Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Денеска времето во земјата ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност во попладневните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а максималната температура ќе се движи од 21 до 28 степени Целзиусови. Во Скопје се очекува слично време – сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен јужен ветер. Температурата ќе достигне до 27 степени, со атмосферски притисок од 981 hPa, влажност од 34% и ветер од 2 m/s. ...
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.М.(23) од с.Селце, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 20.12.2025 во дворот на Калето во село Селце, полициски службеници од CBP Тетово пронашле торба со марихуана. По извршено вештачење било констатирано дека му припаѓа на А.М.. На 04.05.2026 во 09:00 часот ...
Европската Унија најавува нова регулатива која ќе донесе промени во начинот на онлајн купување, особено кај евтините пратки што секојдневно пристигнуваат од глобалните е-трговски платформи. Од 1 јули 2026 година, ќе се применува фиксна царина од три евра за сите пратки со вредност под 150 евра. Оваа категорија во моментов опфаќа најголем дел од онлајн нарачките во ЕУ. Главната цел на мерката е да се намали масовниот увоз на евтини производи ...
Најмалку 26 лица загинаа во експлозија во кинеската покраина Хунан. Властите денеска на прес-конференција соопштија дека 61 лице е повредено, пренесува Синхуа. Градоначалникот на Чангша, Чен Бочанг, изрази сочувство до семејствата на жртвите и упати извинување до погодените жители и до целото општество. Експлозијата се случила во фабрика на компанијата „Хуашенг“ за производство и подготовка на огномети. Најмалку 26 лица загинаа во експлозија ...
Министерството за образование и наука започна постапка за поништување на академски дипломи на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и на Славјанскиот универзитет, по утврдени сериозни неправилности во процесот на нивно издавање. Случаите се веќе доставени до Јавното обвинителство, кое ќе ја продолжи постапката. Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, информираше дека на Филозофскиот факултет при УКИМ се ...
Хоакин „Ел Чапо“ Гузман, поранешниот водач на картелот Синалоа, испратил ново писмо до судијата Брајан Коган во кое бара екстрадиција во Мексико. Некогаш најбараниот човек во светот, во писмото инсистира на „еднаков третман според законот“ во неговиот случај и бара да му се суди во татковината за обвиненијата што сè уште се отворени против него. Гузман од 2019 година издржува доживотна казна за кривични дела поврзани со трговија со дрога и од ...
Претседателскиот кабинет на Јужна Кореја денеска расправаше за одговорот на Сеул по пожарот што избувна по експлозија на товарен брод управуван од голема јужнокорејска бродска компанија во Ормускиот Теснец. Во исто време, американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Јужна Кореја да се приклучи на мисијата предводена од САД во оваа стратешка поморска рута, јавува Anadolu. Состанокот во претседателската канцеларија, на кој присуствувале ...
Од Град Скопје утрово информираа дека на 7 мај, четврток, во раните утрински часови, ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот, насочена против ларви од комарци. Од надлежните служби посочуваат дека доколку временските услови не дозволат изведување на активностите, дезинсекцијата ќе биде одложена за првиот нареден ден со поволни временски услови, во истиот термин. Воедно, апелираат до пчеларите навремено да ги преземат ...
Во текот на 2024 година, полициските служби низ Европската унија регистрирале повеќе од 256.000 кривични дела поврзани со сексуално насилство, од кои 38 проценти се однесуваат на силување. Во споредба со 2023 година, бројот на вакви дела се зголемил за пет проценти, додека бројот на силувања пораснал за седум проценти. Овие податоци на Евростат се објавени веднаш по поддршката на Европскиот парламент за воведување единствена дефиниција за ...
Во рамки на дводневна работна посета на Брисел, потпретседателот на Демократската унија за интеграција, Бујар Османи, остварува средби со високи претставници на европските институции и Европскиот парламент, информираат од ДУИ. Според партиското соопштение, Османи денеска ја започнал агендата со средба со Андреја Вихер Вајт и Аделе Марсуло од кабинетот на еврокомесарката за проширување Марта Кос. Потоа се предвидени одделни средби со ...
Со свечени настани, трибини и работилници, денеска низ Скопје ќе биде одбележан 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Во организацијата се вклучени Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Катедрата за македонски јазик при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Собраниската комисија за култура и туризам, како и ФИНКИ. Во Институтот за македонски јазик ќе се одржи свечен настан со поздравни обраќања на директорката Елена ...
