
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



Времето денеска ќе биде со ведро и посвежо утро, а преку ден ќе биде сончево со мала до умерена облачност, информира Управата за хирометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб до умерен, а наместа во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб променлив ветер. ...
Зијадин Села во интервју за ТВ Алсат упати повик до структурите и членовите што до вчера биле со Арбен Таравари, а не ја заборавиле каузата на Алијанса за Албанците, да се вратат и да ги туркаат процесите напред, но без Таравари Најмалку што Арбен Таравари може да направи во овој момент, за да ја признае својата грешка, е да поднесе оставка. Ова во интервју за ТВ Алсат го изјави Зијадин Села, претседателот на Алијанса за Албанците (AA). Села ...
„Најдобриот одговор го даде амбасадорот на Велика Британија, дека нема таква работа. Секако дека со земјата ќе соработуваме во борбата против криминалот и корупцијата и борбата против миграцијата. Нема ништо друго освен ист договор како со Фронтекс. Кредибилитетот на британскиот амбасадор не смее никој да го спори“, вели Николоски Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вечерва информираше дека следната недела во Лондон ќе се ...
Четиринаесет од загинатите се од Кентаки, а гувернерот Енди Бешир изјави дека очекуваат тој број да се зголеми како што ќе се добиваат повеќе информации. Потрагата по преживеани сè уште е во тек Најмалку 21 лице загина, а десетици се повредени во торнада што погодија две американски држави – Мисури и Кентаки. Силното невреме уништи домови, преврте возила, однесе покриви и собори дрвја. Шефот на противпожарната служба од Сент Луис, град во ...
„Избори ќе има, не ги барајте премногу, ќе ги изгубите со многу поголема разлика отколку минатиот пат. Изборите ќе се одржат кога надлежните органи ќе одлучат, а неспособните не можат да бараат избори“, рече Вучиќ „Ниш беше ослободен вечерва и на овој начин ќе го ослободиме секој град во Србија“, порача вечерва претседателот на Србија, Александар Вучиќ, од централниот собир во Ниш на Движењето за народот и државата што неодамна тој го ...
Маршот тргна од „Паркот на револуцијата“ во центарот на градот, помина покрај полициската станица, судот и обвинителството. Поворката во молк и тишина ја предводеа роднини на загинатите кои на градите носеа нивни фотографии. Беше побарана неселективна правда и подобри услови за лекување на повредените Денеска во Кочани се одржа шестиот по ред протестен „Марш на ангелите“ со кој се одбележаа два месеци од страотниот пожар во т.н. кабаре „Пулс“ – ...
„Сметам дека излегувањето (н.з. од Владата) во овој момент, без јасен план, дава можност за индиректно рехабилитирање и ‘лечење’ на старите структури од ДУИ и нивните несмасни наративи, а тоа е чекор што јас не го делам, бидејќи верувам дека секој еден млад Албанец, интелектуалец, заслужува поразлична политичка опција“, напиша на Фејсбук поранешниот министер од редовите на Алијанса за Албанците, Азир Алиу Поранешниот министер за информатичко ...
„Ние како Алијанса за Албанците не сме навикнати во Владата да бидеме само декорација. Затоа решивме да одиме во опозиција и да се вратиме кај граѓаните, да разговараме со нив, за да се подготвиме за локалните избори што треба да се одржат во октомври годинава“, изјави Таравари за албанската телевизија МЦН Два дена по поднесувањето оставка од позицијата министер за здравство, Арбен Таравари од Алијанса за Албанците (АА), во изјава за албанската ...
Според украинскиот функционер, Русите како услов за мировен договор предложиле повлекување на украинските војници од Доњецк, Запорожје, Херсон и Луганск и дури потоа би дошло до прекин на огнот. Русија во поголем дел ги контролира сите тие региони, но украинската војска сè уште се бори во некои делови Руските преговарачи на мировните преговори во Истанбул побараа, пред да се согласат на прекин на огнот, Украина да ги повлече своите сили од сите ...
Во март, на вонреден самит на Арапската лига во Каиро, беше одобрен план за обнова на Газа без раселување на околу два милиони жители Учесниците на 34. самит на Арапската лига денеска во Багдад ветија дека ќе работат на обнова на Појасот Газа кога ќе заврши војната. На годишниот самит присуствуваа и емирот на Катар шеикот Тамим бин Хамад ел Тани и претседателот на Египет Абдел Фатах ел Сиси, а меѓу гостите беа и премиерот на Шпанија Педро Санчез ...
