која постои спорна или непостоечка документација, а прстот го впери кон поранешното раководство предводено од Перпарим Бајрами и Артан Груби. Петрушевски истакна дека извештајот на ...

Институционалниот вакуум во Јавното обвинителство продолжува. Советот на јавни обвинители денеска не успеа да избере вршител на должноста (в.д.) државен јавен обвинител, откако итната седница беше одложена во последен момент. Наместо да се определи кој привремено ќе раководи со институцијата по оставката на Љупчо Коцевски, седницата закажана за 11:00 часот не се одржа. Причината, според официјалното соопштение, е отсуството на еден од членовите. ...

Претседателот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, преку директно обраќање од Брисел, упати драматичен апел за заштита на демократските процеси во земјата. Реагирајќи на, како што ја нарече, „срамната Резолуција“ изгласана од владејачките ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, тој оцени дека власта прави директен обид за замолчување на опозицијата и воведување режим. Филипче најави дека за оваа состојба ќе побара поддршка од сите прогресивни сили во Европа, ...

Повик

5 дена - МРТ
weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
100%
1019
weather icon

Белград

4ᴼ / 4ᴼ
2.06
95%
1020
weather icon

Загреб

2ᴼ / 2ᴼ
1.54
93%
1020
weather icon

Софија

3ᴼ / 2ᴼ
4.12
69%
1020
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.11
92%
1021
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
98%
1019
weather icon

Атина

14ᴼ / 13ᴼ
3.6
79%
1016
weather icon

Тирана

6ᴼ / 6ᴼ
2.06
87%
1016
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
87%
1017
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 3ᴼ
3.09
92%
1021
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
1.34
91%
1020
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
4.12
87%
1017
Currency

61.55

Currency

52.5458

Currency

70.3067

Currency

34.805

Currency

38.1047

Currency

66.0411

Currency

7.46486

Currency

0.65133

Currency

0.33317

Currency

0.52447

Currency

1.22957

Currency

0.5864

Алуминиум

2.95

Родиум

258813.51

Бакар

11.07

Паладиум

54591.97

Сребро

2159.01

Кобалт

58.42

Калај

43.93

Цинк

3.04

Рутениум

29192.88

Иридиум

145787.60

Платина

64479.52

Злато

139515.92