Германската авиокомпанија „Луфтханза“ ја суспендира директната линија Франкфурт-Скопје во текот на целиот јуни, додека „Аустријан ерлајнс“ го одложи стартот на најавената нова линија Виена-Охрид. Станува збор за нови промени во летниот распоред на компаниите од групацијата „Луфтханза“. Според најавите, последниот директен лет на релацијата Франкфурт-Скопје е закажан за 31 мај. До 16 мај линијата ќе се одржува со редовен дневен сервис, а потоа ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го предупреди Иран дека неговите сили ќе бидат „збришани од лицето на земјата“ доколку се обидат да таргетираат американски бродови кои обезбедуваат придружба на пловила низ Ормутскиот Теснец во рамки на проектот „Слобода“. Во меѓувреме, германската морнарица го пренасочи логистичкиот брод „Мозел“ од Егејското во Средоземното Море, како подготовка за можно распоредување во Ормуз. Американскиот претседател ...
Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на април расчистиле вкупно 2.750 кубни метри мешан комунален, кабаст и градежен отпад од диви депонии поставени на територија на сите скопски општини. Според информациите од претпријатието, најголемо количество непрописно одложен отпад било отстрането во општината Карпош. Во истиот период, службите на претпријатието подигнале и транспортирале 14.915 тони мешан комунален отпад од домаќинствата во ...
Oвeн – Oчeĸyвajтe дeнoт дa ви дoнece нeoчeĸyвaни и пpoфитaбилни мoжнocти, нajчecтo пoвpзaни co вaшитe финaнcии и дeлoвни paбoти. Sвeздитe вe coвeтyвaaт дa бидeтe иcĸлyчитeлнo фoĸycиpaни зa вpeмe нa бpojнитe paзгoвopи штo вe oчeĸyвaaт дeнec. Ceĸoj збop штo ќe гo чyeтe мoжe дa бидe вpeдeн pecypc зa вaшитe идни плaнoви. Πpифaтeтe ги пpoмeнитe co oтвopeн yм и дejcтвyвajтe бeз двoyмeњe. Биĸ – Дeнec мoжeби ќe пoчyвcтвyвaтe дeĸa вaшaтa eнepгиja нe e ...
Место на неговото раѓање е селото Сикеа, заради што го нарекоа Сикеот. Уште како десетгодишно момче се предаваше на строг пост и сеноќна молитва, по примерот на старецот Стефан, којшто живееше во неговиот дом. Неговата мајка, Марија, беше богата вдовица и сакаше својот син да го посвети на воената служба. Но, во сон ѝ се јави свети Георгиј и ја извести дека Теодор Му е наменет на служба не на земниот туку на небесниот Цар. Свети Георгиј ...
Сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7, а максималната ќе достигне од 21 до 28 степени. Во Скопје, сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 27 степени. Од среда попладне времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во ...
Најдолгиот мост на светот: Големиот мост Данјанг–Куншан Помеѓу кинеските градови Данјанг и Куншан се наоѓа една од најимпресивните градби на модерното време — Големиот мост Данјанг–Куншан. Овој огромен железнички вијадукт е долг неверојатни 164,8 километри. Уште од 2011 година, тој ја држи титулата за најдолг мост на светот, официјално признаена од Гинисовата книга на рекорди. Оваа моќна конструкција од бетон и челик поминува преку реки, ...
САД ја започнаа операцијата „Проект Слобода“ Американската војска соопшти дека уништила шест помали ирански бродови и пресретнала крстосувачки ракети и беспилотни летала истрелани од Техеран. Овој судир е дел од напорите на САД за деблокада на Хормушкиот теснец, стратешки важен воден пат кој Иран го блокираше по претходните напади од страна на САД и Израел. Американскиот претседател Доналд Трамп ја иницираше операцијата „Проект Слобода“ со ...
Вечерва во скопската населба Аеродром, поточно пред трговскиот центар „Џевахир Мол“, се случи сообраќајна несреќа во која учествувале повеќе возила. Според првичните информации од теренот, станува збор за верижен судир на најмалку три автомобили. На фотографиите од местото на настанот се гледа сериозно оштетување на предниот дел кај едно од возилата, што укажува на силен удар. Екипи на Министерството за внатрешни работи се веднаш упатени на ...