Полицијата ги повикала сите граѓани кои имаат корисни информации да се јават Пет лица биле избодени на настан во југоисточен Лондон, соопшти британската полиција која започна потрага по напаѓачот. Полицијата добила пријава за нападот во 4:19 часот утринава. Пет лица биле пронајдени со убодни рани и биле однесени во болница каде што нивните повреди сè уште се проценуваат. Досега никој не е уапсен. „Истрагата е во тек“, се вели во соопштението на ...
Зеленски требаше да се сретне со шефот на Кремљ оваа недела во Турција, но Путин вчера испрати тим советници и службеници да се сретнат со украинските преговарачи во Истанбул, на првите директни разговори од март 2022 година Претседателот Владимир Путин може да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски, но само под услов да се постигнат одредени договори, соопштија денеска од Кремљ. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, не ...
„Спрема моите проценки, очекувам БДП побрзо да расте отколку долгот, така што очекувам дека во крајна смисла ефектите ќе бидат со намалување на јавниот долг, а не со зголемување, бидејќи станува збор за капитални инвестиции, не за позајмување пари и за трошења, социјални трансфери“, изјави денеска премиерот Премиерот Христијан Мицкоски очекува јавниот долг на државата да се намали и покрај заемот од шест милијарди евра од Обединетото Кралство ...
Реакторот број 2 во нуклеарната централа Маншан, во јужен Тајван, со капацитет од 951 мегавати, треба целосно да биде затворен до полноќ по локално време, откако истече неговата 40-годишна лиценца за работа, наведе државниот снабдувач со енергија „Тајпауер“ Тајван денеска почна да го затвора својот последен активен нуклеарен реактор, официјално означувајќи го своето напуштање на атомската енергија, јави ДПА. Реакторот број 2 во нуклеарната ...
Прашан дали во рамки на стратешкото партнерство може да се очекува и олеснување на визниот режим за македонските граѓани, британскиот амбасадор истакна дека во моментов притисоците од мигрантите во Обединетото Кралство се навистина големи, но ова е нешто за што може да се разговара во рамките на стратешкото партнерство Британскиот амбасадор во државава Метју Лосон, денеска на заедничка прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски на која го ...
Како што истакна тој, договорот ќе биде основа и фундамент на инвестициски циклус кој ќе има вкупна рамка од пет милијарди фунти, односно шест милијарди евра Договорот за стратешко партнерство со Обединетото кралство претставува втор столб на нашата меѓународна позиционираност по стратешкото партнерство со САД. Тој е потврда дека нашата држава чекори по патот на стабилноста, безбедноста, развојот и европската иднина, истакна премиерот Христијан ...
Тој повтори дека ако дипломатските напори не успеат, подготвен е да прибегне кон економски притисок врз Русија Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за „Фокс њуз“ изјави дека рускиот претседател Владимир Путин бара договор. Одговарајќи на директно прашање од водителот дали го смета Путин за главна пречка за мир, Трамп го префрли фокусот на украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Слушајте, имав навистина тежок состанок со ...
Говорејќи за обидите за поделба меѓу Албанците и нивно заменување со т.н. „чесни Албанци“, Ахмети предупредил на враќање на опасни идеологии Лидерот на ДУИ Али Ахмети, синоќа на собир во Арачиново, му се обрати на премиерот Христијан Мицкоски прашувајќи го зошто го менува Законот за употреба на јазиците, зошто го менува Охридскиот рамковен договор и зошто го загрозува мирот, стабилноста и безбедноста на државата, информираат од партијата. Како ...
За време на посетата на Блискиот Исток оваа недела, Трамп постојано повторуваше дека Иран не може да поседува нуклеарно оружје и предупреди на насилни последици ако го стори тоа Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп истовремено зборува за мир и за закани. „Во што треба да веруваме? Од една страна, тој зборува за мир, а од друга страна, се заканува со најнапредните средства за масовно ...
Украинската полиција објави фотографии од речиси уништено темно сино патничко возило, со откорнат покрив и скршени прозорци. Двете страни негираат дека таргетирале цивили, иако во конфликтот веќе загинаа илјадници, од кои огромното мнозинство се Украинци Девет лица беа убиени во напад со руски дрон врз патнички автобус во североисточниот украински град Билопиља утрово, соопштија локалните власти. Воената администрација на регионот Суми соопшти ...