Фицо ја потврди посетата на Русија за 9 мај Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека неговото претстојно заминување во Москва на прославата на Денот на победата, 9 мај, претставува негова „морална должност“. Оваа изјава Фицо ја даде на маргините на состанокот на Европската политичка заедница, нагласувајќи ја важноста на оддавањето почит на жртвите од Втората светска војна. Почест за ослободителите Премиерот најави дека неговата агенда во ...
Инцидент во Австрија: Железничкиот сообраќај во прекин Главната железничка станица во Салцбург денеска беше целосно затворена и евакуирана откако локалните служби откриле протекување на опасна хемикалија од товарен вагон. Како што соопштија противпожарните служби, инцидентот се случил на еден од најважните транспортни јазли во Австрија. Детали за опасната материја Според наводите на пожарникарите, од приватен товарен вагон истекла ...
Министерот за надворешни работи и трговија, Тимчо Муцунски, информираше дека земјите од регионот, во соработка со Европската Унија, активно работат на решавање на проблемот со метежот на граничните премини. Овој предизвик е особено изразен за време на летната сезона кога фреквенцијата на патници е највисока. Муцунски потврди дека се водат интензивни разговори на високо и на техничко ниво. Тој истакна дека постои подготвеност кај земјите ...
Емиратите мета на ирански напад: Пресретнати повеќето проектили Министерството за одбрана на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) соопшти дека земјата била цел на нов напад во кој биле истрелани 15 ирански проектили и четири беспилотни летала. Според официјалните податоци, противвоздушната одбрана успешно пресретнала 12 балистички и три крстаречки ракети. Во нападот се повредени три лица, а извештаите укажуваат на тоа дека биле погодени станбена ...
Почина Рамуш Муарем – Цирко, познат македонски новинар, уредник, актер и долгогодишен активист за правата на Ромите, на 64-годишна возраст. Веста за неговата смрт брзо се прошири на социјалните мрежи, каде бројни колеги, пријатели и граѓани се простуваат од него со емотивни пораки. Муарем подолг период се борел со болест, оставајќи зад себе значаен белег во медиумскиот и општествениот живот во земјата. Информацијата за неговата смрт ја ...
Детали за земјотресот Силен земјотрес со интензитет од 5,6 степени според Рихтеровата скала го погоди јужниот дел на Мексико во понеделникот, на 4 мај 2026 година. Според извештајот на Националниот сеизмолошки институт на Мексико, епицентарот бил лоциран на длабочина од девет километри. Земјотресот се случил на 24 километри северозападно од градот Пинотепа Насионал, во сојузната држава Оахака. Овој подземен удар предизвика активирање на ...
Поранешниот градоначалник на Њујорк, Рудолф Џулијани, почна самостојно да дише откако беше хоспитализиран и приклучен на респиратор поради тешко воспаление на белите дробови, соопшти неговиот портпарол Тед Гудман. Здравствената состојба на Џулијани Џулијани моментално се наоѓа во болница на Флорида. Иако неговата состојба сè уште се опишува како критична, тој е стабилизиран и е под постојан надзор на лекарски тим. Причини за компликациите ...
Инцидент на аеродромот „Њуарк Либерти“ Авион на компанијата „United Airlines“, кој летал на линијата од Венеција кон Њујорк, со крилото закачил комбе за достава додека се приближувал кон пистата на меѓународниот аеродром „Њуарк Либерти“. Моментот на ударот бил снимен од камера поставена во самото возило. Детали за летот и патниците И покрај инцидентот, леталото безбедно слетало на предвидената дестинација. Според извештајот на ББС, во авионот ...
Белата куќа во Вашингтон накратко беше ставена под безбедносен режим откако биле пријавени истрели на неколку блока од комплексот, јавуваат тамошни новинари и медиумски извори. Според првичните информации, безбедносните служби веднаш реагирале, при што припадници на Сикрет сервис биле распоредени околу Белата куќа, а новинарите кои се наоѓале на северниот тревник биле евакуирани и пренесени во брифинг-салата. Инцидентот предизвикал ...
Две жртви и тројца тешко повредени во центарот на градот Две лица загинаа, а три се тешко повредени откако автомобил влета во централната пешачка зона во источногерманскиот град Лајпциг. Градоначалникот Буркхард Јунг го потврди инцидентот, опишувајќи го како ужасен напад за кој е тешко да се најдат соодветни зборови. Детали за сторителот и истрагата Полицијата веднаш го уапси возачот, 33-годишен машки пол со германско државјанство. Според ...