Израелската влада веќе два месеца ја блокира целата помош за територијата, додека меѓународните агенции за помош предупредуваат на тешки хуманитарни услови Израелската војска (ИДФ) синоќа објави дека започнала нова голема офанзива во Појасот Газа. „ИДФ започна со обемни напади и мобилизација на војници за да се постигне оперативна контрола во Појасот Газа“, се вели во соопштението на армијата на објавено на социјалната мрежа Икс. „Ова е дел од ...
Полјаците утре излегуваат на претседателски избори. Проевропската влада во Варшава се надева дека изборите ќе го вратат слабиот демократски моментум, додека нејзините националистички противници ги гледаат изборите како можност Полска да тргне по пат инспириран од американскиот претседател Доналд Трамп. Според анкетите, победата би требало да ја однесе градоначалникот на Варшава, 53-годишниот Рафал Тржасковски, кој е и сојузник на владејачката ...
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 22 степени Времето денеска ќе биде променливо облачно, во западните делови со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во ...
Шефицата на австриската дипломатија повторила дека она што е договорено треба да се исполни, алудирајќи на промените во Уставот и додала оти Австрија ќе направи сѐ што е во нејзина можност за да нема понатамошни пречки во процесот на евроинтеграција Австриската министерка за надворешни работи Беате Мајнл-Рајсингер, која денеска беше во посета на земјава, за време на средбата со претседателот на Собранието, Африм Гаши, ја изразила подготвеноста ...
„Со гордост ја споделувам објавата на ново стратешко партнерство – значајна надградба на нашите безбедносни партнерства како сојузници во НАТО и продлабочување на трговските и инвестициските врски со нов договор ‘влада со влада’, што ќе се потпише во Лондон следната недела“, објави британскиот амбасадор во С Македонија, Метју Лосон По средбата на премиерот Христијан Мицкоски и британскиот премиер Кир Стармер во Тирана, на која беше постигната ...
Според изјавата на кардиналот Пјетро Паролин, папата Лав Четиринаесетти е подготвен, доколку е потребно, да ја стави Светата столица на располагање за да ги прими двете страни во обид да се стави крај на војната Новоизбраниот папа Лав Четиринаесетти планира да понуди Ватикан да биде домаќин на преговори на високо ниво меѓу Украинa и Русија, откако денешните први директни преговори од 2022 година се разводнија откако рускиот претседател Владимир ...
На обраќањето на Самитот на Европската политичка заедница, украинскиот претседател порача дена оваа недела е испуштена вистинска шанса за придвижување кон крајот на војната Украина е подготвена да преземе најбрзи можни чекори за да донесе вистински мир – порача украинскиот претседател Володимир Зеленски по телефонскиот разговор со претседателот на САД, Доналд Трамп заедно со дел од европските претставници со кои денеска учествуваше на Самитот на ...
Дискусиите меѓу руските и украинските претставници, кои се одвиваа со посредништво на Турција, како што рече украинскиот министер за одбрана, биле насочени и кон можен прекин на огнот. Било разговарано и за потенцијална средба на украинскиот и рускиот претседател Володимир Зеленски и Владимир Путин На првите директни преговори од 2022 година, Русија и Украина договорија меѓусебна размена на 1 000 заробеници. Ова го соопшти украинскиот министер ...
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ ги повика надлежните да покренат постапка за разрешување на вклучените во носењето на пресудата и ја повика Управата за јавни приходи да го испита потеклото на имотот на судијата кој ја донесе пресудата Ниски, срамни, далеку од правото и правдата – вака пратеникот Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ ги оцени пресудите на Основниот суд Тетово според кои, на поранешните директори на тетовската Клиничка болница, Флорин Бесими и ...
Премиерот оцени дека постигнатата согласност за договор за стратегиско партнерство на ниво на влади е привилегија бидејќи, како што рече, земјава е можеби една од ретките која има ваков договор со владата на Обединетото Кралство Договорот за стратегиско партнерство со Обединетото Кралство ќе овозможи инвестициски циклус во вредност од околу шест милијарди евра во инфраструктурата, железницата, транспортот, здравството и други области, најави ...